Ормутски Теснец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 13 Aug 2020 09:07:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ормутски Теснец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Иран на кратко задржа танкер во Ормутски Теснец (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-na-kratko-zadrza-tanker-vo-ormutski-tesnec-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-na-kratko-zadrza-tanker-vo-ormutski-tesnec-video/#respond Thu, 13 Aug 2020 09:07:13 +0000 https://kurir.mk/?p=390121

Иранската воена морнарица вчера влезе во Ормутски Теснец и на кратко заплени танкер, што пловел под знаме на Либерија, соопшти Централната команда на американската армија. Командата објави и црно-бела видео-снимка на која најверојатно ираснките специјални сили се спуштаат од хеликоптер на танкерот. По пет часа танкерот бил ослободен. Екипажот на танкерот не упатил повик за помош пред и за време на упадот на иранските специјални сили. Централната команда на американската армија наведе дека во акцијата бил вклучен хеликоптер Шикорски СХ-3 Си Кинг, кој го користи иранската воена морнарица. Американската армија не даде објаснување за иранската кратка заплена на танкерот, а иранските медиуми и претставници не го коментираат инцидентот. Како што пораснаа тензиите помеѓу Иран и САД минатата година, по американското еднострано повлекување од мултилатералниот нуклеарен договор од 2015 година, танкерите што пловеа во блискоисточните води станаа мета, посебно во близина на Ормутски Теснец, низ кој поминува 20 отсто од целата трговија со нафта во Персиски Залив. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iran-na-kratko-zadrza-tanker-vo-ormutski-tesnec-video/feed/ 0