општина охрид – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 Oct 2023 18:27:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png општина охрид – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пецаков: Ниту ова ниту било кое раководство на Охрид не се дрзнало да не се грижи за статусот на регионот во УНЕСКО https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/petsakov-nitu-ova-nitu-bilo-koe-rakovodstvo-na-ohrid-ne-se-drznalo-da-ne-se-grizhi-za-statusot-na-regionot-vo-unesko/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/petsakov-nitu-ova-nitu-bilo-koe-rakovodstvo-na-ohrid-ne-se-drznalo-da-ne-se-grizhi-za-statusot-na-regionot-vo-unesko/#respond Thu, 05 Oct 2023 18:27:59 +0000 https://kurir.mk/?p=885731

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, реагираше на денешните изнесени забелешки од страна на Општина Струга, дека Општината Охрид и нејзините раководители се најодговорни за проблемите и тешкотиите во Охридскиот регион и во крајна линија неговиот статус во УНЕСКО. Според соопштението на Општина Струга, најголем дел од проблемите и тешкотиите во Охридскиот регион произлегле од Општината Охрид и нејзините раководители кои, како што е наведено, постојано, преку платени медиуми, организации и лобисти, ја напаѓале Општина Струга за секаков аспект во секое време и место, без никакви аргументи“. Пецаков во одговорот на соопштението до јавноста посочува дека ниту ова, ниту било кое претходно раководство на Општина Охрид до далечното минато, се дрзнало да не се грижи за зачувување на статусот на УНЕСКО. -Што се однесува до случувањата во Охридскиот регион, а се поврзани со УНЕСКО, треба секој еден практикант на функција да знае дека тука се надлежни повеќе институции централни и локални и дека ниедна од овие институции не може самостојно да ги пишува заклучоците во извештаите кои го носи УНЕСКО. А за да увидиш во извештајот кои се забелешките треба да го прочиташ, а не да чекаш некој да ти го прераскаже, вели тој. Тој наведе дека Општина Охрид и тој како нејзин градоначалник, со сите надлежни институции домашни и меѓународни имале одлична комуникација на поле УНЕСКО. -Тоа се потврдило и го потврдиле многубројните посети и работни состаноци. Иако, Општина Охрид која територијално е најопфатена со УНЕСКО, своите задолженија ги извршува редовно и навремено и во ниеден момент не бара кривец во други општини, бидејќи нема потреба да бараш кривец кога си ја работиш работата согласно Закон“, вели Пецаков. Што се однесува до наводното поткупување медиумите, организациите и лобистите, тој се воздржува од коментар, остава самите да дадат одговор доколку се чувствуваат повикани. Претходно денеска струшкиот градоначалник Рамиз Мерко имал средба со претставници на Мешовитиот експертски тим од Обединетите нации, УНЕСКО, УНДП, УНЕП и Северна Македонија за изработка на Студијата за оправданост за урбанистичкиот план за крајбрежниот појас на Охридското Езеро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/petsakov-nitu-ova-nitu-bilo-koe-rakovodstvo-na-ohrid-ne-se-drznalo-da-ne-se-grizhi-za-statusot-na-regionot-vo-unesko/feed/ 0
Пецаков: Со затворањето на патот на влезот на Охрид власта го разбуди гневот кај туристите  https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/petsakov-so-zatvoraneto-na-patot-na-vlezot-na-ohrid-vlasta-go-razbudi-gnevot-kaj-turistite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/petsakov-so-zatvoraneto-na-patot-na-vlezot-na-ohrid-vlasta-go-razbudi-gnevot-kaj-turistite/#respond Tue, 25 Jul 2023 17:14:18 +0000 https://kurir.mk/?p=859968

Вечерва во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков говореше за предизвиците со кои што секојдневно се соочува, но исто така и говореше за проблемите со кои што се соочија туристите кога власта го затвори патот на влезот на Охрид.

„Во периодот во кој што беше затворен патот на влезот на Охрид, туристите кои што пристигнуваа беа нервозни поради патувањето од аеродромот до Охрид. Се им пречеше на туристите бидејќи патувале подолго од аеродромот до Охрид отколку од Амстердам до Охрид“, појасни Пецаков.

Тој укажа дека слабо се одвиваа активностите на патот од страна на власта. Со овој чекор кој што го направија во ек на почетокот на туристичката сезона само ја докажаа својата неспособност.

„Потегот кој што го правеа во тој правец го изведуваше албанска фирма, а сега не е изведувач. Досега имавме проблеми доста. Ние ги трпиме цело време проблемите“, нагласи градоначалникот на општина Охрид.

„Ние имаме проблеми, и туристите ги перцепираат. А, зошто е тоа така? Одговор како Општина не добиваме. Оние моменти кога ќе се доведеле како притисок како Влада последниве две години, ние сме добивале лажни ветувања дека сите проблеми ќе се решеле до крај на 2023-та година, така е и со случајот со автопатот Кичево – Охрид“, појасни Пецаков.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/petsakov-so-zatvoraneto-na-patot-na-vlezot-na-ohrid-vlasta-go-razbudi-gnevot-kaj-turistite/feed/ 0
Стартуваше летниот режим на огранично движење моторни возила низ стариот дел на Охрид https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/startuvashe-letniot-rezhim-na-ogranichno-dvizhene-motorni-vozila-niz-stariot-del-na-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/startuvashe-letniot-rezhim-na-ogranichno-dvizhene-motorni-vozila-niz-stariot-del-na-ohrid/#respond Mon, 10 Jul 2023 12:21:07 +0000 https://kurir.mk/?p=855005

Сообраќајот во стариот дел на Охрид од денеска ќе се одвива според летниот режим, што значи движење за моторни возила низ тој дел на градот само за жителите и оние субјекти што поседуваат специјални пропусници. Согласно донесената одлука на Општина Охрид, а на барање на УНЕСКО за ограничување на бројот моторни возила низ старото градско јадро, влез со моторни возила ќе биде дозволен само со посебни картички што им беа издадени на жителите на Стар град и на станоиздавачите од тој дел на градот кои поседуваат сопствени паркинг-места. Теодор Андоновски, директорот на ЈП „Билјанини извори“ што стопанисува со паркиралиштата низ Охрид, за МИА изјави дека за влез во тој дел на градот се издадени речиси илјада пропусници, од кои дел се за службени возила, како и картички со ограничено времетраење во зоната, наменети за дотур на стоки. На трите влеза во стариот дел на градот се поставени рампи при што влез ќе биде дозволен само со соодветни картички, со тоа што поминување со моторно возило низ пунктот на Кејот на езерото кај Градското пристаниште нема да биде дозволено во периодот од 20 часот до пет часот наутро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/startuvashe-letniot-rezhim-na-ogranichno-dvizhene-motorni-vozila-niz-stariot-del-na-ohrid/feed/ 0
По невремето во Охрид: Поплавени дворови и куќи, огромна штета на земјоделските култури https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/po-nevremeto-vo-ohrid-poplaveni-dvorovi-i-kuki-ogromna-shteta-na-zemjodelskite-kulturi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/po-nevremeto-vo-ohrid-poplaveni-dvorovi-i-kuki-ogromna-shteta-na-zemjodelskite-kulturi/#respond Sat, 24 Jun 2023 12:28:48 +0000 https://kurir.mk/?p=849289

Градоначалникот на Општина Охрид итно го свика општинскиот кризен штаб по силното невреме кое го погоди овој град. -Од првичните информации со кои располагаме, отежнат е сообраќај на одредени улици поради обилните врнежи и големата вода која се уште се слива, има пријави за поплавени домови, дворови, куќи а штетата на земјоделските култури очигледно ќе биде огромна бидејќи невремето кое траеше повеќе од половина час беше проследено со врнежи од град со големина на лешник и орев, вели Пецаков. Посочува дека сите пумпи за исцрпување на вода со кои располага општината се ставени на располагање на Територијалната противпожарна единица Охрид, каде во најголем дел се пријавуваат поплавите. -Вршиме напори со соседните општини за набавка на дополнителен број пумпи, иако колекторот е ставен стопроцентно во функција и во најголем дел од критичните места ќе се исцеди надојдената вода. Проблем има на пресекот помеѓу АСНОМ и булеварот Туристичка, со струјата која ги снабдува пумпите од колекторот, но се решава. Проблем има и во планинските села каде има наноси од земја. Се надеваме дека до вечер ќе успееме да го нормализираме сообраќајот насекаде. Екипите на општинските Јавни претпријатија остануваат во полна готовност доколку произлезе потреба за брза реакција, нагласува градоначалникот на Охрид.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/po-nevremeto-vo-ohrid-poplaveni-dvorovi-i-kuki-ogromna-shteta-na-zemjodelskite-kulturi/feed/ 0
Свикан општинскиот кризен штаб по невремето во Охрид https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/svikan-opshtinskiot-krizen-shtab-po-nevremeto-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/svikan-opshtinskiot-krizen-shtab-po-nevremeto-vo-ohrid/#respond Sat, 24 Jun 2023 10:53:34 +0000 https://kurir.mk/?p=849265

Силно невреме проследено со интензивни врнежи од дожд и град околу пладне го зафатија Охрид и околината. На моменти, градот беше со големина на орев, што ќе предизвика штети, особено на овошките и посевите. Невремето што траеше околу половина час ги испразни улиците низ градот. Градската канализациска мрежа не можеше да ја прими сета вода, која почна да се излева од шахтите. Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, свика состанок на Општинскиот кризен штаб поради невремето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/svikan-opshtinskiot-krizen-shtab-po-nevremeto-vo-ohrid/feed/ 0
Општина Охрид издава 14 локации за поставување шанкови и урбана опрема https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-ohrid-izdava-14-lokatsii-za-postavuvane-shankovi-i-urbana-oprema/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-ohrid-izdava-14-lokatsii-za-postavuvane-shankovi-i-urbana-oprema/#respond Thu, 04 May 2023 10:43:47 +0000 https://kurir.mk/?p=830499

Општина Охрид објави оглас за јавно наддавање за поставување урбана опрема – покриени и непокриени шанкови на 14 локации во градот и околината, за тригодишен период до 2026 година. Предмет на јавниот оглас се 14 локации на кои ќе се поставува предвидената урбана опрема чија местоположба со површина на секоја локација е прикажана во графичките прилози на Програмата за измена и дополнување на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2023 година. Секоја од понудените локации се посебен предмет на јавното наддавање. „Шанковите што ќе се поставуваат треба да бидат лесно монтажно демонтажни и изработени од природни материјали (дрво или имитација на дрво) кои ќе се вклопат во околината, без притоа да се наруши основната намена на просторот и безбедноста на сообраќајот, во градското подрачје на Охрид, како и надвор од градот на подрачјето на Општина Охрид“, се наведува во огласот. По завршување на јавното наддавање за секоја локација ќе се склучува Договор за условите и начинот на користење и одржување на добиените локации. Јавниот оглас трае до 15 овој месец до 10 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-ohrid-izdava-14-lokatsii-za-postavuvane-shankovi-i-urbana-oprema/feed/ 0
Општина Охрид го поништи Јавниот повик за субвенционирање инвертери за 2023 година https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-ohrid-go-ponishti-javniot-povik-za-subventsionirane-inverteri-za-2023-godina/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-ohrid-go-ponishti-javniot-povik-za-subventsionirane-inverteri-za-2023-godina/#respond Tue, 18 Apr 2023 13:22:28 +0000 https://kurir.mk/?p=825001

Општина Охрид го поништи повикот за субвенционирање на граѓаните при купување системи за затоплување – инвертер клими за 2023 година. Во соопштението од Секторот за заштита на животна средина и управување со отпад при Општина Охрид се посочува дека согласно доставениот Ревизорски извештај и Решението за поништување донесено од страна на градоначалникот се поништува Јавниот повик од 6 април за субвенционирање на граѓаните за набавка на модерен систем за затоплување-инвертер клима уред за 2023 година. Граѓаните кои поднеле апликации ќе бидат телефонски известени за периодот кога ќе може да ги подигнат документите со кои аплицирале. На јавниот повик уште при објавувањето реагираа од опозициската партија СДСМ, дека се работи за манипиулативни активности и злоупотреба на јавните средства.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-ohrid-go-ponishti-javniot-povik-za-subventsionirane-inverteri-za-2023-godina/feed/ 0
Јавна расправа за потребата од катна гаража во Охрид https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/javna-rasprava-za-potrebata-od-katna-garazha-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/javna-rasprava-za-potrebata-od-katna-garazha-vo-ohrid/#respond Fri, 31 Mar 2023 14:37:23 +0000 https://kurir.mk/?p=818572

Во организација на Здружението за мултикултурна интеграција „Инклузија“ денеска во Охрид се одржа јавна расправа посветена на проблемот со паркирањето возила во центарот на градот, како и можноста за реализирање на проектот за изградба на катна гаража. Оценка на учесниците во дискусијата е дека со изградба на катна гаража во Охрид ќе се надминат долгогодишните проблеми во сообраќајниот метеж во централното градско јадро, ќе се подобри квалитетот на живот на охриѓани, а позитивни ќе бидат и ефектите врз туристичката понуда на градот. На расправата е демонстрирана согласност од потребата решенијата да се носат согласно соодветни одлуки за посебен режим на сообраќај во центарот на Охрид, Љупчо Танески од Одделението за комунален развој при Општина Охрид посочи дека најважното при изградба на катна гаража е да се води сметка возилата да имаат лесен пристап до локацијата преку нејзина поврзаност со поголемите сообраќајници во градот, а истовремено објектот да биде сместен во централното градско подрачје. Оценка е дека со изградбата на катна гаража ќе се намалат појавите на узурпација на јавните површини, особено во летниот период кога е значајно зголемен бројот возила низ градот. Горан Патчев, од НУ “Завод и Музеј – Охрид’ согласен дека со такво решение за паркирањето возила ќе се решат долгогодишните проблеми во сообраќајниот метеж во тој дел од градот, но и оти тоа е само еден чекор кон решавање на вкупниот проблем со Старото градско јадро. Тој посочи на неусогласеноста меѓу одредбите содржани со Планот за управување со светско и природно наследство од 2020 година и ДУП-от по однос евентуалната катност на објектот. Патчев смета дека Планот за управување не би требало да биде пречка за изградба на таков објект, особено кога позитивно мислење за тоа дале експерти од областа на заштита на културното наследство и виделе оправданост во нејзина изградба. „Уредувањето на сообраќајот во Старото градско јадро беше една од забелешките на УНЕСКО и ова е еден чекор во позитивно решавање на тој проблем. Треба да се направи еден баланс помеѓу развојот и заштитата. Ние како институција одиме во тој правец“, додава Патчев. Како можни локации за катна гаража се посочени локации што и сега се користат како места за паркирање возила, но и други јавни површини, на периферијата од градот односно на влезот во Охрид како и на просторот пред СРЦ „Билјанини извори“. Прашањето околу изградба на катна гаража со години беше неизоставен дел од предизборните кампањи на партиите на серија изборни циклуси, без конкретна реализација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/javna-rasprava-za-potrebata-od-katna-garazha-vo-ohrid/feed/ 0
Општина Охрид ќе субвенционира сметки за комунални услуги на граѓаните од ранливите категории https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-ohrid-ke-subventsionira-smetki-za-komunalni-uslugi-na-graganite-od-ranlivite-kategorii/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-ohrid-ke-subventsionira-smetki-za-komunalni-uslugi-na-graganite-od-ranlivite-kategorii/#respond Thu, 02 Feb 2023 13:31:03 +0000 https://kurir.mk/?p=795215

Општина Охрид со средства од буџетот ќе субвенционира дел од трошоците за комунални услуги на граѓаните изложени на социјални ризици. Како што се посочува во денеска објавениот Јавен повик, предвидено е субвенционирање на трошоците за комунални услуги за тековната година за што преку Програмата за социјална заштита во буџетот на Општина Охрид се предвидени 1,5 милиони денари. Вкупниот износ по субвенција ќе изнесува 703 денари месечно за секој корисник, средства за покривање на трошоците за потрошена вода до 320 денари, за спроведување на отпад до 150 денари, покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари, како и 83 денари за покривање на трошоците за плаќање на гробна такса-гробарина. Субвенционирање од средствата на буџетот на Општина Охрид ќе можат да користат лицата кои имаат статус на корисник на социјална помош, корисник на постојана парична помош, невработено лице подолго од 12 месеци. За лицата коис е во брак услов е и неговиот брачен другар да е невработен, како и лица кои имаат најмалку 70-постотен инвалидитет или тешка болест, односно нивниот брачен другар или друг член на семејство е со инвалидитет од најмалку 70 отсто има тешка болест и истото исклучиво е утврдено од надлежен орган или комисија. Мерката за субвенционирање не се однесува на инвалидизираните лица кои се во работен однос.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-ohrid-ke-subventsionira-smetki-za-komunalni-uslugi-na-graganite-od-ranlivite-kategorii/feed/ 0
Нефи Усеини веќе не е советник во Советот на Охрид https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nefi-useini-veke-ne-e-sovetnik-vo-sovetot-na-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nefi-useini-veke-ne-e-sovetnik-vo-sovetot-na-ohrid/#respond Mon, 30 Jan 2023 12:48:38 +0000 https://kurir.mk/?p=793737

Советот на Општина Охрид на денешната седница ја прифати оставката на советникот Нефи Усеини, кој беше избран на последните локални избори од редовите на ДУИ. Претседателот на Советот Сашо Донев во изјава за МИА посочи дека Усеини поднел неотповиклива оставка од лични причини. – Денеска на седница на Совет беше констатирана неотповикливата оставка на советникот Усеини, истакна Донев. Советот чека официјален допис од Општинската изборна комисија кој ќе дојде на местото на Усеини. Охридскиот бизнисмен и досегашен советник Нефи Усеини е претседател на огранокот на ДУИ во Охрид.

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nefi-useini-veke-ne-e-sovetnik-vo-sovetot-na-ohrid/feed/ 0