општина Струмица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 25 Oct 2021 10:42:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png општина Струмица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: „Караван на слободата“ низ улиците на Струмица https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/video-karavan-na-slobodata-niz-ulicite-na-strumica/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/video-karavan-na-slobodata-niz-ulicite-na-strumica/#respond Mon, 25 Oct 2021 10:42:19 +0000 https://kurir.mk/?p=585055

Храбри струмичани, слободни сограѓани, откако политичкиот карневал полека стивнува, предупредуваме на паѓање на маските и прикажување на вистинското лице на наложувачите на немедицинските мерки за одземање на нашите права и слободи под изговор за справување со здравствената криза, објавува Струмица Денес. Како што навидум ,,паѓаат” некои рестриктивни мерки кои и така беа апсурдни, неодржливи и неспроведливи, така остануваат во сила сертификатите, наменети единствено да ви ги одземат и стават под туѓа, не ваша(!) контрола- вашите права и слободи! -Јасно ја нагласуваме уште еднаш опасноста на која што долго предупредувавме дека делта сојот е тука заради децата и дека најавите за скрининг или тестирање на учениците е со цел тие да се подложат на непотребно ,,боцкање” за кое никој не ви гарантира какви долготрајни последици по нивното здравје може да има. Дали ќе го дозволите тоа мирно гледајќи?! Како да не се доволни маските кои што ги трауматизираат децата и психолошки и физиолошки, па многу од децата веќе пројавуваат респираторни алергии и други здравствени проблеми проозлезени од непотребното носење маски кое преминува во изживување врз децата во училиштата каде нерационалните и медицински неоправданите протоколи строго се почитуваат и наметнуваат, и покрај тоа што ги кршат и уставот и законите и меѓународните конвенции! Затоа, не само ако сте против носењето маски за децата во училиште, или ако сте против сертификатите, или ако сте против тестирање и извесното боцкање на децата од 12 години па нагоре, туку ако најмногу сте за слобода, правда и демократија, придружете се на спонтаната граѓанска иницијатива ,,слободни луѓе за живот без страв и без сертификати. Да му застанеме на патот на овој карневал и со нашите возила да одржиме уште еден караван на слободата низ улиците на Струмица, и да им порачаме на сите непријатели на слободата, човековите права и демокраријата: „Оставете ги децата! Доста со дволичноста: маските се за карневал, не се за да ги трауматизираат нашите деца!“ Нема отстапување, нема откажување! До конечна победа и слобода и еднакви права за сите, улиците се нашиот дом, а слободата наша вистина, се наведува во објава на Струмица Денес. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/video-karavan-na-slobodata-niz-ulicite-na-strumica/feed/ 0
Мицкоски: Струмица стана заробеник на алчноста на Заев, чесниот народ го надгласува со купени гласови, време е тоа да престане https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mickoski-strumica-stana-zarobenik-na-alchnosta-na-zaev-chesniot-narod-go-nadglasuva-so-kupeni-glasovi-vreme-e-toa-da-prestane/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mickoski-strumica-stana-zarobenik-na-alchnosta-na-zaev-chesniot-narod-go-nadglasuva-so-kupeni-glasovi-vreme-e-toa-da-prestane/#respond Mon, 04 Oct 2021 20:08:14 +0000 https://kurir.mk/?p=573037

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митинг во Струмица пред граѓаните вели дека Струмица стана заробеник од алчноста на Заев, односно како што рече тој повеќе од една деценија градот е заробеник на една фамилија, додавајќи дека време е тоа да престане. Повеќе од една деценија градот е заробеник на една фамилија. Чесните луѓе ги надгласува со купени гласови. А парите се вртат во истиот затворен круг. Владее со уцени, закани и притисоци, рече претседателот Мицкоски. Мицкоски, нагласи дека е потребно на овие локални избори да се излезе масовно со поддршка и да не им се дозволи на СДСМ да продолжат да злоупотребуваат со добрината на граѓаните. Излезете на овие локални избори и гласајте, затоа што ќе мислат дека ја водат државата исправно и ќе продолжат да ве злоупотребуваат вас и вашата добрина. Со молчење сите ние стануваме соучесници во нивниот грабеж на Македонија. Тие сакаат да останете во домовите, вие покажете жилавост и излезете да гласате. Големите одлуки зависат од народот. Ова се моменти за да се биде гласен, дециден е претседателот Мицкоски. Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ нуди 14.835 проекти за сите општини кои значат решавање на проблемите на граѓаните. Програмите кои ги нудиме содржат вкупно 14.835 проекти од различни сфери и области и се решенија за реалните проблеми на народот. Гарантираме изградба или реконструкција на 2000 улици низ цела држава. Градба или реконструкција на 100 градинки, 150 училишта. Инвестиции во животната средина и градба на нови 150 паркови. Инвестиции во 60 објекти на културата, 90 спортски сали за младите. Гасификација за понапредни општини, дигитализација за ефикасни општини и многу други проекти, од кои што став во коски имаат овие неработници, криминалци и измамници, вети Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/mickoski-strumica-stana-zarobenik-na-alchnosta-na-zaev-chesniot-narod-go-nadglasuva-so-kupeni-glasovi-vreme-e-toa-da-prestane/feed/ 0
Дрвошанов: Нови булевари, нов градски пазар и привлекување на инвестиции во Струмица https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/drvoshanov-novi-bulevari-nov-gradski-pazar-i-privlekuvanje-na-investicii-vo-strumica/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/drvoshanov-novi-bulevari-nov-gradski-pazar-i-privlekuvanje-na-investicii-vo-strumica/#respond Mon, 04 Oct 2021 19:24:08 +0000 https://kurir.mk/?p=573007

Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Жан Дрвошанов, на вечерашниот митинг во Струмица истакна: Се надвиснале проблеми над нашата заедница, општина и татковина. Проблеми кои секој ги гледа. Газиме по отпад, загаден ни е воздухот, економијата ни тоне, а државата не реагира. И први тоа го видоа младите и решија да заминат насекаде во светот. Нам ни зададоа само една единствена обврска. Да создадеме иднина за Македонија, да понудиме проекти, да направиме промена, да победиме. Да најдеме решение за овие 16 години натрупани проблеми, посочи Дрвошанов. Тој рече дека програмата на претходниот градоначалник е нереализирана, голем дел остана неостварено од сето што беше ветено, а причината зошто тој не е повторно кандидиран е неговото противење на лошите договори кои оцртале како владее оваа власт. Дрвошанов најави детална анализа за неодговорното работење на власта во Струмица. Мојот против кандидат Костадин Костадинов зборува за образование, а ваму местото кое што е предвидено во урабнистичкиот план за училиште ќе го правел замислете – боемска улица. Од пазарот наречен Чешел, од едно несредено место за продавачи и купувачи – сега ќе направеле боемска улица. Зборува Костадинов и за Старата чаршија, како да струмичани не се сеќаваат дека чаршијата почна да пропаѓа откако се отвори наводно најдобрата инвестиција „Глобал“. А кога веќе сме кај Глобал, да потсетиме дека до денеска нема расчистување на причините за пожарот, а тие интензивираат сликање по митинзи, критикуваше кандидатот. Тој вели дека власта во Струмица може да се пофали само со фабриките кои се донесени од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што немаат донесено ниту една инвестиција за струмичани. -Во деновите што следуваат вашата доверба ја бараме заради изградбата на новата булеварска инфраструктура која ќе ги поврзува граѓаните. Доверба заради изградба на современ градски пазар со можност повторно Струмица да го врати својот препознатлив изглед со своите квалитетни производи. На Струмица и е потребна заложба за модерното и извозно ориентирано земјоделско производство, потребни и се нови понуди за стопанските гранки, нови вработувања и подобар стандард за граѓаните, нови можности за културен и спортски живот, истакна Дрвошанов. Тој вели дека еден од приоритетите е Струмица да биде еколошки чиста без диви депонии кои го загрозуваат здравјето на граѓаните. -Мојот збор пред вас вечерва е силен и означува сигурна реализација на ветеното, сигурно решавање на проблемите. И затоа Ве повикувам да ни се придружите. Да ги посетите вашите пријатели и да ги потсетите дека на 17-ти октомври Струмица и Македонија се пред решавачки избор. На 17-ти октомври во Струмица бројот 7 да значи победа и создавање на нова иднина, посочи Жан Дрвошанов на митингот во Струмица вечерва.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/drvoshanov-novi-bulevari-nov-gradski-pazar-i-privlekuvanje-na-investicii-vo-strumica/feed/ 0
Дрвошанов во Струмица: Поевтина вода и трајни решенија на отпадот во Струмица https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/drvoshanov-vo-strumica-poevtina-voda-i-trajni-reshenija-na-otpadot-vo-strumica/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/drvoshanov-vo-strumica-poevtina-voda-i-trajni-reshenija-na-otpadot-vo-strumica/#respond Fri, 01 Oct 2021 12:18:25 +0000 https://kurir.mk/?p=571336

Нашата програма е направена во соработка со граѓаните како решение за конкретни проблеми. Нема да нудиме нереална програма со проекти кои никогаш нема да се остварат, вели кандидатот за градоначалник на Општина Струмица од ВМРО-ДПМНЕ, Жан Дрвошанов. Тој вели дека општина Струмица е пример за такви програми. Овде власта веќе 16 години ветува но, реално не остварува. -Наместо за огромни инвестиции и за грандиозни проекти, ние сите сме принудени како приоритети да ги бираме основните потреби на граѓаните, нешто незамисливо за 21 век. Проблемите се натрупуват врз грбот на граѓаните поради лажните ветувања. Откако ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата ќе победи на локалните избори, приоритет ќе добијат проекти кои навистина ги измачуваат граѓаните. Намалувањето на цената на вода за пиење е наша важна определба. Струмица е една од општините во кои граѓаните плаќаат многу скапа вода, а комуналните такси се високи, нагласува Дрвошанов. Посочува дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја намали цената на водата и цената на комуналните такси. Ресурсите ќе ги направиме еднакво достапни за сите. -Струмица има сериозни проблеми поради слабото чистење на ѓубрето додека јавното претпријатие има голем број на вработени. Затоа ние декларираме дека за 100 дена од нашата работа Струмица ќе биде чиста! Во програмата го предложивме проектот кого го нарековме ,,отпадот има вредност”. Општина Струмица на неколку локации ќе постави вендинг машини за рециклирање и конечно во консултација со граѓаните ќе ја разгледаме можноста за формирање на посебна депонија за рециклиран отпад со кој ќе управува посебно претпријатие кое ќе настане по преструктуирањето на ЈП Комуналец. Нашите топ проекти се поврзани со најважните проблеми на сограѓаните како поевтина вода и трајно решение за отпадот. Токму таквиот реален и чесен пристап кон вистинските проблеми е тоа што прави нашите понудени кадри и програмата да бидат фаворити на овие избори. Ги повикувам граѓаните на 17 Октомври да излезат масовно на изборите и да започне создавањето на нова иднина за Струмица, посочува Дрвошанов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/drvoshanov-vo-strumica-poevtina-voda-i-trajni-reshenija-na-otpadot-vo-strumica/feed/ 0
Ѓорѓиевски: Семејната фирма на Цветанка Иванова испумпала еден милон евра од општина Струмица преку тендери https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgjievski-semejnata-firma-na-cvetanka-ivanova-ispumpala-eden-milon-evra-od-opshtina-strumica-preku-tenderi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgjievski-semejnata-firma-na-cvetanka-ivanova-ispumpala-eden-milon-evra-od-opshtina-strumica-preku-tenderi/#respond Mon, 29 Jun 2020 11:38:57 +0000 https://kurir.mk/?p=364981

СДСМ го користи буџетот на општина Струмица за раздавање тендери на луѓе блиски до Заев, обвини на денешната прес-конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓеорѓиевски. Во продолжение ви ја пренесуваме интегрално целата прес-конференција на Ѓеорѓиевски: Зоран Заев и неговите наследници градоначалници на Струмица само на семејната фирма на Цветанка Иванова, ДИКОР ЦД ДООЕЛ, дале над 1 милион евра односно преку 70 – тина тендери од буџетот на општина Струмица. Бидејќи бев вчера прозван од градоначалникот на Струмица, ова што денес ќе го приложам пред медиумите се документите извадени од страницата на Бирото за јавни набавки од кои што јасно се гледа дека фирмата ДИКОР ЦД ДООЕЛ, која што е сопственост на синот на Цветанка Иванова, а претходно на нејзиниот сопруг, од општина Струмица, во период од 2009-та година до денес испумпала над 1 милион евра. Синот на Иванова, Зоран Иванов, кој е сопственик на ДИКОР ЦД ДООЕЛ, е исто така косопственик на Омни градба, заедно со Трајче Заев. Додека другите бизнисмени од Струмица, како што кажуваше Заев во снимката од „Едно евро за Вицето, едно за црквата“ плаќале по едно евро од квадрат кај Вице рекет, некој се богателе од буџетот кој што го полни и го полнеле струмичани, години наназад. Додека обичните фирми требало да платат рекет за да добијат било каква работа, државна или општинска, бизнис партнерите на Заеви нижеле милиони преку јавни набавки, и од обични административци, соработниците на Заев Заев станале милионери со доделување набавки без тендери на нивните семејни фирми. Времето во кое СДСМ го користеше буџетот за полнење на сметките на фирмите на луѓето бизнис партнери на Заеви наскоро завршува. Одговорност ќе има за сите, кои злоупотребиле функција и се богателе на сметка на нашиот и намачен македонски народ. Доаѓа време за одговорност. СДСМ изминатиов период покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и може повеќе порази за нашиот народ и нашата земја. Да ставиме сите заедно крај на оав виткање на кичмата. Време е Македонија да се исправи! Следува обновата на Република Македонија! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgjievski-semejnata-firma-na-cvetanka-ivanova-ispumpala-eden-milon-evra-od-opshtina-strumica-preku-tenderi/feed/ 0
„Јавното обвинителство да го испита криминалот во општина Струмица“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnoto-obvinitelstvo-da-go-ispita-kriminalot-vo-opshtina-strumica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnoto-obvinitelstvo-da-go-ispita-kriminalot-vo-opshtina-strumica/#respond Tue, 17 Dec 2019 13:52:18 +0000 https://kurir.mk/?p=278749

Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство да го испита криминалот во општина Струмица. Во продолжение го пренесуваме нивниот Фејсбук статус:  „Пред нецел месец јавноста по којзнае кој пат се увери дека со СДС корупцијата е застапена на сите нивоа на власт и во сите постапки кои имаат допир со пари, а една од поголемите појави е корупцијата во јавните набавки преку кои годишно се извлекуваат милиони, без никаква одговорност. Вчера премиерот од трибината во Борис Трајковски силно говореше во нешто во кое ниту сам верува, ниту пак, се залага на дело. Имено, тој гласно ги повика сите надлежни институции да се борат со криминалот и корупцијата, а одговорните да ги сносат последиците од својата неодговорност, но притоа не слушнавме како ќе реагираат надлежните органи, ниту пак, кој ќе ја сноси одговорноста за штетниот и апсурден тендер кој се обидоа да го протнат токму во неговата Струмица! Имајќи предвид дека со оваа власт тендерите се секогаш наместени и прилагодени спрема поединци и дека единствен начин за да се спречат големите малверзации е изнесувањето на јавните набавки во медиумите со цел да се изврши притисок, Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на склучениот договор на јавното претпријатие Комуналец од Струмица со приватна фирма, на која Комуналец ќе ù платеше 1.200.000 евра за чистење смет. Напоменуваме дека целта на реакцијата не беше само да се раскине договорот, туку во оваа држава одговорните да престанат да ја користат секоја дупка во законот за да си наместат некоја работа и конечно да одговараат за самоволието. Но, како и секогаш, така и сега, сите си ги измија рацете од одговорноста и конкретна реакција нема! И понатаму не постои никаква волја нешто да се смени и да се превземе одговорност. По патот по кој оди власта, а кого го нарекува „прав пат“ никогаш нема да стигнеме до силна правна држава. ВМРО-ДПМНЕ е одговорна партија и уште поодговорна опозиција која во интерес на сите граѓани на оваа држава будно ги следи и реагира на сите неправилности во функционирањето на власта, максимално залагајќи се да ја спречи секоја можна неправда која власта намерава да ја натовари на грбот на граѓаните! Од таа причина, уште еднаш го повикуваме Јавното обвинителство и сите надлежни институции да истражат колкава е штетата од овој апсурден договор, уште колку такви штетни договори се кријат од очите на јавноста, кој ќе ја превземе одговорноста и конечно, колкава ќе биде казната!? Редно време е тендерите во Струмица, но и во сите општини да престанат да завршуваат во фирми на блиски роднини на функционери и на исти фирми, како да не постојат и други! Одговорно работење не значи само признавање на грешките, туку и нивно прифаќање заедно со оставките кои мора да следуваат после секој обид за кражба на граѓаните“! -велат од Комисијата! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/javnoto-obvinitelstvo-da-go-ispita-kriminalot-vo-opshtina-strumica/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Општина Струмица изела и испила над 230.000 евра https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vmro-dpmne-opshtina-strumica-izela-i-ispila-nad-230-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vmro-dpmne-opshtina-strumica-izela-i-ispila-nad-230-000-evra/#respond Fri, 13 Dec 2019 12:13:45 +0000 https://kurir.mk/?p=277101

Општина Струмица ни докажа дека најслатко се јаде и пие кога плаќаат граѓаните. Според милионите евра потрошени за репрезентации, односно по кафани, ресторани и хотели, општина Струмица е рекордер, а не заостануваат многу ниту Струга, Прилеп, Битола и Ѓорче Петров, објавува Комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ. Жалната вистина дека додека лицата на власта се развозуваат со скапоцените автомобили - народот оди со искинати чвли, додека тие јадат со златни лажици - народот е со празен стомак, нималку не влијаела на апетитот на општина Струмица, па така таа за три години изела и испила повеќе од 230.000 евра. 2.2 милиони евра е сметката која народот ќе мора да ја плати за гозбите по угостителските објекти и фирми кои ги направиле општините. Со оглед на тоа пак, дека се наоѓаме во предизборен период, логички е да очекуваме да се интензивираат јавните заложби за домаќинско раководење со општинските буџети. Со тактиката дај му леб на народот еден месец, па пушти го да гладува до некоја наредна изборна година и некоја нова предизборна кампања, каишите си ги олабавиле за најмалку три копчиња. Само тие нека ни бидат здрави, сити и весели! Сепак, ја работат најодговорната работа - ни ја кројат судбината...а ние? Ние сме на тригодишна диета до 12ти април. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vmro-dpmne-opshtina-strumica-izela-i-ispila-nad-230-000-evra/feed/ 0
Почина струмичкиот стоматолог Томе Лазарев, поранешен директор на Општа болница- Струмица и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ Струмица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-strumichkiot-stomatolog-tome-lazarev-poraneshen-direktor-na-opshta-bolnica-strumica-i-poraneshen-pretsedatel-na-vmro-dpmne-strumica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-strumichkiot-stomatolog-tome-lazarev-poraneshen-direktor-na-opshta-bolnica-strumica-i-poraneshen-pretsedatel-na-vmro-dpmne-strumica/#respond Thu, 15 Aug 2019 09:57:24 +0000 https://kurir.mk/?p=229872

Синоќа на 53 години од својот живот ненадејно почина докторот Томе Лазарев. Познатиот струмички стоматолог Томе Лазарев беше активен во политичкиот и општествен живот на Струмица. Извршувал повеќе значајни функции како директор на Општа болница Струмица, Претседател на Општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ Струмица во периодот 2007-2009 година, а во периодот 2009- 2013 беше советник во Советот на Општина Струмица. Томе Лазаров е татко на две деца. Почитуваниот лекар, пријател и сограѓанин ќе биде погребан денеска во 14 часот во Струмица, пренесува Струмица денес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochina-strumichkiot-stomatolog-tome-lazarev-poraneshen-direktor-na-opshta-bolnica-strumica-i-poraneshen-pretsedatel-na-vmro-dpmne-strumica/feed/ 0