орхид – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 09 Apr 2020 11:46:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png орхид – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОЈО Охрид поднесе казнени налози за непочитување на полицискиот час https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ojo-ohrid-podnese-kazneni-nalozi-za-nepochituvanje-na-policiskiot-chas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ojo-ohrid-podnese-kazneni-nalozi-za-nepochituvanje-na-policiskiot-chas/#respond Thu, 09 Apr 2020 11:46:12 +0000 https://kurir.mk/?p=329698

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Предлог за издавање казнен налог против 43-годишен жител на Скопје со престојувалиште во Охрид заради продолжено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соопштија од Јавното обвинителство. -Обвинетиот на 13 март на граничниот премин Табановце допатувал од Република Австрија, веднаш заминал во неговиот стан во Охрид и иако знаел дека е должен да се самоизолира, истиот ден се јавил во кабелски оператор и побарал да во станот во кој престојувал да му монтираат кабелска телевизија и интернет. Притоа остварил личен контакт со тројца вработени во кабелскиот оператор, кои ги повикал и ги примил во просторијата во која престојувал, без да ги извести дека е во задолжителна самоизолација и без да носи заштитна маска и ракавици, информираат од ОЈО Охрид. Јавното обвинителство предложи на обвинетиот да му биде изречена парична казна од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност. Исто така, охридското обвинителство поднесе Предлог за издавање казнен налог против уште едно лице кое на 29 март не постапило согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Македонија. -Обвинетиот  бил затекнат надвор од домот за време на полицискиот час со што сторил кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, соо И за овој обвинет, обвинителството на Основниот суд Охрид м у предложи да изрече парична казна од 100 дневни глоби, а вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ojo-ohrid-podnese-kazneni-nalozi-za-nepochituvanje-na-policiskiot-chas/feed/ 0
Маратон на македонски начин: Поп Ацев убедливо прв во трка во која пливал – сам! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maraton-na-makedonski-nachin-pop-acev-ubedlivo-prv-vo-trka-vo-koja-plival-sam-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maraton-na-makedonski-nachin-pop-acev-ubedlivo-prv-vo-trka-vo-koja-plival-sam-foto/#respond Sat, 10 Aug 2019 18:21:59 +0000 https://kurir.mk/?p=228452

Најдобриот македонски пливачки маратонец, Евгениј Поп Ацев победи денеска на Интернационалиот олимписки пливачки маратон на десет километри, кој се одржа во Охрид, на кој верувале или не само тој си пливал на оваа најдолга делница и нормално - победил. Поп Ацев од пливачкиот клуб Вардар 2018 десетте километри кои се пливаа во круг во македонскиот бисер, трката ја заврши со време од 2:15,56 часа, а сооглед дека беше без конкуренција како единствен пливач, ова време беше и најдобро на оваа делница. Се пливаше на уште две делниви, на 5 километри најбрз беше Андреј Стојановски (ПФМ) пред Божидар Мирчевски (ВиП Работнички) и Петар Краљевси (Аква Куманови). Во женска конкуренција на истата делница од пет километри победи Јана Костадиновска пред клупските другарки Калина Стојчевска и Лина Јордановска, сите од ПК Младост. На двојно покусата делница од 2,5 километри, прв беше Андреј Крстевски од ПВК Орион, пред Марио Ѓузиќ и Мане Манов, додека воженска конкуренција најбрза беше Калина Стојановска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/maraton-na-makedonski-nachin-pop-acev-ubedlivo-prv-vo-trka-vo-koja-plival-sam-foto/feed/ 0
Здружението „Совест“ побара од премиерот Зоран Заев итна и ефектна одлука за запирање на градбата на минарето на Али Пашината џамија во Охрид https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zdruzenieto-sovest-pobara-od-premierot-zoran-zaev-itna-i-efektna-odluka-za-zapiranje-na-gradbata-na-minareto-na-ali-pashinata-dzamija-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zdruzenieto-sovest-pobara-od-premierot-zoran-zaev-itna-i-efektna-odluka-za-zapiranje-na-gradbata-na-minareto-na-ali-pashinata-dzamija-vo-ohrid/#respond Fri, 10 May 2019 17:50:38 +0000 https://kurir.mk/?p=196604

Додека институциите вегетираат во парализа, дивоградбата – минаре на Али Пашината џамија во Охрид, напредува високо кон небото“, е констатацијата со која денеска, од уште една прес конференција, се огласи здружението на граѓани „Совест“ од Охрид, пренесува Либертас. Од премиерот Зоран Заев, побараа, итно да донесе ефектна одлука. Влеговме и во третата година како „Совест“ ја отвори темата за Али Пашината џамија, но на запад ништо ново, минарето си расте, а власта во име на некаков мир не презема ништо, рече на денешната прес конференција претседателот на здружението Михаил Трендафилов Нанче. – Наша основна определба е легализмот, работевме најлегално, институциите да си ја завршат работата, но за жал доцна сфативме дека проблемот не е во неспособноста на институциите туку во замешаноста на политиката. Бевме наивни, дури и масовниот протест го откажавме со цел мирно да поминат изборите. Додека очекувавме разврска, се прошири веста дека ние сме се испазариле работите да продолжат, излезе дека ние сме се испазариле, ние што го отворивме прашањето. Сега кога имате апсолутна власт во претседател, премиер и градоначалник се надевам дека без никакви пречки ќе знаете да го решите овој за нас банален проблем, кој доведе до верски и меѓуетнички тензии, додаде Трендафилов Нанче. Истовремено, рече дека како како претседател на „Совест“ прифаќа и лична одговорност и дека се повлекува од функцијата. Понатамошните мерки на здружението ќе зависат од мерките што ќе ги преземе власта. Во тие понатамошни активности стои и протестот, но според него тоа е последното нешто што треба да се направи. Трендафилов Нанче го потсети премиерот Заев на состанокот што го одржаа на кој добиле убедување дека тој лично ќе се заземе за оваа ситуација. – Ви поверувавме, за што бевме жестоко критикувани. Го почитувавме изборниот циклус да се прават тензии, зашто сепак веруваме во легализмот. Рековте оставете до 5-ти мај, еве веќе е 10-ти на, а работите на минарето продолжуваат. Зарем важат едни закони за едни, други за други, додаде тој. Побараа брза и ефектна одлука од страна на премиерот и да не се заборави фактот дека здружението предложило местото да биде меморијален центар на културите. Здружението „Совест“ испратило допис до Инспекцискиот совет, но од нив одговор нема. Претходно Управата за заштита на културно наследство донеса забрана за градежни активности, додека од Државниот градежен инспекторат добиле одговор дека не е издаден налог за запирање на градежните работи, но, како што нагласија, без никакво образложение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zdruzenieto-sovest-pobara-od-premierot-zoran-zaev-itna-i-efektna-odluka-za-zapiranje-na-gradbata-na-minareto-na-ali-pashinata-dzamija-vo-ohrid/feed/ 0