општна кисела вода – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 23 Jun 2023 06:50:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png општна кисела вода – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Над 15 000 луѓе синоќа на Културното лето во Кисела Вода (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nad-15-000-luge-sinoka-na-kulturnoto-leto-vo-kisela-voda-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nad-15-000-luge-sinoka-na-kulturnoto-leto-vo-kisela-voda-foto/#respond Fri, 23 Jun 2023 06:50:57 +0000 https://kurir.mk/?p=848813

Преку 15 000 посетители вчера вечер уживаа во фантастичната атмосфера на првата вечер од Културното лето на Општина Вода. Настанот го отвори DJ Mats кој со својот добро познат стил го подигна расположението кај сите присутни. Час и половина хип хоп, најпопуларните хитови на кои се играше и пееше на преполниот простор пред салата Расадник, уште еднаш покажаа зошто DJ Mats беше одличен избор за отворањето на неделата во која Кисела Вода го слави и својот 68-ми роденден и новото Културно лето. Веднаш по него незаборавен концерт одржаа 2 Бона, чии песни наизуст ги пееше целата публика. Во редици се чекаше за фотографија со ѕвездите на вечерта кои во моментот работат на химна за Кисела Вода. Паркот во Расадник ечеше од добра музика и одлично расположение по кое ќе се памети оваа вечер. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој беше присутен во публиката веќе најави дека вакво расположение и посетеност се очекува сите 4 фестивалски вечери кои од синоќа до 29 јуни ќе се одвиваат на две локации. Денес, петок 23 јуни, Културното лето на Општина Кисела Вода продолжува на Три Круши, во Драчево, со фолк вечер. Од 20 часот настапуваат КУД Китка, од 21 часот Сузана Спасовска, додека од 22 часот се’ до крајот на вечерта концерт ќе има Миле Кузмановски. Во “Бескрајната приказна која станува се’ подобра” во сабота ќе се запишат и Жаре Бербер и хрватскиот романтичар Петар Грашо, а следниот четврток и групата Нокаут, на која ќе претходи музички сет на DJ Mats. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nad-15-000-luge-sinoka-na-kulturnoto-leto-vo-kisela-voda-foto/feed/ 0
ФОТО: Се решава горлив проблем за жителите, Расадник добива нов паркинг за стотина возила https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-se-reshava-gorliv-problem-za-zitelite-rasadnik-dobiva-nov-parking-za-stotina-vozila/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-se-reshava-gorliv-problem-za-zitelite-rasadnik-dobiva-nov-parking-za-stotina-vozila/#respond Fri, 21 Oct 2022 11:55:42 +0000 https://kurir.mk/?p=749007

Се решава горливиот проблем во Расадник, жителите добиваат нов паркинг за стотина возила. Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски вели дека големо е задоволството да се знае дека жителите поддржуваат сѐ она што во изминатиов период го направат за Кисела Вода и затоа, мотивирано продолжуваат со уште посилно темпо. -Денес се завршува изградбата на уште еден нов паркинг наспроти салата во Расадник, кој беше повеќе од потребен во овој дел на Кисела Вода. Со ова, проблемот со сообраќајниот метеж и нарушување на мирот на нашите сограѓани од Расадник, полека се решава и заминува во историјата. Обезбедување на паркинг места со цел растеретување на гужвата во Кисела Вода беше и мое ветување пред граѓаните, вели Ѓорѓиевски. Посочува дека на местата на некогашните диви депонии изградиле нови паркови и паркинзи. - Ќе ги напоменам новиот паркинг кој го изградивме кај Мечкаров, потоа во Драчево, спроти Домот за слепи лица, на ,,Христо Татарчев, кај градинката ,,Весели цветови” и уште еден кај салата Расадник, наспроти овој денес. Кисела Вода го губи оној стар епитет на несредена општина. Посветено градиме нов, модерен и урбан лик, а сето тоа го заслужуваат моите сограѓани, вели градоначалникот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-se-reshava-gorliv-problem-za-zitelite-rasadnik-dobiva-nov-parking-za-stotina-vozila/feed/ 0