општина липково – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Apr 2022 15:45:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png општина липково – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Започна големата пролетна акција на Град Скопје и градските претпријатија во општина Чаир https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zapochna-golemata-proletna-akcija-na-grad-skopje-i-gradskite-pretprijatija-vo-opshtina-chair/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zapochna-golemata-proletna-akcija-na-grad-skopje-i-gradskite-pretprijatija-vo-opshtina-chair/#respond Mon, 18 Apr 2022 15:45:02 +0000 https://kurir.mk/?p=664850

Градот Скопје заедно со градските јавни претпријатија и во координација со Oпштина Чаир од денеска ја реализираат големата пролетна работна акција на подрачјето на општина Чаир. Екипите координирано до крајот на оваа недела ќе спроведуваат активности за рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците, дезинфекција на контејнерите, собирање кабаст отпад, санирање на оштетувања на коловозите, обновување и поставување на сообраќајната сигнализација, садење нови садници и уредување на зеленилото, санации на пријавени дефекти и проблеми од граѓаните, целосно чистење на атмосферските и фекалните линии, како и прочистување на дождовните сливници на булеварите и на градските улици. Во големата пролетна работна акција во Чаир на терен координирано работат екипи на градските јавни претпријатија: Комунална хигиена, Паркови и зеленило, Водовод и канализација, Улици и патишта и Дрисла. Екипите на ЈП Комунална хигиена на целата територија спроведуваат активностите за рачно и машинско метење и миење на булеварите и на улиците, како и миење и дезинфекција на контејнерите и на микролокациите на кои се поставени. Во рамките на оваа голема акција, ЈП Комунална хигиена постави и специјални садови за кабаст отпад на неколку локации, каде што граѓаните ќе можат да го остават, по што тој бесплатно ќе биде подигнат и транспортиран на соодветна локација од ова градско претпријатие. Жителите на општина Чаир својот кабаст отпад ќе можат да одложат на следниве локации: 1. Булевар Цветан Димов, на крстосницата со улица Коста Абрашевиќ; 2. Улица Ферид Мурад, до училиштето „Цветан Димов“, кај Топлана Север; 3. Улица Крсте Асенов бр. 5 (до чајџилница „Пајтон“); 4. Улица Втора македонска бригада, на крстосницата со улица Дижонска (кај контејнерите); Со пролетната акција на ЈП Паркови и зеленило во општина Чаир ќе биде опфатено зеленилото по должината на булеварите Крсте Мисирков, Цветан Димов, Христијан Тодоровски-Карпош, како и на улиците Македонско-косовска бригада, Втора македонска бригада и Кемал Сејфула. Екипите од Секторот дрвореди по Решенијa издадени од Секторот за комунални работи на Град Скопје, реализираа кастрење на 30 дрвја на булеварот Цветан Димов на потегот од Јаја-пашина џамија до маркетот Веро. Исто така, на посочената локација преостанатите екипи го средуваа зеленилото, односно косеа тревна површина и собираа откос, кастреа грмушки, собираа лисја, хартија и отпадоци. Јавното претпријатие Водовод и канализација во општина Чаир за време на акцијата ќе работи на булеварите Крсте Мисирков, Цветан Димов, Никола Карев и на улицата Македонско-косовска бригада. Екипите на терен ќе вршат рачно чистење на сливници, рачно чистење на шахти (атмосферски и фекални) и миење со цистерна со вакуум и цистерна под притисок на атмосферските и фекалните сливници и шахти. Денеска на булеварот Никола Карев извршена е контрола на 15 шахти, рачно се исчистени седум шахти, 80 сливници, миење на канализациона линија од140 метри со цистерна со вакуум и прочистување на 170 метри со цистерна под притисок. ЈП Улици и патишта во текот на акцијата во Чаир ќе работат на булеварите Христијан Тодоровски Карпош и Цветан Димов, како и на улиците Џон Кенеди и Лазар Трповски. Екипите на ЈП Улици и патишта денеска ги санираа оштетувањата во асфалтот (со претходно машинско гребење) на булеварот Христијан Тодоровски Карпош, кај општинската зграда на Чаир, со површина од 40 квадратни метри. На овој булевар е извршена контрола и обнова на недостатоците на вертикалната сигнализација, а исправени се и четири сообраќајни знаци. Јавното претпријатие Дрисла во рамките на пролетната акција во Чаир ќе го прима, складира и депонира комуналниот отпад, градежниот шут и другите видови отпад што ќе се собира на територијата на општината. Пролетната акција во општина Чаир почна денеска, 18 април, и ќе трае до 22 април, а потоа екипите на јавните претпријатија ќе продолжат со работа во наредната општина што е планирана, каде што на терен ќе ги продолжат активностите на точно утврдени локации по примерот на општина Кисела Вода, Карпош, Аеродром, Гази Баба и општина Чаир.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/zapochna-golemata-proletna-akcija-na-grad-skopje-i-gradskite-pretprijatija-vo-opshtina-chair/feed/ 0
Тековно се спроведува гласањето во Куманово, Липково и Старо Нагоричане https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/tekovno-se-sproveduva-glasanjeto-vo-kumanovo-lipkovo-i-staro-nagorichane/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/tekovno-se-sproveduva-glasanjeto-vo-kumanovo-lipkovo-i-staro-nagorichane/#respond Sun, 17 Oct 2021 12:48:17 +0000 https://kurir.mk/?p=580719

Тековно се спроведува гласањето во Куманово, соопшти претседателката на ОИК, Бранкица Димковиќ. Право на глас во најголемата општина во државата имаат 93.986 избирачи кои гласаат на 167 места. Спроед податоците на ДИК, до 13 часот излезноста била 12,46 проценти. -Имаме на располагање 12 ИТ инжинери кои дејствуваат на терен, иако во најголем процент техничките проблеми се надминати-изјави Димковиќ Гласањето се спроведува тековно во општина Липково. Ситните технички проблеми на почетокот од гласањето со апаратите за отпечаток на прст, веќе се надминати и гласањето тече непречено, информираше претседателката на ОИК, Ајше Демири . Во Липково право на глас имаат 26.042 избирачи кои гласаат на 36 места. Според ДИК, излезноста во оваа општина до 13 часот е 11,65 проенти. Во Старо Нагоричане право на глас имаат 3.262 гласачи кои правото на глас го остваруваат на 38 места. – Тековно си оди гласањето-рече претседателот на ОИК, Марјан Даиловски. Според ДИК, излезноста во оваа рурална општина до 13 часот е 27, 66 проценти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/tekovno-se-sproveduva-glasanjeto-vo-kumanovo-lipkovo-i-staro-nagorichane/feed/ 0