општина Македонски Брод – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 15 Jun 2022 15:33:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png општина Македонски Брод – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ристески: Помош од 5.000 денари за секој ученик запишан во прва година во СОУ” Св. Наум Охридски” во Македонски Брод https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/risteski-pomosh-od-5-000-denari-za-sekoj-uchenik-zapishan-vo-prva-godina-vo-sou-sv-naum-ohridski-vo-makedonski-brod/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/risteski-pomosh-od-5-000-denari-za-sekoj-uchenik-zapishan-vo-prva-godina-vo-sou-sv-naum-ohridski-vo-makedonski-brod/#respond Wed, 15 Jun 2022 15:33:40 +0000 https://kurir.mk/?p=691321

Согласно Програмата за развој на културата, спортот и образованието во Општина Македонски Брод за 2022 година, Општина Македонски Брод во текот на денешниот ден ја реализираше активноста "Доделување на еднократен паричен надоместок во висина од 5.000, 00 денари за помош на ученици кои ќе се запишат во прва година во СОУ" Св. Наум Охридски" во Македонски Брод за учебната 2021/2022 година, информираше преку Фејсбук објава градоначалникот Ристески. Тој напиша дека Општина Македонски Брод ќе продолжи со реализација на оваа активност и за наредните учебна години. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/risteski-pomosh-od-5-000-denari-za-sekoj-uchenik-zapishan-vo-prva-godina-vo-sou-sv-naum-ohridski-vo-makedonski-brod/feed/ 0
„Самоков Екстрим“ викендов за прв пат во општина Македонски Брод https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/samokov-ekstrim-vikendov-za-prv-pat-vo-opshtina-makedonski-brod/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/samokov-ekstrim-vikendov-za-prv-pat-vo-opshtina-makedonski-brod/#respond Sat, 28 May 2022 16:31:37 +0000 https://kurir.mk/?p=682957

„SAMOKOV XTREME“ започна на голема врата! Манифестацијата на адреналинот, по повеќедневната најава започна денес. Самоков ги отвори вратите за сите учесници кои ги има во голем број како што беше очекувано. Сите заинтересирани уредно се пријавија, потпишаа изјави и ги подигнаа стартните пакети, па започнаа со ревијално возење и запознавање со патеките. Самоков заживува и се доживува, за Самоков се зборува, Самоков се променува! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/samokov-ekstrim-vikendov-za-prv-pat-vo-opshtina-makedonski-brod/feed/ 0
Викендов: Прв адреналински фестивал на отворено SAMOKOV XTREME во организација на општина Македонски Брод https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vikendov-prv-adrenalinski-festival-na-otvoreno-samokov-xtreme-vo-organizacija-na-opshtina-makedonski-brod/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vikendov-prv-adrenalinski-festival-na-otvoreno-samokov-xtreme-vo-organizacija-na-opshtina-makedonski-brod/#respond Wed, 25 May 2022 16:16:58 +0000 https://kurir.mk/?p=681478

Во организација на Општина Македонски Брод на 28 и 29 Мај 2022г во Самоков ќе се одржи првиот адреналински фестивал на отворено SAMOKOV XTREME. Главната цел на овој фестивал е развојот на туризмот во Поречкиот регион и ставање на с.Самоков на мапата на атрактивни дестинации за авантуристички туризам. Базата на фестивалот, на кој очекуваме да учествуваат повеќе од 300 вљубеници во природата и авантуристи ќе биде на фудбалскиот стадион, каде ќе има организирано кампување на учесниците, придружено со културно забавни активности. Учесниците со своите спортски вештини ќе можат да се презентират во следниве дисциплини и истите ќе имаат ревијален карактер : - возење со теренски возила ( џипови) - возење со мотокрос - возење со АТВ возила - возење со МТБ велосипеди - планинарeње Сабота 28.05. 2022г 09.00ч – 12.00ч пристигнување на учесниците и формирање на кампот каде ќе престојуваат 12.00 ч – 14.00 ч регистрација на учесниците и подигнување на стартните пакети 14.00 ч ревијално (заедничко) возење на учесниците со теренски возила, мотокрос и АТВ возила на релација: Самоков – Добра вода – с.Бенче – Самоков 20.30ч – 22.30ч заедничко гледање на финалето во Лигата на шампиони Реал Мадрид – Ливерпул 22.45ч Концерт на Даниел Крстески и бенд и заедничка забава Недела 29.05.2022г 09.45ч поздравен говор на Градоначалникот на Македонски брод Г дин Жарко Ристески 10.00ч заеднички старт на учесниците во сите дисциплини 1.Возачите на теренски возила, АТВ возила и мотокрос ќе возат на релација : Самоков – с.Рамне – с.Брест – Фојник планина – с.Требовље – Самоков. 2. Планинарска тура Се стремиме кон Порече заради не толку често посетените убавини кои пленат со зеленило и недопрена природна убавина. Добра Вода е не толку посетена планина и баш поради тоа плени со својата недопрена убавина. Таа е висока венечна планина во Македонија што се издига помеѓу долината на Мала Река од исток и Кичевската Котлина од запад. Се дели на два дела: северен (познат и под името Челоица) со највисок врв Добра Вода (2.062 м) и јужен (познат како Песјак) со врвовите Кула (1.917 м) и Коњарник (1.874 м). За вас подготвивме тура со локалците од Самоков за подобро запознавање на магијата на Порече. Самоков е срцето на Порече, ако не верувате дојдете и ќе видите сами, информираат од општината. ОПИС НА ТУРАТА: - Старт од село Самоков во 10:00ч. Селото Самоков се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод, на просторот на левата страна на реката Треска. Селото е ридско, на надморска височина од 600 метри. - пешачење по асфатиран пат од 1.5 км до село Ковач. Селото Ковач исто така се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод, над селото Самоков. Селото е ридско, на надморска височина од 720 метри, не е заведено во катастарската евиденција и го дели атарот со соседното село Самоков. - по изминување на асфалтот движењето е низ шумска патека кадешто во најголем дел сме под сенка, континуирано сме опколени со високостеблеста шума и сите нијанси на зелено. Попатно правиме кратки паузи. - пристигнување во село Бенче кадешто правиме подолга пауза за ручек и се разладуваме со пиво во локалната коперација. Селото Бенче е половина од патеката, од стартот до село Бенче има 7,5 км. - од село Бенче продолжуваме да се движиме по планинска/козја патека до село Самоков во должина од околу 7 км од кои околу 1 км пред финиш одиме по асфалтен пат. - Ова е средно тешка тура со околу 15км вкупна должина (12 км – шумска патека, околу 3 км асфалтен пат). Патеката е кружна, но стартот и финишот е на местото кадешто е поставен кампот. - Најдоцна предвидено пристигнување во кампот е 16 часот. ПОТРЕБНА ОПРЕМА И УСЛОВИ: - психофизичка подготвеност за пешачење - удобни чевли/ чизми (не е препорачано да се носат патики) - Пантолони со долги ногавици - Планинарски стапчиња - Капа и средства за УВ заштита. - Кабаница ИСХРАНА: - секој сам си носи исхрана од ранец; - вода 2 литри. Вода има во селото Бенче; - суво овошје, сендвичи и сл. НАПОМЕНА: - За да не дојде до оптоварување на турата, задолжително е пријавување - Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици; - Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција. - Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки. ВОДИЧИ НА АКЦИЈАТА: 1. Маријана Ѓорѓиевска 2. Марјан Ристески 3.Велосипедската тура е насловенаТајните на Средновековна Македонија Во легендата за Крали Марко, се вели дека тој имал повеќе сестри: Дева, Пешта, Кита, Sвезда и Тома. Најстарата, Дева, живеела во село Девич, Порече. По нејзиното име и селото го носело името Девич. Над селото има и едно црквиче и кула оградени со голема авлија, сета од камен. Дева живеела таму во кулата и држела војска. Војската се бранела со камења. Дева изградила и една зандана полна со вода. Од занданата до кулата имало една воденичка бука низ која заробените ги пуштала во занданата. Затворениците биле во вода дење и ноќе се дури не умреле. И денес кај занданата стои караулата каде стоела стражата. Во кулата имало и фурна каде Дева печела леб. Пеша, пак другата сестра на јунакот, живеела во големата пештера на другиот рид, преку патот, којашто се гледа од кулите, додека Тома живеела во Томино село. Токму овие легенди се мотивацијата за креирањето велосипедската тура која ќе се вози на следнава релација: • 10.00ч тргнуваме од кампот во Самоков каде што по неколку километри вртиме за селото Горно Зркле, во кое што правиме мала пауза и освежување на селската чешма и се чека групата. • 10.45ч продолжуваме до селото Сушица, кое е на неколку километри од с. Зркле, со мала пауза за групирање и освежување на учесниците. • 11.30ч посета на Томино село и селската црква каде што според легендата живеела една од сестрите на Крали Марко • 12.30ч Продложуваме по патот за Горни и Долни Манастирец, собирање на групата пред ресторанот, пред да излезиме на маркиран земјен пат покрај реката. Дополнување на вода кај чешмата на ресторан Извор. • 12.45ч Пристигнување на групата во с. Девич,со мала пауза и прошетка до Девина Кула и средновековната црква. Легендата вели дека девичките мажи, биле македонските Аполони и најличните мажи во средновековна Македонија.Од кулата може да се види окното на пештерата Пешна, каде што живеела сестрата Пеша. • 13.30ч заминување за Пешна, со разгледување на пештерата. • 14.30ч враќање по патеката до село Слатина каде што ќе ги посетиме Слатинските водопади • 15.30ч тргнуваме на групата кон село Лаг по маркирана патека покрај реката и продолжуваме кон Самоков. • 16.30ч пристигнување на групата во кампот Учесниците на велосипедската тура мора да имаат исправен велосипед, да носат заштитна кацига, очила за сонце и да ги почитуваат препораките на водичите.Со себе во ранецот да си понесат храна и освежување и средство за заштита од сонце. Водичи на турата : 1.Кире Конески 2.Здравко Ристески ВАЖНО!!! Учесниците на настанот кои ќе не посетат треба најпрво да се регистрираат на пунктот за пријавување, да си подигнат стартен пакет и да потпишат Изјава за учество на сопствена одговорност. Стартниот пакет чини 500 денари содржи: место во кампот, сувенир маичка, присуство на концертот и вечерната забава, учество во адреналинскиот конвој и производи од спонзорите на фестивалот. Оние учесници кои нема да бидат дел од кампот во Самоков во саботата, односно ќе пристигнат утрото во неделата: треба да се регистрираат, да потпишат Изјава за учество на сопствена одговорност и да уплатат 200 денари за учество кај организаторот. ПС.во недела наутро има организиран превоз од Прилеп до Самоков и назад со патничко комбе. Превозот чини 300 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vikendov-prv-adrenalinski-festival-na-otvoreno-samokov-xtreme-vo-organizacija-na-opshtina-makedonski-brod/feed/ 0
Ристески на средба со претседател на Бизнис Конфедерацијата на Македонија Миле Бошков https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/risteski-na-sredba-so-pretsedatel-na-biznis-konfederacijata-na-makedonija-mile-boshkov/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/risteski-na-sredba-so-pretsedatel-na-biznis-konfederacijata-na-makedonija-mile-boshkov/#respond Thu, 23 Dec 2021 13:59:21 +0000 https://kurir.mk/?p=612149

Денес во кабинетот на градоначалникот на нашата општина, Жарко Ристески, во работна посета беше господин Миле Бошков, претседател на Бизнис Конфедерацијата на Македонија. На средбата беше разговарано за активна соработка на Општина Македонски Брод со Бизнис Конфедерацијата на Македонија во насока на поддршка и развој на бизнис секторот во општината, преку концептот за одговорно водење бизнис, поттикнување на одржливост на економијата и долгорочен развој на микро, малите, средни и големи претпријатија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/risteski-na-sredba-so-pretsedatel-na-biznis-konfederacijata-na-makedonija-mile-boshkov/feed/ 0
Ристевски во посета на местото каде што се гради индустриска фабрика: Оваа зона мора да стане реалност, така младите ќе останат во Македонски Брод https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ristevski-vo-poseta-na-mestoto-kade-shto-se-gradi-industriska-fabrika-ovaa-zona-mora-da-stane-realnost-taka-mladite-kje-ostanat-vo-makedonski-brod/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ristevski-vo-poseta-na-mestoto-kade-shto-se-gradi-industriska-fabrika-ovaa-zona-mora-da-stane-realnost-taka-mladite-kje-ostanat-vo-makedonski-brod/#respond Tue, 09 Nov 2021 14:47:54 +0000 https://kurir.mk/?p=593224

Денеска бев во посета на местото каде што се гради фабриката од наменската индустрија во с. Крапа. Бев информиран за динамиката и начинот на реализација на истата, стои во Фејсбук статусот на Жарко Ристевски, градоначалникот на општина Македонски Брод. Тој напиша дека индустриската зона на Барбарос мора да стане реалност, како што беше и предвидено во предизборна кампања со што ќе овозможат можност за отворање на нови вработувања, а со тоа младите ќе останат во Македонски Брод. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ristevski-vo-poseta-na-mestoto-kade-shto-se-gradi-industriska-fabrika-ovaa-zona-mora-da-stane-realnost-taka-mladite-kje-ostanat-vo-makedonski-brod/feed/ 0
Во Македонски Брод до 18:30 часот гласале 75,91 отсто од избирачите https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-makedonski-brod-do-18-30-chasot-glasale-75-91-otsto-od-izbirachite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-makedonski-brod-do-18-30-chasot-glasale-75-91-otsto-od-izbirachite/#respond Sun, 31 Oct 2021 18:18:30 +0000 https://kurir.mk/?p=588827

На половина час пред затворање на избирачките места, во општина Македонски Брод излезноста е поголема споредено со првиот изборен круг. До 18:30 часот во оваа општина гласале 75,91 остсто од избирачите запишани на единствениот избирачки список. -Иако се уште гласањето во наша општина не е завршено, излезноста на гласачите е поголема споредено со првиот изборен круг и уште во 18:30 часот беше регистрирана рекордна излесност на гласачите од 75,91 отсто. Гласаа 3779 граѓани, што е една од највисоките бројки забележани во сите општини во земјава. Ако се има во предвид дека од овој пресек преостана уште половина час, до затворање на избирачките места излезноста ќе биде уште поголема. На избирачките места има граѓани кои допрва ќе гласаат, а гласачките места ќе бидат отворени се дотогаш додека затекнатите лица во просториите за гласање не се изјаснат, рече Лена Милошеска, од ОИК за Македонски Брод.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-makedonski-brod-do-18-30-chasot-glasale-75-91-otsto-od-izbirachite/feed/ 0
Во Македонски Брод до 15 часот излезноста е 51,54 отсто https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-makedonski-brod-do-15-chasot-izleznosta-e-51-54-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-makedonski-brod-do-15-chasot-izleznosta-e-51-54-otsto/#respond Sun, 31 Oct 2021 15:28:34 +0000 https://kurir.mk/?p=588698

Во Македонски Брод како и во првиот и во вториот изборен круг се бележи рекордна излезност на граѓаните, а најдобра потврда е процентот на гласачите 51,54 отсто, кои до 15 часот го оствариле своето демократско право на глас. -Излезноста во општина Македонски Брод и понатаму бележи рапиден пораст. Во нашата општина до 15 часот гласале вкупно 2 564 граѓани, што во проценти изнесува 51,54 отсто. Немаме никакви проблеми на избирачките места и се функционира според планираното. И во преостанатите неколку часа до затворањето на избирачките места, очекуваме се да протекне во најдобар ред, а излезноста да продолжи да расте, изјави Лена Милошеска од ОИК за оптшина Македонски Брод.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-makedonski-brod-do-15-chasot-izleznosta-e-51-54-otsto/feed/ 0
Стагнира интересот за вакцинација во Македонски Брод https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stagnira-interesot-za-vakcinacija-vo-makedonski-brod/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stagnira-interesot-za-vakcinacija-vo-makedonski-brod/#respond Tue, 26 Oct 2021 10:46:26 +0000 https://kurir.mk/?p=585722

Како и во повеќето градови во земјава, така и во Македонски Брод последните триесетина дена стагнира интересот за вакцинација против Ковид-19 и далеку е од периодот пред три месеци кога интересот кај граѓаните беше многу голем. -Во нашиот Здравствен дом последниве три седмици се бележи стагнација во интересот за вакцинација против Ковид-19.Сепак и покрај ова сознание во нашиот Здравствен дом со прва, втора или трета доза досега вкупно се имаат вакцинирано околу 13 000 граѓани, што е висока бројка ако се има во предвид големината на општината и на градот Македонски Брод, вели Жарко Симески, директор на Здравствениот дом во Македонски Брод, кој нагласи дека според бројот на дози потрошени од почетокот на вакцинацијата предничат кинескиот „Синовак“ и американскиот„ Фајзер“. Од почетокот на вакцинација на крајот на април до денеска, посочи тој, водечки според бројот на вакцини со кои се имунизирале жителите на нашата општина се кинески „Синовак“ со 3 400 дози прва вакцина и американскиот„ Фајзер“ со 2 700 дози. – Далеку зад нив се британската„ Астра Зенека“ со 300 први дози и кинески „Синофарм“ со само 200 дози.Од почетокот на вакцинација со трета доза во нашиот Здравствен дом се вакцинирани 30 лица претежно здравствени работници. Последниве неколку дена повеќе граѓани не контактираат и бараат наше мислење дали да се вакцинираат со трета доза или не и тоа е важен предзнак дека наскоро ќе се зголеми бројот на имунизирани лица со трета доза, додаде Симески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/stagnira-interesot-za-vakcinacija-vo-makedonski-brod/feed/ 0