Организација за забрана на хемиско оружје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 18 Apr 2018 13:21:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Организација за забрана на хемиско оружје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поради вооружен напад одложена посетата на инспекторите на ОПЦВ на Дума https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-vooruzen-napad-odlozena-posetata-na-inspektorite-na-opcv-na-duma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-vooruzen-napad-odlozena-posetata-na-inspektorite-na-opcv-na-duma/#respond Wed, 18 Apr 2018 13:21:51 +0000 https://kurir.mk/?p=42559

Генералниот директор на Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ), Ахмет Узумџу денеска изјави дека вчера било пукано врз екипата за безбедност на Обединети нации, која е задолжена за првична проверка во сирискиот град Дума. Поради инцидентот, инспекторите на ОПЦВ ја одложија посетата на Дума, каде наводно беше извршен напад со хемиско оружје. Инспектори на ОПЦВ во Дума треба да испитаат дали во Дума имало напад со хемиско оружје на почетокот од април. Сириската државна новинска агенција САНА објави дека инспектори на ОПЦВ вчера влегле во Дума, додека сирискиот амбасадор во Обединети нации, Башар ал Џафари изјави дека во градот влегол само еден член од екипата за безбедност, а не и инспекторите. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-vooruzen-napad-odlozena-posetata-na-inspektorite-na-opcv-na-duma/feed/ 0