општина студеничани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 23 Nov 2021 18:11:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png општина студеничани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ТРИ МАЈКИ ЗАГИНАЛЕ ЗАЕДНО СО СВОИТЕ ДЕЦА ВО СТРАОТНАТА НЕСРЕЌА – сите биле од Студеничани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tri-majki-zaginale-zaedno-so-svoite-deca-vo-straotnata-nesrekja-site-bile-od-studenichani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tri-majki-zaginale-zaedno-so-svoite-deca-vo-straotnata-nesrekja-site-bile-od-studenichani/#respond Tue, 23 Nov 2021 18:11:50 +0000 https://kurir.mk/?p=598975

Градоначалникот на Општина Студеничани Азем Садику изјави дека од вкупниот број на загинатите сообраќајна несреќа во Бугарија, околу 20 лица се од населените места од оваа општина. Тој истакна дека како градоначалник ќе бара истрагата да оди до крај и да се најдат причините, посочувајќи дека владите на двете држави треба да работат на пронаоѓањето на причините за трагедијата. – Цела едно семејство: една мајка со четири деца и другата снаа со две деца се со потекло од селото Моране. Друга причина што сме тажни и немаме зборови како да ја искажеме нашата жалост е нашиот колега матичар кој што работи во Службата за матична евиденција во Скопје, кој со неговата сопруга загина. Имаме и учителка од училиштето „Наим Фрашери“ од Студеничани, исто така со малолетно дете загинаа. Има загинати и од Долно Количани, рече Садику. Садику потенцира дека според информациите што ги има, од седумте преживеани лица, четири се од Долно Количани. – Ова е една голема загуба за сите нас, за цела држава и во име на граѓаните на Општина Студеничани најпрвин на роднините на загинатите им изразувам длабоко сочувство, Господ да им даде сабр за да ја издржат оваа болка, починатите да бидат наградени со Џенет. Оваа голема болка, човек не може да најде зборови како да ја искаже жалоста и болката. Црн ден за целата држава, а посебно за нашата општина, рече Садику.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tri-majki-zaginale-zaedno-so-svoite-deca-vo-straotnata-nesrekja-site-bile-od-studenichani/feed/ 0
СТУДЕНИЧАНИ ЗАВИЕНО ВО ЦРНО – најмалку 20-на од загинатите се од ова место, меѓу нив семејство од 12 члена како и наставничка, матичар… https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studenichani-zavieno-vo-crno-najmalku-20-na-od-zaginatite-se-od-ova-mesto-megju-niv-semejstvo-od-12-chlena-kako-i-nastavnichka-matichar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studenichani-zavieno-vo-crno-najmalku-20-na-od-zaginatite-se-od-ova-mesto-megju-niv-semejstvo-od-12-chlena-kako-i-nastavnichka-matichar/#respond Tue, 23 Nov 2021 14:35:55 +0000 https://kurir.mk/?p=598883

Траорна атмосфера владее денеска во населените места во Општина Студеничани од каде што потекнуваат голем дел од загинатите во автобуската несреќа во Бугарија. Луѓето на сите страни зборуваат за трагедијата, сите жители се блиски и се познаваат меѓусебе и секој од нив со солзи во очите раскажува за настраданите и моментите кога утрово ја добиле веста, објавува 360 степени. Меѓу настраданите се наставничката по македонски јазик во основното училиште „Наим Фрашери“, Фикрие Исени (1982 г.), и нејзината малолетна ќерка (2007 г.) која учела во деветто одделение во истото училиште во селото Студеничани. Појдовме до училиштето. Нè пречекаа празни училници и тишина. Колегите на Фикрие и другарчињата на нејзината ќерка веста ја добиле рано утрово. Наставниците со кои разговаравме, со влажни погледи, раскажуваат дека ја прекинале наставата бидејќи во вакви услови било невозможно да ја одржуваат. Велат, овде секој со секого се знае и голем дел од учениците и вработените се роднини или пријатели со настраданите. „Околу 6:30 часот на Фејсбук прочитав за несреќата, но првично не знаевме кој загинал. Околу 10 часот дојде директорот на училиштето со список што го добил на жртви во несреќата и тогаш прочитавме дека меѓу нив е нашата колешка со нејзината ќерка. Меѓу учениците има нивни роднини и пријатели и од преголема вознемиреност ја прекинавме наставата“, едвај раскажуваше еден од колегите на Фикрие не можејќи да ги задржи солзите. Од селото Студеничани има уште две жртви, кои се од истата фамилија – Исени, како Фикрие и нејзината ќерка. Станува збор за Хамди Исени, кој работел како матичар во Општината, и неговата сопруга со која биле заедно на патувањето. Разговаравме и со колега на Хамди, секретарот на Општината, Бурханедин Нухиу, кој вели дека според неофицијалните информации околу 20 од настраданите се од оваа општина и има уште неколку кои се по потекло од таму, а се иселени. „Тешко е примена веста. Тешко е да се опише, Господ да им е на помош на семејствата“, вели секретарот на општината. Целата вест прочитајте ја ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/studenichani-zavieno-vo-crno-najmalku-20-na-od-zaginatite-se-od-ova-mesto-megju-niv-semejstvo-od-12-chlena-kako-i-nastavnichka-matichar/feed/ 0
ДПА остана без градоначалникот на Студеничани: Азем Садику премина во Алијанса за Албанците https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dpa-ostana-bez-gradonachalnikot-na-studenichani-azem-sadiku-premina-vo-alijansa-za-albancite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dpa-ostana-bez-gradonachalnikot-na-studenichani-azem-sadiku-premina-vo-alijansa-za-albancite/#respond Fri, 05 Nov 2021 12:23:04 +0000 https://kurir.mk/?p=591328

Градоначалникот на Студеничани од редовите на ДПА Азем Садику, премина во партијата Алијанса за Албанците. – Градоначалникот на Студеничани г-дин Азем Садику сега дел од големото семејство на Алијанса за Албанците. Нему му се приклучија и локални структури кои одбија да се пазарат со актуелната власт. Правото и чистото триумфираа!, објавија Алијанса за Албанците на Фејсбук. Садику истакнува дека ваквата одлука ја донел бидејќи бил предаден од неговиот актуелен лидер Мендух Тачи. -Прво ви кажувам дека останав во ДПА до крај, бев кандидат на ДПА и на изборите победив како кандидат на ДПА. За жал по првиот круг кога победив убедливо против кандидатот на ДУИ, лидерот на ДПА ме продаде многу евтино и се подготвија заедно со ДУИ да ја сменат волјата на Студеничани. Но, наидоа на клинец, иако државниот апарат беше силно ангажиран, со власта, со полицијата, но и покрај нив малку ги зголемија своите гласови со поддршка на Алијанса и со поддршка на граѓаните на Студеничани. Повторно победив на изборите, рече Садики.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dpa-ostana-bez-gradonachalnikot-na-studenichani-azem-sadiku-premina-vo-alijansa-za-albancite/feed/ 0
Советник од СДСМ по Конгресот: Се откажувам и повлекувам од мојата активност во ОО Студеничани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetnik-od-sdsm-po-kongresot-se-otkazuvam-i-povlekuvam-od-mojata-aktivnost-vo-oo-studenichani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetnik-od-sdsm-po-kongresot-se-otkazuvam-i-povlekuvam-od-mojata-aktivnost-vo-oo-studenichani/#respond Tue, 18 May 2021 14:01:33 +0000 https://kurir.mk/?p=512123

Нусрет Пашалиќ, советникот од редовите на СДСМ во општина Студеничани, по Конгресот на СДСМ се огласи на Фејсбук. -По успешно одржаниот 26 Конгрес на СДСМ се откажувам и повлекувам од мојата активност во ОО Студеничани, а во Советот на општината ќе работам и ќе се борам за интерес на мојот народ и моите граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sovetnik-od-sdsm-po-kongresot-se-otkazuvam-i-povlekuvam-od-mojata-aktivnost-vo-oo-studenichani/feed/ 0
ЛИДЕР открива скандали: Градоначалникот на Студеничани, Азем Садики, мести тендери од 260.000 евра? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lider-otkriva-skandali-gradonachalnikot-na-studenichani-azem-sadiki-mesti-tenderi-od-260-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lider-otkriva-skandali-gradonachalnikot-na-studenichani-azem-sadiki-mesti-tenderi-od-260-000-evra/#respond Thu, 19 Apr 2018 09:03:26 +0000 https://kurir.mk/?p=42984

Градоначалникот на општина Студеничани, Азем Садики кој доаѓа од ДПА, прави обид да намести јавна набавка со тоа што поставува непропорционални услови за исполнување на економска состојба, со цел ограничување на конкуренцијата на економските оператори со што ќе се елеминираат конкурентските компании кои сакаат да земат учество во оваа јавна набавка, откриваат документите до кои стигна ЛИДЕР. Во распишаниот оглас за јавна набавка за изградба, реконструкција, санација и тековно – инвестиционо одржување на водоводна и канализациона мрежа со проценета вредност од 6.000.000,00 денари без ДДВ. Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор што ќе учествува на овој јавен оглас мора да има минимален вкупен приход за последните три години од 150.000.000,00 денари, од кои минимален приход во една од последните три години 50.000.000,00 денари, пишува ЛИДЕР. Не постои пракса за проценета вредност на набавка од 6.000.000,00 денари да се бара вкупен приход од 150.000.000,00 денари. Со ова уште еднаш се потврдува целта на укинувањето на Советот за јавните набавки, а тоа е неконтролираното дефинирање на непропорционални услови во огласите за доделување на договори за јавни набавки со цел фаворизирање или ограничување на конкуренција меѓу економските оператори.

Втор дел на серијата од скандалозни тендери во општина Студеничани

Градоначалникот на Општина Студеничани, Азем Садики кој доаѓа од ДПА прави обид да намести јавна набавка со тоа што поставува непропорционални услови за исполнување на економска состојба, со цел ограничување на конкуренцијата на економските оператори со што ќе се елеминираат конкурентските компании кои сакаат да земат учество во оваа јавна набавка, откриваат документите до кои стигна Лидер. Во распишаниот оглас за јавна набавка за изградба, реконструкција, санација и тековно – инвестиционо одржување на патна мрежа на територија на oпштина Студеничани со проценета вредност од 10.000.000,00 денари без ДДВ период од две години. Минимум критериуми за утврдување на економската и финансиската состојба на економскиот оператор што ќе учествува на овој јавен оглас мора да има минимален вкупен приход за последните три години од 150.000.000,00 денари, од кои минимален приход во една од последните три години 50.000.000,00 денари, пишува ЛИДЕР. Не постои пракса за проценета вредност на набавка од 10.000.000,00 денари да се бара вкупен приход од 150.000.000,00 денари. Со ова уште еднаш се потврдува целта на укинувањето на Советот за јавните набавки, а тоа е неконтролираното дефинирање на непропорционални услови во огласите за доделување на договори за јавни набавки со цел фаворизирање или ограничување на конкуренција меѓу економските оператори, пишува порталот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lider-otkriva-skandali-gradonachalnikot-na-studenichani-azem-sadiki-mesti-tenderi-od-260-000-evra/feed/ 0