општина маврово ростуше – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 03 Oct 2023 18:24:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png општина маврово ростуше – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Редовно чистење на ѓубрето, посебни хранилишта и електричен напон, мерки против мечките кои влегуваат во селата во Маврово-Ростуше https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redovno-chistene-na-gubreto-posebni-hranilishta-i-elektrichen-napon-merki-protiv-mechkite-koi-vleguvaat-vo-selata-vo-mavrovo-rostushe/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redovno-chistene-na-gubreto-posebni-hranilishta-i-elektrichen-napon-merki-protiv-mechkite-koi-vleguvaat-vo-selata-vo-mavrovo-rostushe/#respond Tue, 03 Oct 2023 16:32:39 +0000 https://kurir.mk/?p=884724

Владата, на денешната седница, го разгледа Записникот од седница на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот на управување со кризи, со којшто членовите на Владата се запознаени со состојбите за зголемено присуство на мечки во населените места на Општина Маврово и Ростуше. Владата на денешата седница ги разгледа превентивните мерки предложени од страна на надлежните министерства, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, пришто е изразено очекување за ефикасна примена на мерките. -Во најкраток временски период да бидат отстранети сите помали и поголеми ѓубришта коишто се во непосредна близина на населените места или во самите населени места, коишто претставуваат извор на привлекување на мечката. За таа цел, локалната самоуправа, во соработка со Јавната установа Национален парк Маврово, согласно нивните надлежности, треба да пристапат кон решавање на прашањето, со цел навремено чистење на сметот (дивите депонии) од сите населени места, како и од локалните патишта. Со утврдените превентивни мерки е предвидена и контрола на сите придружни објекти во коишто се чува храна, коишто може да бидат лесно достапни и коишто се во близина на местото на домување; затворање со соодветна безбедносна метална ограда на сите места за одлагање комунален отпад; обезбедување посебни хранилишта за мечки надвор од населени места; обезбедување на имотите, посебно на местата каде што се чува добиток, пчели и друго, со стандардизирана опрема со електричен напон; успивање и дислоцирање мечки, во соработка со државни органи и научни институции; употреба превентивни средства за заплашување и одвраќање, како и организирана употреба на средства за заплашување на мечките, информираат од Владата. Неопходните превентивните мерки, како што е соопштено од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање се предложени и преземени, во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со оглед дека кафеавата мечка (Ursus arctos), согласно Законот за ловство, е вид за којшто е пропишана трајна забрана за ловење. Активностите се преземени по доставено известување од страна на Јавната установа Национален парк Маврово, за зачестено присуство на кафеавата мечка на територијата на НП Маврово, каде, според информацијата, има причинети штети по добиток, пчелни семејства, имот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/redovno-chistene-na-gubreto-posebni-hranilishta-i-elektrichen-napon-merki-protiv-mechkite-koi-vleguvaat-vo-selata-vo-mavrovo-rostushe/feed/ 0
Кафеави мечки им влегуваат дома на луѓето, претставуваат опасност: Општина Маврово и Ростуше бара прогласување кризна состојба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kafeavi-mechki-im-vleguvaat-doma-na-lugeto-pretstavuvaat-opasnost-opshtina-mavrovo-i-rostushe-bara-proglasuvane-krizna-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kafeavi-mechki-im-vleguvaat-doma-na-lugeto-pretstavuvaat-opasnost-opshtina-mavrovo-i-rostushe-bara-proglasuvane-krizna-sostojba/#respond Fri, 29 Sep 2023 14:14:32 +0000 https://kurir.mk/?p=883310

Во Националниот парк Маврово, но и на други подрачја на државата е забележано зголемено присуство на кафеава мечка, соопшти денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција. Според проценката што ја дава Општина Маврово и Ростуше, Ангелов вели дека на територијата на националниот парк има од 160 до 180 мечки, а според одредени норми од стручни лица бројот на мечки би требало да биде 70. На територијата на државата има значително повеќе, неофицијално повеќе од 500 мечки. Општината Маврово и Ростуше одржала неколку средби со месните заедници, МВР, како и со претставници на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, и претставници на Министерството за животна средина, каде донеле одлука да поднесат барање за прогласување кризна состојба во рамките на територијата на Општина Маврово и Ростуше. Ова е нова ситуација за ЦУК, вели Ангелов, до сега како институција немале вакво барање. Од тие причини за в понеделник свикана е седница на групата за процена, каде ќе се разгледа состојбата и ќе се процени дали се исполнети законските услови за прогласување кризна состојба, што ќе овозможи одредени механизми кои што сега според тврдењата на општината ги немаат на располагање. -Во понеделник групата за процена ќе се произнесе, доколку заклучиме дека се исполнети условите за прогласување на кризна состојба на ова подрачје, истото ќе го предложиме на управувачкиот комитет, а потоа Владата е таа која што треба да одлучи што ќе се случи понатаму. Во нашата работа ќе вклучиме и активисти на Здружение за заштита на животните. Наша цел не е отстрел на овие животни. Ги сакаме мечките, но повеќе ги сакаме луѓето, дециден беше Ангелов. Кафеавата мечка кај нас е забранета за лов и спаѓа за строго заштитен вид уште од 1996 година, а тоа допринесува таа да се размножува вели Ангелов, потенцирајќи дека глобалното затоплување може да биде и една од главните причини, бидејќи последните топли години мечката не оди во таканаречениот зимски сон и е активна во текот на зимата. -Овие кафеави мечки пред се претставуваат голема опасност по животот и здравјето на граѓаните, бидејќи се работи за живи села, каде што има мали деца и неколку основни училишта, каде што децата одат на училиште, притоа се движат сами. Вообичаено селските улици се многу тесни и при несакана средба со мечка, дури мечката и да нема намера да нападне, би претставувала огромна опасност за жителите. Во самото село во повеќе наврати мечки влегуваат во куќите да бараат храна, рече Ангелов на денешната прес-конференција во ЦУК. Од Центарот за управување со кризи презентираа неколку видеа кои ги снимиле утринава, каде жители на с. Жировница сведочат за блиски средби со мечки. Најкарактеристичен е случајот на возрасна жена која живее сама, каде мечката се обидела да влезе на влезната врата во куќата. Според жителите на селото Жировница околу селото гравитираат повеќе од 30 мечки, еден од проблемите е дека поради сушната година нема доволно природна храна. -Жителите на село Жировница се исплашени, бидејќи мечките се шетаат во селото секојдневно. Притоа често се забележани напади на пчеларници, најголемиот дел од пчеларниците се уништени, но исто така има случаи на убивање на добиток, рече Ангелов и додаде дека со истиот проблем се соочуваат и жителите на село Требиште, каде во основното училиште учат 45 ученици. Во овој момент заштитата на кафеавата мечка ја регулираат два закони. Првиот е Законот за ловство, којшто предвидува дека Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство може да го дозволи ловот на трајнозаштитен дивеч, меѓу кои спаѓаат и мечките, ако прави штета во ловиштето или на корисникот, односно сопственикот на земјиштето и водите, по претходно мислење на Министерството за животна средина и просторно планирање. Сличен член постои и во Законот за заштита на природата, каде се регулира дека отстрел на диви животни се врши врз основа на претходно добиена дозвола од министерот кој раководи со органот на државна управа надлежен за вршење на работите од областа на ловството, а врз основа на претходно добиено мислење од министерот кој раководи со органот на државна управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на природата. Слично искуство во регионот има во Романија, каде отстрелот на мечки станал изборна тема и дел од изборните ветувања на изборните партии. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kafeavi-mechki-im-vleguvaat-doma-na-lugeto-pretstavuvaat-opasnost-opshtina-mavrovo-i-rostushe-bara-proglasuvane-krizna-sostojba/feed/ 0
Во Маврово Ростуше и Центар Жупа постигнат цензус за избор на градоначалник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-mavrovo-rostushe-i-centar-zupa-postignat-cenzus-za-izbor-na-gradonachalnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-mavrovo-rostushe-i-centar-zupa-postignat-cenzus-za-izbor-na-gradonachalnik/#respond Sat, 20 Aug 2022 16:24:14 +0000 https://kurir.mk/?p=721493

До 17 часот, излезноста на гласачите на изборите за градоначалник во Маврово и Ростуше изнесува 44 отсто, a во Центар Жупа 41,71 отсто, со што исполент е цензусот за минимален одѕив од една третина за изборите да бидат успешни. Во Тетово на изборите за совет во општината, до 17 часот излегле 27,79 гласачи, информира Државната изборна комисија. Право на глас имаат вкупно 101.174 гласачи, од кои 84.072 во Тетово, 7.154 во Центар Жупа и 9.948 во Маврово и Ростуше. Во Маврово и Ростуше се гласа на 39 избирачки места, во Центар Жупа на 16, а во Тетово на 117 избирачки места.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-mavrovo-rostushe-i-centar-zupa-postignat-cenzus-za-izbor-na-gradonachalnik/feed/ 0
Во Центар Жупа правото на глас го остварија 29 болни и немоќни лица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-centar-zupa-pravoto-na-glas-go-ostvarija-29-bolni-i-nemokjni-lica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-centar-zupa-pravoto-na-glas-go-ostvarija-29-bolni-i-nemokjni-lica/#respond Fri, 19 Aug 2022 15:23:06 +0000 https://kurir.mk/?p=721168

Во општина Центар Жупа денеска, ден пред утрешното гласање за градоначалник, во домашни услови правото на глас го остварија 29 болни и немоќни лица. -Гласаа сите 29 лица на кои им беше одобрено барањето. Да потсетам добивме 32 барања, но три беа одбиени, бидејќи лицата не беа запишани во единствениот избирачки список, изјави за МИА, Неџип Илјаз, претседател на Општинската изборна комисија. Оценува дека денешното гласање и распределбата на изборниот материјал минале без никаков проблем. – Утре во нашата општина ќе се гласа на 16 избирачки места, а правото на глас треба да го остварат 7.154 лица, или 77 гласачи повеќе од предвремените избори во април, додека пак споредено со редовните локални избори од октомври минатата година има 163 гласачи помалку. Како комисија ги презедовме сите потребни активности за еден нормален изборен процес, рече Илјаз. На гласачкото ливче се наоѓа само еден кандидат, предложен од политичка партија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-centar-zupa-pravoto-na-glas-go-ostvarija-29-bolni-i-nemokjni-lica/feed/ 0
Скандал во Маврово-Ростуше: Владин повереник и кандидат за градоначалник исплаќал народни пари на роднини (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-vo-mavrovo-rostushe-vladin-poverenik-i-kandidat-za-gradonachalnik-isplakjal-narodni-pari-na-rodnini-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-vo-mavrovo-rostushe-vladin-poverenik-i-kandidat-za-gradonachalnik-isplakjal-narodni-pari-na-rodnini-foto/#respond Wed, 17 Aug 2022 08:56:54 +0000 https://kurir.mk/?p=719715

На два дена пред повторените локални избори во општина Маврово Ростуше каде во сабота се бираат градоначалник и општински совет на површина излегуваат скандалозни исплати на локални функционери на СДСМ од општинската каса, пишува порталот експрес.мк ‼️Во време на економска криза, во време кога родителите немаат финансиски срества да си ги прехранат своите деца, да си ги подмират основните домашни потреби, актуелниот повереник и кандидат за Градоначалник од СДС Медат Куртоски на својот шура Емсел Шабани си му исплатил 1.000 евра од општинска каса, а на својот дедо Тасим му исплатил 950 евра од општинскиот буџет, се однесуваат како Општината да е нивна приватна своина! Ова го објавува локалната организација на ВМРО-ДПМНЕ во општина Маврово Ростуше која објавува докази за своето тврдење од алатката на владата за јавни набавки каде се гледа исплатата на парите за членовите на СДСМ. ,,‼️За непотизмот да биде уште поголем, директорот на основното училиште во Скудриње Бешир Рамадани за себе и за шурата од повереникот Медат Куртовски си исплатил од училишниот буџет по 250 евра, најверојатно за да одат на летен одмор”, стои во објавата на ВМРО-ДПМНЕ Маврово Ростуше. ,,✅☢️Треба да знае кандидатот на СДС Медат Куртовски, дека парите не се лично негови, и ова што го прави не е добро за никого а најмалку за тие кои му даваат доберба да ги прави овие непромислени работи”, стои во соопштението на кое се уште нема никаква реакција од СДСМ. Вчера во посета на оваа општина беа лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски и генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ кои го промовираат Куртовски за иден градоначалник. Објавата за скандалозните исплати на пари на роднини на локални функционери: Изборите за локална власт во Маврово Ростуше која е погодена од силна миграција предходно пропаднаа затоа што не беше исполнет цензусот од 30 % излезност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-vo-mavrovo-rostushe-vladin-poverenik-i-kandidat-za-gradonachalnik-isplakjal-narodni-pari-na-rodnini-foto/feed/ 0
Џафери: Промените во земјата започнаа и тие ќе се заокружат во Маврово Ростуше https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dzaferi-promenite-vo-zemjata-zapochnaa-i-tie-kje-se-zaokruzat-vo-mavrovo-rostushe/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dzaferi-promenite-vo-zemjata-zapochnaa-i-tie-kje-se-zaokruzat-vo-mavrovo-rostushe/#respond Fri, 05 Aug 2022 07:34:54 +0000 https://kurir.mk/?p=714366

Во политиката влегувам со искрена желба да ги промениме работите. Целиот живот го посветив на медицината и како доктор најдобро што умеам е да помагам на луѓето. Време е тоа да го направиме и во политиката и само заедно, со цврста волја и работа можеме да ги промениме работите, а на Маврово Ростуше му треба будење, му требаат промени и домаќинско работење. Како ваш пријател, сосед, ваш сограѓанин ви ветувам дека ќе бидам вашиот глас во општината и заеднички ќе ги решаваме проблемите, истакна Мевмед Џафери, кандидат за градоначалник на општина Маврово Ростуше. -Промените во земјата започнаа и тие ќе се заокружат во Маврово Ростуше, за промени, проекти, за победи и само така ќе создадеме нова иднина. Домаќински и одговорно. Да ги промениме работите кои донесоа стагнација, да ја ослободиме општината од приватните и лични интереси, да не биде повеќе извор за богатење и злоупотребa на поединци, туку место каде ќе создаваме иднина за секој еден човек во нашата општина. Ви ветувам беспоштедна работа и промени. Јас сум Мевмед Џафери, вашиот избор за градоначалник на нашето Маврово Ростуше. Да создадеме нова иднина!, додава Џафери. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dzaferi-promenite-vo-zemjata-zapochnaa-i-tie-kje-se-zaokruzat-vo-mavrovo-rostushe/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во локалните избори во Маврово Ростуше и Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kje-uchestvuva-vo-lokalnite-izbori-vo-mavrovo-rostushe-i-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kje-uchestvuva-vo-lokalnite-izbori-vo-mavrovo-rostushe-i-tetovo/#respond Wed, 20 Jul 2022 12:11:16 +0000 https://kurir.mk/?p=707918

Ние ќе учествуваме, кандидат е доктор Мевмед Џафери, членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е почитуван човек, родител, семеен човек итн. Мислам навистина е почитуван човек во средината таму и очекуваме дека ќе победи убедливо, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во локалните избори во Маврово Ростуше. Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува исто така и на локалните избори во Тетово за Совет. - Исто така имаме и своја листа и на локалните избори во Тетово за Совет кои што исто така ќе се случат на 20-ти август. А, и очекуваме бројот на советници да го зголемиме според последните мерења на јавното мислење, појасни Мицкоски. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека се надева дека изборите во Маврово Ростуше ќе успеат бидејќи во тој период многу печалбари се враќаат тогаш. - Се надеваме дека ќе успееме да ги анимираме тие луѓе да излезат да гласаат и да го дадат својот глас за Мевмед Џафери, рече Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kje-uchestvuva-vo-lokalnite-izbori-vo-mavrovo-rostushe-i-tetovo/feed/ 0
Запрена постапката за избор на градоначалник во Маврово Ростуше https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zaprena-postapkata-za-izbor-na-gradonachalnik-vo-mavrovo-rostushe/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zaprena-postapkata-za-izbor-na-gradonachalnik-vo-mavrovo-rostushe/#respond Mon, 21 Mar 2022 12:34:00 +0000 https://kurir.mk/?p=650659

Државната изборна комисија на денешната седница ја запре постапката за избор на градоначалник на Општина Маврово Ростуше, откако минатата недела кандидатот на СДСМ, Медат Куртовски ја повлече кандидатурата, бидејќи нема противкандидат. Овој заклучок, Државната изборна комисија го носи поради тоа што досега по истекот на сите законски рокови, до Општинската изборна комисија Маврово Ростуше нема потврдени листи за избор на градоначалник за Општина Маврово Ростуше, по решението за распишување избори од 4 февруари оваа година. – Поради тоа ние мораме да констатираме со заклучок дека ДИК од своја страна ја запира постапката за спроведување на сите изборни дејствија во Маврово Ростуше, согласно донесениот роковник, нагласи Борис Кондарко, член на Комисијата. ДИК побара писмено да биде известен претседателот на Собранието, надлежен за распишување на избори. Минатата недела, кандидатот на СДСМ Куртовски информираше дека нема потреба од дополнителни трошоци во време на криза за избори што можат повторно да бидат неуспешни. – Имајќи го предвид фактот дека од другата страна нема против кандидат, како и фактот дека голем број наши сограѓани се дел од дијаспората, особено во овој период од годината, постои реален ризик локалните избори повторно да не успеат. Да нема дополнителни трошоци во време на криза, односно пари од буџетот на Општината да не се трошат на избори кои може повторно да бидат неуспешни, вели Куртовски. Согласно дневниот ред, на денешната седница беше изгласан предлог-заклучокот за внатрешна организација и координација на работата на ДИК во стручна служба од 13 март 2022 година. Комисијата едногласно ја донесе и одлуката за измена и дополнување на годишниот план за јавни набавки за 2022 година на Комисијата и Кодексот за набљудување на изборите во Центар Жупа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zaprena-postapkata-za-izbor-na-gradonachalnik-vo-mavrovo-rostushe/feed/ 0
Од утре почнува јавниот увид во избирачкиот список за локалните избори во Центар Жупа и Маврово – Ростуше https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-pochnuva-javniot-uvid-vo-izbirachkiot-spisok-za-lokalnite-izbori-vo-centar-zupa-i-mavrovo-rostushe/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-pochnuva-javniot-uvid-vo-izbirachkiot-spisok-za-lokalnite-izbori-vo-centar-zupa-i-mavrovo-rostushe/#respond Fri, 18 Feb 2022 13:58:50 +0000 https://kurir.mk/?p=633203

Од утре, 19 февруари, почнува јавниот увид во Избирачкиот список во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК во општините Центар Жупа и Маврово – Ростуше каде на 17 април треба да се одржат избори за градоначалници. ДИК денеска на редовна седница, изгласа продолжување на примената на три упатства кои беа важечки за Локалните избори во 2021 година: Упатство за начинот и постапката на поднесување прием и потврдување на кандидатските листи донесено на 25 август 2021 година, Упатство за начинот на именување членови на избирачки одбори по предлог на политичките партии донесено на 3 септември 2021 и Упатство за изгледот на беџовите за идентификација донесено на 25 август 2021 година. -Останатите упатства кои биле донесени наменски за Локалните избори во 2021 година, ќе се ревидираат, односно корегираат и прилагодат на следната седница на ДИК, по што ќе бидат и донесени како посебни акти, соопшти Борис Кондарко, образложувајќи ја оваа точка од дневниот ред на седницата. Во моментов, како што информира Борис Кондарко, тече собирањето потписи за кандидирање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-utre-pochnuva-javniot-uvid-vo-izbirachkiot-spisok-za-lokalnite-izbori-vo-centar-zupa-i-mavrovo-rostushe/feed/ 0
Џафери: Поволна бизнис клима за нови работни места во Маврово Ростуше, целосна урбанизација, модерни училишта и стипендии за студентите уште од оваа година https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dzaferi-povolna-biznis-klima-za-novi-rabotni-mesta-vo-mavrovo-rostushe-celosna-urbanizacija-moderni-uchilishta-i-stipendii-za-studentite-ushte-od-ovaa-godina/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dzaferi-povolna-biznis-klima-za-novi-rabotni-mesta-vo-mavrovo-rostushe-celosna-urbanizacija-moderni-uchilishta-i-stipendii-za-studentite-ushte-od-ovaa-godina/#respond Sat, 02 Oct 2021 15:40:41 +0000 https://kurir.mk/?p=571904

Мевмед Џафери кандидат за градоначалник на општина Маврово Рустуше од ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг истакна дека време е да се стават крај на поделбите, расипништвото и трошењето народни пари за лични потреби во општината. - Апатијата и без идејноста ќе ја промениме, со враќање на надежта и просперитетот. Имаме план, визија, и нашата програма со многу проекти со кои ќе докажеме дека не сме сите исти, дека можеме посветено да работиме и да си ја вратиме општината од неколкумина локални шерифи од актуелната власт. Да ја вратиме општината на граѓаните, рече Џафери. Тој пред сограѓаните вети одлучен и искрен пристап кон решавање на проблемите, добра бизнис клима, поволни услови за отворање на мали и средни претпријатија во кои ќе се создаваат нови работни места, со посебен акцент на инвестиции од нашите печалбари. - Почитувани граѓани на Маврово и Ростуше заедно со Вас, да реализираме проекти кои ќе ги подобрат условите за живот, во сите населени места во нашата општина. Учениците заслужуваат да учат во модерни и нови училишни згради. Граѓаните на Маврово Ростуше заслужуваат патна инфраструктура која тековно ќе се одржува 12 месеци во годината, како и нови алтернативни пристапни патишта, преку кои сите населени места ќе се поврзат со регионалниот пат Маврово – Дебар. Младите заслужуваат да имаат спортско рекреативен базен од отворен тип со сите пропратни угостителско-услужни содржини, изјави Џафери. Тој додаде дека Граѓаните на Мавровскиот, Горнореканскиот, Долнореканскиот и Мијачкиот регион заслужуваат минимум услови за живот, да имаат целосно реконструирани и асфалтирани локални патишта, да имаат непрекинато снабдување со електрична енергија и улично осветлување. - Максимално ќе се ангажирам, секое населено место во Општина Маврово и Ростуше, да има функционална Канализациона мрежа, водоводна мрежа, улично осветлување и добро поплочени улици. Народот заслужува целосна урбанизација на сите населени места како и планирање и урбанизација на индустриски зони на неколку локации во општината, со што силно ќе допринесеме во економскиот развој на Маврово и Ростуше. Пешачки и велосипедски патеки и развој на планинскиот туризам. Еднакви можности во образованието за младите, стипендија за сите редовно запишани студенти од оваа академска година, рече тој. Џафери додаде дека заштитата на животната средина ќе биде висок приоритет, а воедно ќе има и Санација и редовно одржување на сите спортски игралишта, како и спортската сала Македонија, која за жал, денес се наоѓа во многу лоша состојба. - Ќе се насочиме кон обезбедување на поголема финансиска поддршка за секое новородено дете. Ќе дадеме се од себе да помогнеме за зачувување на човечките вредности во традиционалното семејство кои сме ги наследиле од нашите предци. Нема да бидат заборавени и пензионерите, Отворање на пензионерски домови по населените места каде што ги нема, Како и целосна поддршка за здрав и долг пензионерски живот, нагласи Џафери]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dzaferi-povolna-biznis-klima-za-novi-rabotni-mesta-vo-mavrovo-rostushe-celosna-urbanizacija-moderni-uchilishta-i-stipendii-za-studentite-ushte-od-ovaa-godina/feed/ 0