„Орка Холдинг“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Jul 2020 14:00:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Орка Холдинг“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Орка Холдинг го полни Буџетот со 18,5 милиони евра од даноци и придонеси, ги отфрлаат сите обвинувања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/orka-holding-go-polni-budzetot-so-18-5-milioni-evra-od-danoci-i-pridonesi-gi-otfrlaat-site-obvinuvanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/orka-holding-go-polni-budzetot-so-18-5-milioni-evra-od-danoci-i-pridonesi-gi-otfrlaat-site-obvinuvanja/#respond Wed, 01 Jul 2020 13:58:23 +0000 https://kurir.mk/?p=366762

Орка Холдинг е компанија која постои 31 година, основана како фамилијарна компанија која досега немала учество во ниедна приватизација во Македонија, ниту, пак, некој голем државен тендер, се вели во соопштението на компанијата. Како дел од економскиот систем успешно работи и одговорно ги почитува и исполнува сите релевантни законски барања и регулативи во државата, нагласуваат во соопштението и додаваат дека моментално, како еден од најголемите работодавачи на пазарот во земјата, Орка Холдинг во своите компании вработува 2437 луѓе и во 2019 година по основ на различни даноци и придонеси исплатила 18.500.000 милиони евра, додека во истиот период по основ на плати за вработени исплатила бруто вредност од 30.200.000 милиони евра. Бруто исплатена просечна плата во компаниите изнесувала 1032 евра. Дали еден од претендентите за премиерска фунција на овие избори кога зборува за средства исплатени од криминални активности мисли на овој тип на исплати во буџетот на РСМ? Дали знае дека не постои записник ниту од УЈП, ниту од финансиска полиција или финансиско разузнавање, кои во изминативе години констатирал било каква неправилност или ‘криминално работење’ во работењето на овие компании?, прашуваат од компанијата. Крајно непримерно е некој што бил на власт во оваа држава и претендира повторно да ја води оваа држава, да го употребува еден од најуспешните бизнисмени и една од најголемите македонски компании и работодавци во земјата за освојување на политички поени преку пласирање на комплетни невистини. Воведовме во Македонија стандарди во здравството кој не прават лидери во овој дел на Европа, излекувавме илјадници пациенти, се родија преку 20.000 деца… Тоа сме ние како компании и човечки квалитет во нив со кој се гордееме. Од политичарите се очекува да создаваат поволна бизнис клима, а не да им наштетуваат на оние кои и онака самостојно се борат за опстанок во приватниот сектор, вработуваат огромен број на луѓе и придонесуваат за развој на економијата“, истакнуваат од Орка Холдинг и потенцираат: Со докази и потврдени факти одговорно ги отфрламе сите обвинувачки тврдења чија цел, покрај борбата за власт е и дискредитирање како на работењето на компанијата така и директно на г-динот Јордан Камчев. Во врска со наводните обвинувања за нелегално финансирање на Изборна кампања за претседателски избори 2019 година, во кои како дел од истото беа споменати и Орка Холдинг и компанијата Монт како дел од Холдингот ги проследуваме заклучоците добиени од конечниот Извештај на овластениот државен ревизор и прашањата кои истиот ги покрива, а се дискутирани на завршниот состанок со овластеното лице на учесникот во изборната кампања одржан на ден 09.01.2020 година. Државниот завод за ревизија за Финансискиот извештај за приходи и расходи заедно со ревизијата на усогласеност на ,,Изборна кампања – претседателски избори 2019 – Гордана Сиљановска Давкова, кандидат за претседател’’ за периодот од 26.03.2019- 11.08.2019 година, без резерва изрази мислење за вистинито објективно претставување на финансиската состојба во сите материјални аспекти. Според мислењето на овластениот државен резивор, сите активности, финансиски трансакции и информации рефлектирани во Вкупниот финансиски извештај на изборна кампања во сите материјални аспекти се во согласно со релевантна законска регулатива, упатска и воспоставени политики“. Уште еднаш потврдуваме дека ВМРО-ДПМНЕ имаше долг кон една од нашите фирми кој е комплетно исплатен со пресметани камати, велат од компанијата, а со мислењето добиено во извештајот на Државниот завод за ревизија, во целост се негираат сите обвинувачки тврдења кои беа изнесени на сметка на Орка Холдинг и г-динот Јордан Камчев. Повторно очекуваме едно од многуте партиски соопштенија во кои ќе се повикаат да одговараат за криминал сите оние кои оние згрешиле пред законот. Потполно го поддржуваме тој пристап под услов истото да не се прави селективно како до сега. Нека се расчистат сите криминали и нека одговараат сите одговорни, со што точно ќе се разоткријат редица на нелегални финансирања на политичари и посредници кои со децении живеат на грбот на приватниот бизнис во Македонија, порачуваат од Орка Холдинг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/orka-holding-go-polni-budzetot-so-18-5-milioni-evra-od-danoci-i-pridonesi-gi-otfrlaat-site-obvinuvanja/feed/ 0
Групацијата „ОРКА Холдинг“ тврди дека работи нормално https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grupacijata-orka-holding-tvrdi-deka-raboti-normalno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grupacijata-orka-holding-tvrdi-deka-raboti-normalno/#respond Tue, 13 Nov 2018 14:37:10 +0000 https://kurir.mk/?p=127404

Групацијата „ОРКА Холдинг“ преку соопштение информира дека со сите нејзини подружници кои вработуваат над 3.000 лица, работи редовно и нормално ги извршува своите деловни, финансиски и тековни активности. – „ОРКА Холдинг“ продолжува како и досега да работи согласно високите деловни и професионални стандарди и согласно законските прописи на Република Македонија, стои во соопштението. Специјалното јавно обвинителство вчера соопшти дека во рамки на истрагата „Империја“ судот донесе решенија за определување привремена мерка одземање на дел од имотот заради обезбедување на правните лица ДПТУ Орка холдинг АД Скопје и ДПТУ Ексико ДООЕЛ Скопје и решенија за привремено да се запре одливот на парични средства од банкарските сметки на правните лица ДПТУ Ексико ДООЕЛ Скопје и ДПТУУ Тимох увоз извоз ДОО Скопје. -Во овој момент, од доказите со кои располага ова Јавно обвинителство, произлегува дека е сторена штета на Буџетот на Република Македонија во износ од најмалку 6.275.280 евра, како и дека се испрани парични средства во износ од 10.939.938 евра, се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на СЈО и се додава дека во наредниот период истрагата во случајот „Империја“ ќе биде проширена за повеќе лица и за повеќе кривични дела.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grupacijata-orka-holding-tvrdi-deka-raboti-normalno/feed/ 0
Камчев: Сите мои компании се отворени за соработка со СЈО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kamchev-site-moi-kompanii-se-otvoreni-za-sorabotka-so-sjo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kamchev-site-moi-kompanii-se-otvoreni-za-sorabotka-so-sjo/#respond Fri, 09 Nov 2018 13:47:29 +0000 https://kurir.mk/?p=125800

Извршниот директор на „Орка Холдинг“ Јордан Камчев денеска преку пишано соопштение изјави дека сите негови компании се отворени за соработка со Специјалното Јавно обвинителство, како и со сите други државни институции во земјава, а пред се во интерес на одржување квалитетна бизнис клима и економски просперитет во земјата. Тој ја информира јавноста дека како сопственик на повеќе компании во Македонија, кои вработуваат над 3.000 лица, максимално се отворени и транспарентни за секој инспекциски надзор. – Компаниите во кои сум сопственик, со целосна одговорност изјавувам дека ги почитуваат позитивните законски прописи во Република Македонија и токму поради тоа верувам дека многу брзо ќе се отстрани секаков сомнеж околу нивното работење, стои во соопштението. Инаку, Специјалното јавно обвинителство соопшти дека по спроведена опсежна предистражна постапка, во која се преземени десетина предмети што се воделе пред надлежни обвинителства и врз кои била воспоставена надлежност на ова Јавно обвинителство, денеска е отворена истрага под кодно име „Империја“ против Јордан Камчев, Сашо Мијалков, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Ратка Куноска Камчева, Христина Камчева Стојческа, Зорица Арсовска, Лилјана Гајдовска, Владислав Стајковиќ, Тодор Мирчевски, Дејан Јанев, Ванче Мијалчев и Јованче Тасковски, поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kamchev-site-moi-kompanii-se-otvoreni-za-sorabotka-so-sjo/feed/ 0