општина вевчани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 28 Jul 2023 12:31:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png општина вевчани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кочовски: Во изградба се две нови улици во Вевчани, и извршена е една реконструкција https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kochovski-vo-izgradba-se-dve-novi-ulitsi-vo-vevchani-i-izvrshena-e-edna-rekonstruktsija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kochovski-vo-izgradba-se-dve-novi-ulitsi-vo-vevchani-i-izvrshena-e-edna-rekonstruktsija/#respond Fri, 28 Jul 2023 12:31:22 +0000 https://kurir.mk/?p=861132

Општина Вевчани во своите градежни активности реши да ги насочи према изградба на нови и реконструкција на постоечката патна инфраструктура во Вевчани. За таа намена се обезбедени средства, веќе во изградба се две улици во Вевчани и една целосно нова и реконструкција на една од поглавните улици во Вевчани која води од центарот према Здравствениот Дом и училиштето и градинката во Вевчани, истакна Спасе Кочовски, градоначалник на општина Вевчани. -Активно работиме на обезбедување проекти и ги следиме повиците на фондовите во државата, припремаме проекти и за таа намена обезбедени се 40 милиони денари, за изградба и реконструкција на нови патишта и постоечките. И сметаме дека најпотребно во овој момент е изградба на таа патна инфраструктура бидејќи општина Вевчани е заокружена, имаме нова училишна зграда реконструирана скоро 80% и градинка и сега дојдено е време да ги реконструираме постоечките улици во Вевчани. Сакаме да ги изградиме најмодерни градежни стандарди, значи цела електрична и комуникациона мрежа оди под земја, осветлувањето е со канделабри, моментално се наоѓаме на таква изградена улица, која ја изградивме пред 2 месеци, со најмодерни градежни стандарди, додава Кочовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kochovski-vo-izgradba-se-dve-novi-ulitsi-vo-vevchani-i-izvrshena-e-edna-rekonstruktsija/feed/ 0
Мицкоски: За еден годишен мандат владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе реалоцира 4 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти во општина Вевчани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-za-eden-godishen-mandat-vladata-na-vmro-dpmne-ke-realotsira-4-milioni-evra-za-infrastrukturni-i-kapitalni-proekti-vo-opshtina-vevchani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-za-eden-godishen-mandat-vladata-na-vmro-dpmne-ke-realotsira-4-milioni-evra-za-infrastrukturni-i-kapitalni-proekti-vo-opshtina-vevchani/#respond Fri, 28 Jul 2023 12:05:13 +0000 https://kurir.mk/?p=861123

Многу е важно кога и една ваква мала општина каква што е Вевчани успева со свои сили, со средствата кои што ги собира во својот буџет, скромни средства морам да признаам, но и она кое што го добива од разно разни фондови, агенции, па и донации би рекол да реализира проекти кои се исклучително важни за потребите на граѓаните овде во Вевчани, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ. -И тоа многу ги охрабрува луѓето кога ќе видат дека се работи, кога ќе видат дека луѓето се трудат, кога градоначалникот заедно со администрацијата, заедно со советниците и Советот, и покрај лимитираните можности сепак наоѓаат начин како да обезбедат метар плус асфалт, како да обезбедат ново реновирано детско катче, ново реновирано училиште итн. Јас ја користам оваа прилика и на Спасе, на советниците и на администрацијата и на сите овде кои што се дел од оваа успешна приказна да им честитам и да ги охрабрам во периодот кој што следи да продолжат на ваков начин да реализираат проекти, бидејќи наскоро од денеска ќе биде Влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, рече Мицкоски од Вевчани и додаде: „И таа влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата има предвидено годишно да издвојува до милион евра од буџетот и да ги реалоцира за потребите на општина Вевчани, за инфраструктурни проекти и проекти кои што ќе значат дополнителна вредност за граѓаните во Вевчани, или за еден годишен мандат тоа се до 4 милиони евра. Така што го охрабрувам и градоначалникот и администрацијата да сработат што е можно повеќе проекти за овие неколку месеци во периодот кој што претстои за да може веднаш следната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата веднаш после направениот ребаланс од буџетот реалоцира средства и да се сработат овие проекти“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-za-eden-godishen-mandat-vladata-na-vmro-dpmne-ke-realotsira-4-milioni-evra-za-infrastrukturni-i-kapitalni-proekti-vo-opshtina-vevchani/feed/ 0
Општина Вечани работи на сертификација на зелени бизниси https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-vechani-raboti-na-sertifikatsija-na-zeleni-biznisi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-vechani-raboti-na-sertifikatsija-na-zeleni-biznisi/#respond Tue, 04 Apr 2023 14:59:07 +0000 https://kurir.mk/?p=820138

Претставници на Општина Вевчани, Мед, Фармахем, Mustseedonia и бизнис секторот денеска имаа работилница за сертификација на зелени бизниси. Активноста, во која во фаза на оценување се неколку бизниси за сертификација, е дел од процесот Green Destinations, во кој Вевчани минатата година влезе во 100-те успешни приказни за зелена дестинација. За нашата општина, како една од најпосетуваните туристички дестинации во Македонија, добивањето на вакво признание е од големо значење. Ни дава голема мотивација да работиме кон подобрување на критериумите за зелена дестинација, кон поголем развој и поголеми туристички придобивки, поголема вклученост на локалното население и локалните бизниси, како и поголем економски развој на општината, истакна градоначалникот Спасе Кочовски. Со изборот за Green Destinations, додаде, се препознаваат природните убавини на Вевчани, кое е заштитено подрачје, се поттикнува развојот на одржливиот туризам и поголема вклученост на бизнис секторот, кој е директно поврзан со туризмот во оваа дестинација. Придобивките од овој процес, нагласи Кочовски, ќе ги чувстувува целата општина, а дестинацијата ќе биде едно препознатливо искуство за сите посетители. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-vechani-raboti-na-sertifikatsija-na-zeleni-biznisi/feed/ 0
Општина Вевчани најави изградба на нов енергетски ефикасен систем за греење во Детската градинка и реконструкција на повеќе улици https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-vevchani-najavi-izgradba-na-nov-energetski-efikasen-sistem-za-greenje-vo-detskata-gradinka-i-rekonstrukcija-na-povekje-ulici/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-vevchani-najavi-izgradba-na-nov-energetski-efikasen-sistem-za-greenje-vo-detskata-gradinka-i-rekonstrukcija-na-povekje-ulici/#respond Mon, 28 Nov 2022 14:42:24 +0000 https://kurir.mk/?p=767687

Општина Вевчани во соработка со Центарот за развој на Југозападниот плански регион, подготвува предлог проекти за обезбедување финансиски средства за реконструкција на дел од улицата Трафо-Бубаној-Смолјеца и изградба на нов систем за греење во детската градинка „Планински цвет“, информираше градоначалникот Спасе Кочовски. Тој посочи дека со директорката на Центарот за развој на Југозападниот плански регион, Мирјана Лозаноска, ја утврдиле динамиката за реализација на одобрените проекти во рамките на програмата за рамномерен регионален развој за 2022 со индикативно планирани средства за 2023 година. Според тоа, деновиве треба да отпочнат постапки за реализација на градежни работи за изградба на улицата Попој-Млака и реконструкција на кујната во детската градинка „Планински цвет“. -За следната година, предвидена е изградба на нов енергетски ефикасен систем за греење на објектот на Детската градинка, со цел замена на котелот на течно гориво со нови енергетски ефикасни топлотни пумпи воздух-вода, како и поставување нов систем за вентилација на занималните со рекуператори со кој ќе се овозможи обезбедување на неопходниот свеж воздух, без отворање на прозорци, истакна Кочовски. Тој додаде дека се обезбедени финансиски средства за реализација на неколку инфраструктурни проекти следната година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-vevchani-najavi-izgradba-na-nov-energetski-efikasen-sistem-za-greenje-vo-detskata-gradinka-i-rekonstrukcija-na-povekje-ulici/feed/ 0
Општина Вевчани дел од листата на најдобрите сто приказни за зелени дестинации https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-vevchani-del-od-listata-na-najdobrite-sto-prikazni-za-zeleni-destinacii/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-vevchani-del-od-listata-na-najdobrite-sto-prikazni-za-zeleni-destinacii/#respond Mon, 17 Oct 2022 08:57:41 +0000 https://kurir.mk/?p=746318

Општина Вевчани соопшти дека со проектот за развој на одржлив туризам „Vevcani Green” е вклучена во натпреварот сто прикзани за зелени дестинации Top 100 Good Practice Stories на Green Destinations. Секоја година, натпреварот собира одржливи туристички приказни и добри практики од дестинации ширум светот за да бидат споделени како инспиративни примери, а дестинациите добиваат признание за решенијата што ги имплементирале како одговор на предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Со оглед на тоа што туристичкиот сектор се соочува со многу предизвици во изминатите години, треба да се слави издржливоста и напорната работа на овие дестинации да станат поодговорни. Вевчани претставува еколошки и геолошки уникатен локалитет со силно негувана традиција, култура и природни богатства. На планината Јабланица има шуми кои имаат особено високи природни вредности. Дополнително, Вевчанските извори, кои се наоѓаат на надморска височина од 960 метри, составени од седум помали извори кои се спојуваат и го сочинуваат текот на реката Матица (Вевчанска Река), како и пештерата од која извираат, се вистинска реткост на оваа мала заедница. Општина Вевчани е управител на заштитеното подрачје Споменик на природата „Вевчански извори” за што има изработено план за управување по кој постапува управителот. Како мала општина, Вевчани се соочува со предизвици за спроведување на плановите поради недостиг на човечки и финансиски капацитети. За таа цел, програмата за зачувување на природата, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, координирана од Фармахем и МЕД почна со воведување концепт за плаќање на екосистемски услуги како еден од начините за обезбедување финансиска одржливост на заштитените подрачја. Одржливиот туризам беше препознаен како дејност која обединува неколку екосистемски услуги во околината на Вевчани. Токму затоа се дојде до идеја дека шемата за плаќање за екосистемски услуги ќе се развие со помош на туризмот во Вевчани. Здружението за одржлив развој и одговорни практики во туризмот, „Мастсидониа“, воедно и претставници на Green Destinations за Македонија, работи со општината и локалната заедница, и особено бизнисите од туристичкиот сектор, на нивно образование, обука и вклучување во методите и практиките на одржлив туризам преку програмите на Green Destinations. На овој начин, се поттикува развојот на општина Вевчани како прва одржлива дестинација во Македонија, модел кој ќе послужи како инспирација и ќе се преслика на други дестинации низ државата. Преку создавање на платформа и визуелен идентитет за промоција на Вевчани како одржлива дестинација, како и креирање на “зелени продукти” значително ќе се подобри квалитетот и имиџот на самата дестинација, како и видливоста и интересот на одговорните посетители. Апликацијата беше оценета од страна на Топ 100 тимот составен од експерти и партнери на Green Destinations. Комитетот на Топ 100 нагласува дека изборот на листата Топ 100 не значи дека дестинацијата е одржлива, туку дека е избрана врз основа на минимално ниво на усогласеност со основните критериуми на Green Destinations стандардот и проценката на нивната практика за одржлив развој. Натпреварот се одржува под покровителство на Топ 100 партнерство, со посебен придонес од: Green Destinations, QualityCoast, Travelife, ITB Berlin, Asian Ecotourism Network, Ecotourism Australia, Global Ecotourism Network, Sustainable First, GLP Films, и Future of Tourism Coalition. Приказната „Vevcani Green“ и целата листа Top 100 Good Practice Stories за 2022 година е достапна на веб-страницата на Green Destinations. Green Destinations е организација со седиште во Холандија која работи на проценка, градење капацитети и сертификација на дестинации и бизниси посветени на одржлив туризам.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-vevchani-del-od-listata-na-najdobrite-sto-prikazni-za-zeleni-destinacii/feed/ 0
Кочовски: Вевчани доби мултикултурен центар, започната е иницијатива за изградба на повеќенаменско спортско игралиште https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kochovski-vevchani-dobi-multikulturen-centar-zapochnata-e-inicijativa-za-izgradba-na-povekjenamensko-sportsko-igralishte/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kochovski-vevchani-dobi-multikulturen-centar-zapochnata-e-inicijativa-za-izgradba-na-povekjenamensko-sportsko-igralishte/#respond Wed, 23 Feb 2022 12:48:47 +0000 https://kurir.mk/?p=635434

„Градоначалниците од СДСМ го преспаа целиот свој мандат, се разбудија два месеци пред одржувањето на локалните избори, раскопаа по некоја улица, а со надеж дека ќе добијат глас повеќе. Граѓаните го препознаа неработењето нивно и ги казнија на последните локални избори. За разлика од нив, ние почнавме со работа од првиот ден“, истакна Спасе Кочовски, градоначалник на општина Вевчани на регионалниот отчет „Промени што носат иднина - 100 дена локална власт отчет на ВМРО-ДПМНЕ“. Кочовски додаде дека кога стапил на функција градоначалник на општина Вевчани била нефункционална и приватизирана општина, општина во целосна функција на личните интереси на претходниот градоначалник и партијата. Затекнал демотивирана и деградирана општинска администрација. Долг од на 2.5 милиони денари. Ниту еден проект кој го имале започнато не е целосно завршен иако за тоа имале време. „Ние ја отворивме општината за секој еден граѓанин без разлика на неговата партиска припадност. Ја забрзавме динамиката на проектите кои ги затекнавме. Во изминатиов период ги реализирав следниве активности и проекти: • Во тек е постапка за доделување на договор за јавна набавка за партерно уредување на просторот околу мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ Вевчани. • Започната е иницијатива за подготовка на документација за реконструкција на кујната во детската градинка „Планински цвет“ Вевчани. • Во тек е изградба и реконструкција на 5 локални улици во Вевчани кои ќе се реализираат во 2022 година. • Отпочнавме постапка за изработка на техничка документација за изградба и реконструкција на локални улици. • Подготовка на техничка документација за реконструкција на локални улици во рамките на проектот за поврзување на локални патишта. • Го саниравме и решивме проблемот со каналот за наводнување на заобиколницата на потегот од фабрика „Вевчанка“ до Здравствен дом. • Со изградба на бетонски канал го решивме проблемот со пропустите за вода на пристапниот пат кој води до земјоделско земјиште „Зодишта“. • Во тек е изградба на 4 канализациски линии во Вевчани, овие канализации се градат од програмата на ТАВ за инфраструктурни проекти. • Отпочната е постапка за изработка на техничка документација за реконструкција (бетонирање) на главните канали за наводнување во урбаниот опфат на Вевчани. • Започната е иницијатива за изградба на повеќенаменско спортско игралиште во Вевчани. • Санирани се мостовите и осветлувањето по кејот на Вевчанска река. • Поправено е целото осветлување во заштитеното подрачје Споменик на природата „Вевчански извори“. • Почната постапка за донесување на нов урбанистички план за Вевчани. • Донесовме програма за финансирање на проекти од локален интерес во културата во општина Вевчани и започна нејзината реализација преку поддршка на Василичасрите друштва, поддршка на културно уметничкото друштво „Дримкол“ Вевчани, поддршка на самостојни уметници. • Во соработка со МЕД, а преку проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), објавен е јавен повик за финансиска поддршка за развој на одржлив туризам во заштитеното подрачје Споменик на природта (СП) „Вевчански извори“. Кочовски се осврна и на проекти кои треба да се реализираат до крајот 2022 година. Според него ќе се работи на изработка на техничка документација за реконструкција и изградба на улици, ќе се донесе нов урбанистички план на Вевчани. Се предвидува да се започне и со пробивање и чистење на полски и шумски патишта, ќе се реконструираат мостовите во Споменикот на природата „Вевчански извори“ и партерно ќе се уреди просторот околу мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ Вевчани. „На граѓаните на општина Вевчани им ветувам макотрпна и посветена работа со цел реализација на сите проекти, а ќе ја продолжиме и практикава на отчетност“, нагласи Кочовски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kochovski-vevchani-dobi-multikulturen-centar-zapochnata-e-inicijativa-za-izgradba-na-povekjenamensko-sportsko-igralishte/feed/ 0
Хуморот и сатирата преовладуваат низ вевчанските улици: И Мицкоски го следеше дефилето на Вевчански карневал https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/humorot-i-satirata-preovladuvaat-niz-vevchanskite-ulici-i-mickoski-go-sledeshe-defileto-na-vevchanski-karneval/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/humorot-i-satirata-preovladuvaat-niz-vevchanskite-ulici-i-mickoski-go-sledeshe-defileto-na-vevchanski-karneval/#respond Thu, 13 Jan 2022 15:36:35 +0000 https://kurir.mk/?p=618958

Талибанци во акција, инвестиции во струјата, зелена енергија, вакцинални пунктови, пратеникот Кастриот Реџепи, директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски…, беа само дел од маските што денеска продефилираа низ вевчанските улици во рамките на Вевчанскиот карневал. Вевчанци на шеговит начин го прикажаа и копањето биткоинти, се пошегуваа со греењето со симболично собирање дрва „да си ги стоплат децата“, потсетија на екс премиерот Никола Груевски со бадниковото лепче, протестираа за ослободување на тенисерот Новак Ѓоковиќ, како и неговиот настап на „Австралија опен“. Не ја заборавија ниту хуманоста на словенечките пожарникари, кои помогнаа во гаснењето на пожарите во земјава, а неизоставен дел се и традиционалните маски на зетот и невестата, глупавите Августи, ѓаволите, зурлите и тапаните, но и други маски со секојдневни и несекојдневни содржини. Градоначалникот Спасе Кочовски претходно соопшти дека василичарите не сакаат никого да навредат, ниту да повредат никакви национални или верски чувства, туку само ја прикажуваат годината што измина на сатиричен и хумористичен начин и на нив не треба да се гледа суетно. – Ова е театар на отворено и секогаш треба да се гледаат работите кои укажуваат дека нешто не треба така да се прави. Ако видите многу грубост, пораката е не бидете груби, ако видите вулгарност, пораката е не бидете вулгарни. Сите оние негативни работи што ќе ги видите тука, можеби изгледаат екстремно прикажани, но не се во навредлива форма, туку прикажуваат онаков каков што можеби не сакате да се видите во текот на годината и сте биле онаков како што ќе се видите преку маските на василичарите, нагласи Кочовски. Карневалското дефиле го следеше и лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски, со очекување дека ќе преовладува весел дух, а на вевчанци им посака успешни карневалски денови. На новинарско прашање дали очекува неговиот лик да го види меѓу маскираните, рече дека ја поздравува сатирата и ги охрабри вевчанци да бидат што покреативни. – Што се не поминав овие последни четири години, така што ништо нема да ме изненади од недобро намерните, а знам дека тие луѓе се таму сите добро намерници, така што сатирата на денешниот карневал ја поздравувам и ја поддржувам и оваа традиција треба да продолжи. Така што не сум од оние луѓе коишто лесно се навредуваат. Напротив, ги охрабрувам да бидат што повеќе креативни, изјави Мицкоски. Според традицијата, двете василичарски друштва Горна и Долна маала со зетот, невестата, двата ѓаволи, глупавите Августи и останатите маски продолжуваат со дефиле низ вевчанските улици. Во утринските часови традиционално невестите од двете маала заедно со гостите одат на Вевчанските извори да наполнат вода, со која се прави вевчанскиот кашаник (зелник) во кој се става паричка. Кај оној што ќе се падне паричката ќе биде среќен и бериќетен во текот на целата година. Според традицијата, манифестацијата завршува на 14-ти, попладне со карневалско оро и палење на маските во центарот на Вевчани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/humorot-i-satirata-preovladuvaat-niz-vevchanskite-ulici-i-mickoski-go-sledeshe-defileto-na-vevchanski-karneval/feed/ 0
Градоначалникот на Вевчани и донаторот „Бизи груп“ донираа пакетчиња во детската градинка во општината https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gradonachalnikot-na-vevchani-i-donatorot-bizi-grup-doniraa-paketchinja-vo-detskata-gradinka-vo-opshtinata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gradonachalnikot-na-vevchani-i-donatorot-bizi-grup-doniraa-paketchinja-vo-detskata-gradinka-vo-opshtinata/#respond Tue, 21 Dec 2021 11:16:44 +0000 https://kurir.mk/?p=611153

Градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски заедно со донаторот „Бизи груп“ денеска донираа пакетчиња во детската градинка во општината. -📌Искрена почит и голема благодарност од вработените и дечињата до Градоначалникот Спасе Кочовски - Градоначалник на Вевчани и донаторот "Бизи груп" за денешната донација на дрвени дидактички играчки и новогодишни пакетчиња за децата од нашата градинка.☃️🎁🎀🎄 💫Со почит, Јоуддг Планински Цвет Вевчани, стои во нивниот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/gradonachalnikot-na-vevchani-i-donatorot-bizi-grup-doniraa-paketchinja-vo-detskata-gradinka-vo-opshtinata/feed/ 0
Кочовски: Вевчанци веќе се определија за нова иднина, на 31-ви ќе ја завериме победата и заедно ќе ги донесеме промените https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kochovski-vevchanci-vekje-se-opredelija-za-nova-idnina-na-31-vi-kje-ja-zaverime-pobedata-i-zaedno-kje-gi-doneseme-promenite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kochovski-vevchanci-vekje-se-opredelija-za-nova-idnina-na-31-vi-kje-ja-zaverime-pobedata-i-zaedno-kje-gi-doneseme-promenite/#respond Sun, 24 Oct 2021 18:06:50 +0000 https://kurir.mk/?p=584720

На вечерашниот мини митинг во Вевчани, кандидатот за градоначалник Спасе Кочовски, истакна дека вевчанци веќе се определија за нова иднина, на 31-ви октомври ќе се завери победата на ВМРО-ДПМНЕ, а заедно со сите граѓани промени ќе се случат во Вевчани, но и во цела Македонија. Тој им посака успешен и продуктивен мандат на советниците на ВМРО-ДПМНЕ кои се мнозинство во Советот на општина Вевчани, им се заблагодари на граѓаните за присуството и за нивната поддршка во првиот круг и рече дека вевчанци веќе се определиле за нова иднина. -Вевчанци избраа проекти и избраа промени, резултатите од првиот круг ми даваат за право со гордо крената глава да застанам пред вас и да ја побарам поддршката во вториот круг за да на 31-ви октомври се завери победата на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани, истакна Кочовски. Тој рече дека довербата од граѓаните не ја бара за власт, туку во него вевчанци секогаш ќе имаат партнер кој заедно со општинската администрација ќе одговори на сите предизвици кои ги носи новото време. -Вевчанци веќе избраа, новите промени ќе ги предводи ВМРО-ДПМНЕ и новите градоначалници кои ќе ги донесат промените во Македонија, заедно со граѓаните во општините без поделби меѓу луѓето, посочи Кочовски во обраќањето во Вевчани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/kochovski-vevchanci-vekje-se-opredelija-za-nova-idnina-na-31-vi-kje-ja-zaverime-pobedata-i-zaedno-kje-gi-doneseme-promenite/feed/ 0
До 15 часот во Струга излезност 27,5 проценти, а во Вевчани 51 отсто https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/do-15-chasot-vo-struga-izleznost-27-5-procenti-a-vo-vevchani-51-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/do-15-chasot-vo-struga-izleznost-27-5-procenti-a-vo-vevchani-51-otsto/#respond Sun, 17 Oct 2021 14:58:11 +0000 https://kurir.mk/?p=580846

Изборниот процес во општините Струга и Вевчани тече мирно. Заклучно со 15 часот во Струга гласале 27, 5 проценти од 61.437 гласачи, а во Вевчани 51, 25 отсто од регистрираните 2.075 гласачи, потврдија претседателите на општинските изборни комисии. Според Минир Жута, претседател на ОИК Струга, освен проблемите со апаратите за отпечаток, кои се појавиле на почетокот на гласањето, други нарушувања немало. – Гласањето тече мирно во сите 101 избирачко место. Сабајле имаше проблеми со апаратот за отпечаток, но тоа е надминато, изјави Жута, потенцирајќи дека не се регистрирани агитирања на избирачките места. Мирен изборен ден, како што информира претседателката на ОИК Менка Кукоска, има и во Вевчани. Во оваа општина се гласа на три избирачки места, каде на почетокот од изборниот процес имало ситни проблеми со апаратите за отпечаток, но, според неа, за кратко биле надминати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/do-15-chasot-vo-struga-izleznost-27-5-procenti-a-vo-vevchani-51-otsto/feed/ 0