општина Струга – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 08 Oct 2023 13:41:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png општина Струга – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Деребан: Општина Струга е класичен пример за непочитување на правната држава, криминалот метастазира во секоја општествена сфера https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dereban-opshtina-struga-e-klasichen-primer-za-nepochituvane-na-pravnata-drzhava-kriminalot-metastazira-vo-sekoja-opshtestvena-sfera/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dereban-opshtina-struga-e-klasichen-primer-za-nepochituvane-na-pravnata-drzhava-kriminalot-metastazira-vo-sekoja-opshtestvena-sfera/#respond Sun, 08 Oct 2023 13:41:13 +0000 https://kurir.mk/?p=886563

Општина Струга е класичен пример за непочитување на правото и правната држава, во моментов е управувана од урбана мафија која секојдневно врши злоупотреба на законот за просторно и урбанистичко планирање, законот за градење, законот за постапување со бесправно изградени објекти. Во општина Струга урбанистичките планови се носат за задоволување на бизнис интересите на поединци, а не за општиот интерес на сите граѓани-изјави Ален Деребан, претседател на ОК Струка и советник во општина Струга во рамки на акцијата на ВМРО-ДПМНЕ “Важно е! Од тебе зависат промените“ на дебатата насловена „Борба со криминал и корупција, темелна европска вредност“ на која се одржа денес во Струга. Тој посочи на злоупотребите кои се прават, односно како градоначалникот дава решение за реконструкција, а на терен се градат нови објекти и го даде примерот со одобрението кое го дал градоначалникот Мерко за градење на затворена спортска сала на крајбрежјето на Охридското Езеро, каде што потоа бил изграден угостителски објект. Организираниот криминал метастазира и во образованието и во економијата и во јавните набавки и во културата и во спортот и во сите сфери од општественото живеење од кое што може да се оствари профит. Таков е примерот со сомнителната продажба на зградата на ЈП Проаква, каде што во моментот се прават подготовки за изградба на колективна станбена зграда. Сомнителна е и набавката на службени возила од страна на градоначалникот во износ од околу 120 илјади евра, за која гласаа советниците од СДСМ и ДУИ- истакна Деребан и дополни дека од 2018-та до сега врз основа на буџетските трошоци, потрошени се 900 илјади евра на име изградба и реконструкции на депонии за отпад, а на периферијата на градот сеуште има дива депонија со големина на фудбалско игралиште. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dereban-opshtina-struga-e-klasichen-primer-za-nepochituvane-na-pravnata-drzhava-kriminalot-metastazira-vo-sekoja-opshtestvena-sfera/feed/ 0
Општина Струга апелира за зачувување на шумите од пожари https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-struga-apelira-za-zachuvuvane-na-shumite-od-pozhari/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-struga-apelira-za-zachuvuvane-na-shumite-od-pozhari/#respond Sat, 05 Aug 2023 12:45:13 +0000 https://kurir.mk/?p=863658

Општина Струга апелира до граѓаните совесно да се однесуваат во шумите за нивно зачувување од пожари. Според апелот, покрај максимално внимание за зачувување на шумите, природата и животната средина, граѓаните, институциите, општинските претпријатија, шумското стопанство и полицијата, преку координирани акции да спречат пожари, а доколку настанат да се мобилизираат во нивното гасење. - Во време кога земјава се соочува со високи температури, за жал, се појавува вознемирувачка појава која ги загрозува животите на луѓето, предизвикува економски последици и штети врз животната средина. Шумите сочинуваат голем дел од територијата на Општина Струга и се вреден општински и национален ресурс. Шумските пожари, покрај дрвената маса, ја загрозуваат и дивата флора и фауна, бидејќи шумите се нивно живеалиште, стои во апелот на Општина Струга. Општината бара шумските чувари активно да ја следат состојбата за откривање на сторителите и давање информации до органите на прогонот за лицата, кои предизвикуваат пожари. Доколку забележат граѓаните пожар да ги известат надлежните во најбрзо време на броевите 112 или 193.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-struga-apelira-za-zachuvuvane-na-shumite-od-pozhari/feed/ 0
Еве зошто општина Струга забранила движење со костими за капење низ чаршијата, иако нема правен основ за знаците и санкции https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/eve-zoshto-opshtina-struga-zabranila-dvizhene-so-kostimi-za-kapene-niz-charshijata-iako-nema-praven-osnov-za-znatsite-i-sanktsii/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/eve-zoshto-opshtina-struga-zabranila-dvizhene-so-kostimi-za-kapene-niz-charshijata-iako-nema-praven-osnov-za-znatsite-i-sanktsii/#respond Mon, 17 Jul 2023 13:24:22 +0000 https://kurir.mk/?p=857412

Забраната за движење по костими за капење низ центарот на Струга, односно од Чаршискиот мост до Градскиот пазар, била донесена заради морални и етички причини и почит кон бизнисот и граѓаните, информира Општина Струга. Таквата одлука, како што посочија за МИА, произлегла од редовните средби со Комисијата за превенција пред туристичката сезона на која се дискутира за повеќе теми. - На една од средбите покрај редовните точки беше дискутирано и за темата за носење костими за капење на јавни места. Темата беше начната како последица на повеќе пријави од страна на граѓани, кои ја изразуваат својата загриженост за движењето по чаршијата и продавниците во центарот на градот по костими за капење. Заради морални и етички причини и почит кон бизнисите и граѓаните, кои тука се движат со своите семејства превземавме мерки за предупредување при движењето по костими за капење, стои во одговорот на општинската прес-служба за причините од кои произлегла одлуката. Од правен аспект пак, според адвокатот и член на Советот на Општина Струга Ален Деребан, немало основ за поставување сообраќајни знаци, ниту за санкционирање. - Советот носи годишни програми и во нив има предвидено на кои места како се уредува со сообраќаен знак. Во овој случај Советот нема донесено одлука за поставување на тие знаци. Нема ниту правна основа за нивно поставување, ниту пак за санкционирање при непочитување, вели Деребан во изјава за МИА. Општина Струга пред пет дена на официјалната фејсбук страница објави дека се забранува шетање во костими за капење низ централното градско подрачје и ги замоли гостите и туристите да ги почитуваат правилата на доброто однесување и на јавниот ред, со непокажување голотија на јавни места и простори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/eve-zoshto-opshtina-struga-zabranila-dvizhene-so-kostimi-za-kapene-niz-charshijata-iako-nema-praven-osnov-za-znatsite-i-sanktsii/feed/ 0
Забрането шетање во костими за капење низ центарот на Струга (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zabraneto-shetane-vo-kostimi-za-kapene-niz-tsentarot-na-struga-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zabraneto-shetane-vo-kostimi-za-kapene-niz-tsentarot-na-struga-foto/#respond Wed, 12 Jul 2023 13:44:05 +0000 https://kurir.mk/?p=855879

Општина Струга забранува шетање во костими за капење низ централното градско подрачје. Преку официјалната фесјбук страница ги замолуваат гостите и туристите, кои се разладуваат во водите на Охридското езеро или Црн Дрим, да ги почитуваат правилата на доброто однесување и на јавниот ред, со непокажување голотија на јавни места и простори. - Заради почитување на јавниот ред, особено за време на летната туристичка сезона, низ централното шеталиште, од Чаршискиот мост до Зелениот пазар, се забранува шетање во бикини и гаќички за плажа во текот на целиот ден, стои во информацијата на Општина Струга. За таа цел во централното градско подрачје, односно зоната во која е забрането движење во костими за капење поставени се соодветни знаци. - Вашето однесување е слика за градот, затоа сите заедно треба да се обидеме да ја зачуваме позитивната слика на една туристичка дестинација како што е Струга, порачуваат од Општината. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zabraneto-shetane-vo-kostimi-za-kapene-niz-tsentarot-na-struga-foto/feed/ 0
Извршен вонреден надзор во предметите поврзани со работата на Општина Струга https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvrshen-vonreden-nadzor-vo-predmetite-povrzani-so-rabotata-na-opshtina-struga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvrshen-vonreden-nadzor-vo-predmetite-povrzani-so-rabotata-na-opshtina-struga/#respond Tue, 11 Jul 2023 08:23:14 +0000 https://kurir.mk/?p=855294

Комисија на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија изврши вонреден надзор над работата на Основното јавно обвинителство Струга, Вишото јавно обвинителство Битола и на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во сите заведени предмети против лицето Рамиз Мерко, градоначалник на Општина Струга, како и во предметите поврзани со работата на Општина Струга во периодот кога тој ја вршел функцијата градоначалник. Во текот на работата, Комисијата имаше увид во вкупно 30-тина заведени предмети од кои најстарите завршени постапки датираат од 2006 година, при што и во еден дел од веќе решените предмети Комисијата испрати укажувања до јавните обвинители во однос на нивното постапување. Основното јавно обвинителство Струга води четири предмети против наведеното лице оформени од почетокот на годинава, а постапува и во 2 предмети во предистрага од 2021 година кои се однесуваат на конкретни проекти на Општина Струга. За други четири предмети во работа (2 од 2019 и 2 од 2022), јавните обвинители кои преземале дејствија добија укажувања и насоки со цел дополнително да се динамизира постапувањето. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција има во работа вкупно 5 предмети (2 во РО и 3 во КО уписник). Меѓу нив е и предметот со спорната набавка на службени автомобили во Општина Струга, кон кој е приклучена и иницијативата на Државната комисија за спречување на корупција и извештај на Државниот завод за ревизија, и во кој е донесена Резолуција за еден дел од наводите, меѓутоа останатиот дел се уште е предмет на проверки. На надлежниот јавен обвинител му се дадени насоки за натамошно постапување во овој предмет. Вишото јавно обвинителство Битола доби насока во следниот период да врши зачестени контроли и да го следи постапувањето во сите предмети против избрани и именувани лица во основните јавни обвинителства во своја надлежност. За време на извршениот надзор, членовите на Комисијата извршија и директни разговори со јавните обвинители од кои побараа да се произнесат дали чувствувале какви било притисоци во постапувањето и дали се соочуваат со проблеми при водењето на постапките. Во исто време, членовите на Комисијата апелираа до надлежните јавни обвинители за поголема ажурност и ги охрабрија да го пријавуваат секој обид да се компромитираат постапките што се водат во јавните обвинителства. Исто така, на јавните обвинители уште еднаш им беше посочена и огромната важност за транспарентност и отчетност при водењето на сите постапки од интерес на јавноста. Под обврска да се води од начелото на пресумпција на невиност, Јавното обвинителство ја уверува јавноста дека во сите активни предмети против наведеното лице ќе бидат преземени неопходните дејствија и ќе бидат испитани сите околности, а евентуално утврдените кривични дела нема да останат без соодветен кривичен прогон. Имајќи ги предвид наодите од извршениот надзор, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе повеќе дополнителни мерки со цел јакнење на отпорноста на јавнообвинителскиот систем и ажурноста на јавнообвинителското постапување: а) Писмено укажување до сите Виши и основни јавни обвинителства за ажурирање на постапувањето во сите предмети, особено во предметите кои се однесуваат на кривични дела од областа на корупцијата и во предметите кои се однесуваат на избрани и именувани функционери. б) Писмено укажување до Вишите јавни обвинителства за задолжителна контрола на постапувањето по предметите против избрани и именувани лица при секој редовен надзор во основите јавни обвинителства во нивна надлежност. в) Јавниот обвинител на Република Северна Македонија ќе иницира средба со Министерството за внатрешни работи, Финансиската полиција, Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупцијата и други надлежни органи и институции, со цел активирање на национален фронт за борба против корупцијата. Во рамките на своите надлежности како орган кој раководи со истражната постапка, Јавното обвинителство ќе им даде конкретни насоки на останатите институции од правосудната полиција за динамизирање на нивните постапки, ќе инсистира на соработка и ќе побара сите други институции да одговорат со максимални напори и вложувања во борбата против криминалот. г) Ќе се иницира средба со Здружението на јавните обвинители за да се разгледа можноста да се воспостави канал за пријавување на обиди за притисоци и влијанија врз јавни обвинители. Со тоа ќе се отвори можност за пријавување и од граѓаните, од другите институции, но и од самите јавни обвинители, а обвинителството ќе воспостави механизми за проверка на ваквите наводи. Во овој процес ја очекуваме поддршката од јавноста, но и од меѓународните институции и организации кои ја следат нашата работа. Толеранција на какви било облици на криминал нема и нема да има.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvrshen-vonreden-nadzor-vo-predmetite-povrzani-so-rabotata-na-opshtina-struga/feed/ 0
Судски совет во контрола на Струшкиот суд за да ги провери наводите за градоначалникот Рамиз Мерко https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudski-sovet-vo-kontrola-na-strushkiot-sud-za-da-gi-proveri-navodite-za-gradonachalnikot-ramiz-merko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudski-sovet-vo-kontrola-na-strushkiot-sud-za-da-gi-proveri-navodite-za-gradonachalnikot-ramiz-merko/#respond Wed, 21 Jun 2023 13:04:05 +0000 https://kurir.mk/?p=848234

Судскиот совет ќе формира комисија која во Основниот суд во Струга ќе направи контрола за да ги провери наводите на Стејт Департментот и американската амбасадорка, Анџела Агелер, кои вчера соопштија дека градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко е ставен на црната листа на личности на САД поради сомневања дека се мешал во судски постапки. -Судскиот совет ќе ги провери наводите на Стејт Департментот и американската амбасадорка и ќе формира комисија, која заедно со координаторот за овој суд од редот на членовите, ќе направи посета на овој Суд, за да може на лице место да направи контрола, вели портпаролката на Судски совет, Гордана Дувњак. Таа информира дека во текот на минатата и оваа година имало 15 претставки од граѓани на Струга за работата на Струшкиот суд, додека Судскиот совет водел две постапки за судии од овој суд. -Но, напоменувам дека во ниту еден случај не се доведуваат во врска со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, туку за конкретни предмети во кои се засегнати странките, истакнува Дувњак. Премиерот Димитар Ковачевски денеска претходно изјави дека ставањето на градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко на црната листа на САД, потврдува дека на нашиот истражен и правосуден систем му треба генерален ремонт. Во одговор на новинарско прашање, Ковачевски денеска од Виница упати критики до домашните истражни и правосудни органи што досега не успеале да дојдат до информации за струшкиот градоначалник. Во врска со ова вицепремиерката Славица Грковска, пак, напиша дека пораките од меѓународните сојузници мора да бидат разбрани од домашните правосудни органи. -Јасните пораки и конкретните чекори кои ги преземаат нашите меѓународни сојузници во борбата со корупцијата мора да бидат соодветно разбрани од домашните правосудни органи. Бидејќи нивната основна улога е да обезбедат еднаквост на граѓаните пред законот и да испорачуваат ефективна и неселективна правда, порача вицепремиерката Грковска на Фејсбук. Американската амбасадорка Агелер најави и нови имиња на листата покрај градоначалникот Рамиз Мерко, но не откри за кои лица се работи, само кажа дека се во процес на разгледување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudski-sovet-vo-kontrola-na-strushkiot-sud-za-da-gi-proveri-navodite-za-gradonachalnikot-ramiz-merko/feed/ 0
Обезбедени 10 000 легла за Украинските бегалци во Охрид и Струга https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/obezbedeni-10-000-legla-za-ukrainskite-begalci-vo-ohrid-i-struga/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/obezbedeni-10-000-legla-za-ukrainskite-begalci-vo-ohrid-i-struga/#respond Thu, 31 Mar 2022 10:45:58 +0000 https://kurir.mk/?p=656230

10 илјади легла за украинските бегалци долж охридско струшкиот регион. ХОТАМ заедно со приватните сместувачки капацитети од двата крајезерски града понудиле до Владата листа на достапни објекти односно 30 отсто од капацитетите за прием и подолг престој на бегалците. Украинските туристи пред војната биле едни од гостите кои сакале да летуваат на брегот на езерото. Воената состојба во Украина ќе се одрази не само на бројот на туристи од Украина и Русија, туку и врз веќе намалената куповната моќ кај народот велат хотелиерите. Туристичките работници долж ривиерата најавија повисоки цени за најмалку 20 проценти , како резултат на зголемените цени на електричната енерегија,прехрамбените производи и покачувањето на нафтата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/obezbedeni-10-000-legla-za-ukrainskite-begalci-vo-ohrid-i-struga/feed/ 0
Излезноста до 13 часот во Струга околу 19 отсто, во Вевчани 53 https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/izleznosta-do-13-chasot-vo-struga-okolu-19-otsto-vo-vevchani-53/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/izleznosta-do-13-chasot-vo-struga-okolu-19-otsto-vo-vevchani-53/#respond Sun, 31 Oct 2021 13:13:43 +0000 https://kurir.mk/?p=588624

Во Општина Струга излезноста до 13 часот е скоро 19 отсто, додека во Вевчани околу 53 проценти, информираат претседателите на општинските изборни комисии. Според Минир Жута, претседател на ОИК Струга од 61.437 гласачи, регистрирани во Избирачкиот список, 11.465 или 18, 68 отсто го оствариле своето гласачко право. – Изборниот ден тече мирно. Досега немаме никаков проблем, изјави Жута. Излезноста на трите избирачки места во Општина Вевчани е поголема, до 13, часот, како што информира претседателката на ОИК Менка Кукоска гласале 1.088 вевчанци или 52,43 проценти од регистрираните 2.075 гласачи во избирачкиот список. И во оваа општина, како што потврди, изборниот процес тече мирно, без никакви нарушувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/izleznosta-do-13-chasot-vo-struga-okolu-19-otsto-vo-vevchani-53/feed/ 0
Кандидати на ДУИ и на Алијанса на Албанците и Алтернатива во втор круг во Струга https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kandidati-na-dui-i-na-alijansa-na-albancite-i-alternativa-vo-vtor-krug-vo-struga/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kandidati-na-dui-i-na-alijansa-na-albancite-i-alternativa-vo-vtor-krug-vo-struga/#respond Sun, 17 Oct 2021 22:13:24 +0000 https://kurir.mk/?p=581156

Кандидатите за градоначалник на Струга од ДУИ Рамиз Мерко и на Алијанса на Албанците и Алтернатива Идри Истрефи влегуваат во втор круг во трката за прв човек на општината. Од аналитичкиот центар на Мерко излегоа со честитка, и според нив, водство од 2.000 гласови. Истрефи пак, на фејсбук се заблагодари за поддршката на стружани, со најава дека ќе продолжи и во наредните две недели да го бара нивниот глас за конечна победа. – Продолжуваме со високо кренати глави и во вториот круг. Неизмерно сме горди на оние илјадници стружани, кои гласаа за нашата понуда. Очајно ќе бараме поддрша во секој дом и во овие две недели, напиша Истефи на фејсбук.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kandidati-na-dui-i-na-alijansa-na-albancite-i-alternativa-vo-vtor-krug-vo-struga/feed/ 0
До 15 часот во Струга излезност 27,5 проценти, а во Вевчани 51 отсто https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/do-15-chasot-vo-struga-izleznost-27-5-procenti-a-vo-vevchani-51-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/do-15-chasot-vo-struga-izleznost-27-5-procenti-a-vo-vevchani-51-otsto/#respond Sun, 17 Oct 2021 14:58:11 +0000 https://kurir.mk/?p=580846

Изборниот процес во општините Струга и Вевчани тече мирно. Заклучно со 15 часот во Струга гласале 27, 5 проценти од 61.437 гласачи, а во Вевчани 51, 25 отсто од регистрираните 2.075 гласачи, потврдија претседателите на општинските изборни комисии. Според Минир Жута, претседател на ОИК Струга, освен проблемите со апаратите за отпечаток, кои се појавиле на почетокот на гласањето, други нарушувања немало. – Гласањето тече мирно во сите 101 избирачко место. Сабајле имаше проблеми со апаратот за отпечаток, но тоа е надминато, изјави Жута, потенцирајќи дека не се регистрирани агитирања на избирачките места. Мирен изборен ден, како што информира претседателката на ОИК Менка Кукоска, има и во Вевчани. Во оваа општина се гласа на три избирачки места, каде на почетокот од изборниот процес имало ситни проблеми со апаратите за отпечаток, но, според неа, за кратко биле надминати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/do-15-chasot-vo-struga-izleznost-27-5-procenti-a-vo-vevchani-51-otsto/feed/ 0