оризопроизводители – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 02 Sep 2023 12:30:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png оризопроизводители – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Оризопроизводители протестираа во Облешево, имаат два главни проблеми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/orizoproizvoditeli-protestiraa-vo-obleshevo-imaat-dva-glavni-problemi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/orizoproizvoditeli-protestiraa-vo-obleshevo-imaat-dva-glavni-problemi/#respond Sat, 02 Sep 2023 12:30:49 +0000 https://kurir.mk/?p=873721

Со блокада на едната сообраќајна лента на патниот правец од Штип кон Кочани, кај селото Облешево денеска оризопроизводителите од Облешево го искажаа револтот, бидејќи имаат два главни проблеми. Посочуваат дека околу 500 хектари под ориз имаат недостатокот на вода, која според нив, треба да ја има до крајот на септември за оризот со долга вегетација, но и појавата на болести за кои никој не ги испитува. -Водата е најосновното нешто, без вода нема бериќет. Нема да биде ни пченка, ни ориз, ништо. Браната е преполна со воа и сега некои си игра, прави нереди. Алармираме три години, да дојдат од Институтот, да видат дека, навистина, во оризот има болест. Никој за тоа со прстот не мрдна. Ѓубривата, препаратите не се соодветни, ние се снајдеме кој како знае и умее, вели оризопроизводителот Здравко Арсов. Ако наводнувањето се прекине во оваа фаза, велат оризопроизводителите, ќе нема род. Оризопроизводителот Тони Максимов вели дека проблемите со болестите значат намалено производство од најмалку 50 проценти, со недостатокот на вода, што е проблем, на кој влијае човечкиот фактор и ќе има за 50 – 70 проценти помалку ориз. -Зафатот на Кочанска река е однесен пред дваесетина дена, односно скинат. Водостопанство сега нема услови да го фати, бидејќи немаат ниту машини, ниту средства за да го направат тоа. Земјоделците почнаа да уклучуваат пумпи за вода, да ја црпат од Кочанска река и да ја внесуваат во оризите на повисоко ниво. Затоа бевме приморани да излеземе и да им кажеме на Водостопанство дека оризот сѐ уште бара вода, вели Максимов. Стојче Ташовски вели дека оризопроизводителите веќе се во загуба и едвај ќе можат да ги покријат трошоците во земјоделските аптеки и бензинските. Откупната цена за килограм оризова арпа бараат да биде најмалку едно евро. -Цената, според нашата математика и според приносите што ќе ги добиеме, би требало да биде од еден евро нагоре. Зборувам за килограм продадена арпа. Исто така и на берзата, може да забележите, цената на оризот е покачена, а и во Европа и во светот производството на ориз е намалено, вели Ташовски. Од кочанската подружница на АД Водостопанство, „Брегалница“, велат дека затворањето на водите е во договор со водокорисниците. Раководителот, Благојчо Богатинов вели оти е голема лага дека на оризот му треба вода, но подготвени се да формираат комисија за да најде заедничко решение. -АД Водостопанство – подружница „Брегалница“ е подготвена да формира комисија од засегнатите страни, од водокорисниците кои тврдат дека е потребно вода, од институции, институт, за да утврдиме дали е вистина или не е вистина тоа, вели Богатинов. Оризопроизводителите изминатава недела реагираа за проблемите со кои се соочуваат пред почетокот на жетвата, а денеска тоа го искажаа со блокада на патот. Велат дека поради ваквите проблеми сѐ повеќе се насочуваат кон семиња со кратка вегетација поради што се губи квалитетот на македонскиот ориз.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/orizoproizvoditeli-protestiraa-vo-obleshevo-imaat-dva-glavni-problemi/feed/ 0
Оризопроизводителите бараат итна исплата на финансиската поддршка за предадена арпа пред почетокот на новата сеидба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/orizoproizvoditelite-baraat-itna-isplata-na-finansiskata-poddrshka-za-predadena-arpa-pred-pochetokot-na-novata-seidba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/orizoproizvoditelite-baraat-itna-isplata-na-finansiskata-poddrshka-za-predadena-arpa-pred-pochetokot-na-novata-seidba/#respond Mon, 03 Apr 2023 12:51:15 +0000 https://kurir.mk/?p=819527

Земјоделците од кочанскиот регион бараат итна исплата од ресорното Министерство на ветената интервентна финансиска помош од три денари за предаден килограм арпа, за да можат да ги подготват нивите пред сеидбената сезона. Оризопроизводителите очекувале до крајот на март, до кога бил крајниот рок, да ги добијат парите, но на сметките сè уште немаат никаков прилив, а веќе прават трошоци за орање и набавка на репроматеријали за новата сеидба. -Нема ништо од Ковид мерката за исплата по кантарна белешка на дополнителни три денари за килограм предадена арпа. Се најавуваше исплата до средината на јануари, средина на февруари, па крај на март, а парите уште ги нема. Средствата ни се толку неопходни во овој момент за да можеме нормално да ја завршиме подготовката за новата сеидба на оризот. Се прашуваме дали треба блокадите на регионалниот пат Штип - Кочани повторно да се активираат, за да добиеме нешто, истакна Здравко Арсов од Иницијативниот одбор на оризопрозиводителите. Според пресметките на Иницијативниот одбор на оризопроизводителите, минатата година се произведени околу 25 илјади тони оризова арпа, а за количините што во предвидениот рок биле предадени кај откупувачите треба да се исплати поддршката од интервентна мерка. Во меѓувреме оризопроизводителите ги подготвуваат површините за претстојната сеидба, а според најавите од водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани годинава ќе се засеат околу илјада хектари помалку во споредба со лани. Причината за намалувањето е сушниот период во текот на зимата и пролетта, а во моментот во акумулацијата Калиманци има 81 милион кубни метри вода, што е за една третина помалку од нејзиниот капацитет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/orizoproizvoditelite-baraat-itna-isplata-na-finansiskata-poddrshka-za-predadena-arpa-pred-pochetokot-na-novata-seidba/feed/ 0
Протест на оризопроизводителите во Кочанско: Откупните цени се под трошоците за производство, доцнат и субвенциите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-orizoproizvoditelite-vo-kochansko-otkupnite-ceni-se-pod-troshocite-za-proizvodstvo-docnat-i-subvenciite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-orizoproizvoditelite-vo-kochansko-otkupnite-ceni-se-pod-troshocite-za-proizvodstvo-docnat-i-subvenciite/#respond Sun, 13 Nov 2022 14:21:17 +0000 https://kurir.mk/?p=759885

Оризопроизводитилите од Кочанско денеска повторно излегоа на протест за да го изразат незадоволството од ниските откупни цени за овогодишната реколта и доцнењето во исплатата на субвенциите. Со трактори ја блокираа едната коловозна лента од магистралнот пат во селото Облешево и побараа средба со претставници од Владата, кои веќе ги известиле за протестот, за директно да ги запознаат со своите барања. -Жетвата заврши, но проблемите останаа како што беа, дури сега е и полошо. По последната средба со министерот за земјоделство ни беше ветено дека дел од субвенциите ќе ни бидат исплатени за да можеме да влеземе во завршната фаза на оризопроизводството. До денеска од тоа нема ништо, а имаме информации дека дополнителните три денари за предадена оризова арпа ги ограничуваат со некој датум на останатите кои имаат предадено од минатогодишната реколта и дека нема ни да бидат исплатени. Беше утврдено дека производната цена е 27 денари за килограм арпа, а ние сега го предаваме оризот под таа цена затоа што сме принудени, нема организиран откуп и она што се откупува го плаќаат по 22 до 25 денари за килограм, според волјата на откупувачите, истакна Тони Максимов, оризопроизводител од Облешево. Оризопроизводителите истакнаа дека денешниот протест е предупредувачки и ако не остварат средба со претставници од Владата, ќе организираат поголем со блокада на двете коловозни ленти на магистралниот пат Кочани – Штип. Притоа се пожалија дека дел од земјоделците биле под притисок и манипулации да не излегуваат на протести. -Досега се одржа само еден состанок со надлежните државни институции, на кој само беше утврдена производната цена на оризот, друг состанок немаше и немаме позитивни сигнали како ќе се реши состојбата во оризопроизводството. Мора со нив да одржиме една конструктивна дискусија на која ќе бидат понудени предлози што ќе носат решенија на проблемите. Исплатата на дополнителната субвенција од три денари не е реализирана, што е недозволиво, со оглед што оризот можеби беше единствената земјоделска култура за која со решение на Министерството за економија имаше замрзната цена цела година, истакна Ставре Јанев, претседател на Самостојниот синдикат на индивидуалните земјоделслки производители. Земјоделците истакнаа дека цените на оризот на светските берзи пред два дена имале покачување од 10 отсто и во моментот достигнуваат три илјади евра за еден тон, а кај нас цената е три пати пониска. Поради тоа бараат усогласување со движењето на цените, согласувајќи се тие кај нас да бидат и за 20 отсто пониски во однос на берзанските. Поддршка на оризопроизводителите им дадоа и претставници на тутунарите и производителите на јаболка од Радовишко, Прилепско и Ресенско, кои истакнаа дека имаат исти проблеми и државата мора да им помогне, затоа што земјоделските производители сочинуваат скоро една четвртина од вкупното население во државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protest-na-orizoproizvoditelite-vo-kochansko-otkupnite-ceni-se-pod-troshocite-za-proizvodstvo-docnat-i-subvenciite/feed/ 0
Трипуновски: Откупната цена на оризот пониска од производната – владата нема слух за барањата на оризопроизводителите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-otkupnata-cena-na-orizot-poniska-od-proizvodnata-vladata-nema-sluh-za-baranjata-na-orizoproizvoditelite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-otkupnata-cena-na-orizot-poniska-od-proizvodnata-vladata-nema-sluh-za-baranjata-na-orizoproizvoditelite/#respond Tue, 11 Oct 2022 13:17:17 +0000 https://kurir.mk/?p=743894

Денеска орипроизводителите го блокираа патот Кочани -Штип во знак на револт поради ниската откупна цена што е пониска од производната. Тоа значи дека оризопроизводителите не можат да ги покријат основните трошоци за живот. Оризопроизводителите се разочарани. Ова е потценување на трудот и маката. Според информациите до сега само 30 проценти се ожнеани од засеаните површини, а во амбарите се уште се останати голем дел и од ланската реколта, стои во Фејсбук статусот на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи дека Владата на антимакедонската СДС и Љупчо Николовски ја уништи и оваа култура, немајќи слух за проблемите на оризопроизводотелите истите се принудени нивите да останат непосеани. - Наместо СДС да ги држи истите прес конференции, власта веднаш да се зафати со решавање на проблемите на оризопроизводителите. На неспособноста и незаинтересираноста од првиот човек на МЗШВ Николовски и владата мора да и се стави крај. Токму затоа, барам веднаш власта да започнат со измена на Законот кој што го поднесе пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во македонското собрание, односно оризот стане стратешка култура и веднаш преку Агенцијата за стокови резерви да се откупи количина која што се складира за националните резерви. Ако навистина сака владата да помогне, тогаш веднаш да го прифати предлогот, во спротивно незадоволството ќе расте и ќе се соочат со уште поголем револт, напиша Трипуновски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-otkupnata-cena-na-orizot-poniska-od-proizvodnata-vladata-nema-sluh-za-baranjata-na-orizoproizvoditelite/feed/ 0
Оризопроизводителите утре излегуваат на протест https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/orizoproizvoditelite-utre-izleguvaat-na-protest/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/orizoproizvoditelite-utre-izleguvaat-na-protest/#respond Mon, 10 Oct 2022 06:23:56 +0000 https://kurir.mk/?p=743281

Kочанските оризопроизводители утре излегуваат на протест и со комбајните ќе ги блокираат патиштата на четири локации. Жетвата на оризот годинава започна со најава на протест, кој ќе се одржи во вторник. Производителите на ориз се незадоволни од откупната цена, која се движи од 22 до 25 денари за килограм и е за 2 денари пониска од производствената цена. Иако субвенциите се зголемени и се најавени други мерки, земјоделците се жалат дека со помошта од државата не можат да ги покријат ниту трошоците за жетвата. Тие од годинешната реколта ќе натрупаат само нови долгови. Комбајните сепак влегоа во нивите, а жетвата почна. Родот е просечен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/orizoproizvoditelite-utre-izleguvaat-na-protest/feed/ 0
Оризопроизводителите го блокираа патот Кочани – Штип, бараат минимална откупна цена од 40 денари за арпата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/orizoproizvoditelite-go-blokiraa-patot-kochani-shtip-baraat-minimalna-otkupna-cena-od-40-denari-za-arpata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/orizoproizvoditelite-go-blokiraa-patot-kochani-shtip-baraat-minimalna-otkupna-cena-od-40-denari-za-arpata/#respond Sun, 11 Sep 2022 11:30:10 +0000 https://kurir.mk/?p=731315

Земјоделците од кочанскиот и штипскиот регион кои произведуваат ориз, денеска го блокираа магистралниот патен правец Кочани – Штип протестирајќи против ниските откупни цени на арпата и високите трошоци за производство. На пунктови кај селата Облешево, Чифлик, Чешиново и Крупиште тие излегоа со трактори и земјоделска механизација, најавија дека блокадата ќе трае во наредните денови, додека не остварат средба со надлежните владини претставници за да им ги изнесат своите проблеми. -Производната цена на килограм арпа е меѓу 35 и 38 денари, а во моментот таа се откупува од 20 до 23 денари. Тоа значи дека немаме средства ниту за основна репродукција, да го почнеме производството, а за покривање на трошоците за живот не станува збор. Најдобар пример за тоа е што со добиениот принос од четири хектари ние можеме да купиме само 25 кубни метри огревно дрво. Во моментот сме на најниско ниво меѓу земјоделците, откако се одгледува ориз кај нас. Светот се соочува со недостиг на храна, а ние имаме над десет илјади тони ориз што може да се извезе, но Владата ја интересира само енергетската криза, иако кризата за храна е поважна и од неа. Затоа ги повикуваме и премиерот и министерот да дојдат за да го слушнат гласот на земјоделците, истакна Здравко Арсов, земјоделец од Облешево. Производителите на ориз истакнаа дека минималната отткупна цена не смее да биде под 40 денари за килограм арпа, иако таа ќе биде доволна само да ги подмират основните производствени трошоци. -Бараме оризот под итно да се стави во мерките за заштита на растенијата, како што се тутунот и грозјето, затоа што со него се манипулира, се увезува, а ние сме оставени сами да се снаоѓаме. Очекуваме на првата седница на Собранието ова барање да биде ставено на дневен ред, во спротивно овие блокади ќе продолжат и понатаму. Сега, кога ќе започне жетвата, Владата да излезе со интервентен откуп на ориз, како што се прави кај другите земјоделски култури, за да можеме да се справиме со оваа економска криза, истакна Тони Максимов, оризопроизводител од Облешево. На протест излегоа и земјоделците од Крупиште, Карбинци, Долни Балван и околните села во штипскиот регион, при што за остварување повисоки приноси побараа и поквалитетен семенски материјал. -Ги поддржуваме напорите на Владата што даде по три денари за предаден килограм арпа како дополнителни субвенции, но даваат пари за субвенции и за семенски материјал, а ние немаме од каде да го купиме. Само десет отсто од овластените трговци нудат семе со документ за квалитет, не можеме да бараме субвенции по тој основ, а сакаме да добиеме поквалитетен производ, истакна Ѓорѓи Богдановски, оризопроизводител од Крупиште. Поддршка на земјоделците кои протестираа дадоа и партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ кои ја повикаа власта да преземе соодветни мерки за решавање на проблемите во земјоделството, да најде соодветен пласман на храната, наместо таа да се фрла на буниште или да скапува на нивите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/orizoproizvoditelite-go-blokiraa-patot-kochani-shtip-baraat-minimalna-otkupna-cena-od-40-denari-za-arpata/feed/ 0
Кочанските оризопроизводители го блокираа регионалниот пат Штип-Кочани, бараат повисока цена за оризот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kochanskite-orizoproizvoditeli-go-blokiraa-regionalniot-pat-shtip-kochani-baraat-povisoka-cena-za-orizot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kochanskite-orizoproizvoditeli-go-blokiraa-regionalniot-pat-shtip-kochani-baraat-povisoka-cena-za-orizot/#respond Tue, 16 Aug 2022 10:37:46 +0000 https://kurir.mk/?p=719251

Кочанските оризопроизводители излегоа на протести, во селото Облешево го блокираат патот Штип-Кочани. Сметаат дека откупната цена и на белиот ориз и на оризовата арпа се прениски и годинава не им ги покриваат трошоците. Здравко Арсов од Иницијативниот одбор за спас на оризопроизводството вели дека производствената цена е повисока од откупната. Барањето е пред да почне жетвата да се одреди откупна цена, а бараат и средба со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. -Ланската реколта беше откупувана од 15 до 18 денари, а сега се откупува од 20 до 22 денари, кој може да опстане, истото е и со пченицата, тутнот, грозјето. Буквално целото земјоделие е во колапс, вели Арсов. Оризопроизводителот, Стојче Ташовски забележа дека секој ден им се трупаат долговите, а земјоделците тонат во сиромаштија и не можат да си платат пензинско и здравствено осигурување. -Цената на жетвата оваа година ќе се покачи, заради тоа што нафтата е зголемена, а исто и трошоците за комбајни. Јас не знам како ќе почнам жетва оваа година. Една вреќа е 15 денари, пластична 20 денари, а кило оризова арпа е 20 денари. Тоа е срамота. Зелена нафта никој нема добиено, тоа е само пропаганда на власта, вели Ташовски. Подрршка на оризопроизводителите дадоа и земјоделци од другите региони од државата. Ѓорѓи Каракашев од Радовиш порача дека македонскиот аграр е банкротиран. -Да упатиме и порака до граѓанството дека ние ќе бидеме гладна нација, ќе немаме храна да се прехраниме. Десет посто од површините не се обработуваат. Жално и страшно е што не очекува во иднина, вели Каракашев. Дане Јошев од регионалното Здружение „Тиквешки лозар, овоштар“ од Кавадарци посочи дека и лозарите се во иста ситуација како и оризопроизводители, без да се има формирано откупна цена, а не е, како што вели, и оставарена средба меѓу лозарите, винарите и ресорниот министер. -Бербата ќе почне од понеделник, плус не е платена зелената нафта, регистриран млад земјоделец плус 20 посто не е исплатено, редовните субвенции што беа за контрола 1.800 души не се исплатени. Лани немавме приноси од негрижата на Водостопанство, имавме суша, елементарна непогода и за тоа се поднесени документите и за тоа немаме ништо, вели Јошев. Нове Јошевски пчелар од Кавадарци забележа дека годинава била катастрофална за пчеларите. -Ние оваа година имаме големи загуби, на цела територија на Македонија. Никој не дојде да не праша, која е причината, ветеринарните лекари ќе го викнеш и тој не знае, вели Јошевски. Посочи дека пчеларите немаат добиено субвенции, а, како што вели, оваа година беше медна, но, немаше пчели. Најавуваат и повисока цена на медот. -Сега тегла мед е 600 денари, а треба да биде барем 1.000 денари, за да бидеме рентабилни и со таа цена ќе постигнеме нешто, вели Јошевски. Кочанските оризопроизводители го блокираа регионалниот пат Штип-Кочани со што го искажаа своето незадоволство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kochanskite-orizoproizvoditeli-go-blokiraa-regionalniot-pat-shtip-kochani-baraat-povisoka-cena-za-orizot/feed/ 0
Димитриеска-Кочоска: ВМРО-ДПМНЕ го поддржува протестот на оризопроизводителите и бара итна реакција и поддршка од страна на власта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrieska-kochoska-vmro-dpmne-go-poddrzuva-protestot-na-orizoproizvoditelite-i-bara-itna-reakcija-i-poddrshka-od-strana-na-vlasta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrieska-kochoska-vmro-dpmne-go-poddrzuva-protestot-na-orizoproizvoditelite-i-bara-itna-reakcija-i-poddrshka-od-strana-na-vlasta/#respond Tue, 16 Aug 2022 10:28:59 +0000 https://kurir.mk/?p=719241

Потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриевска Кочоска денеска во Облешево истакна дека им пружаат поддршка на оризопроизводителите кои протестираа. - Земјоделците имаат право што се чувствуваат изневерено, не е тоа случајно, оваа влада во континуитет со години зборува и ветуваше дека ќе имаат сигурен откуп, сигурен пласман, сигурни цени, а денес имаме ситуација каде што одредени моќници кои што ги нарекуваме нели „откупупувачи“, блиски до власта заработуваат на грбот на напатените, значи земјоделци, чесни земјоделци кои што со пот и труд се трудат да ги произведат оние производи кои што во исто време и поготово во оваа голема економска криза нели треба да ги обезбедиме заради тоа што навистина ќе имаме една тешка и пред нас ни престои една тешка зима, вели Димитриеска-Кочоска. Нагласи дека како партија бараат итна рекација од владата. -Бараме и реформи, ако имаше 100.000 евра да се потрошат точно во оваа криза за некакви прослави кои што во овој момент се безначајни веднаш да реагираат и да излезат со поддршка на земјоделците, вели потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrieska-kochoska-vmro-dpmne-go-poddrzuva-protestot-na-orizoproizvoditelite-i-bara-itna-reakcija-i-poddrshka-od-strana-na-vlasta/feed/ 0
Оризопроизводители го блокираа патот Штип – Кочани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/orizoproizvoditeli-go-blokiraa-patot-shtip-kochani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/orizoproizvoditeli-go-blokiraa-patot-shtip-kochani/#respond Tue, 16 Aug 2022 08:52:22 +0000 https://kurir.mk/?p=719184

Сообраќајната лента во правец од Штип кон Кочани на патниот правец А3 Кочани – Штип кај село Облешево од 10:15 часот е блокирана. Блокадата се одвива со 12 земјоделски машини и околу 80 до 100 граѓани – оризопроизводители, информира АМСМ. Сообраќајот се одвива наизменично.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/orizoproizvoditeli-go-blokiraa-patot-shtip-kochani/feed/ 0
Лефков: Николовски и Ковачевски ги доведоа оризопроизводителите во катастрофална состојба, апелираме да се прифатат предлозите кои ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lefkov-nikolovski-i-kovachevski-gi-dovedoa-orizoproizvoditelite-vo-katastrofalna-sostojba-apelirame-da-se-prifatat-predlozite-koi-vmro-dpmne-gi-podnese/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lefkov-nikolovski-i-kovachevski-gi-dovedoa-orizoproizvoditelite-vo-katastrofalna-sostojba-apelirame-da-se-prifatat-predlozite-koi-vmro-dpmne-gi-podnese/#respond Fri, 06 May 2022 12:02:37 +0000 https://kurir.mk/?p=672909

На оризопроизводителите во Македонија итно им се потребни системски решенија за подобрување на состојбата во која се наоѓаат. За таа цел, а на барање на оризопроизводителите, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ денес до Собранието поднесе предлози за изменување и дополнување на два закони. Тоа се Предлог на закон за изменување и дополнување на Закон за земјоделство и рурален развој и Предлог на закон за изменување и дополнување на Закон за стокови резерви, изјави денеска за медиумите пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков. Тој истакна дека со измените на Законот за земјоделство и рурален развој предвидуваат оризот да биде стратегиска земјоделска култура. - Со опфатот на оризот како стратегиска земјоделска култура ќе се обезбедат доволни количини за потребите на населението и задоволување на пазарот во состојба на глобална прехрамбена криза. Воедно ќе се овозможи на поедноставен начин да функционира пазарот, со што ќе се олесни откупот на оваа земјоделска култура и ќе се одбегнат ценовните манипулации. Со измените на Законот за стокови резерви кои ги поднесуваме, се предлага оризот да добие третман на производ од посебно значење и да стане дел од производите кои ги сочинуваат стоковните резерви. Со ова, Агенцијата за стокови резерви ќе може да работи со оризот како со другите култури и ќе овозможи пазарните вишоци да бидат откупени од страна на државата. Преку ова ќе имаме зголемен откуп и реални пазарни цени на оризот, појасни Лефков. Пратеникот посочи дека неодговорниот однос на министерот Љупчо Николовски и на Владата на Ковачевски, ги доведоа оризопроизводителите во катастрофалната состојба, поради кое е неопходна брза и решителна акција на Собранието и дека поради тоа очекуваат барањето да се стави како точка на дневен ред на седницата која што ќе се одржи во вторник. - За крај, би сакал уште еднаш да упатам порака до парламентарното мнозинство, предлозите да бидат прифатени согласно Деловникот и да добиеме можност пред целата македонска јавност да дискутираме и аргументирано да дебатираме за оваа проблематика и за клучната потреба од измени на овие закони, додаде Лефков.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lefkov-nikolovski-i-kovachevski-gi-dovedoa-orizoproizvoditelite-vo-katastrofalna-sostojba-apelirame-da-se-prifatat-predlozite-koi-vmro-dpmne-gi-podnese/feed/ 0