ортопедски повреди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 Oct 2023 10:50:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.5 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ортопедски повреди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кафтанџиев: Не само што се зголемува бројот на ортопедски повреди, се зголемува и нивната тежина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kaftandhiev-ne-samo-shto-se-zgolemuva-brojot-na-ortopedski-povredi-se-zgolemuva-i-nivnata-tezhina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kaftandhiev-ne-samo-shto-se-zgolemuva-brojot-na-ortopedski-povredi-se-zgolemuva-i-nivnata-tezhina/#respond Thu, 05 Oct 2023 10:50:28 +0000 https://kurir.mk/?p=885523

Не само што се зголемува бројот на ортопедски повреди, се зголемува и тежината на тие повреди во земјава, исто како што се случува и во светски рамки. Оттаму, да се има еден стандардизиран начин на нивно лекување, е од сериозна важност, како за пациентите, така и за државата воопшто, изјави за МИА, професор доктор Игор Кафтанџиев од Клиничката болница „Аџибадем Систина“, пред почетокот на Меѓународен мастер семинар за хирурзи трауматолози и ортопеди. Кафтанџиев кој е претседавач на настанот,  додаде дека во најголем дел, се работи за пациенти во активна возраст. - Нивното побрзо враќање кон секојдневните животни и работни активности, е важно и за државата во целина, нагласи докторот.  Тој појасни дека повредите најчесто се поврзани со сезоната. Задоволство од настанот изрази и копретседавачот, професор доктор Теодорос Тосоунидис од Универзитетската болница во Крит, Грција, кој нагласи дека целта е соединување и размена на искуства на стручни лица, за што е можно подобар третман на пациентите. Меѓународниот мастер семинар за хирурзи трауматолози и ортопеди, по седми пат, во државава, денеска и утре се одржува во Скопје, според програмата на меѓународната АО фондација. Како што соопштија од Македонско друштво на ортопеди и трауматолози, МАДОТ, курсот се одржува под наслов АО Траума – „Повреди на горен екстремитет”. На агендата се предавања од страна на реномирани хирурзи и предавачи од Луксембург, Латвија, Израел, Хрватска, Грција и од Северна Македонија. - Исто така, во периодот од 6 до 8 октомври, македонскиот огранок на АО фондацијата ќе биде домаќин на паневропски состанок на фондацијата, годишниот состанок на асоцијацијата на кој се прави план за идните активности и истите се одобруваат, а каде ќе присуствуваат седумдесетина претставници од сите европски ограноци. Во истиот период, ќе се одржи и семинар за справување со професионалниот стрес и справувањето со професионалните грешки, соопштија организаторите на настанот.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kaftandhiev-ne-samo-shto-se-zgolemuva-brojot-na-ortopedski-povredi-se-zgolemuva-i-nivnata-tezhina/feed/ 0