органи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 13 Mar 2023 17:17:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png органи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ДОКТОРИТЕ ВО ШОК: Срцето му е од десна страна, органите спротивно – млад Албанец е медицински феномен https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/doktorite-vo-shok-srtseto-mu-e-od-desna-strana-organite-sprotivno-mlad-albanets-e-meditsinski-fenomen/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/doktorite-vo-shok-srtseto-mu-e-od-desna-strana-organite-sprotivno-mlad-albanets-e-meditsinski-fenomen/#respond Mon, 13 Mar 2023 17:17:13 +0000 https://kurir.mk/?p=811495

Во болница во Лондон, кај 29-годишен Албанец, кој се пожалил на здравствени проблеми, при преглед е откриено дека неговото срце е на десната страна, а и другите органи биле на спротивна страна. Според Ора њуз случајот го открил познатиот албански кардиохирург Кристо Папа, кој живее и работи во Лондон. -На пациентот кој има 29 години му беше констатирана дестрокардија и инверзии на абдоминалните органи од лево. Ова е редок случај, бидејќи во целиот свет може да има само пет до шест случаи на луѓе кои имаат ваков вид на телесни абнормалности, изјави доктор Папа во онлај врска за телевизијата. Додава дека тој и колегите во болницата ќе го следат случајот со младиот човек "кој е своевиден феномен за лекарите" и посочува дека е потребна "голема внимателност и умешност при здравствените третмани".]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/doktorite-vo-shok-srtseto-mu-e-od-desna-strana-organite-sprotivno-mlad-albanets-e-meditsinski-fenomen/feed/ 0
Не стивнува поддршката за хуманиот чин на семејството Белчовски кое ги донираше органите на својата почината ќерка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-stivnuva-poddrshkata-za-humaniot-chin-na-semejstvoto-belchovski-koe-gi-donirashe-organite-na-svojata-pochinata-kjerka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-stivnuva-poddrshkata-za-humaniot-chin-na-semejstvoto-belchovski-koe-gi-donirashe-organite-na-svojata-pochinata-kjerka/#respond Sat, 17 Apr 2021 14:46:21 +0000 https://kurir.mk/?p=498562

Откако решија да ги донираат органите на својата ќерка која загина во сообраќајна несреќа, не стивнуваат позитивните реакции за огромниот чин на хуманост до семејството од беровското село Русиново, за кои единствената утеха покрај огромната загуба, е тоа што нејзиниот живот ќе продолжи преку животот на пациентите кои ќе ги примат нејзините органи. За братот на починатата 20 годишна девојка, и покрај трагичниот чин, семејството сака да остави пример за потребата од вакви хумани гестови. -Сакаме да дадеме до знаење дека органите треба да се донираат, а се одлучивме на тоа бидејки сакаме да спасиме животи. И нам доколку ни беа потребни, верувам дека ќе ни се излезеше во пресрет, затоа и ние сакавме да помогнеме, бидејки така ќе живее и нашата сестра, истакна Мартин Белчовски, брат на 20 годишната Верица. Огромна поддршка до семејството Белчовски, изрази и градоначалникот на Општина Берово, Звонко Пекевски. -Пред се огромна поддршка за ова семејство кое и во услови на голема тага и скршеност се одлучија на храбар чекор да ги донираат органите нанесреќно загинатата Верица и со тоа да продолжат нови животи. Огромен хуман чин кој значи многу пред се за општеството во охрабрување на тие акции на донори да продолжат и во наредниот период со што ќе се овозможи многу животи да бидат спасени и со тоа иако физички не е присутна, срцето на Верица ќе продолѓи да чука. Како општина на семејството им стоиме на располагање за било какви потреби, кои уште еднаш ги охрабруваме за големиот хуман чекор, рече Пекевски Како што претходно беше соопштено од Министерството за здравство, пациентот кој денеска го прими срцето од донорот е на возраст од 22 години и има сериозно заболување кое го оштетува срцето. Во наредните денови од починатиот донор ќе се трансплантираат и бубрезите како и коски за пациенти со тешки фрактури кои немале можност да стават протези и карциноми кои им ги оштетиле коските. Претходно министерот за здравство Венко Филипче за МИА изјави дека трансплантацијата поминала успешно. -В понеделник наутро коската со метастази на пациент кој се лекува на Клиниката за ортопедија ќе биде заменета со здрава коска од починатата девојка. Претходно два бубрега од донорот денеска ќе бидат трансплантирани кај пациенти кои со години се на дијализа. Уште десетина пациенти кои боледуваат од карцином кој им ги оштетил коските и пациенти со тешки фрактури кај кои нема можност да се стават протези ќе добијат заменски коски од починатиот донор. Ова е прва ваква експлантација направена во земјава, се наведува во соопштието од Министерството. Тие упатуваат голема благодарност до семејството на починатата пациентка кое се согласи да ги донира органите на својата ќерка. -Огромна е жалоста за загубата на младата пациентка, но голема е утехата дека нејзиниот живот ќе продолжи преку неколку други. Тимот кој учествуваше во оваа комплексна операција е од некоку кардиохируршки центри. Според МЗ, тие уште еднаш ни докажаа дека нашиот систем располага со тим на хирурзи кој функционира беспрекорно. Во процесот на трансплантација учествуваа доктори од клиниките за КАРИЛ, Урологија, Кардиохирургија, Ортопедија, Нефрологија, Радиологија, Кардиологија, Рентген институот, Клиниката Жан Митрев и Аџибадем Систина. -Благодарни сме на сите лекари кои учествуваат во постапката на утврдување на мозочна смрт, во експлантација и во трансплантацијата на органи, како и на сите оние кои логистички ја поддржаа постапката, истакнуваат од Министерството за здравство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-stivnuva-poddrshkata-za-humaniot-chin-na-semejstvoto-belchovski-koe-gi-donirashe-organite-na-svojata-pochinata-kjerka/feed/ 0
Дваесетгодишна девојка од Берово е починатиот донор на сите органи, ја прегазил несовесен возач и избегал https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvaesetgodishna-devojka-od-berovo-e-pochinatiot-donor-na-site-organi-ja-pregazil-nesovesen-vozach-i-izbegal/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvaesetgodishna-devojka-od-berovo-e-pochinatiot-donor-na-site-organi-ja-pregazil-nesovesen-vozach-i-izbegal/#respond Sat, 17 Apr 2021 14:14:36 +0000 https://kurir.mk/?p=498557

Верица Белловска од беровско Русиново е 20-годишната почината девојка за која нејзиното семејство се согласи да ги донира органите за повеќе пациенти кои имаат потреба од тоа, откако претходно на седми април беше прегазена од несовесен возач кој побегнал од местото на несреќата, а доцна во утринските часови веќе на 22-годишно момче му беше трансплантирано срцето на момче на Клиниката за кардиологија, објави ММС. Нејзиниот брат Мартин Белковски е единствениот кој останал да живее во Берово, додека останатите членови - постарата сестра, таткото и мајката се преселиле во Струмица. -Беше многу весела девојка, секогаш насмеана и му се радуваше на животот, вели Мартин Белчовски од селото Русиново, беровско, за својата сестра Верица. Несовесен возач на седми април ја удрил на пешачки премин во Струмица. -Јас изгубивме најмалата во семејството. На „Благовец“ во Струмица на пешачки премин ја удри момче од 18 години и побегна од местото. Колку што јас знам кога дознале дека колата со која ја удриле сестра ми била пронајдена, тој подоцна сам се пријавил во полиција, вели братот Мартин Синот Мартин, кој е вработен, останал со сопругата во Берово, додека таткото Кирил, мајката Душана со двете ќерки Ана и Верица се преселиле под кирија во Струмица. Во 3 часот и 33 минути утринава кај 22-годишно момче зачука ново, донирано срце. Ова е втора извршена трансплантација на срце во историјата на државата, на Клиниката за кардиохирургија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvaesetgodishna-devojka-od-berovo-e-pochinatiot-donor-na-site-organi-ja-pregazil-nesovesen-vozach-i-izbegal/feed/ 0
Лекарската комора не кажува зошто настапило крварењето по кое родилка остана без органи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarskata-komora-ne-kazuva-zoshto-nastapilo-krvarenjeto-po-koe-rodilka-ostana-bez-organi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarskata-komora-ne-kazuva-zoshto-nastapilo-krvarenjeto-po-koe-rodilka-ostana-bez-organi/#respond Fri, 12 Mar 2021 14:25:20 +0000 https://kurir.mk/?p=481406

Членовите на Извршниот одбор на Лекарската комора и претседателката на Комората одржаа прес-конференција на која што не коментираа воопшто за содржината на стручниот надзор за родилката Јалдз Веапоска од Дебар ниту одговорија зошто точно настапило крвавењето во нејзиниот случај по што морале да бидат отстранети органи, пренесе Слободен печат. Не се познати имињата на членовите кои го правеле надзорот, зашто како што рече претседателката на комората, нивните имиња се загарантирано безбедни. -Поради притисоци од семејствата, пациентите и други колеги, имињата на членовите се загарантирано безбедни, рече доктор Гривчева Страделова. Извештајот од надзорот не влијае на тоа дали ќе се покрене понатамошна судска постапка од страните во процесот. Претседателката рече дека лекарска грешка утврдуваат судски вештаци, а не комората. Извештајот е доставен до Министерството за здравство, што според Комората ќе го има крајниот збор. Состојбата од извештајот се прави од достапната медицинска документација, прибраните изјави во моментот кога комисијата е таму, членувањето во комисијата е доброволна. На Мухамед Асани, работењето во Извршниот одбор во Лекарската комора му е ставено во мирување додека да заврши целиот случај, информираше претседателката на комората доктор Калина Гривчева Страделова, пренесе Слободен печат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lekarskata-komora-ne-kazuva-zoshto-nastapilo-krvarenjeto-po-koe-rodilka-ostana-bez-organi/feed/ 0
Извештај од Патологија: На родилката ѝ биле извадени здрави органи, се огласи и Веапоска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izveshtaj-od-patologija-na-rodilkata-bile-izvadeni-zdravi-organi-se-oglasi-i-veaposka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izveshtaj-od-patologija-na-rodilkata-bile-izvadeni-zdravi-organi-se-oglasi-i-veaposka/#respond Wed, 10 Mar 2021 17:53:42 +0000 https://kurir.mk/?p=480339

Скандалот околу родилката Веаповска која остана без здрави органи и натаму е во центарот на вниманието на македонската јавност. Од Министерството за здравство вчера соопштија дека немало пропуст во работењето на дирекоторот Асани, иако родилката Јилдз Веапоска по пораѓањето остана без органи. -Органите се вадени на 31 август, и зошто се пуштени на 4 септември. Што чекале тие толку денови. Се сомневам дека чекале 5 дена да поминат оние критични часови за тоа дали ќе умреш или ќе живееш. Органите се здрави и прави. Нека излезат и нека кажат зошто се извадени тие органи здрави, ако нема лекарска грешка, изјави Веапоска за „Телма“. Додека во извештајот на Патологија се тврди дека на Веапоска ѝ се извадени здрави органи, од Лекарската Комора во која членува и самиот Асани, одбиваат да го дадат извештајот и се правдаат дека комората е составена од стручни лекари кои не се ниту вештаци, ниту истражители. Инаку, во домот на струшкиот гинеколог и директор на болницата Мухамед Асани, беше пронајдена нелегална гинеколошка ординација, по што беше поднесена и пријава во струшкото обвинителство. Додека министерот за спречување на корупција и покрај скандалозниот случај во кој Веапоска за малку ќе го загубеше животот го брани докторот, претседателката на антикорупциска комисија смета дека во најмала рака Асани треба да биде разрешен. Родилката Веапоска се породи на 31-ви август минатата година, по што состојбата ѝ се влошила и завршила на КАРИЛ во Скопје. Откако докторите на скопската клиника ѝ го спасиле животот, потоа ѝ кажале дека и недостигаат матката и еден бубрег. Веапоска која е медицинска сестра тврди дека не знае зошто ѝ биле извадени здравите органи, нагласи дека е разочарана од извештајот и бара да ѝ биде одговорено каде ѝ завршиле органите кои ѝ биле извадени по породувањето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izveshtaj-od-patologija-na-rodilkata-bile-izvadeni-zdravi-organi-se-oglasi-i-veaposka/feed/ 0
Во Кина уапсени лекари кои краделе и препродавале органи од жртви на сообраќајни несреќи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-kina-uapseni-lekari-koi-kradele-i-preprodavale-organi-od-zrtvi-na-soobrakjajni-nesrekji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-kina-uapseni-lekari-koi-kradele-i-preprodavale-organi-od-zrtvi-na-soobrakjajni-nesrekji/#respond Fri, 27 Nov 2020 11:59:41 +0000 https://kurir.mk/?p=435294

Шест лица, главно лекари, денеска се уапсени во Кина заради кражба на органи од починати пациенти, јавија локалните медиуми. Криминалната група ги излажала семејствата на починатите, кажувајќи им дека ги користеле нивните органи за да им помогнат на болни на кои им е потребна трансплантација на органи, соопшти Би-Би-Си Истрагата утврдила дека меѓу 2017 и 2018 година тие отстраниле црн дроб и бубрези од 11 лица во болниците во провинцијата Анхуи. Во Кина има многу лица кои се наоѓаат на списоци за чекање органи, и на државата и е тешко да најде доброволни донори, додава Би-Би-Си. Според локалните медиуми, со трговијата со органи се занимавале четворица високи позиционирани лекари, кои работеле во оддели за донирање органи во болниците. Тие главно краделе органи од жртви на сообраќајни несреќи, кои имале сериозни повреди на мозокот, додека другите органи им останале неоштетени. Потоа шефот на Оделот за интензивна нега, доаѓал кај семејствата и ги прашал дали се согласуваат да ги донираат органите на починатиот, на што некои семејства дале писмена согласност. Телата на починатите потоа во текот на ноќни часови биле изнесувани од болниците и биле ставени во комбе, што било префарбано во брза помош, а потоа на непознати локации им биле вадени органите и подоцна во тајност им биле продавани на поединци или болници. Криминалната група била откриена кога синот на една од жртвите се посомневал во сервираната приказна. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-kina-uapseni-lekari-koi-kradele-i-preprodavale-organi-od-zrtvi-na-soobrakjajni-nesrekji/feed/ 0
Семејството на Рајко Дујмиќ одлучи да ги донира неговите органи https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/semejstvoto-na-rajko-dujmikj-odluchi-da-gi-donira-negovite-organi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/semejstvoto-na-rajko-dujmikj-odluchi-da-gi-donira-negovite-organi/#respond Wed, 05 Aug 2020 07:55:55 +0000 https://kurir.mk/?p=386358

Хрватскиот композитор Ненад Нинчевиќ, еден од најблиските пријатели на починатиот музичар Рајко Дујмиќ, за хрватските медиуми изјави дека семејството Дујмиќ одлучило да ги дарува неговите органи. – Тешко ми беше сите овие денови. Рајко имаше добро срце и мека душа… Бевме пријатели 35 години и никогаш не сме се скарале. Тој беше апсолутен позитивец, но повремено се самоуништуваше и тоа беше негова единствена маана, изјави Нинчевиќ. Рајко Дујмиќ, долгогодишен предводник на екс-ју групата „Нови фосили“, почина вчера, како последица од сообраќајната несреќа во областа Равна Гора во централна Србија. Нинковиќ беше со семејството на Рајко по сообраќајната несреќа, и тој ќе им помогне при погребот, којшто треба да се случи следната недела во Загреб.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/semejstvoto-na-rajko-dujmikj-odluchi-da-gi-donira-negovite-organi/feed/ 0
Правобранителот Борче од Велес е починатиот донор чии органи се донираа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pravobranitelot-borche-od-veles-e-pochinatiot-donor-chii-organi-se-doniraa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pravobranitelot-borche-od-veles-e-pochinatiot-donor-chii-organi-se-doniraa/#respond Fri, 31 Jul 2020 12:04:00 +0000 https://kurir.mk/?p=384345

Државниот правобранител за подрачје Велес, Борче Пинов (46) е човекот чие семејство во најтешките моменти покажа огромна хуманост, и по неговата смрт реши да ги донира неговите органи, пишува Фокус. Како што изјави министерот за здравство Венко Филипче, утрово на Клиниката за Урологија биле експлантирани два бубрега од 46 годишен пациент кај кој вчера беше потврдена мозочна смрт. -Во моментов, во тек е првата трансплантација на бубрег кај 35 годишна девојка која веќе неколку години е на дијализа, по што ќе следи и втората трансплантација. За жал, овој пат немавме соодветен примател на срцето и тоа нема да биде трансплантирано. Се заблагодарувам на семејството на донорот, кое во моментите на најголема болка одлучи да ги донира органите и да спаси уште најмалку два животи-изјави Филипче. Борче, кој пред осум години беше именуван на функцијата државен правобранител за подрачје Велес, починал вчера, по пет дена лекување на КАРИЛ во Скопје. Несреќата во која се здобил со витално загрозувачки повреди се случила во Велес, откако паднал од височина. Тој зад себе остави сопруга и две малолетни ќерки. Министерот за ,,Фокус” потврди дека велешанецот е донорот. На 23-ти мај годинава исто така од починат донор, Емилија Динева од Дојран, се трансплантираа срце и бубрези.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pravobranitelot-borche-od-veles-e-pochinatiot-donor-chii-organi-se-doniraa/feed/ 0
Поклон до небото – човекот не е ДОНОР, има ИМЕ и ПРЕЗИМЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/poklon-do-neboto-chovekot-ne-e-donor-ima-ime-i-prezime/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/poklon-do-neboto-chovekot-ne-e-donor-ima-ime-i-prezime/#respond Sat, 23 May 2020 09:57:11 +0000 https://kurir.mk/?p=349346

По успешната трансплантација на неговото донирано срце, во моментов на Клиниката за урологија се врши трансплантација и на неговите донирани бубрези. Тој човек не е “донор”, туку личност со големо ИМЕ и ПРЕЗИМЕ, кој направи похуман чин од сите политичари и декларирани добротвори во последните 30 години ЗАЕДНО. Ваквите луѓе се вистински светци и поради нив се уште живее вербата во хуманизмот и човештвото. Наклон! По срцето, во тек е трансплатацијата и на бубрезите на починатиот донор На Клиниката за државна кардиохирургија во Скопје, по шестчасовна операција, во два часот по полноќ беше трансплантирано новото срце во телото на 54-годишниот пациент. Два бубрега од истиот донор во моментов се трансплантираат на Клиниката за урологија кај двајца пациенти со хронична бубрежна слабост кои со години беа на дијализа, соопшти Министерството за здравство. Во моментов на Клиниката за урологија на трансплантациите на бубрезите работат лекарски тимови под раководтсво на д-р Сашо Дохчев, д-р Александар Трифуновски, д-р Ставридис и д-р Јанчулев со тим лекари од клиниката. Во оваа постапка беа вклучени и лекарите од Институтот за трансфузиологија кои ја направија комплетната обработка за совпаѓање на донорот и на реципиентите на органи, лекарите од Институтот за радилогија кои ги направија потребните снимања, како и лекарите од Клиниката за нефрологија кои ги водеа и подготвија за трансплантација пациентите на дијализа. Пациентите кои ги добија органите беа избрани од Националните листи за чекање за срце и бубрези според медицински утврдени криетриуми за совпаѓање кои ги изготви и со кои раководи Министерството за здравство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/poklon-do-neboto-chovekot-ne-e-donor-ima-ime-i-prezime/feed/ 0
Медицински феномен: Живеела 99 години со сите органи распоредени на погрешни места https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/medicinski-fenomen-ziveela-99-godini-so-site-organi-rasporedeni-na-pogreshni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/medicinski-fenomen-ziveela-99-godini-so-site-organi-rasporedeni-na-pogreshni-mesta/#respond Thu, 11 Apr 2019 09:50:06 +0000 https://kurir.mk/?p=185083

На универзитетот за здравје и наука во Орегон, Портланд е направена дисекција на леш од жена и откриено е дека нејзините органи биле сосема различно распоредени. Таа не знаела за тоа цели 99 години. Ворен Нилсон бил во тимот кој пред себе ја имал жената стара 99 години која умрела од природна смрт. Нејзиното име било Роуз Мари Бентли, но студентите тоа тогаш не го знаеле. Поради почит кон починатата, на студентите не им се открива идентитетот на лицето кое лежи пред нив. Меѓутоа, студентите и нивниот професор дознале колку е посебна госпоѓата Бентли. Заслужила единствено место во медицинските и историските книги. Причината за тоа е што имала посебна состојба ситус инверсус со левокардија, односно сосема различен распоред на органите од левата и десната страна на телото. Нејзиното тело имало изглед како утроба на нормален човек во огледало. Оваа вродена аномалија ја направи Роуз единствената личност на планетата. Доцент Камерон Вокер рекол дека можноста на светот да се наоѓа уште една личност како неа е еднаква на 1:50 милиони. "Сигурна сум дека тој момент никој од нас присутните во салата за дисекција нема да го заборави", додава Вокер. Кога во понатамошното истражување студентите ѝ го отвориле градниот кош за да ѝ го испитаат срцето, сфатиле дека ѝ недостига големата вена која се наоѓа обично на десната страна. Професорот исто така бил зачуден што на срцето нема долни шупливи вени. Нилсен и другите млади студенти го прегледале телото и откриле дека нејзината долна шуплива вена се наоѓа на сосема спротивната страна на телото и дека се провлекува под дијафрагмата и се искачува кон градниот кош, се наведнува над аортната порта, ги обиколува пршлените и влегува во десната срцева комора. Госпоѓата Бентли е единствена од повеќе причини - имала низа аномалии и доживеала да умре од природна смрт на 99 години. "Никогаш не се жалела на некои поголеми здравствени проблеми. Односно најмногу што знам е дека имала настинка", објаснила третата ќерка на Бентли, Џинџер Робинс која истакна дека нејзината мајка била одличен пливач. Роуз Мари била дури и на операција на слепото црево и докторите не ѝ рекле ништо, а подоцна се покажало дека всушност извадена ѝ била матката. Роуз со својот сопруг одлучиле да станат донори тела за наука и нивните деца се благодарни што ја дознале вистината. Целиот свет слушна за ова неверојатно откритие кое претставува огромен чекор напред за медицинската наука.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/medicinski-fenomen-ziveela-99-godini-so-site-organi-rasporedeni-na-pogreshni-mesta/feed/ 0