организирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 03 Apr 2023 10:08:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png организирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тројца приведени за нелегално организирање игри на среќа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/trojtsa-privedeni-za-nelegalno-organizirane-igri-na-sreka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/trojtsa-privedeni-za-nelegalno-organizirane-igri-na-sreka/#respond Mon, 03 Apr 2023 10:08:14 +0000 https://kurir.mk/?p=819414

Еден тетовец и двајца скопјани се приведени во Тетово откако полицајци ги затекнале во нелегално организирање игри на среќа. Тие биле приведени ноќеска околу 23 часот во угоситетелски објект на улица „Љуботенска“ во Тетово. -Полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.Х.(43) од Тетово, сопственик на објектот и Ф.Б.(53) од скопско Арачиново и А.Р.(56) од скопски Сингелиќ поради сомнение дека сториле кривично дело „комар“ казниво по член 398 од Кривичниот законик. Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци. Во истиот објект, при извршен преглед над Б.А.(34) од скопски Чаир, бил пронајден нож и против него ќе следува поднесок по член 80 од Законот за оружје, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. Според став 1 од членот 398 од Кривичен законик за неовластено организирање на комар или друга игра на среќа има парична казна или затвор до една година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/trojtsa-privedeni-za-nelegalno-organizirane-igri-na-sreka/feed/ 0
Градот Белград ќе организира пречек на Новата 2021 година https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gradot-belgrad-kje-organizira-prechek-na-novata-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gradot-belgrad-kje-organizira-prechek-na-novata-2021-godina/#respond Tue, 08 Sep 2020 13:39:22 +0000 https://kurir.mk/?p=400709

Заменик-градоначалникот Горан Весиќ денеска изјави дека градот Белград ќе организира новогодишен пречек и дека во наредниот месец ќе бидат познати повеќе детали за тоа како ќе изгледа прославата за време на епидемијата на коронавирусот, која ќе може да се следи преку социјалните мрежи. Како што објави Блиц, Весиќ на прес конференција рече дека бројот на луѓе и организацијата на пречекот на Новата година ќе зависат од епидемиолошката состојба и мерките што ќе бидат во сила. – Белград нема да се откаже од организирање на новогодишната прослава, бидејќи тоа е белградски бренд. Во следниот месец, ќе се подготвиме за таа организација, а како ќе изгледа, зависи од епидемиолошките мерки, рече Весиќ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/gradot-belgrad-kje-organizira-prechek-na-novata-2021-godina/feed/ 0
Бремена жена е уапсена пред децата во Австралија , организирала протести (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bremena-zena-e-uapsena-pred-decata-vo-avstralija-organizirala-protesti-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bremena-zena-e-uapsena-pred-decata-vo-avstralija-organizirala-protesti-video/#respond Thu, 03 Sep 2020 14:37:43 +0000 https://kurir.mk/?p=398833

Откако видеото со апсењето на бремена жена во Австралија поради организирање мирни протести против рестриктивните мерки стана вирално, стигнаа силни критики во јавноста. На видеото се гледа како полицајци вчера и ставиле лисици на рацете на Зои-Ли Булер (28) во нејзиниот дом во Викторија пред нејзиниот партнер и децата. Булер започнала да плаче при апсењето, велејќи им на полицијата дека „не знаела дека прави нешто погрешно“. Австралиските власти ги бранеа постапките на полицајците, велејќи дека тие постапиле соодветно на ситуацијата, пишува Би-Би-Си. Австралиската држава Викторија се наоѓа во некаков вид карантин од јули, откако Австралија беше погодена од втор бран пандемија. Властите во Мелбурн, главниот град на државата, воведоа полициски час и побараа од граѓаните да останат дома што е можно повеќе. Поради строгите ограничувања, многу компании се затворија и неодамна е воведена забрана за масовни собири. Минатата недела полицијата во Викторија предупреди дека ќе ги уапси оние кои организираат протести кршејќи ја забраната. Видеото, кое е пренесувано во живо на Фејсбук и прегледано над два милиони пати, покажува како полицијата разговара со Булер и нејзиниот партнер во нивниот дом во градот Баларат. Наскоро, полицајците им покажаа потерница и велат дека е издадена за објава на Фејсбук и организирање протести. Зои-Ли Булер, која во тоа време сè уште била во пижами, и се понуди на полицијата да ја избрише објавата. "Тука се моите две деца, имам закажано на ултразвук за еден час. Ова е смешно ... Не знаев дека правам нешто лошо", рече таа. Полицијата одговори дека обвиненијата се за „поттикнување“планиран протест во Баларат во саботата. Инцидентот бил критикуван од активистите за човекови права и пратениците од опозицијата. „Превентивните апсења за организирање мирни протести или објавување на социјалните мрежи е нешто што се случува под авторитарните режими и не треба да се одвива во демократии како Австралија“, изјави Елејн Пирсон од Хјуман рајтс воч. Критичарите на ваквите полициски активности предупредуваат дека тие можат понатаму да ги свртат граѓаните кон ограничувачки мерки или да започнат теории на заговор. Досега се пријавени повеќе од 26.000 случаи на ковид-19 во Австралија, а 678 лица починале.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bremena-zena-e-uapsena-pred-decata-vo-avstralija-organizirala-protesti-video/feed/ 0
Канада, Мексико и САД ќе го организираат СП 2026 https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kanada-meksiko-i-sad-kje-go-organiziraat-sp-2026/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kanada-meksiko-i-sad-kje-go-organiziraat-sp-2026/#respond Wed, 13 Jun 2018 11:26:33 +0000 https://kurir.mk/?p=65407

Светската фудбалска федерација на денешниот Конгрес во Москва одлучи Мундијалот во 2026 година заеднички да го организираат Канада, Мексико и САД. На гласањето беа присутни 203 од вкупно 210 делегати со право на глас. Од нив 134 гласаа за трите земји, додека 65 за Мароко. За африканската држава ова е четврто губење на „домаќинството“ на СП, по поразот во финалното гласање. Светското фудбалско првенство во 2026 година е првото на кое ќе учествуваат 48 земји, 16 повеќе од претстојното во Русија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kanada-meksiko-i-sad-kje-go-organiziraat-sp-2026/feed/ 0