општина пехчево – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 04 May 2023 14:40:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png општина пехчево – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Доделени хигиенски пакети за семејства од Пехчевско по повод Неделата на имунизација https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dodeleni-higienski-paketi-za-semejstva-od-pehchevsko-po-povod-nedelata-na-imunizatsija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dodeleni-higienski-paketi-za-semejstva-od-pehchevsko-po-povod-nedelata-na-imunizatsija/#respond Thu, 04 May 2023 14:40:49 +0000 https://kurir.mk/?p=830588

Општина Пехчево во соработка со Невладината организација „КХАМ" денеска реализираа активности како дел од одбележувањето на Европската недела на имунизација. Во рамки на акцијата, како што информираше Зоран Биковски од НВО ,,КХАМ", посетени биле 13 семејства со новороденчиња од селата Умлена, Робово, Чифлик, Мачево, Црник и градот Пехчево кои добиле хигиенски пакети. - Можеме да кажеме дека степенот на вакцинација е одличен во горенаведените места. На родилките со новороденчиња им беше укажана важноста од навременото вакницирање, им беа поделени совети да одат редовно на гинеколог, да посетуваат ортопед на два месеци. Од нив добивме информации дека сите редовно посетуваат педијатар, а најмалку еднаш до двапати тие се посетени од патронажни служби, информира Биковски. Пропуштените вакцини, како што додаде градоначалникот на Пехчево, Александар Китански, кој учествуваше во поделбата на хигиенските пакети, може да ги вратат смртоносните болести, заради што целта за да се зголеми опфатот со вакцинација е повеќе од оправдана. - Секако за тоа треба подигање на свеста за важноста на имунизацијата меѓу родителите и старателите, здравствените работници, носителите на политики и одлуки и медиумите, рече Китански. Европската недела на имунизација 2023 година, беше подвлечено во рамки на денешната активност, е посветена на потребата да се надополнат пропуштените дози на вакцини поради пандемијата на коронавирус и да се зголеми заштитата од болестите, кои може да се спречат со вакцинација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dodeleni-higienski-paketi-za-semejstva-od-pehchevsko-po-povod-nedelata-na-imunizatsija/feed/ 0
По речиси два месеци од 2023-та година: Се роди ПРВОТО БЕБЕ во Пехчево https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/po-rechisi-dva-mesetsi-od-2023-ta-godina-se-rodi-prvoto-bebe-vo-pehchevo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/po-rechisi-dva-mesetsi-od-2023-ta-godina-se-rodi-prvoto-bebe-vo-pehchevo/#respond Tue, 21 Feb 2023 14:15:45 +0000 https://kurir.mk/?p=803231

Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, денес го посети првото новородено бебе во 2023 година во Пехчево, кое е момче и донесе среќа и бериќет во семејството Абдулови од село Црник, Пехчево. Тој и претставници од локалната самоуправа, денес официјално и честитаа на мајката Шарбина Абдулова. Среќната мајка ги прими честитките, а градоначалникот лично и ја додели наградата за првороденото дете во општината, пакет производи за бебиња и парична сума во висина од 6.000 денари, за секое првородено дете во општината и 5.000 денари за новородено дете. „Сакам да ви го честитам новороденото бебе, и посакувам на малиот Ајас да биде здрав, жив, весел, радоста да го следи во текот на целиот живот, а успесите и достигнувањата да не го одминат – истакна градоначалникот Александар Китански.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/po-rechisi-dva-mesetsi-od-2023-ta-godina-se-rodi-prvoto-bebe-vo-pehchevo/feed/ 0
Китански: Реконструирани се повеќе улици, и набавена е нова лабораторија за природни науки во ОУ „Ванчо Китанов“ во Пехчево https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kitanski-rekonstruirani-se-povekje-ulici-i-nabavena-e-nova-laboratorija-za-prirodni-nauki-vo-ou-vancho-kitanov-vo-pehchevo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kitanski-rekonstruirani-se-povekje-ulici-i-nabavena-e-nova-laboratorija-za-prirodni-nauki-vo-ou-vancho-kitanov-vo-pehchevo/#respond Tue, 15 Feb 2022 13:39:01 +0000 https://kurir.mk/?p=631692

Довербата од граѓаните значеше и обврска да започнеме да го реализираме ветеното пред граѓаните и заедно со општинската администрација да создадеме услови за реализација на многу проекти кои имаат за цел, подобрување на квалитетот на живот на сите и развој на нашиот град Пехчево“, истакна градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански на настанот „100 дена локална власт – отчет на градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, организиран во Кочани. Китански посочи дека поради недомаќинското работење во минатото, сметка на општината е блокирана, а долгот е најгорливиот проблем со кој се соочува Општина Пехчево, бидејќи финансиската и материјалната ситуација во општината е клучното прашање. Во неговиот говор градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански наведе и низа на проекти, кои ги реализирал во првите 100 дена на градоначалничката функција. -Во изминатите 100 дена започнавме со објавување на тендери за изградба и реконструкција на улици и завршивме и неколку улици. Завршивме со изградба на крак од Ул. Бр. 2 и Ул. Бр. 3 во Село Црник. Преку бирото за регионален развој извршивме изградба на Ул. Бр. 4, каде предвидена е изградба и на потпорни ѕидови во Село Црник, посочи Китански. Китански додаде дека Општина Пехчево преку фондот за техничка документација доби поддршка од УНДП за разрешување на приоритетни инвестициски проекти и предизвици на локалниот развој. Поддршката од страна на донаторите се состои од подготовка на техничка документација за реконструкција на прочистителна станица за вода за пиење. Крајниот резултат на проектирање на ова е нов модерен објект односно фабрика за вода во Пехчево. Тој каже дека Во ОУ „Ванчо Китанов“ опремен е нов кабинет по природни науки и набавен е специјално дизајниран инвентар наменет за лабораторија по природни науки со цел непречено изведување на експерименти и подготвување проекти. -Поставен е и систем за вршење видео надзор на локалитетот „Барски еко систем езерце“ во Пехчево со 24/7 часовна заштита за превенција од кражби, вандализам, уништување и друга форма на загрозување врз имотот и добрата, рече Китански. Тој потенцираше и дека се поставени нови контејнери за комунален отпад на повеќе локации низ Општина Пехчево. Во неговиот говор градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански истакна дека со отпочнување на градежната сезона Општина Пехчево ја очекува градежна експанзија. -Во блиска иднина ќе започнеме со изградба на улици, поставување на урбана опрема за спортско рекреативниот центар во туристичката населба „Рамна Река“ во месноста викана „Бараки“, изградба на повеќе улици во сите селски населби, во Село Негрево изградба на два надворешни тоалети и поставување на олуци на објектот со доуредување на едукативниот центар за зачувување на природата, во подрачното училиште во Село Црник ќе се изградат два надворешни тоалети, уредување на парковите и детските игралишта во локалитетот „Езерце“ и централното градско подрачје, потенцираше Китански.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kitanski-rekonstruirani-se-povekje-ulici-i-nabavena-e-nova-laboratorija-za-prirodni-nauki-vo-ou-vancho-kitanov-vo-pehchevo/feed/ 0
Китански: Сами се справувавме со последиците од поплавите, потребно е Владата и институциите да помогнат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kitanski-sami-se-spravuvavme-so-posledicite-od-poplavite-potrebno-e-vladata-i-instituciite-da-pomognat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kitanski-sami-se-spravuvavme-so-posledicite-od-poplavite-potrebno-e-vladata-i-instituciite-da-pomognat/#respond Mon, 20 Dec 2021 10:28:26 +0000 https://kurir.mk/?p=610737

Александар Китански, градоначалник на општина Пехчево во телефонско вклучување во „Утрински брифинг“ на Слободен печат вели дека штетите од поплавите кои го зафатија овој регион се големи, посочувајќи дека има штета на патната инфраструктура, одрони на патот, поткопување на асфалтот кој не е безбеден за движење, како и оштетување на канализационата и водоводна мрежа. Моментално со ресурси од општината сме на терен да видиме каква е состојбата зошто пред недела време водостојот на реката беше многу голем, а сега е малку намален. Излеговме да ги видиме дополнителните штети кои се настанати од неодамнешните поплавите кои што го зафатија нашиот регион, поширокиот Источен и Југоисточен регион. Значи слободно можам да кажам од терен дека штетите на локацијата Рамна река во изворшиниот дел на река Брегалница се во алармантна ситуација со големи штети на патната инфраструктура, со одрони на патот и поткопување на асфалтот кој не е безбеден за движење, а имаме и големи оштетувања на канализационата и водоводна мрежа, а големи оштетувања имаме и на извидничкото место Бараки, детските игралишта, фудбалските и кошаркарските игралишта, вели Китански. Според Китански потребно е итно одржување на состанок со засегнатите институции како и мислење од страна на стручните лица како да се превенира и кои мерки да се преземат. Мислам дека прво треба да одржиме координативен состанок со сите институции, да излеземе на терен, да ги согледаат и да ги видат работите бидејќи тие се стручни лица во таа област, и треба да кажат како да превенираме и кои мерки да се преземат. Додека не се види ситуацијата на терен ние не можеме ништо да зборуваме, нагласи Китански. На прашањето дали воопшто нема некаква помош од страна на власта и општината, Китански вели дека сега за сега не, но дека е потреба неминовна помош од страна на централната власт. Сега за сега не, немаме никакви побарувања од нивна страна да не прашат за штетите кои се настанати. Ние секој ден излегуваме на терен затоа што тоа е голем предел, големи делници се, и допрва треба да се утврдуваат штетите. Како што реков треба да се направи план, да се достави до влада, но тоа пак мора да биде во консултација со стручни служби и со нашите институции. Мислам дека оваа ситуација е алармантна и ние сами не можеме да ја решиме. Потребна ни е неминовна помош од државата и државните институции, изјави тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kitanski-sami-se-spravuvavme-so-posledicite-od-poplavite-potrebno-e-vladata-i-instituciite-da-pomognat/feed/ 0
Китански: Во поплавите во Пехчево оставени бевме сами на себе, без никаква помош од централната власт https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kitanski-vo-poplavite-vo-pehchevo-ostaveni-bevme-sami-na-sebe-bez-nikakva-pomosh-od-centralnata-vlast/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kitanski-vo-poplavite-vo-pehchevo-ostaveni-bevme-sami-na-sebe-bez-nikakva-pomosh-od-centralnata-vlast/#respond Sun, 19 Dec 2021 13:01:15 +0000 https://kurir.mk/?p=610463

Јас како градоначалник на Oпштина Пехчево присуствував на координативниот состанок во општина Кочани, по нивна иницијатива, мојата општина е засегната од неколкуте поплави кои се случија, претежно на локалитетот Рамна река во Пехчево, во изворишниот дел на река Брегалница, каде нивото на реката беше енормно зголемен, а настанаа големи материјални штети во станбената инфраструктура, викенд куќите, како и во делот на атмосферската канализација која е во тек на изградба, како и големи оштетувања на електричните столбови на ЕВН, истакна Александар Китански, градоначалник на Општина Пехчево. -Ние како општина и комуналното претпријатие правовремено излеговме на терен со помош од многу луѓе од нашата општина кои доброволно решија да се справуваат со проблемите, а оценувам дека бевме оставени сами на себе без никаква помош од централната власт. Затоа апелирам до централните власти да имаме соработка без разлика на партиската определба, затоа што ние сме избрани да работиме во корист на луѓето. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kitanski-vo-poplavite-vo-pehchevo-ostaveni-bevme-sami-na-sebe-bez-nikakva-pomosh-od-centralnata-vlast/feed/ 0
Китански: Модерното и современото образование за младите во Пехчево е еден од многуте важни приоритети за нас https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kitanski-modernoto-i-sovremenoto-obrazovanie-za-mladite-vo-pehchevo-e-eden-od-mnogute-vazni-prioriteti-za-nas/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kitanski-modernoto-i-sovremenoto-obrazovanie-za-mladite-vo-pehchevo-e-eden-od-mnogute-vazni-prioriteti-za-nas/#respond Thu, 14 Oct 2021 18:16:06 +0000 https://kurir.mk/?p=579215

Да се биде градоначалник на една општина е голема одговорност и ќе ми биде чест и задоволство да работам во служба на моите сограѓани, да ја направиме општината Пехчево подобро и помодерно место за живеење, истакна кандидатот за градоначалник на општина Пехчево, Александар Китански. Китански додаде дека ги знае сите проблеми на граѓаните од општина Пехчево. Локалното население, на кое основната егзистенција во животот им е сточарството и земјоделието се соочуваат со многу проблеми, за кои институциите на актуелната ненародна власт немаат слух. - За да докажеме дека не сме исти, гарантираме реализација на проектите кои се наоѓаат во нашата програма, од кои како приоритетни области ги издвојувам економијата преку која општината ќе ја издигнеме економски и ќе овозможиме подобар животен стандард на сите наши граѓани. Да ја подобриме инфраструктурата во општината и да ја зголемиме мобилноста на граѓаните за побрзо и поефикасно поврзување во патната инфраструктура. Исто така ви нудиме неколку проекти како нов оддржлив концепт за урбанизација и домување. Модерното и современото образование за младите од општината исто така е еден од многуте важни приоритети за нас, рече Китански. Китански укажа дека за град Пехчево ќе вложи огромен труд, човечки и интелектуални ресурси како и средства за развој на сите овие компоненти. - Еден од приоритетите за зајакнување на фискалните капацитети на општината се ниски и рамни даноци кои ќе придонесат за поддршка на одржливиот економски развој. Реконструкција односно доизградба на речното корито Пехчевска река; Изградба на мрежа за атмосферска канализација во Пехчево; И како трето би издвоил изградба на градска капела во Пехчево; За населените места во општината генерално ќе се посветиме на средување на проблемите со водоснабдувањето што во програмата е подетално објаснето, како и реконструкација на многу пати најавуваниот локален пат за изградба – Чифлик – Умлена - Робово, кој е во очајна состојба, но никако да му дојде редот да биде реконструиран, вети Китански. Китански додаде дека во областа на економијата ќе обезбеди поддршка на мали и средни претпријатија и формирање на општински фонд за поддршка на мали бизниси. - Општина Пехчево сакаме да ја направиме да биде модерен и атрактивен туристички центар во регионот. Имајќи ја во предвид големата улога на туризмот во локалниот економски развој, се повеќе ја препознаваме потребата од збогатување на туристичката понуда и подигнување на одржливиот квалитет во овој сектор, истакна Китански. Китански рече дека општината ќе се залага за спроведување на годишните програми на пензионерите како и финансиска поткрепа за редовните активности на здружението на пензионери за општина Пехчево. Ќе се залага за овозможување на еден оброк дневно за изнемоштените стари лица и пензионери со достава до нивните домови и лесен пристап до медицинска помош. Исто така општината ќе излезе на пазарот со понуда за јавно приватно партнерство за изградба на старечки дом за олеснување на животот во пензионерските денови. - Драги сограѓани, ајде и ние да се приклучиме во победничката инвазија која на 17-ти oктомври ќе ја зафати нашата држава! Ве повикувам да го заокружите бројот 7 за градоначалник и бројот 7 на листата на советници на коалицијата за „Обнова на Македонија“ преводена од ВМРО-ДПМНЕ, нагласи Китански. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kitanski-modernoto-i-sovremenoto-obrazovanie-za-mladite-vo-pehchevo-e-eden-od-mnogute-vazni-prioriteti-za-nas/feed/ 0
Китански: Во Пехчево ќе ги решиме сите инфраструктурни проблеми, со нови проекти, чесност и работливост ќе ја направиме општината подобро место за живеење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kitanski-vo-pehchevo-kje-gi-reshime-site-infrastrukturni-problemi-so-novi-proekti-chesnost-i-rabotlivost-kje-ja-napravime-opshtinata-podobro-mesto-za-ziveenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kitanski-vo-pehchevo-kje-gi-reshime-site-infrastrukturni-problemi-so-novi-proekti-chesnost-i-rabotlivost-kje-ja-napravime-opshtinata-podobro-mesto-za-ziveenje/#respond Mon, 06 Sep 2021 15:41:53 +0000 https://kurir.mk/?p=560241

Изминуваат последните денови од четиригодишното владеење на СДСМ на локално ниво во општина Пехчево. Ги одбројуваме последните денови на власта која пред четири години ветуваше се’ и сешто за живот на сите граѓани во Општина Пехчево ама од тоа ветување се оствари многу малку. Ветуваа изградба на градска капела, спортски игралишта, атмосферска канализација, почиста вода за пиење, ветуваа неиселување на младите, нивно враќање во родните огништа и што ли уште не, но за жал граѓаните на Пехчево не видоа ништо од тоа само беа излажани и изманипулирани, изјави на денешната прес конференција, Александар Китански, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Пехчево. Тој истакна дека во изминатото четиригодишно владеење бевме сведоци на неколку видни случаи на непотизам при што само ги наведоа граѓаните да изгубат верба во институциите на системот. - Затоа, почитувани мои сограѓани, јас Александар Китански како кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ за Општина Пехчево, ве повикувам да се обединиме и да ја вратиме довербата на вас граѓаните во институциите на системот и да кажеме крај на ова владеење на СДСМ. Пред се да се биде градоначалник на една општина е голема одговорност и ќе ми биде чест да работам во служба на моите сограѓани за да ја направиме Општина Пехчево подобро и помодерно место за живеење. Најпрво ќе се посветиме на решавање на горливите инфраструктурни проблеми како реконструкција на локалните патишта што ги поврзуваат околните населени места, улиците во градот и во селата. Ќе ја подигнеме хигиената во општина Пехчево на повисоко ниво, со расчистување на дивите депонии и одржување на зеленилото. Ќе се регулира водоводната и канализациона мрежа на ниво на општина, појасни Китански. Кандидатот за градочалник истакна дека како локална власт ќе се трудат да ги потикнат малите и средни претпријатија да го зголемуваат својот обем со цел да обезбедат повеќе работни места за да се спречи иселувањето на младите. - Ќе го промовираме Пехчево како прекрасна дестинација за планински туризам. Како еден од приоритетите ќе се потрудиме да обезбедиме нај современа противпожарна опрема и возила и да обезбедиме обука за млади волонтери-пожарникари. Тоа е само дел од приоритетните проекти кои ќе се најдат во мојата програма за 4-годишниот мандат. Начелата според кои се водам цел живот и со кои ќе се водам и во целата кампања и во мојот градоначалнички мандат доколку граѓаните ми ја дадат нивната доверба се чесност, работливост, транспарентност и отвореност, спрема сите луѓе без разлика на нивната политичка и верска определба, додаде Китански. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kitanski-vo-pehchevo-kje-gi-reshime-site-infrastrukturni-problemi-so-novi-proekti-chesnost-i-rabotlivost-kje-ja-napravime-opshtinata-podobro-mesto-za-ziveenje/feed/ 0
КУРИР ИНТЕРВЈУ со Китански: Пехчево ќе го направам одлична дестинација за планински туризам https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kurir-intervju-so-kitanski-pehchevo-kje-go-napravam-odlichna-destinacija-za-planinski-turizam/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kurir-intervju-so-kitanski-pehchevo-kje-go-napravam-odlichna-destinacija-za-planinski-turizam/#respond Fri, 27 Aug 2021 11:31:12 +0000 https://kurir.mk/?p=555606

Како еден од приоритетите ќе се потрудиме да обезбедиме нај современа противпожарна опрема и возила и да обезбедиме обука за млади волонтери-пожарникари, вели Александар Китански кој во интервјуто за Курир говори и за пожарите кои на почеток на месецов го зафатија малешевско-пијанечкиот крај каде според првичните проценки огнената стихија изгореа големи површини на црн бор, дрвја стари помеѓу 50 и 70 години. КУРИР: Кој беше мотивот да се трча градоначалничката трка? -Мотивот за да се кандидирам за градоначалник на Општина Пехчево произлезе од моите сограѓани. Бидејќи работам како доктор по ветеринарна медицина секојдневно сум на терен и ги согледувам и живеам со проблемите на моите согрѓани, па затоа сметав дека можам и треба да им помогнам за решавање на истите. Исто така сум и член на Советот на општината каде директно и одблиску ја следев работата на локалната власт па од тука мислам дека можеме да ги покренеме работите на подобро со чесна и одговорна работа и да ја направиме нашата општина подобро место за живеење за сите луѓе. КУРИР: Што вели скенирањето на теренот, од каде треба да се почне со работа? -Според моето скромно мислење и мислењето на луѓето со кои секојдневно се среќавам од сточари, земјоделци, луѓето од бизнис секторот, пензионери, администрација па и обичниот граѓанин во нашата општина треба да се почне буквално во сите области бидејќи во последните 4 години локална власт се ветуваше многу а се направи многу малку. КУРИР: Неодамна овој крај беше зафатен и од пожарите колкава е штетатат, што велат првичните проценки? -Да, Малешевско - Пијанечкиот крај беше зафатен од страшен 7-дневен пожар од кој штетите допрва ќе се утврдуваат. Според првичните проценки огнената стихија изгореа големи површини на црн бор, дрвја стари помеѓу 50 и 70 години. Беше изгорена и ниско стебелеста шума и помали делови со даб и смрека. Во пожарот настрадаа и земјоделски посеви, овошни насади и неколку пчеларници со поголем број на пчелни семејства. Штетите се големи бидејќи изгореа и голем број на пасишта што предизвика голем проблем за одгледувачите на крупен и ситен добиток. КУРИР: Што се планирате како проекти за вашиот градоначалнички мандат? -Пред се да се биде градоначалник на една општина е голема одговорност и ќе ми биде чест да работам во служба на моите сограѓани за да ја направиме Општина Пехчево подобро и помодерно место за живеење. Најпрво ќе се посветиме на решавање на горливите инфраструктурни проблеми како реконструкција на локалните патишта што ги поврзуваат околните населени места, улиците во градот и во селата. Ќе ја подигнеме хигиенета во општината на повисоко ниво со расчистување на дивите депонии и одржување на зеленилото. Ќе се регулира водоводната и канализациона мрежа на ниво на општина. Како локална власт ќе се трудиме да ги потикнеме малите и средни претпријатија да го зголемуваат својот обем со цел да обезбедат повеќе работни места за да се спречи иселувањето на младите. Ќе го промовираме Пехчево како прекрасна дестинација за планински туризам. Како еден од приоритетите ќе се потрудиме да обезбедиме нај современа противпожарна опрема и возила и да обезбедиме обука за млади волонтери-пожарникари. Тоа е само дел од приоритетните проекти кои ќе се најдат во мојата програма за 4- годишниот мандат. Има да се кажува и пишува уште многу, но ќе оставиме и дел да го видат граѓаните во претстојната кампања. КУРИР: Кои се начелата кои ќе ви бидат водилка во текот на работата? -Начелата според кои се водам цел живот и со кои ќе се водам и во целата кампања и во мојот градоначалнички мандат доколку граѓаните ми ја дадат нивната доверба се чесност, работливост, транспарентност и отвореност спрема сите луѓе без разлика на нивната политичка и верска определба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kurir-intervju-so-kitanski-pehchevo-kje-go-napravam-odlichna-destinacija-za-planinski-turizam/feed/ 0
Почна Фестивалот на дувачки оркестри во Пехчево https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochna-festivalot-na-duvachki-orkestri-vo-pehchevo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochna-festivalot-na-duvachki-orkestri-vo-pehchevo/#respond Sat, 13 Jul 2019 08:40:33 +0000 https://kurir.mk/?p=218016

Повеќе од три илјади посетители присуствуваа синоќа на градскиот плоштад во Пехчево, каде беше отворен Фестивалот на дувачки оркестри, а потоа свој настап имаше и пејачот Влатко Лозаноски. На отворањето на Фестивалот се обрати градоначалникот на Пехчево, Драган Тренчовски, кој рече дека и годинава со поддршка на спонозорите успеале да ја продолжат традицијата на натсвирување на оркестрите. -Иако фестивалот има ревијален карактер, сепак покажува дека Пехчево може да се гордее на големиот број музичари кои имаат дарба за овој вид музика по која сите не препознаваат. Се надевам и во рамки на вториот ден, сите патишта повторно ќе водат кон Пехчево за фестивалот и на самиот празник на градот – Павловден, ќе имаме уште повеќе гости, истакна Тренчовски. Гости имаше и од соседните градови, како и од Република Бугарија. Тие изразија задоволство што можеа да го видат својот миленик Влатко Лозаноски. -Ние сме група млади од Делчево. Пехчево ни е сосем близу и затоа одлучивме вечерва да го проследиме концертот на Влатко Лозаноски. Навистина е многу убаво, плоштадот е преполн, уживаме во музиката и ќе останеме до самиот крај на фестивалот, истакнаа посетители пд соседното Делчево. Освен Влатко Лозаноски, во рамки на синоќешната програма настапија и дувачките оркестри Ќоровци, Сенад Бенд и Џафер Бенд, како и скопските рокери Purple Zeppelin. Вториот фестивалски ден продолжува со традиционалниот Етно-саем Пехчевски Павловден, како и целодневна програма со традиционалните етно групи од земјава и странство. На бината на градскиот плоштад во Пехчево вечер ќе настапат дувачките оркестри Уска Кан, Џипси Тајфа, како и екс-ју звездата Ален Исламовиќ и неговиот бенд „Кад би био бјело дугме“. Фестивалот ќе го затворат љубителите на пехчевската публика Brass Brothers.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochna-festivalot-na-duvachki-orkestri-vo-pehchevo/feed/ 0
ВИДЕО: Масовно труење на кучиња во Пехчево, според градоначалникот снимките се стари и веќе не се актуелни https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/video-masovno-truenje-na-kuchinja-vo-pehchevo-spored-gradonachalnikot-snimkite-se-stari-i-vekje-ne-se-aktuelni/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/video-masovno-truenje-na-kuchinja-vo-pehchevo-spored-gradonachalnikot-snimkite-se-stari-i-vekje-ne-se-aktuelni/#respond Tue, 25 Jun 2019 20:13:03 +0000 https://kurir.mk/?p=212812

Масовното труење на кучиња во градот Пехчево не запира, велат жителите на градот на социјалните мрежи. Во текот на вчерашниот ден на „Фејсбук“ се појавија повеќе фотографии и видео од затруени кучиња. На прашањето на жителка: „Пак ли почнаа“, помлад жител кој го снимил видеото вели: „За жал да“. „Почнати се гадовите одамна и по дворови трујат кучиња. Но, зошто институциите се неми, очигледно некој е замешан“, стои во еден од коментарите. Друг коментар пак гласи вака: „Мора да има одговорност, за жал ова се случува повеќе од 1 година во Пехчево“. -И покрај нашата упорност да добиеме одговор од градоначалникот на Пехчево за тоа што се случува во градот и зошто институциите се немоќни пред оние кои ги трујат животните, сепак, тој не одговори на нашите повици, по што побаравме и добивме преку порака која гласи вака: Побарајте ме утре, да знаете дека имам дадено изјави за портали и телевизија, тоа се стари снимки и веќе не се актуелни, а институциите имаат отворено истрага за случајот, пренесува порталот „поглед.мк“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/video-masovno-truenje-na-kuchinja-vo-pehchevo-spored-gradonachalnikot-snimkite-se-stari-i-vekje-ne-se-aktuelni/feed/ 0