орце георгиевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 06 Feb 2023 16:05:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png орце георгиевски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Претседателот на ЗЕЛС ги повика општините за финансиска помош за погодените од земјотресот во Турција и Сирија https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pretsedatelot-na-zels-gi-povika-opshtinite-za-finansiska-pomosh-za-pogodenite-od-zemjotresot-vo-turtsija-i-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pretsedatelot-na-zels-gi-povika-opshtinite-za-finansiska-pomosh-za-pogodenite-od-zemjotresot-vo-turtsija-i-sirija/#respond Mon, 06 Feb 2023 16:05:01 +0000 https://kurir.mk/?p=796861

Со длабоко жалење и вознемиреност ја примив ужасната вест за разорниот земјотрес што ги погоди граѓаните на Република Турција и Сирија. Во овие исклучително тешки и тажни моменти за нив, за семејствата на загинатите и повредените, од мое лично име, како и од име на сите општини во ЗЕЛС и нивните граѓани, упатувам искрено сочувство, напиша градоначалникот на општина Кисела вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Георгиевски. -И Македонија во својата историја памети човечки загуби и огромни материјални штети од природни катастрофи. Ја памети и помошта и топлината на подадената рака во моментите кога и’биле најпотребни. Во вакви моменти сите треба да се потсетиме дека не можеме против природните катастрофи со трагичен епилог, но можеме со хуманост и солидарност да помогнеме. Оттука, како Претседател на ЗЕЛС, апелирам за солидарност до градоначалниците на сите општини во Република Македонија. Сега е момент кога секој, согласно своите финансиски можности треба да ја покаже својата благородност и на дело да докаже дека хуманоста и солидарноста со кои не’опишуваат биле и остануваат наша движечка сила! Самиот, како градоначалник на Општина Кисела Вода, веќе поднесов иницијатива до Советот за обезбедување на финансиска помош од 500.000,00 денари за погоденото население од Турција и Сирија. Остваривме контакт и со Амбасадата на Република Турција во Македонија, на која понудивме поддршка и од друг тип. Од таму дополнително ќе бидеме известени околу конкретните потреби па ќе излеземе со адекватна помош за семејствата погодени од разорниот земјотрес! Истакна Георгиевски. Се надевам и силно верувам дека овој чекор ќе го следат сите останати градоначалници. Искрено и од срце посакуваме брзо заздравување на повредените, а овие земји што поскоро да ги санираат погодените места од разорниот земјотрес, додаде тој.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pretsedatelot-na-zels-gi-povika-opshtinite-za-finansiska-pomosh-za-pogodenite-od-zemjotresot-vo-turtsija-i-sirija/feed/ 0