општина македонска каменица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 27 Dec 2022 09:05:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png општина македонска каменица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Атанасовски: Изминатава 2022 година можеме да ја квалификуваме како успешна година по бројот на капиталните проекти https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/atanasovski-izminatava-2022-godina-mozeme-da-ja-kvalifikuvame-kako-uspeshna-godina-po-brojot-na-kapitalnite-proekti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/atanasovski-izminatava-2022-godina-mozeme-da-ja-kvalifikuvame-kako-uspeshna-godina-po-brojot-na-kapitalnite-proekti/#respond Tue, 27 Dec 2022 09:05:38 +0000 https://kurir.mk/?p=781025

Со голем број на реализирани капитални инфраструктурни проекти, иако во време на светската економска и енергетска криза, 2022 година може да се смета за успешна за Македонска Каменица. Ова е главната поента од обраќањето на Димчо Атанасовски, градоначалник на општина Македонска Каменица на средба на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ коалицијата која што се одржа во Кочани. - Изминатава година можеме да ја квалификуваме како успешна по бројот на реализирани и започнати капитални проекти, каде само во изминативе 3 месеци реализиравме 4 капитални проекти во вредност од околу 1 милион евра. Тие се изградба на нов, модерен спортско-рекреативен центар во месноста Помошно, изградба на противпожарна кула за рана детекција на пожари која се реализира со помеѓугранична соработка со Општина Невестино (Р. Бугарија) во вредност од околу 180.000 евра, осветлување на влезот и излезот на Македонска Каменица, како и уредување на кејот на река Каменичка. Годинава се реконструираа и асфалтираа многу улици во повеќе населени места, како што се Церски Пат, Тодоровци, Луковица, Дракарска маала и многу други – кажа градоначалникот Атанасовски. Тој додаде дека во план се реализација на многу вакви проекти и за 2023 година. - Планираме многу проекти и за наредната 2023 година, каде како најважни можам да ги издвојам изградба на нова општинска зграда, изградба на мултимедијален центар за младите претприемачи, изградба и реконструкција на повеќе патишта во руралните средини, изградба на резервоари со вода за подобрување на водоснабдувањето во Стара Каменица и Дулица, како и подобрување на водоснабдувањето во Каменица – додаде градоначалникот Атанасовски. Регионалната средба беше организирана од страна на Комисијата за локална, Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт и Комисијата за финансии при ВМРО-ДПМНЕ.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/atanasovski-izminatava-2022-godina-mozeme-da-ja-kvalifikuvame-kako-uspeshna-godina-po-brojot-na-kapitalnite-proekti/feed/ 0
Атанасовски: Нема да набавиме телефонски уреди, средствата ќе ги искористиме за помош на социјално ранливите семејства https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/atanasovski-nema-da-nabavime-telefonski-uredi-sredstvata-kje-gi-iskoristime-za-pomosh-na-socijalno-ranlivite-semejstva/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/atanasovski-nema-da-nabavime-telefonski-uredi-sredstvata-kje-gi-iskoristime-za-pomosh-na-socijalno-ranlivite-semejstva/#respond Mon, 26 Sep 2022 15:00:04 +0000 https://kurir.mk/?p=737609

Во услови на економска криза, општина Македонска Каменица нема да набавува телефони за вработените. Средствата ќе бидат искористени за најмладите и за социјално ранливите семејства во Македонска Каменица. Согласно Договорот за мобилни телекомуникациски услуги, општина Македонска Каменица има можност за набавка на уреди, кои во изминатите години се распределувани за потребите на вработените од општинската администрација. Оваа година, објави градоначалникот Димчо Атанасовски, имајќи во предвид дека сме соочени со незапамтена енергетска и економска криза, донесовме уште една одлука во корист на граѓаните. Ќе набавиме три телевизори за Детската градинка Бамби и таблети за ученици од социјално ранливи семејства. Во продолжението од соопштението за јавност, градоначалникот Атанасовски за наредните две недели го најави објавувањето на Повикот за распределба на еднократна парична помош за првачиња во износ од 3.000 денари и за средношколци запишани во прва година во СОУ “Миле Јаневски Џингар” во износ од 20.000 денари. Од 15.10.2022 година ќе биде објавен и Конкурсот за стипендирање на ученици и студенти. “Продолжуваме посветено и сите општински ресурси ги ставаме во корист на каменичани” – стои на крајот од соопштението на градоначалникот Атанасовски]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/atanasovski-nema-da-nabavime-telefonski-uredi-sredstvata-kje-gi-iskoristime-za-pomosh-na-socijalno-ranlivite-semejstva/feed/ 0
Атанасовски: 4,2 милиони денари поддршка за спортот, еднократна помош за сите ученици при упис и нови маалски патишта и улици https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/atanasovski-4-2-milioni-denari-poddrshka-za-sportot-ednokratna-pomosh-za-site-uchenici-pri-upis-i-novi-maalski-patishta-i-ulici/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/atanasovski-4-2-milioni-denari-poddrshka-za-sportot-ednokratna-pomosh-za-site-uchenici-pri-upis-i-novi-maalski-patishta-i-ulici/#respond Tue, 15 Feb 2022 13:06:26 +0000 https://kurir.mk/?p=631671

Со многу енергија, ентузијазам, нови идеи и визии го започнавме раководењето со општина Македонска Каменица и ветивме дека нашиот град ќе го врати стариот сјај, рече градоначалникот на општина Македонска Каменица Димче Атанасовски на денешниот регионален отчет „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт отчет на ВМНРО-ДПМНЕ“. Атанасовски потенцираше дека креираат систем и начин на работа со кој што ќе овозможат Македонска Каменица да биде општина со нула корупција, укажувајќи дека со транспарентност и отчетност граѓаните знаат каде се трошат нивните пари. Креираме сопствен систем и начин на работа кој што ќе овозможи Македонска Каменица да биде општина со нула корупција. Сите буџетски раскоди ќе бидат транспарентни и достапни граѓаните ќе знаат дека нивните пари се трошат на вистинско место со што ќе ја подобриме довербата во администрацијата во нашето работење. Мојот тим е во континуирана комуникација со граѓаните и така добиваме информации за проблемите на граѓаните кои што ги решаваме во најкраток можен рок, рече тој. Атанасовски посочи дека во првите 100 дена имаат започнато да се реализираат голем број на проекти кои што ги ветил во предизборната програма, додавајќи дека мора навремено да се решаваат проблемите на граѓаните. Нашиот приоритет се нашите сограѓани и затоа со брзи и квалитетни решенија делуваме во сите општествени сфери и градиме модерна, отворена и услужна општина насочена кон подобрување на квалитетот на живот. Во општина Македонска Каменица во тек е изградба или потпишани се договори за изградба на локални пристапни и маалски патишта и улици кои што се со вкупна должина од околу 6545 метри, локален пат до маало Албанци до село Тодоровца, реконструкција на дел од локален пат до село Цера, локален пат до Дракарска маало до село Луковица, локален пат до маало Каранфилци во село Цера, изградба на дел од улицата Миле Јаневски Џингар во Македонска Каменица, кажа Атанасовски. Започнавме постапка за изградба на нова општинска зграда која ќе биде лоцирана во непосредна близина на градскиот плоштад, а за таа веќе е извршена физичка делба на парцела и промена на катастарска култура. Има договор за изградба на згради и помошни објекти за потребите на месни заедници на село Саса, село Тодоровци, село Луковица, и село Костендол. Потпишавме договор за улично осветлување на влезот во Македонска Каменица, проект кој што ќе се финансира преку проект на Центарот за развој на Источно плански регион а за кој дел од средствата ќе се обезбедат од општинскиот буџет. Во фаза на подготовка е документација за изградба на парк на бранителите во централното градско подрачје. Подготвивме проект за реконструкција на дел од Градскиот базен и доградба на нови содржини на градски базени и изградба на мал базен за дечиња, вели Атанасовски. Атанасовски рече дека се исчистени голем број на диви депонии во централното градско подрачје, а веќе од март ќе се започне со чистење на дивите депонии во руралните средини. Ги исчистивме дивите депонии во централното градско подрачје а до крајот на месец март ќе ги исчистиме пријавените диви депонии во руралните средини. Во првите 100 дена поделивме еднократна парична помош за болничко лекување од вкупен износ од 210 илјади денари, а континуирано доделуваме еднократна парична помош за секое новородено дете во износ од 10.000 денари., истакна Атанасовски. Започнавме постапка за изработка на правилник на еднократна финансиска поддршка за сите ученици кои што ќе се запишат во Миле Јаневски Џингар со што ќе придонесеме за зголемување на бројот на ученици во оваа училиште. Во буџетот за 2022 година предвидовме финансиска средства во вкупен износ од 4,2 милиони денари за поддршка на спортски клубови кои ќе профункционираат на подрачјето на општина Македонска Каменица и за реализација на проекти од општинска програма за спорт и млади, заклучи тој. Атанасовски вели дека во однос на она што го наследил од претходниот градоначалник од СДСМ констатирал низа неправилности во однос на склучување на договори со фирми без спроведување на постапка за јавни набавки, додавајќи дека токму поради тоа побарал ревизија на досегашното работење. Во првичните анализи мојот тим констатираше низа неправилности во работата на претходната структура, нема реализација ниту еден значаен капитален проект, огромен број на склучен договори и исплати беа без спроведени без постапки за јавни набавки, договори кои што се на штета на општина Македонска Каменица, сомнителни јавни набавки, недостаток на вистински систем за прибирање на даноци и други давачки, и од таа причина побаравме од Државниот завод за ревизија да изврши контрола на досегашното работење, објасни тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/atanasovski-4-2-milioni-denari-poddrshka-za-sportot-ednokratna-pomosh-za-site-uchenici-pri-upis-i-novi-maalski-patishta-i-ulici/feed/ 0
Атанасовски: Mасовна излезност на 31-ви и поддршка за ВМРО-ДПМНЕ за просперитетна и успешна општина https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/atanasovski-masovna-izleznost-na-31-vi-i-poddrshka-za-vmro-dpmne-za-prosperitetna-i-uspeshna-opshtina/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/atanasovski-masovna-izleznost-na-31-vi-i-poddrshka-za-vmro-dpmne-za-prosperitetna-i-uspeshna-opshtina/#respond Sat, 23 Oct 2021 09:48:45 +0000 https://kurir.mk/?p=584148

Од срце би сакал да ви се заблагодарам за масовната поддршка која што ми ја дадовте во првиот круг на овие избори, вели кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Македонска Каменица, Димче Атанасовски. Очигледна е победата на ниво на целата држава Република Македонија, вклучително и во Македонска Каменица. -Искрено се надевам и ве замолувам сите заедно масовно да излеземе на 31-ви да го заокружиме бројот 7 за просперитетна и успешна Македонска Каменица, посочува тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/atanasovski-masovna-izleznost-na-31-vi-i-poddrshka-za-vmro-dpmne-za-prosperitetna-i-uspeshna-opshtina/feed/ 0
Силно невреме во Македонска Каменица https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/silno-nevreme-vo-makedonska-kamenica/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/silno-nevreme-vo-makedonska-kamenica/#respond Fri, 05 Jul 2019 06:01:48 +0000 https://kurir.mk/?p=215559

Општина Македонска Каменица синоќа беше зафатена од интензивни врнежи од пороен дожд, град и силни електрични атмосферски празнења. Поради огромните количини наносен материјал од Јавното претпријатие „Камена Река”, информираа дека градежна механизација со неколку екипи, веднаш се упатила на терен со цел санирање на состојбата. -Нашите вработени реагираа на повеќе места каде беа констатирани поголеми количини на наносен материјал. Кон чистење на критичните места се пристапи веднаш, а со цел следење на состојбата, екипите дежураа на терен и во текот на доцните вечерни часови, наведуваат од „Камена Река”. Чистењето и санацијата на настанатите штети, како што додаваат, треба да продолжат во раните утрински часови. По престанувањето на врнежите ситуацијата е ставена под контрола, при што не се констатирани поголеми штети по имотите на жителите во индивидуалните и колективни живеалишта на територијата на Општината. Во случај на повторна појава на електрични празнења, на граѓаните им се препорачува да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја. Сточарите пак, своите стада да ги делат во помали групи, со цел да ги заштитат од опасности предизвикани од честите атмосферски празнења.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/silno-nevreme-vo-makedonska-kamenica/feed/ 0