ориз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 27 Sep 2023 09:42:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ориз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Треба ли оризот да се мие пред готвење? Еве што велат резултатите од истражување https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/treba-li-orizot-da-se-mie-pred-gotvene-eve-shto-velat-rezultatite-od-istrazhuvane/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/treba-li-orizot-da-se-mie-pred-gotvene-eve-shto-velat-rezultatite-od-istrazhuvane/#respond Wed, 27 Sep 2023 09:42:52 +0000 https://kurir.mk/?p=882212

Оризот е една од најпопуларните намирници во светот. Иако потекнува од Азија, тој е дел од бројните традиционални кујни ширум светот. Сепак, неговата подготовка не е секогаш успешна, па често се поставува прашањето дали треба да се измие пред да се готви или не? Имено, кулинарски експерти наведуваат дека миењето на оризот пред готвење ја намалува количината на скроб и дека тоа најдобро се гледа при миењето кога ќе се појави белата вода. Затоа, според нив, доколку вашиот рецепт бара посебно зрно тогаш потребно е да го измиете оризот. Од друга страна, миењето на оризот може да биде навика, но и мислење дека содржи разни штетни материи кои треба да се отстранат со миење. Сепак, една неодамнешна студија објавена од ScienceDirect покажа дека процесот на перење нема влијание врз лепливоста или тврдоста на оризот. Тие користеле три различни видови ориз во ова истражување, леплив, средно зрнесто и јасмин ориз. Тие подготвија три верзии на овие видови ориз. Во првата воопшто не го миеле оризот, во втората три пати, а во третата со вода го измиле оризот дури 10 пати. На крајот, истражувачите покажаа дека лепливоста не се должи на површинскиот скроб - амилоза, туку на друг скроб наречен амилопектин кој се измива од зрната ориз за време на процесот на готвење. Количината на амилопектин се разликувала меѓу видовите на зрно ориз. Ова би значело дека клучот за лепливоста е видот, а не плакнењето со вода. Сепак, тие наведуваат дека можеби ќе треба да го измиете оризот од други причини, а тоа е да ја отстраните прашината, можните инсекти, оризовите лушпи и слично. Исто така, тие наведуваат дека со големата употреба на пластика во прехранбената индустрија, можно е таа да се најде и во оризот, па истражувањата покажале дека со процесот на миење се мијат и до 20 отсто пластика од суров ориз. Исто така, важно е да се напомене дека оризот содржи прилично високо ниво на арсен, така што се покажа дека миењето ориз отстранува околу 90 проценти од таканаречениот био-достапен арсен, но исто така измива и голема количина на други хранливи материи важни за нашето здравје, вклучувајќи бакар, железо и цинк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/treba-li-orizot-da-se-mie-pred-gotvene-eve-shto-velat-rezultatite-od-istrazhuvane/feed/ 0
Заменете го оризот со оваа намирница: Има помалку шеќер и скроб, а килограмите исчезнуваат https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/zamenete-go-orizot-so-ovaa-namirnitsa-ima-pomalku-sheker-i-skrob-a-kilogramite-ischeznuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/zamenete-go-orizot-so-ovaa-namirnitsa-ima-pomalku-sheker-i-skrob-a-kilogramite-ischeznuvaat/#respond Mon, 21 Aug 2023 07:27:35 +0000 https://kurir.mk/?p=868976

Оризот е една од најпопуларните житарки во светот, но секако не е најдобрата храна што можете да ја внесете во организмот: се смета за извор на „празни“ јаглехидрати бидејќи во него е најзастапен скробот. Покрај тоа, обичниот бел ориз има висок гликемиски индекс (64), што значи дека нивото на шеќер во крвта брзо и нагло се зголемува по неговото јадење. Поради ова, се почесто можете да најдете рецепти во кои се заменува со интегрален кафеав ориз, или уште подобро со киноа, пишува Glossy. Киноата – наречена и „мајка на сите житарки“ – е една од најбогатите намирници без глутен што може да се најде во природата. Содржи аминокиселина лизин, која му е неопходна на организмот за правилен раст и развој и производство на енергија, како и протеини, витамини од групата Б, витамин Е, разни антиоксиданси, флавоноиди, потоа есенцијални минерали (меѓу нив манган, магнезиум, железо, фосфор, калиум, калциум, цинк, бакар и селен) и толку многу растителни влакна што една чаша киноа има дури 21% од препорачаната дневна доза! Зошто да го замените оризот со киноа? Според медицинската платформа Medicinenet, има многу придобивки од киноата, од кои некои се: – Киноата има понизок гликемиски индекс од белиот ориз, што значи дека не го зголемува нивото на шеќер во крвта толку брзо – Киноата е богата со влакна и протеини, содржи повеќе хранливи материи и има слична мека текстура како оризот – Чаша киноа содржи двојно повеќе протеини и 5 грама повеќе влакна од белиот ориз – Киноата содржи помалку калории и јаглехидрати од белиот ориз – Киноата го намалува нивото на триглицериди во крвта после оброк – Киноата има поголема количина на сите есенцијални амино киселини – Киноата има поголем процент на минерали (три пати повеќе калциум, пет пати повеќе железо, осум пати повеќе калиум, двојно повеќе манган, цинк, кој го нема во оризот…)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/zamenete-go-orizot-so-ovaa-namirnitsa-ima-pomalku-sheker-i-skrob-a-kilogramite-ischeznuvaat/feed/ 0
Пржен ориз: Лесен рецепт за вкусен ручек кој ќе биде готов за помалку од 10 минути https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/przhen-oriz-lesen-retsept-za-vkusen-ruchek-koj-ke-bide-gotov-za-pomalku-od-10-minuti/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/przhen-oriz-lesen-retsept-za-vkusen-ruchek-koj-ke-bide-gotov-za-pomalku-od-10-minuti/#respond Sat, 29 Jul 2023 14:07:24 +0000 https://kurir.mk/?p=861480

Експертите за готвење тврдат дека ќе го добиете најдобриот вкус на ова јадење ако го подготвите со застарен и сув ориз што сте го зготвиле претходниот ден и го чувате во фрижидер преку ноќ. Ви го пренесуваме рецептот за наједноставната варијанта на пржен ориз со малку зеленчук и матени јајца. Состојки: 700 гр варен ориз 70 гр замрзнат грашок 3 чешниња лук 3 супени лажици путер 3 лажици соја сос 2 моркови 2 јајца 1 мал кромид ½ лажичка масло од сусам сол и црн пипер Подготовка: Загрејте една лажица путер во вок или поголема тава, па на неа испржете изматени јајца. Испржените јајца извадете ги од тавата и оставете ги на страна. Во истото тавче загрејте уште една лажица путер и пропржете ги кромидот и морковот кои сте ги исечкале на помали парчиња. Пржете сè заедно со малку сол и бибер околу четири до пет минути додека зеленчукот не омекне. Додадете го сечканиот лук и пржете сè заедно уште половина минута. На едната страна од тавата ставете го зеленчукот, а од другата растопете ја последната лажица путер. Во тавата додадете го сварениот ориз, замрзнатиот грашок, соја сосот и маслото од сусам и сè измешајте со зеленчукот. Пржете на висока температура околу три минути додека оризот не ги „впие“ сите вкусови и стане крцкав. Вратете ги јајцата во тавата, измешајте сè и послужете топло. Украсете со парче млад кромид. Добар апетит!]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/przhen-oriz-lesen-retsept-za-vkusen-ruchek-koj-ke-bide-gotov-za-pomalku-od-10-minuti/feed/ 0
Индија забрани извоз на неколку видови ориз https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-zabrani-izvoz-na-nekolku-vidovi-oriz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-zabrani-izvoz-na-nekolku-vidovi-oriz/#respond Fri, 21 Jul 2023 10:58:49 +0000 https://kurir.mk/?p=858709

Индија го забрани извозот на неколку видови ориз за да го спречи растот на цените на домашниот пазар поради намалените залихи по монсунските дождови. Од 20 јули е забранет извозот на бел и скршен ориз, со исклучок на сортата басмати, соопшти Министерството за храна, додавајќи дека забраната не го опфаќа ниту „делумно варениот“ ориз. „Со цел да се обезбеди соодветна достапност на бел ориз на индискиот пазар, со исклучок на сортата басмати, и да се ублажи растот на цените, индиската Влада ја промени својата извозна политика“, соопштија од Министерството. Напоменуваат дека малопродажните цени на оризот во Индија во изминатата година се зголемени за 11,5 отсто. Индија учествува со повеќе од 40 отсто од светскиот извоз на ориз, а во 2022 година извезе околу 10 милиони тони бел и скршен ориз, без сортата басмати. Вкупно се извезени 22 милиони тони ориз. Оризот е основна храна за повеќе од три милијарди луѓе, а неговите цени на светските пазари се блиску до највисокото ниво во последните 11 години. Дури 90 отсто од културата, чие одгледување бара многу вода, се произведува во Азија, каде временскиот феномен Ел Нињо обично носи помалку врнежи. Поради Ел Нињо, цените на оризот од Виетнам, третиот најголем извозник во светот по Индија и Тајланд, скокнаа оваа недела на највисоко ниво во повеќе од 10 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-zabrani-izvoz-na-nekolku-vidovi-oriz/feed/ 0
Се замрзнуваат цените на оризот и јајцата – Месните производите следни за анализа, кај шеќерот и брашното засега без интервенции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-zamrznuvaat-tsenite-na-orizot-i-jajtsata-mesnite-proizvodite-sledni-za-analiza-kaj-shekerot-i-brashnoto-zasega-bez-interventsii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-zamrznuvaat-tsenite-na-orizot-i-jajtsata-mesnite-proizvodite-sledni-za-analiza-kaj-shekerot-i-brashnoto-zasega-bez-interventsii/#respond Tue, 21 Mar 2023 06:30:20 +0000 https://kurir.mk/?p=814342

Владата денеска треба да ги замрзне цените на оризот и јајцата, но и да донесе одлука со која ќе го ограничи извозот на јајца. Во однос на шеќерот и брашното се уште нема да се интервенира. Ќе се чека трговците сами да ги поевтинат овие производи, додека цените во месната индустрија се следни за анализа. За овошјето и зеленчукот ингеренции има Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Доколку оттаму се предложат какви било мерки, Министерството за економија е подготвено да ги прифати. Министерот за економија Крешник Бектеши кој вчера информираше за овие најнови одлуки, не прецизира колкава ќе биде замрзнатата цена на оризот и јајцата. Не сакал да објави, како што напомена, пред да биде соопштена конечната одлука од страна на Владата. -Министерството за економија има конкретен предлог. Нема да биде денешната цена, туку една од цените во март. Не би сакал тоа јавно да го кажам зашто одредени трговци или производители може да се подготват. Тоа не значи дека немаме доверба во нашите стопанственици, само не би сакал да објавам пред да биде конечната одлука од страна на Владата. Во однос на шеќерот и брашното, очекуваме цените сами да паѓаат, а и веќе бележат намалување, но ако тоа не се случи од страна на трговците, до крајот на оваа или почетокот на идната недела ќе има дополнителни одлуки за цените на овие производи, истакна Бектеши. Цените на месните проиозводи кои се увезуваат, како што најави, ќе бидат една од наредните мерки што ќе се анализираат од страна на Министерството за економија. Според Бектеши, иако е зголемена побарувачката на македонските јајца од државите во регионот, домашниот пазар нема да почувствува недостиг, ниту ќе се дозволи поскапување за претстојните празници. -За земјоделските производи, овошје и зеленчук, мора да бидеме внимателни. Со оглед дека е специфичен начинот како се работат овие култури, немаме голема можност да направиме детални анализи. Ако такви капацитети има МЗШВ, добредојдени се нивните податоци и препораки. Во делот на другите производи, во делот на увозот и во делот на производството следиме се на дневна основа, подвлече Бектеши. Од 16 март се замрзнати цените на тестенините и млечните производи, а од 28 февруари е замрзната и цената на лебот. Тогаш се укинаа и субвенциите за електричната енергија што ги добиваа компаниите од прехранбената индустрија. Министерот Бектеши минатата недела најави дека во април се можни нови мерки во однос на цените.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-zamrznuvaat-tsenite-na-orizot-i-jajtsata-mesnite-proizvodite-sledni-za-analiza-kaj-shekerot-i-brashnoto-zasega-bez-interventsii/feed/ 0
Утре ќе се замрзне цената на оризот и јајцата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-ke-se-zamrzne-tsenata-na-orizot-i-jajtsata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-ke-se-zamrzne-tsenata-na-orizot-i-jajtsata/#respond Mon, 20 Mar 2023 09:57:51 +0000 https://kurir.mk/?p=814065

Mинистерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека утре ќе се замрзнат цените на оризот и јајцата. Како што рече денеска на прес-конференција во Владата, кај шекерот и брашното нема да се интервенира со замрзнување зашто веќе има наламување на цените на овие производи и тој тренд се очекува да продолжи. Бектеши не кажа конкретно на која цена ќе биде замрзнувањето, но извесно е дека тоа нема да биде денешната, туку од некој друг претходен ден во март. Според него, моментно цените на јајцата во земјава се најниски во однос на другите земји од регионот. -Очекуваке цените на шекерот и брашното сами да паѓаат, а и веќе бележат намалување, но ако тоа не се случи од страна на трговците, до крајот на оваа или почетокот на идната недела ќе има дополнителни одлуки за цените на овие производи, истакна Бектеши. Од 16 март се замрзнати цените на тестенините и млечните производи, а од 28 февруари е замрзната и цената на лебот. Тогаш, согласно владините одлуки, се укина и субвенционираната струја за компаниите од прехранбената индустрија. Министерот Бектеши минатата недела најави дека во април се можни нови мерки во однос на цените.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-ke-se-zamrzne-tsenata-na-orizot-i-jajtsata/feed/ 0
Идната недела можно замрзнување на цените и на шеќерот, јајцата и оризот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/idnata-nedela-mozhno-zamrznuvane-na-tsenite-i-na-shekerot-jajtsata-i-orizot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/idnata-nedela-mozhno-zamrznuvane-na-tsenite-i-na-shekerot-jajtsata-i-orizot/#respond Fri, 10 Mar 2023 10:35:27 +0000 https://kurir.mk/?p=810381

Идната недела ќе се направат анализи и ќе се утврди дали ќе бидат замрзнати цените и на шеќерот, јацата и оризот, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Како што рече Бектеши на прес-конференција во Владата, цени најверојатно ќе се замрзнат ако производителите не ги намалат. Според него, анализите на Секторот за трговија и на стопанските комори покажале дека повеќето компании ја користат максималната маржа и на некој начин се здружени за да не ги намалат своите профити. -Согласно сите анализи на Секторот за трговија и коморите, се утврдува дека повеќето компании ја користат максималната маржа и на некој начин се здружени за да не ги намалат своите профити. Затоа одлучивме да одиме со замрзнување на цените. Остануваат уште шеќерот, јацата и оризот за кои наредната недела ќе се направат анализи и чии цени најверојатно ќе се замрзнат ако производителите не ги намалат, објасни Бектеши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/idnata-nedela-mozhno-zamrznuvane-na-tsenite-i-na-shekerot-jajtsata-i-orizot/feed/ 0
НАЈДОБРАТА САРМА СО ОРИЗ! Одлично оди со топла проја https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/najdobrata-sarma-so-oriz-odlichno-odi-so-topla-proja/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/najdobrata-sarma-so-oriz-odlichno-odi-so-topla-proja/#respond Wed, 01 Mar 2023 14:17:38 +0000 https://kurir.mk/?p=806681

Доколку постите, тогаш можете да направите посна сарма со ориз. Уште кога на тоа ќе додадете проја, ќе имате комплетен ручек. Состојки: голема главица кромид 1 голем морков 100 гр ориз 1 голем компир 1/2 корен од целер зачин, црвен пипер мелен лут пипер масло од мелен пипер 1 мала главица лук ловоров лист 1 главица кисела зелка Подготовка: Измијте ја зелката малку, а потоа одвојте ги листовите и извадете го задебелениот корен. На масло пропржете го сечканиот кромид и изренданиот морков. Додадете ги измиениот ориз и целерот и компирот исечкани на коцки. Додадете ги сите зачини, измешајте и завиткајте ја сармата. Наредете во земјен лонец, па додадете ловоров лист и уште малку искршена лута пиперка и масло. Покријте и варете во рерна околу 2 часа. Предобро оди со топла проја.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/najdobrata-sarma-so-oriz-odlichno-odi-so-topla-proja/feed/ 0
Мицкоски: Власта не ги решава проблемите на земјоделците, идната владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди мерки со кои откупот и цената на оризот ќе биде загарантирана https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-vlasta-ne-gi-reshava-problemite-na-zemjodeltsite-idnata-vladata-na-vmro-dpmne-ke-ponudi-merki-so-koi-otkupot-i-tsenata-na-orizot-ke-bide-zagarantirana/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-vlasta-ne-gi-reshava-problemite-na-zemjodeltsite-idnata-vladata-na-vmro-dpmne-ke-ponudi-merki-so-koi-otkupot-i-tsenata-na-orizot-ke-bide-zagarantirana/#respond Fri, 03 Feb 2023 14:12:51 +0000 https://kurir.mk/?p=795776

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со Цветан Трипуновски, претседател на комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на партијата, денеска остварија средба во оризопроизводителите од општина Чешиново Облешево. На средбата се разговараше за актуелна состојба во земјоделството, како и проблемите со кои се соочуваат оризопроизводотелите. Од страна на оризопроизводителите беше потенцирано дека цената по која се откупува оризот е далеку под рентабилната цена, како и дека се доцни со исплата на основните субвенции и дополнителните мерки за оваа категорија, укажувајќи дека се на работ на егзистенција. Оризопроизводителите се пожалија дека проблемите со откупот и цената се наталожуваат бидејќи владата на СДСМ е незаинтересирана и нема слух за решавање на нивните проблеми со кои се соочуваат. Оризопроизводителите побараа законски измени во Законот за стокови резерви за да оризот да се откупува за стоковите резерви како би им се помогнало на големиот дел на оризопроизводителите. Мицкоски потенцираше дека новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди мерки кои ќе значат враќање на достоинството, вреднување на нивниот труд и мака, и излез од тешката ситуација во која ги донесе власта, не само на оризопроизводителите туку и на сите земјоделци во државата.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-vlasta-ne-gi-reshava-problemite-na-zemjodeltsite-idnata-vladata-na-vmro-dpmne-ke-ponudi-merki-so-koi-otkupot-i-tsenata-na-orizot-ke-bide-zagarantirana/feed/ 0
Еве зошто треба да држите ТЕГЛА СО ОРИЗ во вашиот ОРМАР https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/eve-zoshto-treba-da-drzhite-tegla-so-oriz-vo-vashiot-ormar/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/eve-zoshto-treba-da-drzhite-tegla-so-oriz-vo-vashiot-ormar/#respond Wed, 25 Jan 2023 08:39:16 +0000 https://kurir.mk/?p=791528

Доколку сакате вашите плакари и соби секогаш да мирисаат пријатно, се што ви треба е стаклена тегла, ориз и неколку капки есенцијално масло. Оризот совршено ги впива мирисите на есенцијалното масло, така што ќе го задржи мирисот во вашата гардероба неколку месеци. Тоа е подобар избор од освежувачите за воздух купени во продавница бидејќи не содржи никакви хемикалии. Можете да изберете масло од кој било мирис. Маслото од маточина е најефикасно ако сакате да ги елиминирате непријатните ароми. Се прави со полнење на тегла со ориз и додавање 10 до 20 капки есенцијално масло. Покријте и добро протресете за рамномерно да се распореди маслото. Отстранете го капакот, покријте ја теглата со газа и прицврстете ја со гумена лента. Кога ќе забележите дека интензитетот на мирисот е намален, само протресете ја теглата или додадете неколку капки масло. Освен за гардероби, можете да го користите и како освежувач на просторијата.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/eve-zoshto-treba-da-drzhite-tegla-so-oriz-vo-vashiot-ormar/feed/ 0