ОРМ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 15 Dec 2022 12:35:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ОРМ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Анализа на ОРМ: Една третина од компаниите ќе прекинат со работа ако не се намали цената на струјата или не добијат државна помош  https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-na-orm-edna-tretina-od-kompaniite-kje-prekinat-so-rabota-ako-ne-se-namali-cenata-na-strujata-ili-ne-dobijat-drzavna-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-na-orm-edna-tretina-od-kompaniite-kje-prekinat-so-rabota-ako-ne-se-namali-cenata-na-strujata-ili-ne-dobijat-drzavna-pomosh/#respond Thu, 15 Dec 2022 12:35:47 +0000 https://kurir.mk/?p=776098

Порастот на цените на енергијата и до седум пати ги зголемил трошоците на компаниите оваа есен, во споредба со претходната. Најголем предизвик за компаниите во моментов е цената на електричната енергија, а дури една третина размислуваат привремено да го прекинат производството или да го затворат бизнисот ако не се намали цената на струјата или доколку не добијат поддршка од владата. Досегашните владини мерки за поддршка за полесно пребродување на енергетска криза, за повеќе од половина од компаниите (55%), се недоволни или несоодветни. Ова се клучните наоди од анкетата што ја спроведе Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), со која беа опфатени 125 компании, а чија цел е да се оценат негативните ефекти од енергетската криза врз домашните компании кои се снабдуваат со електрична енергија на отворениот пазар. Истражувањето е спроведено со поддршка од Меѓународната организација на трудот. Резултатите од анкетата покажуваат дека најпогодени од растот на цената на електричната енергија и другите енергенси се компаниите од преработувачка индустрија и трговијата, каде вкупните оперативни трошоци се зголемени и до 60%. Истовремено, овие компании, особено поголемите, се целосно изземени од досегашните директни мерки за поддршка на владата во форма на субвенционирана цена за струјата и пристап до поволни кредити за инвестиции во обновливи извори на енергија. Речиси сите анкетирани компании преземаат сопствени мерки за намалување на негативните ефекти од енергетската криза, преку мерки за заштеда на струја, работа во смени и вложување во сопствено производство, но само една третина се изјасниле дека успеале да започнат или целосно да ја завршат процедурата за сопствено производство на електрична енергија од обновливи извори, оценувајќи ја како сложена и обременета со многу проблеми. Во целата постапка се вклучени повеќе различни институции на централно и локално ниво, кои неретко немаат доволно знаење и капацитет за водење на ваков вид постапки, чија реализација трае од најмалку една, па сѐ до три години. За надминување на ваквите констатирани негативни ефекти од енергетската криза, ОРМ предлага два пакет мерки - првиот за директна и индиректна поддршка на компаниите кои се снабдуваат од отворениот пазар на електрична енергија, а вториот за олеснување на инвестициите во обновливи извори на енергија. Со првиот пакет мерки ОРМ бара од владата директно да ја субвенционира цената на електрична енергија што ја купуваат компаниите на отворениот пазар над одреден ценовен плафон, и тоа од 100 или 200 евра за MWh, во зависност од финансиските можности на државата. Со овој пакет мерки меѓу другото се предлага и намалување на ДДВ за електрична енергија или ограничување на маржата за пренос и дистрибуција на електрична енергија. Исто така, работодавачите бараат од владата гаранции дека нема да ја менува законската регулатива во одреден временски период, со што ќе се обезбеди поголема предвидливост на деловното окружување, како и мерки со кои би се овозможила поголема флексибилност на пазарот на труд, односно можност за работно ангажирање на млади лица над 16 години заради задоволување на потребите од пониско-квалификувана работна сила. Пакетот за олеснување на инвестициите во обновливи извори на енергија го сочинуваат предлог мерки со кои преку различни финансиски механизми би се мотивирале и поддржале компаниите да градат сопствени централи за производство на обновлива енергија. Конкретно, се бара од владата да обезбеди поволна консултантска поддршка за изработка на проекти за изградба на фотоволтаични и ветерни централи, како и укинување на увозните давачки за набавка на компоненти за ваквиот вид енергетски извори. Се бара и проширување и олеснување на пристапот до поволни кредити за ваков вид проекти, како и обезбедување на јасни насоки и водичи за постапување на институциите на локално и централно ниво, при што се предлага и воведување на едношалтерски систем преку кој ќе се обезбедува целокупната документација неопходна за изградба и отпочнување на производство на обновливи избори за сопствени потреби на компаниите. Овие, како и останатите предлог мерки во оваa сфера, ОРМ ќе ги достави до владата, во рамки на воспоставениот институционален дијалог, а истите беа денеска презентирани и пред заменикот на претседателот на владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/analiza-na-orm-edna-tretina-od-kompaniite-kje-prekinat-so-rabota-ako-ne-se-namali-cenata-na-strujata-ili-ne-dobijat-drzavna-pomosh/feed/ 0
ОРМ: Неопходно е дополнување на листата на дејности кои имаат право да работат во недела, а минималната плата да се зголемува постепено https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/orm-neophodno-e-dopolnuvanje-na-listata-na-dejnosti-koi-imaat-pravo-da-rabotat-vo-nedela-a-minimalnata-plata-da-se-zgolemuva-postepeno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/orm-neophodno-e-dopolnuvanje-na-listata-na-dejnosti-koi-imaat-pravo-da-rabotat-vo-nedela-a-minimalnata-plata-da-se-zgolemuva-postepeno/#respond Fri, 17 Dec 2021 10:41:28 +0000 https://kurir.mk/?p=609719

Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ), како единствен репрезентативен претставник на бизнисот во трипартитниот социјален дијалог, ја подржува програмската определба на Владата за постепено достигнување на нивото на минималната плата од 18.000 денари до крајот на мандатот на оваа влада. Сметаат дека постојните законски норми според кои се врши годишно усогласување на висината на минималната плата со растот на просечно исплатената плата, со индексот на трошоците на живот и со растот на бруто домашниот производ, овозможуваат на фер начин да се одреди реалната вредност на минималната плата и со тоа да се компензира растот на цените на основните производи од кои во најголем дел зависи животниот стандард на населението. – Остануваме на својот став дека до реално зголемување на платите и подобар стандард на целото население во земјава може да се дојде само преку здрав и одржлив економски раст, кој ќе се темели на пораст на продуктивноста и конкурентската способност на компаниите. Затоа, во следниот период мора повеќе да се вложува во нови технологии, дигитализација и автоматизација, а државата да создаде поволен економски амбиент за да се реализираат ваквите инвестиции, се наведува во денешното соопштение од ОРМ. Изразуваат надеж дека во следните години ќе се остварат проекциите на Владата за економски раст, без поголеми потреси предизвикани од актуелната пандемија, политички кризи или друг вид ризици. Во врска со предложените измени во Законот за работни односи и Законот за трговија, со кои се доуредуваат одредбите за недела како ден за одмор, за кои во тек е процедурата за усвојување во Собранието, ОРМ смета дека во овој момент е направен добар компромис помеѓу барањата на синдикатите и реалните можности на бизнис секторот. – Но, истовремено укажуваме дека моделот во предложеното законско решение со кој се прави избор и се набројани дејностите во кои поради природата на дејноста и техничко-технолошкиот процес ќе можат да работат и во недела, носи ризик некои дејности да бидат изоставени од таа листа. Затоа сметаме дека уште во текот на собраниската расправа за овие законски измени, како и во текот на имплементацијата на Законот, ќе мора да се води сметка за евентуално дополнување на листата на дејности кои имаат право да работат во недела, стои во соопштението. Такви се на пример, се посочува, дејностите за производство на цемент, каде поради карактерот на технолошкиот процес не може да се прекинува работењето во недела, како и дејноста изградба на патишта и железници, каде поради временските услови може да дојде до прекин на работата во текот на работните денови, а изгубените работни часови да мора да бидат надоместени во недела. Од ОРМ изразуваат надеж и дека со подзаконските акти и правилници кои ќе ги донесе ресорниот министер за труд и социјална политика поточно ќе се утврдат помошните или придружните дејности и работните места кои имаат карактер на помошни и придружни дејности, со што, како што посочуваат, Законот би станал целосно применлив и дека нема да предизвика поголеми проблеми во работењето на компаниите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/orm-neophodno-e-dopolnuvanje-na-listata-na-dejnosti-koi-imaat-pravo-da-rabotat-vo-nedela-a-minimalnata-plata-da-se-zgolemuva-postepeno/feed/ 0
ОРМ: Неприфатливо е трошокот за ПЦР тестовите на оние што не сакаат да се вакцинираат да го платат работодавачите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/orm-neprifatlivo-e-troshokot-za-pcr-testovite-na-onie-shto-ne-sakaat-da-se-vakciniraat-da-go-platat-rabotodavachite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/orm-neprifatlivo-e-troshokot-za-pcr-testovite-na-onie-shto-ne-sakaat-da-se-vakciniraat-da-go-platat-rabotodavachite/#respond Tue, 23 Nov 2021 11:36:16 +0000 https://kurir.mk/?p=598767

Во услови кога вакцинирањето против КОВИД е бесплатно, а одредени работници сепак не ја користат оваа поволност, донесувањето евентуална одлука од страна на Владата со која работодавачите би ги покривале трошоците за ПЦР тестовите за работниците кои не сакаат да се вакцинираат би била целосно нелогична, неоправдана и неприфатлива, смета Организацијата на работодавачите на Македонија (ОРМ). Според ОРМ, неприфатлив е и предлогот за платени два слободни дена за вакцинација на работниците, бидејќи со ова би се довеле во нерамноправна состојба оние работници кои веќе се вакцинирани, а за кои претходно не важела оваа поволност. -Во време кога компаниите се соочуваат со голема неизвесност и се обидуваат да се обезбедат работа и опстанок на што поголем број работни места, предлогот со кој трошокот за тестирање на работниците кои не сакаат да се вакцинираат да падне на товар на работодавачите би претставувал големо и неоправдано дополнително финансиско оптоварување за компаниите, наведува ОРМ во врска со најавата за новите предлог мерки за невакцинираните работници предложени од страна на Комисијата за заразни болести кои треба да ги разгледува Владата. ОРМ предлага Владата да преземе други мерки со кои би се стимулирала имунизацијата на населението, а не целокупниот товар да се префрла на компаниите кои досега доследно ги спроведуваа сите одлуки на надлежните државни органи и во целост обезбедуваат примена на протоколите и превентивните мерки за заштита од КОВИД во текот на работниот процес. -За да го поттикне вакцинирањето Владата би можела на пример да воведе различен износ за боледување за вакцинирани и невакцинирани работници, во случај тие да се разболат од КОВИД; сугерира ОРМ и додава дека најголемиот дел од компаниите и досега практикуваа мерки со кои го стимулираа вакцинирањето против КОВИД како што се: исплата на еднократна парична награда за вакцинираните работници, слободен ден за секој вакциниран, бесплатен превоз за вакцинација во Србија, на вакцинираните не им се одбива награда или бонус за отсуство во случај да заболат, како и други стимулативни мерки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/orm-neprifatlivo-e-troshokot-za-pcr-testovite-na-onie-shto-ne-sakaat-da-se-vakciniraat-da-go-platat-rabotodavachite/feed/ 0
ОРМ: Неопходни се образовни реформи за намалување на недостигот од работна сила https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/orm-neophodni-se-obrazovni-reformi-za-namaluvanje-na-nedostigot-od-rabotna-sila/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/orm-neophodni-se-obrazovni-reformi-za-namaluvanje-na-nedostigot-od-rabotna-sila/#respond Thu, 14 Oct 2021 13:10:01 +0000 https://kurir.mk/?p=578959

Предизвиците со кои се соочуваат работодавачите со дефицитот на работна сила и образовни реформи прилагодени кон потребите на стопанстовото биле главна тема на денешниот состанок на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) со претставници на бизнис секторот во рамки на проектот „Деловен појадок“. Најголем дефицит на кадар, според претседателката на ОРМ, Владанка Трајковска, има во електро-индустријата и во угостителството. Смета дека се потребни реформи во образовниот систем за поголем број практични часови, а работодавачите да ги оспособат своите капацитети за повеќе пракса кај учениците. -Моментално на пазарот на трудот има голем број работоспособно население, кое не ги задоволува потребите на пазарот. Потребни се директни реформи, кои секако се болни и долготрајни во делот на образовниот систем. Работодавачите да ги оспособат своите капацитети за поголем број практичкни часови, а образовниот систем да го пренамени образовниот процес во делот на практиканството, истакна Трајковска. Во однос на недостигот од работна сила во туристичко-угостителскиот сектор, забележа дека проблемот е институционален и оти платите не се причината што младите заминуваат надвор од државата да  работат во тој сектор. -Ниските плати не се проблем за младите што одат надвор од државата да работат угостителство, проблемот е институционален. Платите во угостителскиот сектор се многу повисоки од другите сектори, така сметам дека тие не се пресудни за исселување на младите, заклучи Трајковска. ОРМ, нагласи, предлага, редуцирање на гимназиските и општествените насоки на сметка на техничките и стручните во средните училишта, а во високото образование да се предвидат критериуми за оценка, дали студиските програми имаат општествена оправданост. ХОТАМ, како што истакна претседателот Крсте Блажески, почнал со спроведување активности од пилот-проектот во охридсо-струшкиот регион, за олеснување на условите за пријавуввање на работниците во туристичко-угостителскиот сектор, преку преземање административни активности за пријавување работници и покривање на придонесите за вработените кои се ангажирани преку проектот, како и организирање бесплатни обуки за работниците. -Се соочуваме со недостиг на кадар, најмногу готвачи, слаткари, шанкери, келнери. Во средните угостителски училишта има многу малку деца, кои се запишуваат, треба да се потенцира дека тоа е професија која е ценета секаде во светот, истакна Блажески. Според него, младите повеќе се заинтересирани за административни работи, платите се тие што се можни да се исплатат по закон, и во секторот функционира систем на раст на плати по основ на напредок на вработениот. Тоше Чочороски, менџаер на хотел, смета дека е потребна поинаква промоција и привлекување студенти во средно образование, но и промена на пристапот на средното училиште и факултетите кон учениците и студентите. -Потребно е промени во секој дел и кај наставниците и професорите и кај учениците. Се наоѓаме пред предизвик и ние како фела, и образовните институции, дојде моментот кога мора да биде блиска врската во интерес на сите, изјави Тоше Чочороски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/orm-neophodni-se-obrazovni-reformi-za-namaluvanje-na-nedostigot-od-rabotna-sila/feed/ 0