општина куманово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Feb 2023 15:25:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png општина куманово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од почетокот на годинава од државава се отселиле 164 основци и 18 средношколци од Куманово https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/od-pochetokot-na-godinava-od-drzhavava-se-otselile-164-osnovtsi-i-18-srednoshkoltsi-od-kumanovo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/od-pochetokot-na-godinava-od-drzhavava-se-otselile-164-osnovtsi-i-18-srednoshkoltsi-od-kumanovo/#respond Thu, 02 Feb 2023 15:25:48 +0000 https://kurir.mk/?p=795308

Од почетокот на учебната година, заклучно со денеска, од кумановските основни училишта се отпишале 201 ученик и 34 од средните училишта, соопштија денеска од општинскиот сектор за образование. Во кумановските основни има вкупно 10 097 ученици и 4126 во средните. - Во учебната 2022/2023 година во општинските основни училишта, со состојба до 2.02. 2023 година, се отпишани вкупно 201 ученик од вкупно 10 097 запишани ученици. Од отпишаните ученици, 37 ученици се отпишани поради преселба во друга општина во Република Македонија, а 164 ученици се отпишани поради преселба во друга држава. Во учебната 2022/2023 година во општинските средни училишта, со состојба до 2.02.2023 година, се отпишани вкупно 34 ученик од 4126 запишани ученици. Од отпишаните ученици, 16 ученици се отпишани поради преселба во друга општина во Република Северна Македонија, а 18 ученици се отпишани поради преселба во друга држава, информираат од секторот. Лани, состојбата била уште полоша покажуваат од секторот. Од основните се отпишале 220 ученика, од средните 60. Куманово сепак е најголема општина па во училиштата тогаш имало над 10 000 основци и скоро 4500 средношколци. - Согласно добиените информации од основни училишта од Општина Куманово, во учебната 2021/2022 година во општинските основни училишта се отпишани вкупно 220 ученици од вкупно 10 209 запишани ученици. Од отпишаните ученици, 65 ученици се отпишани поради преселба во друга општина во Република Северна Македонија, а 155 ученици се отпишани поради преселба во друга држава. Согласно добиените информации од средни училишта од Општина Куманово, во учебната 2021/2022 година во четирите општински средни училишта се отпишани вкупно 60 ученици од вкупно 4423 запишани ученици. Од отпишаните ученици, шест ученици се отпишани поради преселба во друга општина во Република Северна Македонија, а 54 ученици се отпишани поради преселба во друга држава, велат од секторот. На последната седница, надлежните кажаа дека трендот на отселување не го одминува Куманово, иако е најголема општина во државата, а изразија и стравување за масовно отселување по најавите дека Германија ќе донесе ново олеснување на визниот режим и со тоа да дојде до дополнително иселување од градот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/od-pochetokot-na-godinava-od-drzhavava-se-otselile-164-osnovtsi-i-18-srednoshkoltsi-od-kumanovo/feed/ 0
Кумановци се жалат на непријатна миризба, утврдено дека доаѓа од Прешево, Србија https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kumanovci-se-zalat-na-neprijatna-mirizba-utvrdeno-deka-doagja-od-preshevo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kumanovci-se-zalat-na-neprijatna-mirizba-utvrdeno-deka-doagja-od-preshevo-srbija/#respond Sat, 11 Jun 2022 09:51:59 +0000 https://kurir.mk/?p=689466

Кумановци повторно вчера почувствуваа силна непријатна миризба на изгорена гума, пластика по 22:30 часот. Тие реагираа дека мирисот е неподнослив и дека не можат да проветрат простории, ниту пак да излегуваат надвор. Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), како што објави на својата фејсбук-страна, повторно завчера во ноќните часови по неколкудневни пријави за непријатна миризба во соработка со овластен инспектор за животна средина од Општина Куманово извршиле увид на повеќе локации во општината. При посетата на повеќе локации во Куманово, Краста, неколку правни субјекти кои подлежат на А и Б интегрирани еколошки дозволи, не се забележало палење, ниту миризба, ниту чад. – Исто така се направи увид и на граничниот премин Табановце при што се почувствува непријатна миризба од нафтени деривати од помал размер. Потоа се направи разговор со вработените од царинските служби кои кажаа дека повремено се чувствува непријатна раздразнувачка миризба, а потврдија и дека во текот на 8 јуни мирисало многу на изгорена гума. Непријатниот мирис се чувствувал повремено преку денот, а некогаш во текот на ноќта. Дефинитивна е констатацијата дека миризбата доаѓа од Република Србија од општина Прешево, од инсталација која работи блиску до границата, а ДИЖС е во очекување на информација од српската инспекција за животна средина за контролите во пограничните инсталации, наведуваат од Инспекторатот. И кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски, претходниот ден објави видеоматеријал на кој се гледа чад од инсталација во близина на автопатот во близина на границата со соседна Србија. Според објавата, Димитриевски наведува дека ги контактирал колегите од Прешево кои потврдиле дека и тие имаат ист проблем. Градоначалникот побарал од Државниот инспекторат за животна средина службено да поведе постапка за контрола и спречување преку колегите од Република Србија и како што наведува лично ја известив амбасадорката на Република Србија за проблемот со кој се соочуваат граѓаните и добил ветување дека веднаш ќе интервенираат надлежните институции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kumanovci-se-zalat-na-neprijatna-mirizba-utvrdeno-deka-doagja-od-preshevo-srbija/feed/ 0
Почна реконструкција на гимназијата „Гоце Делчев“ Куманово https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochna-rekonstrukcija-na-gimnazijata-goce-delchev-kumanovo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochna-rekonstrukcija-na-gimnazijata-goce-delchev-kumanovo/#respond Sat, 13 Nov 2021 10:00:12 +0000 https://kurir.mk/?p=594978

Почна реконструкцијата на фасадата, кровот и замена на прозорците на гимназијата „Гоце Делчев“ Куманово, соопштија денеска надлежните. За реконструкција на објектот Општината одвои над 23 милиони денари од кои над 17, 6 за реконструкција на кровот и фасадата и над 5, 6 милиони денари за замена на прозорците. – Очекуваме значајно да се подобрат условите. После долг временски период целосно е обновена фасадата која сега ќе стане енергетско-ефикасна и ќе се заштеди на затоплување, ќе се сменат прозорците и кровот, изјави директорката на училиштето, Марија Тодоровска. Таа информираше дека со средства кои училиштето ги заштедило од греење се пренаменети за реконструкција на спортската сала во рамки на училиштето. И покрај, зафатот непречено се изведува наставата за 955-те ученика во „Гоце Делчев“. Училишниот објект е изграден во средината на 40-тите години од минатиот век.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochna-rekonstrukcija-na-gimnazijata-goce-delchev-kumanovo/feed/ 0
Димитриевски: Градоначалник сум на сите граѓани, така ќе продолжам да работам и функционирам и во иднина https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dimitrievski-gradonachalnik-sum-na-site-gragjani-taka-kje-prodolzam-da-rabotam-i-funkcioniram-i-vo-idnina/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dimitrievski-gradonachalnik-sum-na-site-gragjani-taka-kje-prodolzam-da-rabotam-i-funkcioniram-i-vo-idnina/#respond Tue, 09 Nov 2021 08:45:18 +0000 https://kurir.mk/?p=592981

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во емисијата „360 Степени“ на Алсат М телевизија истакна дека граѓаните на овие избори во Куманово дадоа поддршка на граѓанска иницијатива. Тој рече дека во прв план ги става граѓанските интереси, а политиката ја става во втор план. Димитриевски посочи дека нема потпишано никаква предизборна коализија со ВМРО-ДПМНЕ. „Нивниот став беше принципиелен и дадоа поддршка на сите кандидати кои беа независни или не беа кандидирани од Социјалдемократскиот сојуз. Условите во Куманово се специфични, бидејќи јас по идеологија сум социјалдемократ и со само донесена одлука се најави мое исклучување на партијата дека наводно сум се самоисклучил од СДСМ. Јас сум бил, сум и ќе останам да бидам социјалдемократ. Останувам отворен за соработка со сите. Коалицијата ќе се гради на принципиелни основи. Се уште немаме договор за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, но пак јас оставам простор за сите советнички групи. Во ниту еден момент не ги нарушив принципите, а бев сведок како тоа се аболицираат, амнестираат луѓе делумно од политичкиот свет, а не сите, бидејќи немаше да имам против доколку беа амнестирани сите. Бевме сведоци на многу непринципиелности во минатото од страна на носители на највисоки државни функции, зошто тогаш тие правила и таквите прашања не ги поставуваат директно до нив, а денеска кога јас сум кандидат на граѓаните за мене е проблем јас да правам било какви коалиции што за некого се непринципиелни, изјави Димитриевски. Тој додаде дека неговите идеолошки определби се едно, но сепак мора да ја следи заложбата и волјата на општина Куманово. - Нема да имплементирам политика, ниту пак ќе се водам од политички мотиви. Мојата работа е да бидам сервис или менаџер на градот во интерес на сите граѓани, како што беше претходно без разлика кој на политичка партија доаѓа, од која верска или етничка заедница. Јас сум градоначалник на сите граѓани и тоа треба сите да го почувствуваат. Иако бев кандидат на СДСМ периодот 2017/2021 година сепак бев градоначалник на сите граѓани и тоа се виде во изборниот резултат. Имаше гласови и од Социјалдемократскиот сојуз членови и симпатизери, и од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, од редовите на албанскиот, ромскиот блок и сите помали етнички заедници, така ќе продолжам да работам и функционирам, потенцираше Димитриевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dimitrievski-gradonachalnik-sum-na-site-gragjani-taka-kje-prodolzam-da-rabotam-i-funkcioniram-i-vo-idnina/feed/ 0
Димитриевски: Ги повикувам противкандидатите на состанок, суштинските проекти од нивните програми ќе ги инкорпорираме во една заедничка програма https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dimitrievski-gi-povikuvam-protivkandidatite-na-sostanok-sushtinskite-proekti-od-nivnite-programi-kje-gi-inkorporirame-vo-edna-zaednichka-programa/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dimitrievski-gi-povikuvam-protivkandidatite-na-sostanok-sushtinskite-proekti-od-nivnite-programi-kje-gi-inkorporirame-vo-edna-zaednichka-programa/#respond Fri, 05 Nov 2021 10:21:14 +0000 https://kurir.mk/?p=591241

Наше Куманово ја доби поддршката од граѓаните како натпартиска граѓанска иницијатива. Посочуваат дека од нив тоа одговорност плус за спроведување на ветените политики. Реизбраниот градоначалник Максим Димитриевски дека ова е обврска плус за нив да покажеме вистински дека наше Куманово ќе продолжи да се развива и да биде позитивен пример за развој на една општина во Македонија. На координативниот состанок одржан на инцијативата Наше Куманово ги донесовме следниве заклучоци: -Со оглед на тоа што сме граѓанска иницијатива, за сите нас кумановчани важно е да имаме најдобри идеи и проекти за нашиот град. Како градоначалник ветив дека ќе разговарам со сите кандидати за градоначалници за да видиме што е најдобро за нашата општина. Секој од нас зборува за соработка, а всушност ние суштинска соработка немавме. А таа соработка може само да биде добра за граѓаните на нашиот град. Ги повикувам сите мои противкандидати во понеделник во 14:00 часот на состанок кадешто ќе разговараме за нашите изборни програми. Ќе побарам суштинските проекти од нивните програми да се инкорпорираат во една заедничка програма и заедно во следните четири години да ги реализираме, вели Максим Димитриевски. Посочува дека граѓанскиот интерес мора да биде пред партискиот или личниот интерес. -Концептот „За наше Куманово“ излегува од граѓаните и ќе работи исклучиво за граѓаните на нашиот град. Кумановчани мора да ги имаат квалитетни решенија, не смееме да ги разочараме, а знам дека моите противкандидати го имаат истиот став како мене. Како втор заклучок од состанокот е името на новиот и идниот претседател на Советот на општина Куманово. Сакам да порачам дека ова не е време за поделби, ова е време за обединување, а не за политички натпревар и собирање на политички поени. Заклучивме дека ќе го доставиме следниот предлог до сите, носителката на листа на концептот „За наше Куманово“ Ивана Ѓорѓиевска биде кандидатот за следен претседател на Совет на општина Куманово. Ќе побараме поддршка од сите советнички групи и сите претставници во Советот. Сметам дека треба да се обединиме позади едно име кое доаѓа од еден граѓански концепт, којшто нема да биде во функција на политиката, туку единствено ќе биде во функција на граѓаните. Ајде да покажеме дека Куманово ни е поважно од партиите, да покажеме дека Куманово на сите ни е на прво место. Да покажеме дека Кумановци секогаш посакувале да имаат општина која ќе биде растеретена од политички превирања и политички влијанија. Да покажеме дека Кумановци можат заедно да работат за својот град и во втор план да ги стават партиските интереси, изјавува Димитриевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dimitrievski-gi-povikuvam-protivkandidatite-na-sostanok-sushtinskite-proekti-od-nivnite-programi-kje-gi-inkorporirame-vo-edna-zaednichka-programa/feed/ 0
Димитриевски со водство во Куманово: Леле луѓе што направивме (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dimitrievski-so-vodstvo-vo-kumanovo-lele-lugje-shto-napravivme-video/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dimitrievski-so-vodstvo-vo-kumanovo-lele-lugje-shto-napravivme-video/#respond Sun, 31 Oct 2021 19:35:28 +0000 https://kurir.mk/?p=588890

Првичните неофицијални резултати во Зелен Рид во Куманово се следните - за независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски гласале 460 граѓани, додека пак за Оливер Илиевски кандидатот од СДСМ има освоено 171 граѓани. Според достапните информации од официјалната страна на ДИК, на обработени 32,9 отсто, независниот кандидат за градоначалник на општина Куманово, Максим Димитриевски е во водство со 7.289 наспроти кандидатот на СДСМ, Оливер Илиевски кои засега има 6.317. Погледнете ја атмосферата од штабот на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dimitrievski-so-vodstvo-vo-kumanovo-lele-lugje-shto-napravivme-video/feed/ 0
Излезноста во Куманово до 13 часот 22,86 отсто https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/izleznosta-vo-kumanovo-do-13-chasot-22-86-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/izleznosta-vo-kumanovo-do-13-chasot-22-86-otsto/#respond Sun, 31 Oct 2021 12:59:08 +0000 https://kurir.mk/?p=588616

Тековно се спроведува гласањето во Куманово, соопшти претседателката на ОИК, Бранкица Димковиќ. Право на глас во најголемата општина во државата имаат 93.986 избирачи кои гласаат на 167 места. Според податоците на ДИК од досега обработените над 96 проценти до 13:00 часот, излезноста била 22,86 проценти. Во општината Старо Нагоричане, право на глас денеска имаат 3.262 лица кои гласаат на 38 избирачки места. -Гласањето се спроведува непречено, информираше заменик-претседател на ОИК Славка Стефановска-Цветковска. Според податоците на ДИК од обработените над 99 проценти, излезноста до 13 часот била 27, 90 отсто.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/izleznosta-vo-kumanovo-do-13-chasot-22-86-otsto/feed/ 0
Почна гласањето во Куманово и Старо Нагоричане https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochna-glasanjeto-vo-kumanovo-i-staro-nagorichane/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochna-glasanjeto-vo-kumanovo-i-staro-nagorichane/#respond Sun, 31 Oct 2021 08:14:51 +0000 https://kurir.mk/?p=588430

Навреме се отворени гласачките места во Куманово и Старо Нагоричане, информираа претседателите на општинските изборни комисии. Претседателката на ОИК Куманово Бранкица Димковиќ, информираше дека сите избирачки места се отворени и граѓаните го остваруваат своето право на глас. Во Куманово денеска право на глас имаат 93.986 граѓани кои гласаат на 167 избирачки места Гласањето е почнато и во општината Старо Нагоричане, информираше претседателот на ОИК Старо Нагоричане, Маријан Даиловски. Во оваа општина право на глас денеска имаат 3.262 лица кои гласаат на 38 избирачки места.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochna-glasanjeto-vo-kumanovo-i-staro-nagorichane/feed/ 0
Димитриевски: Водиме фер кампања за локалните избори од самиот почеток https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dimitrievski-vodime-fer-kampanja-za-lokalnite-izbori-od-samiot-pochetok/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dimitrievski-vodime-fer-kampanja-za-lokalnite-izbori-od-samiot-pochetok/#respond Fri, 29 Oct 2021 20:37:28 +0000 https://kurir.mk/?p=587988

Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски, вечерва на Алсат М телевизија истакна дека граѓанскиот концепт „За наше Куманово“ води фер кампања и исклучиво позитивна кампања од самиот почеток. - Уште кога ги собрав потписите, ги повикав сите раководители во општината да бидат ослободени и растеретени. Лично и индивидуално право е секој како ќе работи на овие избори и каде ќе се определи, да си ја сработат општинската работа. Обвинувањата од другата страна се многу лажни. Оливер Илиевски вели дека пола администрација е на боледување, вчера проверив. Двајца има само на боледување, едниот позитивен, а другиот е на оправдано боледување. Имаме неколку луѓе кои се на годишен одмор, но, тоа не е случај со претставниците на централната власт. Најгрубо кршење на централната власт, цело Министерство за внатрешни работи е ставено во функција на изборниот процес во Куманово. На денот на изборите тоа беше хаос невиден, луѓе од 6-та управа пред гласачки места на денот на гласањето со списоци во раце. Се е фотодокументирано. ОБСЕ, ОДИХР е известен. Релевантните амбасади се известени. Повеќе случаи пријавени, кривични дела, пријави, изнуди на поткуп, дополнително докази дека се директно луѓето поврзани со штабот на господинот Илиевски. Притисоци врз луѓето, во јавната администрација, вработени во детски градинки, училишта, собирање на списоци за гласање. Но, како и да е повторно веќе граѓаните одлучија во првиот круг, а во недела тоа ќе го потврдат, бидејќи Кумановчани не функционираат под притисок и го покажуваат тоа на денот на изборите, рече Димитриевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dimitrievski-vodime-fer-kampanja-za-lokalnite-izbori-od-samiot-pochetok/feed/ 0
Димитриевски: Поддршката од граѓаните е огромна, нудиме реални и остварливи проекти https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dimitrievski-poddrshkata-od-gragjanite-e-ogromna-nudime-realni-i-ostvarlivi-proekti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dimitrievski-poddrshkata-od-gragjanite-e-ogromna-nudime-realni-i-ostvarlivi-proekti/#respond Fri, 29 Oct 2021 09:47:15 +0000 https://kurir.mk/?p=587592

Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски истакна дека живееме во исполитизирано општество, каде оние што не припаѓаат никаде велат „џабе ми е, бидејќи не припаѓам ни на едните, ни на другите, за мене нема место ниту за работа ниту за можности во државата“. Граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ е граѓански концепт, кој што е подржан токму од неопределените гласачи. „Она што е најбитно поддршката од граѓаните е огромна и е добредојдена, бидејќи ние на граѓаните не им велиме дека ќе правиме чуда. Ние нудиме конкретни, реални и остварливи проекти“, рече Димитриевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dimitrievski-poddrshkata-od-gragjanite-e-ogromna-nudime-realni-i-ostvarlivi-proekti/feed/ 0