општина тетово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Aug 2023 11:23:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png општина тетово – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Реакција на Општина Тетово: Градскиот стадион да се користи само за фудбалски натпревари во Првата лига https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/reaktsija-na-opshtina-tetovo-gradskiot-stadion-da-se-koristi-samo-za-fudbalski-natprevari-vo-prvata-liga/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/reaktsija-na-opshtina-tetovo-gradskiot-stadion-da-se-koristi-samo-za-fudbalski-natprevari-vo-prvata-liga/#respond Thu, 17 Aug 2023 11:23:59 +0000 https://kurir.mk/?p=867847

Општина Тетово испрати реакција по вчерашното соопштение на ФК Тетекс во кое клубот посочи дека не им е дозволено користење на двата фудбалски стадиони и немањето резултати од повеќемесечни безуспешни обиди за договор со општината. Општина Тетово смета дека досега имале коректен однос со клубовите и нивната медиумска реакција била непотребна. За користење на стадионот имаат услов-кога клубовите ќе бидат во Прва лига. -Општина Тетово отсекогаш постапувала транспарентно и одговорно кога бил во прашање соживотот меѓу заедниците. Во оваа насока, реакцијата на двата фудбалски клуба во однос на користењето на спортските терени во нашиот град е јасно кршење на оваа традиција на транспарентност и одговорност. Нивната последна реакција беше сосема непотребна и неодржлива. Средба со претставници на клубовите имаше и се постигна јасен консензус. Градскиот стадион да се користи само за фудбалски натпревари во Првата лига на Северна Македонија и меѓународни фудбалски натпревари, но и за натпревари од особено значење, како на пример полуфинале и финале во Купот на Македонија. Од овој аспект, општина Тетово покажува решеност да гарантира дека овој стадион треба да биде опремен со сите потребни услови и стандарди, како еден модерен и функционален објект кој ќе ги исполни сите барања на спортска арена од високото ниво во нашиот град, се вели во соопштението на Општина Тетово. Од општината велат дека за сите клубови што не се во Прва лига дека ќе се уредат други терени. -За екипите кои настапуваат во пониските лиги, општината има јасен став: ќе се уредат и други терени опремени со сите потребни услови за спортски натпревари. Така, еден терен ќе се гради кај Спортскиот центар во градот, а друг во село Сараќино. Двата терени ќе бидат опремени со потребната инфраструктура, вклучително и соблекувална за тимовите и канцеларии за клубовите. Со овие чекори, Општина Тетово ја потврдува својата посветеност за унапредување на спортот на високо ниво, транспарентност и правда за сите заедници кои живеат во нашиот град, се вели во соопштението на Општина Тетово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/reaktsija-na-opshtina-tetovo-gradskiot-stadion-da-se-koristi-samo-za-fudbalski-natprevari-vo-prvata-liga/feed/ 0
Вработен во општина Тетово ќе одговара за „проневера во службата“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vraboten-vo-opshtina-tetovo-ke-odgovara-za-pronevera-vo-sluzhbata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vraboten-vo-opshtina-tetovo-ke-odgovara-za-pronevera-vo-sluzhbata/#respond Wed, 07 Jun 2023 20:00:06 +0000 https://kurir.mk/?p=843378

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.С.(40) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во текот на 2021 година, пријавениот, во својство на вработено лице во општина Тетово, противправно за себе присвоил мобилен телефон со вредност од 108.000 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vraboten-vo-opshtina-tetovo-ke-odgovara-za-pronevera-vo-sluzhbata/feed/ 0
Одбележан денот на Општина Тетово https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/odbelezhan-denot-na-opshtina-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/odbelezhan-denot-na-opshtina-tetovo/#respond Fri, 03 Mar 2023 15:36:28 +0000 https://kurir.mk/?p=807713

Советот на Општина Тетово денеска ја одржа свечената седница по повод 3 Март Денот на Општина Тетово. По тој повод пригодно обраќање имаше градоначалникот на Тетово Биљал Касами. Потоа награди и признанија им се доделија на истакнати 50-тина поединци, клубови, организациии и правни лица во знак на благодарност за постигнатите резултати во разни области од секојдневниот живот и дадениот особен придонес за афирмацијата на градот Тетово. -На овој празничен ден дефинитивно сакам да го истакнам придонесот на сите чинители на општественото живеење кои на нашата посветеност и дадоа сила и вистинска волја за промена и развој. Ветерани во образованието, личности од различни сфери, прекрасни пожарникари, одлични успешни ученици, студенти, спортисти, луѓе од уметноста и културата се неоспорната вредност на нашиот заеднички живот. Тие се нашата гордост и инспирација и волја да чекориме по патот на напредокот, порача во свеченото обраќање градоначалникот Касами. Тетово го одбележува 3 март 1992 година кога беше формиран првиот повеќепартиски совет, со што беше означен почетокот на промена на општествениот систем на локално ниво. -Денот на општината е прослава на демократијата и суштинска отвореност кон граѓаните. Тоа е прослава што го одбележува заедничкиот граѓански ангажман и негување на демократските вредности, транспарентност, отчетност и учество на сите општествени чинители во креирањето на јавните политики на доброто на сите граѓани, порача Касами. На одбележувањето со свои музички точки настапија и учениците на Државното музичко училиште „Тодор Скаловски-Тетоец“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/odbelezhan-denot-na-opshtina-tetovo/feed/ 0
Доцни изградбата на пречистителната станица за отпадни води за Тетово https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dotsni-izgradbata-na-prechistitelnata-stanitsa-za-otpadni-vodi-za-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dotsni-izgradbata-na-prechistitelnata-stanitsa-za-otpadni-vodi-za-tetovo/#respond Wed, 08 Feb 2023 13:30:16 +0000 https://kurir.mk/?p=797933

Општина Тетово во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање организираше јавна дебата на тема „Изградба и реконструкција на колекторски и канализациски системи и изградбата на пречистителна станица за отпадни води во Тетово“. На дебатата, претставниците на надлежните институции елаборираа зошто сè уште неизградената станицата, а експертите објаснија за влијанието врз животната средина на тој систем. Проектот за изградба на пречистителна станица започна во 2019 година кога на просторот каде требаше да биде изградена се отстранија илјадници тони складиран смет. Тогашната локална самоуправа и Министерствата најавија дека системот треба да биде готов до 2022 година. Според Хисен Џемаили, директор на Управата за животна средина при Министерството за животна средина оваа година треба да почне градбата на пречистителна станица. -Ние се надеваме дека до крај на април или почеток на јуни дека ќе почне овој процес и планираме да трае три години затоа што е голем проект. Оваа станица е планирана да ги опфати населените места во полошкиот дел, урбаното место на Тетово, селата Порој, Џепчиште, Мала Речица, Голема Речица, Фалише со станица во близина на Фалише и со тоа ќе се заокружи целиот овој дел. Во иднината Министерството за животна средина и просторно планирање изготвува проекти за филтер станици и во населените места во планинскиот дел и со тоа ќе се заокружи целиот концепт на пречистителни станици во Општина Тетово, рече Хисен Џемаили. На прашањата зошто се доцни со изградбата, тој вели дека е поради процесот на експропријација на земјиште. Допрва треба да се доградуваат и канализациски мрежи во делови од Тетово и неколкуте села затоа што имаат септички јами. -Се работи за многу земјиште и парцели што треба да се експроприират. Имаше процес на експропријација, беше предвидено да се гради, едно време беше натрупано со отпад, требаше да се обезбедат средства да се исчисти, тоа е исчистено, почната процедура за експропријација, имаше неколку процедури и тоа беше причина што доцни реализацијата, истакна Хисен Џемаили. Марјан Михајлов, консултант за животна средина рече дека станицата е проектирана за 95 илјади жители со можност за нејзино проширување и зголемување. Проектирана е да ги постигне граничните вредности за испуштање на пречистени отпадни води во реципиент. -Студијата врши оценка на она што е предвидено како проект врз основа на воспоставување на основната состојба за животна средина. Ќе се земаат предвид аспектите на воздух, миризба, што е еден од карактеристичните аспекти на овој тип на проект, бучава, отпад, биодиверзитет, карактеристични аспекти кои се анализираат и како генерален заклучок е, онака што е предвидено, самиот проект за собирање и третман на отпадни води нема значително влијание врз животната средина, секако доколку се изведе онака како што е предвидено. Во рамките на оценката земено е предвид и направени се моделирања на миризба со оглед на локацијата и во однос на другите аспекти, предвидена е програма која вклучува низа на мерки заштита кои се инженерски и кои се предвидени во самиот проект, истакна Михајлов. Старата тетовска депонија во близина која се расчистуваше во 2019 година е местото предвидено за пречистителна станица за отпадни води. Расчистувањето на депонијата се направи со финансирање од Владата на Кралството Норвешка. За градење на пречистителната станица, два колектори и нови канализациски мрежи добиени се средства од ИПА фондовите во висина од 30 милиони евра. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dotsni-izgradbata-na-prechistitelnata-stanitsa-za-otpadni-vodi-za-tetovo/feed/ 0
Општина Тетово ќе одвои еден милион денари помош за подрачјата погодени од земјотрес во Турција и Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/opshtina-tetovo-ke-odvoi-eden-milion-denari-pomosh-za-podrachjata-pogodeni-od-zemjotres-vo-turtsija-i-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/opshtina-tetovo-ke-odvoi-eden-milion-denari-pomosh-za-podrachjata-pogodeni-od-zemjotres-vo-turtsija-i-sirija/#respond Tue, 07 Feb 2023 14:19:02 +0000 https://kurir.mk/?p=797333

На денешната деветта вонредна седница Советот на Општина Тетово одлучи одвои финансиски средства како помош за подрачјата кои беа погодени од земјотрес во Турција и Сирија. Присутни на седницата беа 29 советници и сите гласаа дека ја прифаќаат оваа одлука. -Во координација со претставниците на политичките партии застапени во Советот одлучивме да се одвојат еден милион денари (околу 16.000 евра) за земјите што се погодени од земјотреси, констатираше на седницата Бесар Дурмиши, претседател на Советот на Општина Тетово. Воедно сите 29 советници ја поддржаа предлог одлуката за формирање на Комисија за следење на постапката за собирање и доставување на помош на местата опфатени до земјотресот. Ќе определат места каде граѓаните ќе можат да остават материјални помош, а ќе се разгледа и опцијата за отворање на жиро-сметка за да можат и жителите да донираат парични средства за помош. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/opshtina-tetovo-ke-odvoi-eden-milion-denari-pomosh-za-podrachjata-pogodeni-od-zemjotres-vo-turtsija-i-sirija/feed/ 0
Ќе се уредуваат нови места каде ќе се наплаќа паркинг во Тетово https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kje-se-ureduvaat-novi-mesta-kade-kje-se-naplakja-parking-vo-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kje-se-ureduvaat-novi-mesta-kade-kje-se-naplakja-parking-vo-tetovo/#respond Tue, 04 Oct 2022 11:57:27 +0000 https://kurir.mk/?p=740869

Јавното претријатие „Градски паркинг” Тетово најави дека ќе се уредуваат две локации во градот каде во иднина ќе се наплаќа паркирањето. Од претријатието ги повикаа граѓаните додека се извршуваат активностите за уредување на локациите да не ги паркираат возилата, затоа што во спротивно ќе бидат отстранети со возило на ткн. пајак служба. -Утре 05.10.2022 година ( среда) од 7:00 часот ќе започне чистење и уредување на паркингот спроти О.У “Лирија” . На ден 06.10.2022 година( четврток) ќе се врши уредување и чистење на паркингот позади Ресторан “Боката”. Се замолуваат граѓаните додека се работи на терен да не ги паркираат возилата, во спротивно ќе бидат отстранети со пајак служба. Работиме за подобар ред во паркирањето во градот и поголема безбедност за сите, соопштија од ЈП „Градски паркинг” Тетово. Од почеток на октомври општина Тетово почна да го наплаќа зонското паркирање на три нови паркинг зони во градот, на улицата „Страшо Пинџур”, комплекс „Ловец” и на улицата „120а” кај зелениот пазар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kje-se-ureduvaat-novi-mesta-kade-kje-se-naplakja-parking-vo-tetovo/feed/ 0
ОИК Тетово ги додели уверенијата на новите членовите на советот на Општина Тетово https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/oik-tetovo-gi-dodeli-uverenijata-na-novite-chlenovite-na-sovetot-na-opshtina-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/oik-tetovo-gi-dodeli-uverenijata-na-novite-chlenovite-na-sovetot-na-opshtina-tetovo/#respond Thu, 25 Aug 2022 11:49:34 +0000 https://kurir.mk/?p=723762

Општинската изборна комисија Тетово денеска ги додели уверенијата за новоизбраните советници по вонредните избори за членови на Совет на 20 август. На изборите за членови на Советот на Општина Тетово од 84.071 граѓанин со право на глас, гласале од 29.690 избирачи или 35,31%. -На изборите за членови на Советот на Општина Тетово, Движење Беса има најмногу 12 советници, ДУИ има 11 советници, ВМРО-ДПМНЕ има четири советници, СДСМ двајца и по еден советник имаат ДПА и Алтернатива. Другите кандидатски листи немаат доволно гласови за советници, изјави Назми Даути, секретар на ОИК Тетово. Во изјави за медиумите дел од советниците посочија дека се уште е рано да се зборува за формирање на мнозинство. -Ќе работиме во интерес на граѓаните на Тетово во реализација на програмата и проектите кои ги ветивме на граѓаните. Се надевам дека деновиве ќе се знае мнозинството и мислам дека во законскиот рок ќе го дознаете и мнозинството. Во Тетово опозицијата на централно ниво, победи на локално ниво. Опозицијата го има мнозинството, се надевам дека тоа мнозинство ќе расте и дека нема да имаме кочници од другите политички партии, изјави Ангел Карапетров од ВМРО ДПМНЕ. -Секогаш сме подготвени како политички субјект кој има мнозинство, во сегашниот совет да биде конструктивен и со другите политички партии кои имаат легитимноста. Со другите зборови оние политички партии кои го имаат добиено мнозинството во македонскиот политички блок секогаш ние треба да покажеме конструктивност за да го почитуваме одлуката на народот, изјави Беса Кадриу од Движење Беса. Од советничката група на ДУИ сметаат дека според резултатите ќе бидат опозиција во Советот. -Ќе бидеме една силна опозиција со СДСМ, ДПА и со Алтернатива. На новото мнозинство во Советот на Општината му посакуваме многу успеси во тој случај. Сакам да ве уверам дека ДУИ ќе биде конструктивна политичка сила. Ќе поддржиме сите проекти за доброто на граѓаните и ќе ги поддржиме иницијативите за добро на градот, изјави Лиридон Диша од ДУИ. Советот на Општина Тетово има 31 советник. Според законските прописи од денот на доделување на уверенија има рок од 20 дена да се свика конститутивна седница.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/oik-tetovo-gi-dodeli-uverenijata-na-novite-chlenovite-na-sovetot-na-opshtina-tetovo/feed/ 0
Николоски од Тетово:Програмата на ВМРО-ДПМНЕ за Тетово води кон подобра инфраструктура, вложување во екологијата како и решавање на проблемот со водоснабдувањето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-od-tetovo-programata-na-vmro-dpmne-za-tetovo-vodi-kon-podobra-infrastruktura-vlozuvanje-vo-ekologijata-kako-i-reshavanje-na-problemot-so-vodosnabduvanjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-od-tetovo-programata-na-vmro-dpmne-za-tetovo-vodi-kon-podobra-infrastruktura-vlozuvanje-vo-ekologijata-kako-i-reshavanje-na-problemot-so-vodosnabduvanjeto/#respond Thu, 11 Aug 2022 12:41:08 +0000 https://kurir.mk/?p=717111

Денес сме во Тетово, во посета, прво тука на црквата Св. Кирил и Методиј, а после тоа и да се сретнеме и со луѓето, сите кои што сакаат да поразговараат, во текот на вечерните часови исто така ќе имаме средби. Би сакал да ја поздравам иницијативата „Го сакам Тетово“ која што овие два дена организира и концерти, којшто се навистина, вчера беа масовно посетени, а очекувам и вечерва да има масовна посетеност. Така што во рамки на овие посети се обидуваме да поразговараме со луѓето за нивното секојдневие, за нивните проблеми. Изборите за советници во Тетово даваат добра можност да можеме да уште еднаш поразговараме со луѓето и да ги видиме нивните барања и нивните проблеми, изјави денеска за медиумите потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Тој истакна дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ е веќе поделена низ градот Тетово. - Таму имаме конкретни мерки за подобрување на инфраструктурата, понатака вложување во екологијата пред се во развој на паркови и создавање на голем градски парк, понатака решавање конечно на проблемот со водоснабдувањето и бројни други проблеми со кои што се соочуваат тетовчани. Секако тука се и економските предизвици коишто и не се секогаш во надлежност на советот да може советот да помага, а овие локални избори мислам дека ќе се и вовед во предвремени парламентарни избори.Очекувам околу ВМРО-ДПМНЕ да се обединат што поголем број на граѓани да дадат доверба на ВМРО-ДПМНЕ со цел да можат да се реализираат бројни проекти. Ние нема да сме скромни и ќе кажам дека очекуваме да имаме најмалку 6 советници во советот коишто ќе бидат клучни при одредувањето на мнозинството во советот и ќе ја одредат идната патека на градот Тетово и на општината Тетово, појасни Николоски. Тој очекува во овие рамки да се движат и следните девет дена до завршувањето на кампањата и до изборите кои што се на 20 август. - Повторувам, мислам дека овие избори ќе се многу значајни и во делот на иницирање на предвремени парламентарни избори, особено во услови на покрај национално понижување кое што се случува на Македонија пред се со бугарскиот договор, веќе извесно економско опустошување. Првите сметки почнаа да стигаат со новите цени, мислам тука на електричната енергија и се далеку поголеми од тие 13% кои што Владата ги најави дека ќе е покачувањето, а за фирмите се зголемени за 300 до 500%, значи за 3 до 5 пати се зголемени цените за електрична енергија. Ако некоја фирма на пример плаќала 5.000 евра за електрична енергија, сега плаќа помеѓу 15 и 25.000 евра за електрична енергија што ги носи фирмите кон колапс и кон возможно затварање на истите, да не зборувам за другите економски проблеми кои што и престојат на Македонија. Така што во такви услови овие избори во Тетово мислам дека се резултатот кој што ќе го покажат ќе бидат силен вовед во предвремени парламентарни избори, додаде Николоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-od-tetovo-programata-na-vmro-dpmne-za-tetovo-vodi-kon-podobra-infrastruktura-vlozuvanje-vo-ekologijata-kako-i-reshavanje-na-problemot-so-vodosnabduvanjeto/feed/ 0
Петрушевски со повик до тетовчани: На 20-ти август сите за број 2, за ВМРО-ДПМНЕ, за Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrushevski-so-povik-do-tetovchani-na-20-ti-avgust-site-za-broj-2-za-vmro-dpmne-za-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrushevski-so-povik-do-tetovchani-na-20-ti-avgust-site-za-broj-2-za-vmro-dpmne-za-makedonija/#respond Tue, 09 Aug 2022 20:42:25 +0000 https://kurir.mk/?p=716262

На Македонија и е потребно Тетово, на ВМРО-ДПМНЕ му е потребно Тетово. Тетово каде ќе се реализираат инфраструктурни проекти, за кои гарант ќе биде нашата советничка листа со носителот Ангел Карапетров, вели пратеникот Бране Петрушевски. -Тетовчани, ве повикувам на 20ти август сите за број 2, за ВМРО-ДПМНЕ, за Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petrushevski-so-povik-do-tetovchani-na-20-ti-avgust-site-za-broj-2-za-vmro-dpmne-za-makedonija/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во локалните избори во Маврово Ростуше и Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kje-uchestvuva-vo-lokalnite-izbori-vo-mavrovo-rostushe-i-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kje-uchestvuva-vo-lokalnite-izbori-vo-mavrovo-rostushe-i-tetovo/#respond Wed, 20 Jul 2022 12:11:16 +0000 https://kurir.mk/?p=707918

Ние ќе учествуваме, кандидат е доктор Мевмед Џафери, членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е почитуван човек, родител, семеен човек итн. Мислам навистина е почитуван човек во средината таму и очекуваме дека ќе победи убедливо, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во локалните избори во Маврово Ростуше. Мицкоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува исто така и на локалните избори во Тетово за Совет. - Исто така имаме и своја листа и на локалните избори во Тетово за Совет кои што исто така ќе се случат на 20-ти август. А, и очекуваме бројот на советници да го зголемиме според последните мерења на јавното мислење, појасни Мицкоски. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека се надева дека изборите во Маврово Ростуше ќе успеат бидејќи во тој период многу печалбари се враќаат тогаш. - Се надеваме дека ќе успееме да ги анимираме тие луѓе да излезат да гласаат и да го дадат својот глас за Мевмед Џафери, рече Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kje-uchestvuva-vo-lokalnite-izbori-vo-mavrovo-rostushe-i-tetovo/feed/ 0