орбита – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Jul 2023 06:34:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png орбита – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Откриени две планети со иста орбита околу нивната ѕвезда https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkrieni-dve-planeti-so-ista-orbita-okolu-nivnata-zvezda/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkrieni-dve-planeti-so-ista-orbita-okolu-nivnata-zvezda/#respond Thu, 20 Jul 2023 06:34:20 +0000 https://kurir.mk/?p=858273

Шпански астрономи денеска објавија дека откриле две планети што делат иста орбита околу нивната ѕвезда, наречена ПДС-70. Тоа е ретка вселенска појава. - Познато е дека астероидите следат планети околу нивната ѕвезда, на пр. Јупитер и неговите тн. „тројански астероиди“. Но, планети во иста орбита се многу ретки. Во теорија, можно е да постојат, но никој досега не открил такво нешто, појасни Хорхе Лило-Бокс од Мадридскиот центар за астробиологија, еден од авторите на трудот. Со помош на Големиот телескоп во Чиле, научниците забележале отпадоци на патеката на движење на веќе постоечка планета што кружи околу ѕвездата во соѕвездието Кентаур. Таа е оддалечена 370 светлосни години од Земјата. Истражувачите се сомневаат дека се работи или за планета во зародиш или за остатоци од планета што некогаш постоела. Научниците ќе мора да почекаат барем до 2026 година, велат, за поуспешно да ги проследат двете тела околу ѕвездата. Раководителката на Центарот за астробиологија од Мадрид, Олга Балсалобре-Руза, додаде дека овие наоди, објавени и во списанието „Астрономи енд астрофизикс“ се првиот доказ дека такви планети „двојнички“ би можеле да постојат во Вселената.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/otkrieni-dve-planeti-so-ista-orbita-okolu-nivnata-zvezda/feed/ 0
Во орбитата на Земјата успешно тестиран топлотниот штит LOFTID https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/vo-orbitata-na-zemjata-uspeshno-testiran-toplotniot-shtit-loftid/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/vo-orbitata-na-zemjata-uspeshno-testiran-toplotniot-shtit-loftid/#respond Fri, 11 Nov 2022 15:16:02 +0000 https://kurir.mk/?p=759328

НАСА изврши успешна демонстрација на топлотниот штит LOFTID, лансиран со помош на ракетата Atlas V на компанијата United Launch Alliance (ULA). По лансирањето, штитот бил успешно отворен, па спуштен во океанот во близина на Хаваи. Целата мисија траела околу 2 часа. Топлотниот штит е лансиран заедно со метеоролошкиот сателит Joint Polar Satellite System (JPSS) кој е успешно сместен во поларната орбита. Овој сателит ќе собира податоци за времето наменети за Националната администрација за океани и атмосфери. Ова беше последно лансирање на ракетата Atlas V од базата Вандеберг во Калифорнија бидејќи ULA се подготвува за првото лансирање на ракетата Vulcan Centaur од следната генерација. Тестирањето на LOFTID ќе им овозможи на идните мисии во вселената употреба на компактен топлотен штит во однос на товарот, кој може да се расколи пред леталото да влезе во атмосферата на планетата. Технологијата користена за развој на LOFTID ќе биде користена и на Земјата, велат од НАСА. Демонстрацијата во орбитата беше извршена на висина од 125 км, по што штитот почна да се спушта и повторно влезе во атмосферата на Земјата, за да на крајот заврши во океанот. Дизајниран е да издржи температура над 1.600 степени, на толку е изложен при влегување во атмосферата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/vo-orbitata-na-zemjata-uspeshno-testiran-toplotniot-shtit-loftid/feed/ 0
„Спејс Икс“ лансира 52 сателита „Старлинк“ во орбитата на Земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spejs-iks-lansira-52-satelita-starlink-vo-orbitata-na-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spejs-iks-lansira-52-satelita-starlink-vo-orbitata-na-zemjata/#respond Sun, 25 Sep 2022 12:11:10 +0000 https://kurir.mk/?p=737204

Компанијата „Спејс Икс“ (SpaceX) синоќа лансираше 52 сателити „Старлинк“ (Starlink) во орбитата на Земјата. Сателитите беа лансирани со ракетата Фалкон девет (Falcon). Со овој носач на ракети претходно беа извршени четири мисии, три мисии „Старлинк“ и едно лансирање на СЕС-22.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spejs-iks-lansira-52-satelita-starlink-vo-orbitata-na-zemjata/feed/ 0
„Спејс Икс“ испрати уште 46 сателити „Старлинк“ во орбитата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spejs-iks-isprati-ushte-46-sateliti-starlink-vo-orbitata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spejs-iks-isprati-ushte-46-sateliti-starlink-vo-orbitata/#respond Sat, 13 Aug 2022 08:33:42 +0000 https://kurir.mk/?p=717933

Американската компанија „Спејс Икс“ успешно ја лансираше ракетата Фалкон 9 со нова рунда микросателити Старлинк, се наведува во соопштението на веб-страницата на компанијата. Лансирањето од локацијата на американската вселенска база Ванденберг во Калифорнија, се случи вчера во 14:40 часот по локално време, а во ниската орбита на Земјата беа лансирани 46 микросателити. Мрежата Старлинк е создадена за да обезбеди пристап до интернет со распоредување на голем број сателити со тежина од 260 килограми. „Спејс Икс“, компанијата на американскиот милијардер Илон Маск, проценува дека лансирањето на вкупно 11.000 сателити и нивното пуштање во употреба ќе чини 10 милијарди долари. Од мај 2019 година, компанијата испрати повеќе од 2.500 сателити Старлинк во орбитата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spejs-iks-isprati-ushte-46-sateliti-starlink-vo-orbitata/feed/ 0
Индија не успеа да постави сателит во орбитата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-ne-uspea-da-postavi-satelit-vo-orbitata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-ne-uspea-da-postavi-satelit-vo-orbitata/#respond Thu, 12 Aug 2021 07:55:03 +0000 https://kurir.mk/?p=549508

Индиските астрономи не успеаја во обидот да постават сателит во земјината Орбита. Се работи за уред што ќе испраќа слики во реално време и ќе ги следи циклоните и други потенцијални природни катастрофи, но летот на ракетата беше неуспешен. Како што објави Индиската вселенска истражувачка организација (ИСРО), техничката грешка се случила во третата, последна фаза по лансирањето во вселенскиот центар Шрихарикоти, во јужна Индија. Сателитот требаше да биде геостационарен, што значи дека ќе се движи околу Земјата со брзината со која ротира планетата. Планот беше и да се собираат податоци за земјоделството, шумите и поморските патишта. – Бидејќи третата фаза беше неуспешна, (ракетата) не ја достигна брзината со која ќе се издигнеше во орбитата. Ќе се врати на Земјата во одреден миг, а повеќе подробности ќе знаеме подоцна, изјави Палава Багла, една од индиските астрономи. Ова е четврти неуспех во 14-те лансирања на ракети со геостационарна платформа од 2001 година досега, наведува „Економик тајмс“. Индија, инаку, има амбициозна вселенска програма со децениско истражување што создаде можност за развој на сателити, комуникации и технологии кои би помогнале да се решат секојдневните проблеми во домаќинството – од движења на риби, до предвидување бури и поплави. Владата одреди рок до 2022 година за испраќање на првите астронаути во вселената.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-ne-uspea-da-postavi-satelit-vo-orbitata/feed/ 0