орхан муртезани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Dec 2021 20:53:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png орхан муртезани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Алтернатива донесе одлука: Влегува во владината коалиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-donese-odluka-vleguva-vo-vladinata-koalicija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-donese-odluka-vleguva-vo-vladinata-koalicija/#respond Sat, 04 Dec 2021 20:40:04 +0000 https://kurir.mk/?p=604159

Алтернатива ќе биде дел од Владата и од парламентарното мнозинство, одлучи вечерва Централниот совет, највисокото тело на партијата. Како што изјави партискиот портпарол Орхан Муртезани, одлуката била донесена со мнозинство гласови во Централниот совет. Лидерот на партијата Африм Гаши на седницата во партиското седиште во Тетово ги информирал за текот на досегашните преговори и програмските точки кои се договорени, како и за преземените обврски. Причина за влегување на Алтернатива во Владата, како што наведе Муртеазни, се историскиот момент за отворање на преговорите за членство во ЕУ и затворање на спорот со Бугарија како цели на државата, но и на Албанците затоа што со тоа ќе се отвори патот за евтоинтеграција на целиот регион. – Дополнително се договоривме Владата да бара меѓународна истрага за случаите каде што има сомнежи за политичка импликација како што се Монструм, Алфа, Диво насеље, Алмир Алиу итн. Договоривме и точки кои се однесуваат на рамномерниот регионален развој, економски развој на Липковско, заштита на семејството како јадро на општеството што е наша основна програмска дефиниција, но и заштита на цената на струјата која е исклучително важна во ова време. Сметаме дека постигнувањето на овие договори е голема победа за нашата држава, за Албанците во Северна Македонија и пошироко, но и партиска победа на Алтернатива, истакна Муртезани. Со влегувањето во Владата, посочи партискиот портпарол, Алтернатива докажа дека е клучот за решавање на кризата, а не само декор со четворица пратениците, и таа ќе преземе и важни одговорности. – Ние ќе преземеме значајни обврски од областа на здравството, борбата против криминалот и корупцијата, енергетиката, организацијата на дијаспората, но и образованието, културата и подигнувањето на квалитетот на животот на граѓаните, поддршка на економскиот живот на сите граѓани на државата, кажа Муртезани. Сите детали за договореното околу влегувањето на Алтернатива во Владата, утре во 13 часот во Клубот на пратениците ќе информираат лидерот на партијата Африм Гаши и премиерот Зоран Заев, кои свечено ќе ја потпишат програмата за заедничко дејствување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alternativa-donese-odluka-vleguva-vo-vladinata-koalicija/feed/ 0
Владо Јовановски: Кога ќе дојде Мурто на власт, Дудуш да се востоличи во министер за опомени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlado-jovanovski-koga-kje-dojde-murto-na-vlast-dudush-da-se-vostolichi-vo-minister-za-opomeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlado-jovanovski-koga-kje-dojde-murto-na-vlast-dudush-da-se-vostolichi-vo-minister-za-opomeni/#respond Sat, 18 Jan 2020 17:56:28 +0000 https://kurir.mk/?p=291665

Актерот Владо Јовановски реагира за судската опомена за градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш, откако призна дека физички го нападнал Демир Исмаил и изрази каење поради тоа. Курто е бил и ќе биде!Но, и… Мурто е бил и ќе биде! Секоја сличност со господинот Курто Дудуш е случајна. Јас, пак, предлагам, кога ќе дојде Мурто на власт, Дудуш да се востоличи, за министер за ОПОМЕНИ… (ново министерство), барем толку заслужува нашава демократија, во нашево општество, во нашава др’жава (како ѝ беше името)? А пак, Игор Дурловски да се запали на клада. (се разбира, ќе му се извиниме пред или по палењето) – коментира на Фејсбук еден од фронтмените на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vlado-jovanovski-koga-kje-dojde-murto-na-vlast-dudush-da-se-vostolichi-vo-minister-za-opomeni/feed/ 0
Орхан Муртезани е назначен за директор на Македонски железници-транспорт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/orhan-murtezani-e-naznachen-za-direktor-na-makedonski-zeleznici-transport/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/orhan-murtezani-e-naznachen-za-direktor-na-makedonski-zeleznici-transport/#respond Tue, 30 Jul 2019 14:07:30 +0000 https://kurir.mk/?p=224727

На денешната седница Владата за директор на АД Македонски железници – Транспорт го назначи портпаролот, воедно и член на Централно претседателство на Алтернатива, Орхан Муртезани. Орхан Муртезани, познат во јавноста како долгогодишен портпарол, е еден од основачите на Алтернатива. Роден е во Сарај, Скопје. По професија е економист, дипломирал на Економскиот факултет при универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, додека постдипломските студии ги продолжил во Универзитетот ‘‘Мармара’’ во Истанбул во отсекот Менаџмент и организација. Течно зборува англиски и турски јазик. Во јавноста, исто така, е познат и како млад интелектуалец преку бројните телевизиски настапи, анализи и колумни објавени во разни списанија, весници и разни електронски платформи во земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/orhan-murtezani-e-naznachen-za-direktor-na-makedonski-zeleznici-transport/feed/ 0