општина прилеп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 08:15:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png општина прилеп – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-ДПМНЕ на терен со граѓаните на Општина Прилеп: Важно е! Од тебе зависат промените! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-na-teren-so-graganite-na-opshtina-prilep-vazhno-e-od-tebe-zavisat-promenite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-na-teren-so-graganite-na-opshtina-prilep-vazhno-e-od-tebe-zavisat-promenite/#respond Sat, 04 Nov 2023 08:15:06 +0000 https://kurir.mk/?p=896334

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ во општина Прилеп. Како што информирааат од ВМРО-ДПМНЕ претседателот на партијата Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на улица „Цар Самоил", влез на Парк на непобедените Могила. Потоа, Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на SCADA систем, инвестиција од 8 милиони денари реализирани преку ЈКП „Водовод и канализација". Претседателот Мицкоски ќе изврши увид на Клучката Оревоец-Плетвар-Прилеп-Вештачко езеро, ветен неостварен проект од СДС. Понатаму, Мицкоски ќе оствари средба со млади луѓе од општина Прилеп. Претседателот Мицкоски ќе го посети ООУ„Климент Охридски" во Прилеп. Мицкоски ќе оствари средба со здравствените работници од општина Прилеп. По средбата, Претседателот Мицкоски продолжува на средба со просветните работници од општина Прилеп. Во 18:00 часот претседателот Мицкоски ќе се обрати пред присутните граѓани пред спортската сала „Македонија" во општина Прилеп. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-na-teren-so-graganite-na-opshtina-prilep-vazhno-e-od-tebe-zavisat-promenite/feed/ 0
Јовчески: Асфалтираме улици и градиме водоводи, динамиката на реализација на проекти во Прилеп е на највисоко ниво https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/jovcheski-asfaltirame-ulitsi-i-gradime-vodovodi-dinamikata-na-realizatsija-na-proekti-vo-prilep-e-na-najvisoko-nivo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/jovcheski-asfaltirame-ulitsi-i-gradime-vodovodi-dinamikata-na-realizatsija-na-proekti-vo-prilep-e-na-najvisoko-nivo/#respond Sat, 02 Sep 2023 12:58:23 +0000 https://kurir.mk/?p=873731

Продолжуваме со темпото на асфалтирање улици и рехабилитација. Тоа што го започнавме пред неколку месеци, веќе сме достигнати на 40 илјади квадратни метри асфалтирани улици, рехабилитирани, коишто овој втор реон којшто моментално го гледаме го зафаќа и просторот каде што е лоциран и домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“ и тоа е од огромно значење бидејќи досега со години овде имаше само дупки и оштетени позиции, неасфалтирани делчиња коишто навистина во кратко време успеавме да ги рехабилитираме, истакнуваме Борче Јовчески, градоначалник на општина Прилеп. -На половина сме од проектот, бидејќи имавме проект со програма да бидат околу 80 илјади метри квадратни и со тоа докажуваме дека динамиката на работа е навистина на најбрзо ниво. Второ нешто коешто денеска исто така во Прилеп вреди да се пофалиме е воведот во работа пред неколку денови на новиот водовот во населено место Канатларци, кадешто во должина од 2.100 метри имаме нов довод на вода и реконструкција и обнова на старите бунари и реконструкција, односно изградба на нов бунар со пумпни станици. Со тоа капацитетот на водоснабдување конечно после долги години ќе биде на задоволително ниво, со некаде околу 9 литри во секунда за разлика од досегашните едвај 4 литри коишто навистина за тоа населено место им беа недоволни, посебно во летните денови, бидејќи местоположбата на Канатларци е таму каде што е и тоа е навистина едно сиромашно место за природен доток на вода, а и поголемиот прираст на население, којшто од година во година се зголемува, сега е околу 1.200 жители, и тоа е за поздравување во секој случај, бидејќи наталитетот и тоа како ни значи во нашата општина, рече тој. Тој им го честита вчерашниот прв ден на првачињата, но и за почеток на школската година на сите ученици. -Нешто кое што можеме со гордост да го потенцираме е дека локалната самоуправа одвои од буџетот сума која што е за 664 дечиња обезбеден оброк со здрава храна и со тоа го подобруваме и квалитетот на живеење и условите каде што новите првачиња влегуваат во за нив една нова средина. Воедно јас би го спомнал и денешниот, односно почетокот беше од вчера, ги поканувам сите граѓани како од Прилеп, така и од другите градови во Македонија, во Прилеп имаме одлична манифестација, а тоа е фестивалот на пивото каде што во огромен број синоќа, а и денеска и утре го продолжуваме со добра скара ладно пиво, музика и добро расположение, посочи тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/jovcheski-asfaltirame-ulitsi-i-gradime-vodovodi-dinamikata-na-realizatsija-na-proekti-vo-prilep-e-na-najvisoko-nivo/feed/ 0
Општина Прилеп започнува со селектирање и собирање на ситен електричен и електронски отпад https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-prilep-zapochnuva-so-selektirane-i-sobirane-na-siten-elektrichen-i-elektronski-otpad/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-prilep-zapochnuva-so-selektirane-i-sobirane-na-siten-elektrichen-i-elektronski-otpad/#respond Mon, 14 Aug 2023 13:03:00 +0000 https://kurir.mk/?p=866548

Општина Прилеп, во соработка со Друштвото за управување со отпад „Нула отпад“ и ЈКП Комуналец, започнува со селектирање и собирање на ситен електричен и електронски отпад. За таа цел, во општината ќе бидат поставени 24 специјализирани контејнери на различни локации. Во овие контејнери граѓаните ќе можат да одлагаат ситен електронски отпад: батериии, мобилни телефони, ситни апарати од домаќинствата, мали монитори, статични и лаптоп компјутери, тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки, МП3 плеери, монитори, телевизори, дигитални и видео-камери, скенери, факс-машини, стерео системи, до максиумум средна големина на принтери. Локациите на контејнерите за собирање на ситен електронски отпад ќе бидат поставени на прометни улици за да може да се застане со автомобил и да се фрли отпадот или  би биле поставени на видливи места да бидат забележани од граѓаните. Општината за таа цел обезбеди 24 пунктови: Пункт 13-катница, Пункт Уред, Пункт Универзална сала, Пункт Бул „Гоце Делчев’’ накај  хотел Липа, Пункт  булевар ,, Гоце Делчев’’, наспроти Џими – маркет,  Пункт Точила под пазарче,  Пункт Димо Наредникот - паркинг  накај Шопе, Пункт  Александар Македонски - стадион, Пункт стара автобуска до мост покрај ново отворената улица, Пункт Табана - паркинг зграда, Пункт  градски пазар од кај катна гаража, Пункт Типска населба – парк, Пункт Могила/хотел Салида - кај оградата, Пункт кај Економско училиште/алтернатива  Рампо Левката, Пункт  кај паркинг  фабрика 11 Октомври,  Пункт Точила -  згради паркинг од кај Света Петка  Ц3, Пункт  Самоилова кај интернат, Пункт Економски факултет, Пункт Тризла меѓу градинка и ООУ,, Добре Јованоски’’, Пункт  Александар  Македонски - накај Лук Оил, Пункт Вишне  кај Месна заедница / алтернатива покрај река повидливо, Пункт згради Ѓогдере - видлив пункт од кај река и Пункт болница или Петта прилепска. Целта е заштита на животната средина од штетните супстанци кои ги предизвикува електронскиот и елктричниот отпад во рамките на спроведување на Законот за управување со електричен и електронски отпад.  „Речиси 70 % од тешките метали, вклучувајќи ја живата и кадмиумот на депониите потекнуваат од електронската опрема.“ велат од ЈКП Комуналец Прилеп. Воедно, Општина Прилеп заедно со ЈКП Комуналец определи и два собирни центри - во кругот на платото за селекција на отпад на ул „Трајко Николоски“ во населбата Сточен пазар каде од 2016 година постои и витрина за складирање на ситен електричен и електронски отпад и изградениот магацински простор до депонијата во Алинци. На овие две локации граѓаните можат да одлагаат и големи електрични и електронски уреди, при што обврска на колективниот постапувач е да го преземе од собирните пунктови бесплатно. Наредната 2024 година, согласно Законот за управување со електричен и електронски отпад, Општина Прилеп и ЈКП Комуналец предвидуваат оваа активност за заштита на животната средина да ја зголемат со дополнителни контејнери за овој тип отпад, со создавање на здрава еко животна средина и правилно третирање и управување со отпад, преку едукација на граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-prilep-zapochnuva-so-selektirane-i-sobirane-na-siten-elektrichen-i-elektronski-otpad/feed/ 0
Со 60 000 денари месечно Прилеп ќе го субвенционира јавниот превоз до селата https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/so-60-000-denari-mesechno-prilep-ke-go-subventsionira-javniot-prevoz-do-selata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/so-60-000-denari-mesechno-prilep-ke-go-subventsionira-javniot-prevoz-do-selata/#respond Wed, 12 Jul 2023 14:58:46 +0000 https://kurir.mk/?p=855916

Од септември Општина Прилеп ќе субвенционира линиски превоз за најоддалечените села во општината. Програмата ќе опфаќа субвенционирање за превозниците на овие линии од 15 литри гориво на поминати 100 километри за превоз два пати неделно. -Со ова, жителите од населените места, од септември ќе имаат редовна линија која ќе сообрајќа од градот кон населеното место и обратно. Целта е да им се олеснат условите за живот на овие жители. Линиите ќе сообрајќаат до најоодлечените населени места. Најпрво и најзначано е дека ќе се субвенционира линијата од Прилеп до Витолиште во Мариово каде жителите од ова населено место плаќаат високи цени за превоз со такси. Потоа ќе следи линија за селата Чепигово и Подмол, па линија до селата Мажучиште и Радобил. Сите делови од општината ќе бидат опфатени со овој линиски превоз, вели Дејан Проданоски, претседател на Советот на Општина Прилеп. Вкупната сума за субвенционирање на линискиот превоз до најоддалечените села во Прилепско, локалната самоуправа би ја чинела околу 60 000 денари месечно, а ценовникот е за 20 до 30 насто понизок од цената на такси превозот кој го користат жителите од овие населени места за да дојдат во градот. -Со оваа одлука на советот, локалната самоуправа ќе придонесе кон подобрување на квалитетот на живот на жителите од населените места и ќе им го олесни пристапот до градот, вели прилепскиот градоначалник Борче Јовчески. Според последниот попис од 2021 година во подалечните села во Прилепњско има близу 6000 жители Од нив, над 1000 жители се лица кои поради возраста, лошата здравствена или материјална положба, не може да стигнат до градот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/so-60-000-denari-mesechno-prilep-ke-go-subventsionira-javniot-prevoz-do-selata/feed/ 0
Општина Прилеп одвои 450 илјади денари за настраданите од земјотресот во Турција и Сирија https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-prilep-odvoi-450-iljadi-denari-za-nastradanite-od-zemjotresot-vo-turtsija-i-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-prilep-odvoi-450-iljadi-denari-za-nastradanite-od-zemjotresot-vo-turtsija-i-sirija/#respond Mon, 13 Feb 2023 13:45:35 +0000 https://kurir.mk/?p=799894

Денеска, по иницијатива на градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовечски се одржа вонредна седница на Советот на Општина Прилеп на која беше донесена Одлука за обезбедување средства од Буџетот на општината, како донација за семејствата на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија. Донацијата на Општина Прилеп и граѓаните на Прилеп, во знак на поддршка, солидарност и пријателство, изнесува 450 илјади денари Буџетот на Општина Прилеп за 2023 година, од кои 300.000,00 денари за настраданите од земјотресот во Република Турција и 150.000,00 денари за настраданите во катастрофалниот земјотрес што истовремено се случи и во Сириска Арапска Република (Сирија). Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески и претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски при оваа прилика повторно го изразија своето сочуство до настраданите во земјотресот и упатија искрено жалење за загинатите во оваа голема природна катастрофа што се случи во Турција и Сирија. Покрај пунктот за донации кој е поставен во центарот на градот, каде граѓаните на Прилеп донираа и донациите преку отворените телефонски линии, Општ вина Прилеп понуди и обучен тим од ТППЕ Прилеп во координација со ДЗС подрачна единица Прилеп за директна помош со човечки ресурси во подрачјата каде што има потреба, а прилепскиот бизнис секторот организиран преку Регионалната стопанската комора – Прилеп, веќе упати помош во настраданите подрачја.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-prilep-odvoi-450-iljadi-denari-za-nastradanite-od-zemjotresot-vo-turtsija-i-sirija/feed/ 0
Општина Прилеп ќе обезбеди финансиска помош за настраданите и за населението погодено од земјотресот во Турција и Сирија! https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-prilep-ke-obezbedi-finansiska-pomosh-za-nastradanite-i-za-naselenieto-pogodeno-od-zemjotresot-vo-turtsija-i-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-prilep-ke-obezbedi-finansiska-pomosh-za-nastradanite-i-za-naselenieto-pogodeno-od-zemjotresot-vo-turtsija-i-sirija/#respond Tue, 07 Feb 2023 13:33:25 +0000 https://kurir.mk/?p=797304

После немилите вести на кои сите бевме сведоци во текот на вчерашниот ден и искрено изразеното сочувство до народот во Република Турција и Сирија, денес веднаш презедов иницијатива и во координација со претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, поднесов барање за одржување на итна седница на Советот, на која што преку одлука ќе бидат обезбедени финансиски средства од буџетот на Општина Прилеп како донација за семејствата на настраданото население, информира градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески. -Искрено подаваме рака на целокупното погодено население и до сите градови и општини на нашиот братски народ во Република Турција. Како градоначалник на Прилеп, заедно со претседателот на Советот и општинска делегација, имавме прилика изминативе денови лично да бидиме во Република Турција, во општина Бајрампаша, на покана на почитуваниот градоначалник Атила Ајданер, по повод збратимување на овие две општини и меѓусебна економска, културна и секаква друга соработка. Веднаш после немилите сцени и настани кои што се случија во земјата, со длабоко жалење, во мојот говор пред градоначалникот, членовите на советот и сите присутни, изразив подготвеност дека нашата општина Прилеп ќе обезбеди финансиска помош во рамките на нашите можности и им понудивме друга помош и логистика доколку е потребно, а со тоа да знаат дека подадената рака значи дека нашата поддршка и солидарност веднаш ќе ја реализираме и дека нашите мисли во овие тешки мигови се искрено со нив! Воедно упатувам апел до сите наши сограѓани од општина Прилеп во рамките на своите можности доколку се во состојба да помогнат преку Фондот на солидарноста на Црвен крст или телефонските броеви за донација! Секоја помош е добредојдена! Посакувам што побрзо закрепнување на повредените и што поскоро санација на погодените области од овој катастрофален земјотрес, општина Прилеп е со вас!, додава Јовчески. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-prilep-ke-obezbedi-finansiska-pomosh-za-nastradanite-i-za-naselenieto-pogodeno-od-zemjotresot-vo-turtsija-i-sirija/feed/ 0
Прилеп со сигурност ќе доживее повторна преродба со реализација на ветените проекти! https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/prilep-so-sigurnost-kje-dozivee-povtorna-prerodba-so-realizacija-na-vetenite-proekti/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/prilep-so-sigurnost-kje-dozivee-povtorna-prerodba-so-realizacija-na-vetenite-proekti/#respond Mon, 29 Aug 2022 11:13:11 +0000 https://kurir.mk/?p=725468

Неоснованите критики за десетмесечното работење на Локалната власт во Прилеп, упатени од опозицијата, се само потврда дека брзо заборавиле на нивното 4 годишно популистичко владеење и несовесно и неодговорно трошење на парите на граѓаните, со што општинската каса ја испразниле до таа мера, при што морале да подигаат и кредити за да го завршат својот мандат, па ја оставија општината во долг од 5 милиони евра, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна портпаролот на општината Прилеп. -Дека не штеделе и расипнички ги трошеле парите на граѓаните говорат и нивните „богати проекти“ за кои од буџетот на општината се излеани милионски суми. Како потсетување, од предвидените 8 милиони денари во буџетот на општина Прилеп за изградба на проектот наречен „мостот кај Сточен пазар“, тендерот за негова изведба достигна фантастична сума од над 38 милиони денари, пари од нашите сограѓани, во буџетот на Општина Прилеп. Проектот “реконструирање на булеварот “Гоце Делчев” во центарот на градот кој што направи хаос во централното градско подрачје и се изгубија повеќе од 300 паркинг места, а исто така се направија и велосипедски патеки кои се во близина на коловозот и преставуваат опасност за велосипедистите. И наместо подобрување на безбедноста и протокот во сообраќајот, вашата нестручност создаде хаос во целиот град, кој денес го чуствуваме сите. Проектот „Автобуси на метан“ секој вреден по четврт милион евра, додека добро знаеме дека во некои други општини во Македонија беа набавени исти такви автобуси за енормно пониска цена и кои што полнеа гориво на неколку дена во Битола, затоа што Прилеп немаше станица за метан, исто така според вас е можеби „одличен проект“. А, што се однесува до клеветите за гломазната општинска администрација, таа е господа преобемна поради вашите партиски вработувања, во вашето четиригодишно владење со локалната власт, каде вработивте огромен број партиски луѓе на несоодветни места и со несоодветно образование што ја направија општинската администрација денеска да биде делумно неефикасна и партизирана, вели тој. Портпаролот додава дека спротивно на вашето лошо практикување на власта градоначалникот Борче Јовчески раководи со Општина Прилеп одговорно и домаќински. Како што се исплаќаат сите тековни обврски и заостанати рати, се работат и проекти на подобрување на инфраструктурата и животот во Прилеп. Реконструкцијата на плоштадот кај споменикот Пеце Атанасоски, подготовка за изградба на нови катни гаражи, кружни текови, нови парковски површини, забрзано се работи на откочување на со години останати предмети во делот на легализацијата, одржување на се што беше запоставено од претходната локална власт, како и булеварски влез во Прилеп на улицата Леце Котески ( кој што почеток го кочи со месеци вашата централна власт). Исто така се воведоја субвенции за секое новородено дете во Општина Прилеп, се помагаат сите културни и спортски настани и манифестации, се вложува во образованието во училиштата и ќе продолжиме да работиме чесно и транспарентно во интерес на граѓаните на Општина Прилеп. -Ситуацијата со енергетската криза послабо се чуствуваше во 2021 година, и тоа не го забележувавте, но се засили при крајот на годината и кулминираше на почетокот на 2022 година. Покачувањето на цените на ел.енергија, се одразуваат на рентабилното работење на локалните институциите, јавните претпријатија, училиштата, градинките и другите институции во надлежност на општината. Сметките за струја петкратно се зголемија , а Владата на СДСМ за жал нема слух за помош, за субвенционирање на општините за надминување на оваа состојба. А, нивните партиски војници во општинските организации се дрзнуваат да зборуваат за трошење и нереализирани проекти. Се занимаваат со ширење популистички информации за добивање ситни политички поени за да си ја оправдаат својата улога на постоење. Вистината за жал ја гледаме со различни очи, но сепак таа е една - Ние настојуваме да штедиме - а вие трошевте! Очајните обиди на СДСМ, за дефокус на јавноста нема да им поминат. Прилепчани не забораваат така лесно на екстремно лошите политики од минатата локална власт предводена од СДСМ и имаат целосна доверба во локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Борче Јовчески. Прилеп со сигурност ќе доживее повторна преродба со реализација на ветените проекти, истакнува портпаролот на општината. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/prilep-so-sigurnost-kje-dozivee-povtorna-prerodba-so-realizacija-na-vetenite-proekti/feed/ 0
Прилеп им се поклони на хероите: 21 година од трагедијата кај Карпалак https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/prilep-im-se-pokloni-na-heroite-21-godina-od-tragedijata-kaj-karpalak/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/prilep-im-se-pokloni-na-heroite-21-godina-od-tragedijata-kaj-karpalak/#respond Mon, 08 Aug 2022 14:35:14 +0000 https://kurir.mk/?p=715727

Со интонирање на македонската химна и со оддавање на почит со едноминутно молчење пред спомен комплексот „Карпалак“ во центарот на Прилеп, денеска бројни делегации,од Министерството за одбрана, Генералштабот на Р.Македонија, прилепските пратеници, претставници од кабинетот на претседателот на Р. Македонија, општинска делегација предводена од градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески, претставници од Советот на Општина Прилеп, предводена од претседателот на Советот Дејан Проданоски, како и делегации од институции, претставници на семејствата на бранителите, политички партии и здруженија на граѓани, положија венци и свежо цвеќе и им оддадоа почит на загинатите 10 прилепски бранители кои загинаа од заседа на 8- ми август, во конфликтот од 2001та година, на Карпалак: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. Оддавајќи им почит на хероите, градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески потсети на ужасниот настан кога животот го загубија десетте прилепски бранители од резервниот состав на АРМ. „ Тие се нашите херои кои загинаа за слободата на Република Македонија и слободата на македонскиот народ. Денес и после 21 година од овој ужасен настан повторно сме овде, пред споменикот Карпалак во Прилеп да им оддадеме почит и да ја споделиме болката за нашите херои со семејствата на: Горан Миноски, Сашо Китаноски, Веби Рушидоски, Бранко Секулоски, Љубе Грујоски, Нане Наумоски, Ердован Шабаноски, Марко Деспотоски, Пеце Секулоски и Дарко Велјаноски. Нивните имиња вечно ќе останат во нашата меморија. Сигурен сум дека секоја година на овој ден чествувањето, на нивните семејства и најблиските, им дава барем малку повеќе сила и утеха,а нас ни претставува гордост што бевме нивни сограѓани и сведоци на пожртвуваноста и нивното херојство. Некои нешта едноставно не можеме да ги вратиме, но мораме да продолжиме да го негуваме нивното херојско дело. Стоејќи пред оваа спомен плоча и споменикот изграден во нивна чест, пред оваа топка која што симболизира вечен живот, докажуваме дека сме сплотени и никој не може да не спречи во нашата намера да ја браниме и безусловно да ја сакаме нашата татковина. Исто така сите сме согласни во тоа дека злото од 2001 година никогаш не смее да се повтори. Затоа што во воените конфликти нема победници и секоја една солза и загубен човечки живот се далеку повредни од било каков извојуван триумф. Како народ, повторно сме ставени пред искушенија и постојано сме пред нови битки, во кои што мораме да останиме сплотени на патот кон одбрана на нашата македонска држава, кауза, традиција и име. Македонскиот идентитет и јазик се неприкосновена реалност на нашиот народ. Тие се наше наследство од претходните генерации и аманет за идните генерации. Карпалак ќе боли засекогаш, но ќе остане вечен спомен кој ќе потсетува на храбрите македонски синови кои за својата земја го дадоа највредното, нивниот живот“ рече градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески на денешното чествување. Инаку, денеска во раните утрински часови, делегации од граѓанските здруженија, преставници од Општина Прилеп, Градоначалникот и Претседателот на Советот на Општина Прилеп, им оддадоа почит на загинатите херои на нивните вечни почивалишта на градските гробишта „Песјобрдце“ и на ромските гробишта. Делегации од Општина Прилеп им оддадоа почит и положија свежо цвеќиња и на гробовите на загинатите бранители од населените места: Новоселани, Бело Поле, Ропотово и Пашино Рувци. Делегација на Општина Прилеп заедно со градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, присуствуваше и на панихидата што во чест на 10-те загинати прилепски бранители се одржа во црквата „Света Петка“ во населбата Точила, каде што по повод денешниот голем православен празник Св. Петка се одржа и Света божествена литургија со која чиноначалствуваше Митрополитот г. Петар. Рано изутринава, претставници од здружението „Карпалак“ и делегација од Општина Прилеп положија свежо цвеќе и кај месноста „Карпалак“, на местото каде што пред 21 година од заседа беше нападнат прилепскиот конвој од прилепскиот резервен армиски состав каде загинаа 10 те прилепските бранители. Вчера, доцна попладне, делегација на Општина Прилеп и градоначалникот, претставници од Советот на Општина Прилеп, претставник на владата на Р. Македонија, од семејствата на загинатите херои, претставници од АРМ, претставници на политичките партии и граѓанските здруженија и граѓани, положија свежо цвеќе пред спомениците на паднатите прилепски бранители, во кругот на касарната „Мирче Ацев“. Делегациите ја посетија и спомен собата, а потоа се упатија кон селото Лениште каде пред спомен плочата на загинатите бранители положија свежо цвеќе. Пред 21 година, рано изутрината, во воениот конфликт 2001г. од заседа се убиени прилепските бранители:Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/prilep-im-se-pokloni-na-heroite-21-godina-od-tragedijata-kaj-karpalak/feed/ 0
Нов случај на опожарен автомобил во Прилеп https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nov-sluchaj-na-opozaren-avtomobil-vo-prilep/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nov-sluchaj-na-opozaren-avtomobil-vo-prilep/#respond Thu, 21 Jul 2022 09:21:29 +0000 https://kurir.mk/?p=708331

Нов случај во кој опожарен е уште еден автомобил рано утринава е регистриран во Прилеп. Од Општината велат дека случајно или намерно не престанува опожарувањето на автомобили, а овој пат „на мета“ бил автомобилот на раководителот на Секторот за урбанизам во Општина Прилеп. -Ова е обид за повторно нарушување на безбедносната состојба во Прилеп. Општината и Советот на Општина Прилеп веќе неколку месеци бараат одговорност од Министерството за внатрешни работи и ОВР Прилеп. Но се чини дека после сите апели од градоначалникот и советниците, централната власт и надлежните институции остануваат глуви и ги оставаат граѓаните на Прилеп секоја ноќ да стравуваат за својата безбедност и безбедноста на својот имот, велат од Општината. Оттаму го осудуваат чинот на насилство, кој последователно се случува во Прилеп и го нарушува јавниот ред и мир во градот. -Бараме под итно да се стави крај на ваквите немили сцени кои влеваат страв и несигурност кај граѓаните, а МВР и ОВР Прилеп да понесат одговорност и да најдат начин да превенираат во зачувувањето на редот и мирот со цел во иднина да не се повторуваат вакви застрашувачки сцени, велат од Општината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nov-sluchaj-na-opozaren-avtomobil-vo-prilep/feed/ 0
Јовчески: Прилеп за 100 дена доби нов детски парк, се асфалтираа улици, а ќе се пушти и нова автобуска приградска линија до населени места https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/jovcheski-prilep-za-100-dena-dobi-nov-detski-park-se-asfaltiraa-ulici-a-kje-se-pushti-i-nova-avtobuska-prigradska-linija-do-naseleni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/jovcheski-prilep-za-100-dena-dobi-nov-detski-park-se-asfaltiraa-ulici-a-kje-se-pushti-i-nova-avtobuska-prigradska-linija-do-naseleni-mesta/#respond Sat, 19 Feb 2022 12:36:02 +0000 https://kurir.mk/?p=633536

Да се биде градоначалник на сограѓани од кои извираат идеи, конкретни решенија на проблеми и проекти кои значително ќе ги подобрат условите за живот во Прилеп, не е само предизвик, туку претставува и голема одговорност затоа што имаме иста и заедничка цел, а тоа е просперитет и напредок во сите области на нашиот град. Мојата првична цел беше да се согледа состојбата во локалната самоуправа за да утврдиме со какви можности располагаме со цел остварување на ветеното во првите 100 дена“, истакна градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески на денешниот регионален отчет насловен „Промени што носат иднина – 100 дена локална власт, отчет на ВМРО-ДПМНЕ“. Јовчески укажа дека кога ја презел локалната власт, на општината вкупните обврски, во кои спаѓаат тековните обврски, долгорочните обврски и обврските по договори за јавни набавки претставуваа висок износ од 292.562.164,00 денари или околу 5 милиони евра. Односно тековните обврски изнесуваа 32.196.697,00 денари, долгорочни обврски изнесуваа 112.415.339,00 денари и превземените обврски по јавни набавки се 147.950.128,00 денари. - Почнувајќи од 01.01.2022 година воведовме и еднократна финансиска помош за секое новоредно дете во општина Прилеп, нешто што досега не се случило и претставува нов проект и голема помош за сите прилепчани. Преку субвенционирање на семејствата со доделување на еднократна парична помош од 6.000 денари материјално ќе се помогне во покривање на дел од првичните трошоци на семесјтвата за обезбедување на соодветни услови за новородените деца, исто така ќе влијае и на поттикнување на наталитетот а со тоа и зголемување на природниот прираст во нашата општина. За реализација на Програмата во Буџетот на Општината за 2022 година се предвидени средства во висина од 3.600.000,00 денари, појасни Јовчески. Јовчески додаде дека досега се изведени 3.040 метри од новиот цевковод. Вкупно проектот изнесува 3.840 метри. Со градежните работи односно доизработка на 213 метри ќе се продолжи од 10-ти февруари, а ќе се завршат до крајот на месец февруари, за кои што има обезбедено финансиски средства. Во понатамошниот период останува ЈКП „Водовод и канализација“ во соработка со Општина Прилеп да ги заврши преостанатите 587 метри. - Најголемо внимание ЈКП „Комуналец“ - Прилеп, во координација со локалната самоуправа, посвети на чистење на дивите депонии. И покрај тоа што временските услови не ни овозможија непречена работа, сепак успеавме да исчистиме над 1.200 м3 мешан комунален отпад и градежен шут од многу локации низ градот и околните викенд населби каде што долго време не било исчистено и реагирано по однос на овој проблем. Изградивме нов детски парк на јавна површина во кругот на градската болница во Прилеп. Детскиот парк се изгради на барање на жителите од овој дел на градот затоа што немаат вакво катче во близина, а со оглед на тоа што во тој реон нема друга слободна јавна површина, одлучено е паркот да се изгради во кругот на болницата. Паркот е со површина од 200м2, и содржи детски реквизити за забава, клупи за одмор и релаксација, и со оградена површина заради безбедност, истакна Јовчески. Јовчески посочи дека во делот на патната инфраструктура се започна со асфалтирање на улиците кои не беа асфалтирани. Во месец ноември и декември беа асфалтирани 4 улици со вкупна должина од 950 метри. - За прв пат од постоењето, јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање се наоѓа во фаза на пуштање на приградска линија на автобускиот градски превоз за превоз на патници до населените места: Лагово, Беровци, Алинци, Тополчани, Ерековци, Канатларци и Подмол. Добиена е согласност од Советот за трасата на движење, се чека на наредна седница потврдување на ценовникот за патниците, нагласи Јовчески. Јовчески укажа дека во следниве неколку месеци интензивно се започнува со реализација на повеќе клучни проекти за Прилеп и за сите сограѓани со кои што ќе се најават промените кои што ќе следат. • Реконструкција на Плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ на потегот од споменикот. • „Пеце Атанасоски“ до ООУ„Кочо Рацин“ со површина од 2.800 м2 која треба да започне во втората половина на месец март. • Kомплетна реконструкција на влезот на градот во правец Крушево – Прилеп, односно улица „Леце Котески” која покрај постоечките сообраќајни ленти опфаќа и дополнителни пешачки и велосипедски патеки со предвидена должина од 2.130 метри. • Вградување на завршен слој на асфалт на улиците во индустриска зона „Металец“. • Изградба на катна гаража помеѓу зградата на Поштата и Општинската зграда со капацитет од 76 возила. • Изградба на монтажна катна гаража со капацитет од 74 возила, на ул. Илка Присаѓанка. • Партерно уредување со паркови и зеленила во населба Точила околу К-зградите каде што жителите од оваа населба ќе можат да се рекреираат. • Изградба на голем парк до црквата Св.Петка во населбата Точила • Доизградба на детската градинка во населба Точила со капацитет од 250 деца. - Овие 100 денa се нормално само почеток. Континуитетот на работа ќе го продолжиме и засилиме со реализација на сите проекти кои што ги ветивме пред прилепчани: инфраструктурни, локален економски развој, животна средина, комунална и водоводна мрежа, земјоделие, образование, спорт, култура како и во делот на социјална и здравствена заштита. Во сите овие сфери имаме детално разработени и остварливи проекти кои што плански и етапно заедно со граѓаните ќе ги реализираме во текот на мојот мандат, потенцира Јовчески. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/jovcheski-prilep-za-100-dena-dobi-nov-detski-park-se-asfaltiraa-ulici-a-kje-se-pushti-i-nova-avtobuska-prigradska-linija-do-naseleni-mesta/feed/ 0