оро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 04 Jul 2022 20:32:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png оро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВИДЕО: Се заигра оро на протестот пред Влада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-se-zaigra-oro-na-protestot-pred-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-se-zaigra-oro-na-protestot-pred-vlada/#respond Mon, 04 Jul 2022 20:32:56 +0000 https://kurir.mk/?p=700003

Дел од демонстрантите заиграа оро на протестот „Ултиматум – НЕ Благодарам!“ пред Владата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-se-zaigra-oro-na-protestot-pred-vlada/feed/ 0
Гол од акција со играње оро (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gol-od-akcija-so-igranje-oro-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gol-od-akcija-so-igranje-oro-video/#respond Wed, 29 Dec 2021 14:29:33 +0000 https://kurir.mk/?p=614570

Некаде во Азија, една од екипите смислила маестрален начин како да ги збуни противниците при еден центаршут во нивен шеснаесетник. Шах мат им напрвија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gol-od-akcija-so-igranje-oro-video/feed/ 0
СКАНДАЛОЗНО: Вакцини нема, а медицинскиот персонал во салата „Борис Трајковски“ оро игра (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandalozno-vakcini-nema-a-medicinskiot-personal-vo-salata-boris-trajkovski-oro-igra-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandalozno-vakcini-nema-a-medicinskiot-personal-vo-salata-boris-trajkovski-oro-igra-video/#respond Mon, 26 Apr 2021 20:53:46 +0000 https://kurir.mk/?p=502491

Кога мислите дека го допреле дното има и полошо. Вакцини НЕМА луѓе умираат, а тие буквално ОРО ИГРААТ. ОСТАВКИ!, пишува во својата Фејсбук објава потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandalozno-vakcini-nema-a-medicinskiot-personal-vo-salata-boris-trajkovski-oro-igra-video/feed/ 0
ХИТ ВИДЕО: Австралиската полиција наместо да прекине македонска свадба, се фати на оро – од звукот на тапанот ќе се наежите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hit-video-avstraliskata-policija-namesto-da-prekine-makedonska-svadba-se-fati-na-oro-od-zvukot-na-tapanot-kje-se-naezite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hit-video-avstraliskata-policija-namesto-da-prekine-makedonska-svadba-se-fati-na-oro-od-zvukot-na-tapanot-kje-se-naezite/#respond Wed, 21 Apr 2021 13:59:13 +0000 https://kurir.mk/?p=500416

Австралиски полицајци наместо да прекинат македонска свадба во Канбера, се фатија на оро. Видеото од настанот стана хит на социјалните мрежи. Македонци во Канбера правеле свадба викендот при што соседите повикале полиција поради гласната музика. Гостите ги фатиле на оро полициските службеници кои на крајот си заминуваат со ракоплескање. По завршување на долгиот карантин, во Австралија се дозволени свадби и забави на кои може да присуствуваат 300 лица, а 30 лица можат истовремено да танцуваат на подиумот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hit-video-avstraliskata-policija-namesto-da-prekine-makedonska-svadba-se-fati-na-oro-od-zvukot-na-tapanot-kje-se-naezite/feed/ 0
Медицински сестри во хрватска ковид болница играат оро, оставаат пари на музикантите и прославуваат со алкохол (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/medicinski-sestri-vo-hrvatska-kovid-bolnica-igraat-oro-ostavaat-pari-na-muzikantite-i-proslavuvaat-so-alkohol-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/medicinski-sestri-vo-hrvatska-kovid-bolnica-igraat-oro-ostavaat-pari-na-muzikantite-i-proslavuvaat-so-alkohol-video/#respond Sat, 23 Jan 2021 08:47:35 +0000 https://kurir.mk/?p=458845

На интернет се појави скандалозна снимка на која се гледа како медицински сестри играат и се веселат со жива музика во најголемата ковид-болница во Хрватска. Видеото го објавиле револтираните колешки на медицинските сестри кои вложуваат напори за справување со кризата, додека останатите прославуваат со оро, музика и алкохол. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/medicinski-sestri-vo-hrvatska-kovid-bolnica-igraat-oro-ostavaat-pari-na-muzikantite-i-proslavuvaat-so-alkohol-video/feed/ 0
Кривични пријави за лицата кои играа оро во Чаир, познати нивните идентитети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krivichni-prijavi-za-licata-koi-igraa-oro-vo-chair-poznati-nivnite-identiteti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krivichni-prijavi-za-licata-koi-igraa-oro-vo-chair-poznati-nivnite-identiteti/#respond Mon, 22 Jun 2020 13:57:11 +0000 https://kurir.mk/?p=360978

Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство во Скопје, ќе поднесе кривична пријава против пет лица – П.Ќ. (50), А.З. (46), Е.Е. (36), Е.Е. (57) и Б.Д. (28) сите од Скопје, поради постоење основано сомнение дека на 24-ти минатиот месец предизвикале опасност од пренесување на вирусот “КОВИД 19“ со што го сториле кривичното дело – “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено и казниво по член 206 од Кривичниот законик на РМ. Имено, пријавените на 24.05.2020 година во периодот помеѓу 09.00 и 10.30 часот, на ул. “Архиепископ Доситеј”, поточно пред зграда бр.6 поради празнично расположение од верскиот празник, се собрале во поголема група од дозволеното играјќи оро, со што ја прекршиле забраната на собирање во група на повеќе од две лица, во паркови и на други јавни места и јавни површини, како и Уредбата за задолжително носење на заштитна маска и држење на социјална дистанца, а со наведените дејствија предизвикале опасност од пренесување на вирусот КОВИД 19. За кривично правниот настан, за кој МВР дозна од видео поставено на социјалните мрежи од страна на пријавените, известен е Јавен обвинител од кого се добиени насоки за постапување согласно член 206 од КЗ. По преземените мерки за идентификување на лицата од видео записот, утврдени се сите петмина пријавени и истите се повикани во Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар за да дадат појаснување за стореното кривично дело кое им се става на товар при што само Б.Д. го негирал извршувањето на кривичното дело.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krivichni-prijavi-za-licata-koi-igraa-oro-vo-chair-poznati-nivnite-identiteti/feed/ 0
Припадници на полицијата тргнале во акција за сузбивање на канабис, меѓутоа се испијаниле и свртија оро (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pripadnici-na-policijata-trgnale-vo-akcija-za-suzbivanje-na-kanabis-megjutoa-se-ispijanile-i-svrtija-oro-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pripadnici-na-policijata-trgnale-vo-akcija-za-suzbivanje-na-kanabis-megjutoa-se-ispijanile-i-svrtija-oro-video/#respond Thu, 21 May 2020 16:17:59 +0000 https://kurir.mk/?p=348810

Скандалозно видео се шири на Интернет на кое се гледа како припадници на албанската полиција кои што биле тргнати во акција во Грамш со цел заплена на канабис, му се придружиле на локалните жители на прослава. Со народна музика и под дејство на алкохол, припадниците на полицијата завртија и оро. Под дејство на алкохол со широка насмевка, пеат, играат и помеѓу себе со телефоните се снимаат, пишуваат албанските медиуми. Видеото можете да го погледнет ТУКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pripadnici-na-policijata-trgnale-vo-akcija-za-suzbivanje-na-kanabis-megjutoa-se-ispijanile-i-svrtija-oro-video/feed/ 0
Оро во кордон, бидермаер на лотарија, заборавете и на флерт во ноќните клубови! Какви ќе бидат правилата за работа? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oro-vo-kordon-bidermaer-na-lotarija-zaboravete-i-na-flert-vo-nokjnite-klubovi-kakvi-kje-bidat-pravilata-za-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oro-vo-kordon-bidermaer-na-lotarija-zaboravete-i-na-flert-vo-nokjnite-klubovi-kakvi-kje-bidat-pravilata-za-rabota/#respond Thu, 07 May 2020 14:43:17 +0000 https://kurir.mk/?p=343098

Неформален предлог-правилник за начинот на работа на угостителските објекти циркулира меѓу кафанџиите, кои ќе треба да го одобрат и да го пратат до Влада на разгледување. Според предлог-правилникот, задолжителна ќе биде дезинфекција на рацете при влез во локалот, а нарачките ќе се земаат на растојание од еден метар. На гостите да им биде ограничено движењето само на простор на нивната маса и до тоалетите. Во однос на масите, неформалниот предлог предвидува да се обезбеди растојание од столче до столче на соседната маса од еден и пол метар во сите правци. Бројот на лица ќе се ограничи според димензиите на масата. -Бројот на лица на една маса со димензии не помала од 60 х 60 цм не смее да изнесува повеќе од четири лица. Во случај масите да се со помала димензија ќе треба да се спојат две за четири лица. За група од 5 до 10 лица може да се седнат само во случај кога има услови за растојание од 1,5 метри помеѓу секого индивидуално, се вели во неформалниот предлог-правилник. На секоја од масите задолжително ќе треба да има средства за дезинфекција, но и уште на минимум две места, како и на влезот во тоалетите. Келнерите и шанкерите, но и помошниот персонал ќе треба да носат визири за време на својата смена со цел да се заштитат себеси од контактите со гостите. Со таа разлика што шанкерите ќе бидат принудени да носат ракавици во текот на работното време. Келнерите нема да смеат да се ракуваат со гостите, туку поздравувањето ќе биде само вербално. Угостителите предвидуваат пред секое седнување на нови гости масата да биде дезинфицирана. Интересни се предлозите за свадбите. Па така, според предлог-правилникот нема да има поздравување со физички контакт при пристигнување и заминување на гостите. На гостите ќе им се врши дезинфекција на рацете на секој половина час од страна на келнерите под надзор на одговорно лице. Оро ќе се игра во кордони. -Просторот за играње да се ограничи (кордони и слично) и да има еден влез и излез. Секој гостин кој ќе излезе од тој простор да изврши дезинфекција на рацете. Невестинската торта ќе се подели без гостите да се соберат на главната маса, а бидермаерот да биде дезинфициран и да се додели по принцип на лотарија, односно со влечење број. Истиот принцип за играње, во кордони би требало да се спроведе и во ноќните клубови и дискотеките, со таа разлика што подиумот за играње ќе треба да биде мапиран за полесно држење растојание.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oro-vo-kordon-bidermaer-na-lotarija-zaboravete-i-na-flert-vo-nokjnite-klubovi-kakvi-kje-bidat-pravilata-za-rabota/feed/ 0
Обвинети лицата кои играа оро за време на полицискиот час во Гевгелија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvineti-licata-koi-igraa-oro-za-vreme-na-policiskiot-chas-vo-gevgelija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvineti-licata-koi-igraa-oro-za-vreme-na-policiskiot-chas-vo-gevgelija/#respond Tue, 05 May 2020 13:06:27 +0000 https://kurir.mk/?p=341956

За играње оро во полициски час, ОЈО Гевгелија побара 30.000 евра казна за 30 играорци од Гевгелија и 13.000 евра за лица кои се движеле пеш или со возила со што не ја почитувале забраната за движење. Јавното обвинителство информира дека 30 лица се обвинети затоа што на 19 април 2020 година, за време кога во сила била забраната за движење, излегле од своите домови и на улицата „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија играле оро, на претходно пуштена музика. Обвинетите со тоа, постапиле спротивно на забраната за движење, односно полицискиот час и не ја почитувале Одлуката на Владата со која се предвидуваат мерки за спречување на натамошно ширење на опасната заразна болест предизвикана од вирусот Ковид-19. Останатите 13 лица, го сториле кривичното дело движејќи се пеш или со возила за време на полициски час.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvineti-licata-koi-igraa-oro-za-vreme-na-policiskiot-chas-vo-gevgelija/feed/ 0
Идентификувани уште 11 учесници на орото во Гевгелија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/identifikuvani-ushte-11-uchesnici-na-oroto-vo-gevgelija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/identifikuvani-ushte-11-uchesnici-na-oroto-vo-gevgelija/#respond Thu, 23 Apr 2020 11:28:48 +0000 https://kurir.mk/?p=336098

Секторот за внатрешни работи од Струмица, во врска со гевгелискиот настан од 19 месецов, кога на првиот велигденски ден на улицата „Јосиф Јосифовски“ се играло оро за време на полициски час соопшти дека се идентификувани уште 11 лица покрај досега идентификуваните 23 лица. СВР Струмица и ОВР Гевгелија продолжуваат со преземање на мерки и активности о цел целосно расчистување и документирање на настанот се вели во соопштението. Со новоидентификуваните лица во текот на денешниот ден ќе бидат обавени службени разговори во станицата во Гевгелија,а полициските службеници продолжуваат со идентификување на нови лица кои биле присутни на местото на настанот. По целосно документирање на настанот против сите инволвирани ќе бидат поднесени соодветни казнени пријави до ОЈО Гегелија со чија што координација се води целата постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/identifikuvani-ushte-11-uchesnici-na-oroto-vo-gevgelija/feed/ 0