општина могила – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 25 Aug 2022 11:46:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png општина могила – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Саботковски: За секое прваче од Могила обезбедивме финансиска помош по 3000 денари https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sabotkovski-za-sekoe-prvache-od-mogila-obezbedivme-finansiska-pomosh-po-3000-denari/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sabotkovski-za-sekoe-prvache-od-mogila-obezbedivme-finansiska-pomosh-po-3000-denari/#respond Thu, 25 Aug 2022 11:46:42 +0000 https://kurir.mk/?p=723767

На мој предлог како градоначалник и со одлука на Советот на општина Могила обезбедивме финансиска помош од 3000 денари и пакет училишен прибор за секое прваче во општина Могила, објави на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Могила Драганчо Саботковски. Овој проект, има за цел да им овозможи финансискa помош на сите семејства кои годинава имаат прваче, воедно ќе обезбедиме помош и прибор за сите деца чии родители се приматели на социјална помош и за сите деца со попреченост кои учат во основните училишта во нашата општина. Обезбедување поквалитетно образование за сите деца е еден од нашите приоритети, пишува Саботковски во својата објава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sabotkovski-za-sekoe-prvache-od-mogila-obezbedivme-finansiska-pomosh-po-3000-denari/feed/ 0
Саботковски: Започна инфраструктурното уредување на индустриската зона Петилеп во Могила https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sabotkovski-zapochna-infrastrukturnoto-ureduvanje-na-industriskata-zona-petilep-vo-mogila/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sabotkovski-zapochna-infrastrukturnoto-ureduvanje-na-industriskata-zona-petilep-vo-mogila/#respond Fri, 20 May 2022 09:40:16 +0000 https://kurir.mk/?p=679433

Индустриската зона Петилеп во општина Могила започнува инфраструктурно да се уредува. Денес заедно со директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион Јосиф Балтов и претставници од БВ Инженеринг направивме вовед во работа за изградба на водовод во индустриската зона Петилеп со должина од 1190 метри, вкупната вредност на договорот изнесува 4.067.713,00 денари, стои во Фејсбук статусот на Драганчо Саботковски - градоначалник на општина Могила. Тој напиша дека индустриската зона Петилеп се наоѓа на регионалниот пат А3 и опфаќа површина од 17,9 хектари, на која се предвидени 14 парцели со намена лесна незагадувачка индустрија и 1 парцела со намена за градби за производство на електрична енергија од обновливи извори. - Во наредниот период уште 5 парцели ќе бидат предмет на отуѓување по пат на електронско јавно наддавање, на кое сите заинтересирани физички и правни лица ќе можат да се стекнат со сопственост на градежно земјиште. Зоната е значајна за економскиот развој на општина Могила, за отворање на нови работни места преку привлекување на домашни и странски инвестиции, додаде Саботковски во својата објава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sabotkovski-zapochna-infrastrukturnoto-ureduvanje-na-industriskata-zona-petilep-vo-mogila/feed/ 0
Саботковски: Потпишан е договорот за изградба на градинка во општина Могила https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sabotkovski-potpishan-e-dogovorot-za-izgradba-na-gradinka-vo-opshtina-mogila/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sabotkovski-potpishan-e-dogovorot-za-izgradba-na-gradinka-vo-opshtina-mogila/#respond Thu, 31 Mar 2022 12:49:46 +0000 https://kurir.mk/?p=656358

Градоначалникот на општина Могила, Драганчо Саботковски преку статус на Фејсбук пишува дека во општината е потпишан договор за изградба на градинка. -Денес на мое огромно задоволство ве информирам дека потпишав договор за изградба на првата градинка во општина Могила, значаен проект за жителите на општина Могила. Договорот за соработка и договорот за групна набавка на градежни работи го потпишавме со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска за изградба и опрема на детска градинка со капацитет од 40 деца, во вкупен износ од 12.819.667,59 денари. Детската градинка ќе се гради во училишниот двор на ОУ „ Гоце Делчев “ – Могила. Апликацијата е заведена од 28.02.2022 за финансирање на проект доставен од страна на Општина Могила до Министерството за труд и социјална политика со прилог документација и Основен проект за Изградба на детска градинка. Постапката за јавна набавка ќе ја спроведе Министерството за труд и социјална политика. Предвидениот рок за изведба на градежни работи од предмер пресметката изнесува 14 месеци сметајќи од денот определен за вовед во работа на Изведувачот, а предвидениот рок за набавка, испорака и монтажа на опрема изнесува не повеќе од 1 месец, по завршувањето на градежниот дел. Општината се обврзува да ги обезбеди сите потребни услови за пуштање и непречено функционирење на објектот, како и да обезбеди траен приклучок за електрична енергија, водовод, канализација и греење пред технички прием на објектот, стои во неговиот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sabotkovski-potpishan-e-dogovorot-za-izgradba-na-gradinka-vo-opshtina-mogila/feed/ 0
Каде завршија 40 илјади евра од паркот во село Будаково: На граѓаните им останаа само празни ветувања од градоначалничката Гулевска (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kade-zavrshija-40-iljadi-evra-od-parkot-vo-selo-budakovo-na-gragjanite-im-ostanaa-samo-prazni-vetuvanja-od-gradonachalnichkata-gulevska-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kade-zavrshija-40-iljadi-evra-od-parkot-vo-selo-budakovo-na-gragjanite-im-ostanaa-samo-prazni-vetuvanja-od-gradonachalnichkata-gulevska-foto/#respond Sun, 10 Oct 2021 11:48:00 +0000 https://kurir.mk/?p=576367

Револтирани граѓани од селото Будаково во општината Могила испратија како изгледа ветениот, а неостварен парк од сегашната градоначалничка Јасмина Гулевска. Од фотографиите може да се забележи дека овој парк ниту од далеку не наликува на зелена површина за рекреација на жителите на ова населено место. Од тука се поставува прашањето каде завршија 40 илјади евра за еколошкиот проект во кој се поставени само стотина квадрати бекатон –плочки. Средствата се обезбедени инаку по основа на надоместок за производство на енергија од фосилни горива како наменски дотации за општините од РЕК Битола, кој се наоѓа во непосредна близина на општина Могила.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kade-zavrshija-40-iljadi-evra-od-parkot-vo-selo-budakovo-na-gragjanite-im-ostanaa-samo-prazni-vetuvanja-od-gradonachalnichkata-gulevska-foto/feed/ 0
Саботковски: Создаваме нова иднина – Индустриската зона ќе профункционира, ќе привлечеме инвеститори и ќе се отворат нови работни места https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sabotkovski-sozdavame-nova-idnina-industriskata-zona-kje-profunkcionira-kje-privlecheme-investitori-i-kje-se-otvorat-novi-rabotni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sabotkovski-sozdavame-nova-idnina-industriskata-zona-kje-profunkcionira-kje-privlecheme-investitori-i-kje-se-otvorat-novi-rabotni-mesta/#respond Fri, 01 Oct 2021 17:59:53 +0000 https://kurir.mk/?p=571521

„Чест ми е што на овие локални избори ќе го предводам ВМРО-ДПМНЕ како кандидат за градоначалник на општина Могила. Могила е општина на патриоти, домаќини, работливи луѓе спремни да се соочат со сите предизвици, народ кој си ја сака својата држава и својата општина, народ кој заслужува подобар живот“, истакна Драганчо Саботковски, кандидат за градоначалник на општина Могила на митингот. Саботковски додаде е време е за реална програма креирана од граѓаните и од нивните идеи и потреби. Со одговорно и чесно работење Могила ќе стане општина за сите луѓе. „Како иден градоначалник ќе се залагам за реализација на проекти кои ќе придонесат за економски развој на општината, развој на комуналната и патната инфраструктура, подобрување на условите во образованието, грижа за младите иразвојот на спортот и културата. Гарантирам дека индустриската зона „Петилеп“ конечно ќе профункционира, ќе создадеме нови работни места, преку привлекување на домашни и странски инвестиции.“, порача Саботковски. Саботковски посочи дека негов приоритет ќе биде изградба на градинка во село Могила, отворање на центри за ран детски развој во поголемите населени места, уредување на училишните дворови, реконструкција на фасадите и поставување на систем на ефикасно затоплување во училиштата. Вложувањето во образованието е вложување во иднината на децата, општината ќе ги наградува најдобрите ученици, студенти и спортисти. „Младите ќе бидат вклучени во работењето на општината, младинскиот активизам ќе биде видлив, ќе бидам достапен за прифаќање на сите корисни идеи и сугестии за пофункционална општина Могила. Да направиме Могила да биде место каде младите ќе сакаат да живеат, а не да се иселуваат“, рече Саботковски. Саботковски вети дека се обврзува за изградба на спортска сала, изградба на повеќенаменски игралишта во повеќе населени места, целосна финансиска поддршка за ситеспортски клубови, турнири во мал фудбал, здруженија и детски школи. Парковите ќе се уредат со детски катчиња и фитнес зони за младите. А, нема да се заборават и пензионерите, ќе се обезбедат и услови каде пензионерите ќе организираат активности за меѓусебно дружење. „Доаѓа време на ПРОМЕНИ, ПРОЕКТИ и ПОБЕДИ. Време е да создадеме нова иднина. Затоа ја барам вашата поддршка на 17-ти октомври да го заокружите бројот 7 за мене како кандидат за градоначалник и за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ! Верувам во вас, заедно ќе донесеме победа уште во првиот круг! Силата е во секој од нас, ќе се бориме за подобра, современа и просперитетна општина Могила“, порача Саботковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sabotkovski-sozdavame-nova-idnina-industriskata-zona-kje-profunkcionira-kje-privlecheme-investitori-i-kje-se-otvorat-novi-rabotni-mesta/feed/ 0
Во општина Новаци до 19:00 часот гласале 64 насто од гласачите, а во Могила 55,9 проценти https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-opshtina-novaci-do-19-00-chasot-glasale-64-nasto-od-glasachite-a-vo-mogila-55-9-procenti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-opshtina-novaci-do-19-00-chasot-glasale-64-nasto-od-glasachite-a-vo-mogila-55-9-procenti/#respond Wed, 15 Jul 2020 17:49:49 +0000 https://kurir.mk/?p=376590

Во пелагониските општини Могила и Новаци, кои територијално припаѓаат на Изборната Единица-4, изборниот процес се одвива непречено и без забелешки. Претседателот на ОИК Могила Славко Велевски информира дека на 23 избирачки места од евидентираните 5.307 граѓани, до 19:00 часот гласале 55,9 отсто, додека пак претседателот на ОИК Стефче Стефановски потврди дека на 24 избирачки места од 2.928 граѓани со право на глас до 19:00 часот тоа право го искористиле 64 отсто од тамошните жители со право на глас. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-opshtina-novaci-do-19-00-chasot-glasale-64-nasto-od-glasachite-a-vo-mogila-55-9-procenti/feed/ 0
Во општина Новаци до 15 часот гласале 51,5 отсто од гласачите, во Могила 33,8 проценти https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-opshtina-novaci-do-15-chasot-glasale-51-5-otsto-od-glasachite-vo-mogila-33-8-procenti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-opshtina-novaci-do-15-chasot-glasale-51-5-otsto-od-glasachite-vo-mogila-33-8-procenti/#respond Wed, 15 Jul 2020 13:46:27 +0000 https://kurir.mk/?p=376354

Во пелагониските општини Могила и Новаци, кои територијално припаѓаат на Изборната единица-4, изборниот процес се одвива непречено и без забелешки. Претседателот на ОИК Могила Славко Велевски информира дека на 23 избирачки места од евидентираните 5.307 граѓани, до 15 часот гласале 33,8 отсто, додека пак претседателот на ОИК Новаци Стефче Стефановски потврди дека на 24 избирачки места од 2.928 граѓани со право на глас, тоа право го искористиле 51,5 отсто од жителите. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-opshtina-novaci-do-15-chasot-glasale-51-5-otsto-od-glasachite-vo-mogila-33-8-procenti/feed/ 0