општински избори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 28 Jun 2020 18:09:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png општински избори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Рекордна неизлезност на вториот круг општински избори во Франција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekordna-neizleznost-na-vtoriot-krug-opshtinski-izbori-vo-francija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekordna-neizleznost-na-vtoriot-krug-opshtinski-izbori-vo-francija/#respond Sun, 28 Jun 2020 18:09:00 +0000 https://kurir.mk/?p=364589

Министерството за внатрешни работи на Франција соопшти дека излезноста на гласачите на вториот круг општински избори до 17 часот, односно еден час пред затворањето на гласачките места во најголемиот број од местата каде што се гласаше, беше 34,67 отсто, јави дописникот на МИА од Париз. Според институтите за испитување на јавното мислење, апстинентите треба да бидат меѓу 59 и 59,5 отсто од гласачкото тело, и покрај стриктните санитарни мерки кои требаше да ги охрабрат гласачите да излезат на гласање. На гласачките места каде гласањето заврши во 18 часот, веќе се започна со пребројување на гласачките ливчиња. Првите резултати ќе бидат соопштени по 20 часот. Исходот од изборите е многу неизвесен во Лион, Марсеј, Тулуз, Стразбур, Монпелје, Нанси или Лил, главно под притисок на еколозите. Денешното гласање требаше да се одржи според првично определениот календар на 22 март, но поради епидемијата поради коронавирусот, гласачите беа повикани да гласаат речиси три и пол месеци по првиот круг, во 4.820 општини каде 16,5 милиони избирачи имаат избор меѓу 157.000 кандидати. Вториот круг главно се однесува на градовите, бидејќи руралните комуни масовно ги завршија изборите во првиот круг. Првиот предизвик на изборите е проблемот со учеството, по падот на првиот круг, кога помалку од половината од избирачите (44,3 отсто наспроти 63,5 отсто во 2014 година) излегоа да гласаат. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekordna-neizleznost-na-vtoriot-krug-opshtinski-izbori-vo-francija/feed/ 0
Вториот круг од општинските избори во Франција ќе се одржи утре, три месеци по првиот круг https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtoriot-krug-od-opshtinskite-izbori-vo-francija-kje-se-odrzi-utre-tri-meseci-po-prviot-krug/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtoriot-krug-od-opshtinskite-izbori-vo-francija-kje-se-odrzi-utre-tri-meseci-po-prviot-krug/#respond Sat, 27 Jun 2020 15:41:41 +0000 https://kurir.mk/?p=364139

Вториот круг од општинските избори ќе се одржи утре во повеќе од 48.000 општини, повеќе од три месеци по одлуката на Владата да го одложи вториот круг закажан за 22 март, поради епидемијата со Ковид-19 во Франција, јави дописникот на МИА. Околу 16,5 милиони француски гласачи добија покана да излезат на утрешното гласање, што претставува околу 39 отсто  од француското гласачко тело. За составот на општинските совети во  4.820 општини каде советите не беа целосно избрани во првиот круг, на 15 март, има вкупно 157.632 кандидати. Сепак, поради пандемијата, вториот круг повторно беше одложен во седум општини на Гвајана. Официјалната кампања меѓу двата круга беше подолга двапати, поради епидемијата и санитарните мерки бидејќи во вообичаени услови таа трае само пет дена. Општинските советници се избираат со мандат од шест години, според мнозински и пропорционален систем на гласање, што зависи од големината на општините. Во првиот круг, советите беа целосно избрани во 30.143 општини каде градоначалниците и нивните заменици стапија на должноста кон крајот на мај. Регистриран е постојан пад повеќе од триесет години на општинските избори, учеството на изборите се намали од 44,6 отсто во првиот круг, наспроти 63,5 отсто во 2014 година. За да им дозволат да гласаат на оние кои стравуваат, посебно на старите лица, дозволено е еден гласач да има две полномоштва, наместо вообичаеното едно. Гласачите кои поради Ковид-19 не можат да патуваат, можат да побараат од полицијата или жандармерија да дојде во нивниот дом за да го назначат нивниот полномошник за гласањето. Во Франција градоначалниците се најчесто предводници на листите. Најдоцна до 18 јули, советите на сите општини и групите на општините, треба да се обноват, со исклучок на Гвајана, со што ќе се стави крај на општинскиот изборен циклус. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtoriot-krug-od-opshtinskite-izbori-vo-francija-kje-se-odrzi-utre-tri-meseci-po-prviot-krug/feed/ 0
Започна официјалната предизборна кампања за општинските избори во Франција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapochna-oficijalnata-predizborna-kampanja-za-opshtinskite-izbori-vo-francija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapochna-oficijalnata-predizborna-kampanja-za-opshtinskite-izbori-vo-francija/#respond Mon, 02 Mar 2020 16:55:21 +0000 https://kurir.mk/?p=311119

Изутринава во Франција почна официјалната предизборна кампања за општинските избори во Франција, јави дописникот на МИА. Вкупно 47,7 милиони француски гласачи треба да изберат градоначалници и општински совети на 34977 општини. Првиот круг на изборите е закажан за 15 март, додека вториот на 22 март. Париз е градот кој секогаш привлекува најголемо внимание на општинските избори. Според Испитувањето на ИФОП-фидуцијал за Журнал ди Димаш и Суд Радио, кандидатката на Републиканците за градоначалник на Париз, Рашида Дати, поранешен министер за правда во Владата на Никола Саркози има доверба од 25 отсто од гласачите. Веднаш зад неа е актуелната градоначалничка на Париз од редовите на социјалистите, Ан Идалго со доверба од 24 отсто. На третата позиција е кандидатката на Републиката во движење Ањес Бузам со 20 отсто, додека кандидатот на Зелените Давид Белијард би добил 11 отсто од гласовите. За вториот круг, претпоставувајќи дека ќе бидат овие четири личности во трка за најпрестижната градоначалничка фотелја во Франција, со евенетуалната заедничка листа на Ан Идалго и Давид Белијард ќе излезе прва со 37 отсто од гласовите, пред таа на Дати (32 отсто), и на Бузин ( 22 отсо). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zapochna-oficijalnata-predizborna-kampanja-za-opshtinskite-izbori-vo-francija/feed/ 0