Оркестар за џез музика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Mar 2023 07:15:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Оркестар за џез музика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ќе се основа нова установа, „Оркестар за џез музика“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ke-se-osnova-nova-ustanova-orkestar-za-dhez-muzika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ke-se-osnova-nova-ustanova-orkestar-za-dhez-muzika/#respond Wed, 22 Mar 2023 07:15:53 +0000 https://kurir.mk/?p=814766

Владата на вчерашната седница донесе одлука за основање национална установа „Оркестар за џез музика во Република Северна Македонија“ - Скопје. Установата се очекува да создаде високо квалитетен македонски џез производ, којшто ќе постави нови критериуми и повисоки стандарди на македонската џез сцена и ќе стане препознатлив во земјава и надвор од неа, по својата уникатност. Основна дејност на оваа установа, како што е образложено од ресорното Министерство, е предвидено да биде музичката дејност, односно подготвување и јавно изведување високо квалитетни музички дела од областа на џезот и сите сродни жанрови коишто гравитираат или се изведени од оваа „класична“ култура на дваесет и првиот век. Оваа установа, ќе ги зачува талентираните џез музичари кои ги има, ќе им овозможи траен и одржлив ангажман, што ќе создаде услови тие да создадат врвни дела, ќе се грижи за негувањето на џез културата, ќе ја афирмира и популаризира македонската џез музика во земјата и надвор од неа, а ќе се залага за едукација на млади таленти и ентузијасти, ќе организира џез фестивали и настани коишто ќе помогнат во негувањето на џез културата на територијата на целата држава и ќе работи на сопствено вмрежување во меѓународни организации коишто ја негуваат истата дејност. Донесена е и Одлука за основање национална установа „Галерија на Гостивар“ - Гостивар, Република Северна Македонија. Установата е предвидено да врши музејска дејност заради истражување, собирање, стручно и научно обработување, подготвување и презентирање на музејските материјали и афирмација на уметничкото творештво од полошкиот регион, а со цел промовирање на значењето на културното наследство од полошкиот крај. Основањето на национална установа „Галерија на Гостивар“ - Гостивар, претставува важен чекор за реализација на Националната стратегија за развој на културата, со цел демократски, слободен, динамичен, рамномерен и одржлив културен развој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/ke-se-osnova-nova-ustanova-orkestar-za-dhez-muzika/feed/ 0