Оруч Рејс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 12 Oct 2020 07:06:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Оруч Рејс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Турскиот брод „Оруч Рејс“ се враќа во Источен Медитеран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskiot-brod-oruch-rejs-se-vrakja-vo-istochen-mediteran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskiot-brod-oruch-rejs-se-vrakja-vo-istochen-mediteran/#respond Mon, 12 Oct 2020 07:30:53 +0000 https://kurir.mk/?p=415223

Турција издаде нова навигациска информација (Навтекс) за сеизмички истражувања на бродот „Оруч Рејс“ во Источниот Медитеран од денеска до 22 октомври, јави дописничката на МИА од Атина. Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, на неговиот официјален Твитер профил кусо напиша: „Оруч Рејс“. Новата турска Навтекс, според грчките медиуми опфаќа дел од грчкиот континентален гребен, јужно од островите Родос и Кастеоризо, односно речиси во истиот дел како и навигациските информации издадени во август за истиот брод. Медиумите во Грција коментираат дека овој потег на Турција претставува нова провокација и ескалација и ги минира закажаните прелиминарни контакти меѓу двете земји. Од грчкото МНР на 22 септември соопштија дека Грција и Турција се договорија наскоро да го одржат во Истанбул, 61-от круг од прелиминарните контакти. Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас, во четвртокот се сретна со неговиот турски колега Чавушоглу, а завчера рече дека датумот за прелиминарните контакти треба да го одреди Турција, бидејќи е домаќин на средбата. – Турската страна, господинот Чавушоглу, се обврза да предложи конкретен датум. Следната средба ќе биде во Турција, според редоследот, бидејќи последната, во 2016 година беше во Атина, па така Турција, која ќе биде домаќин на следната средба, треба да одреди и соодветен датум. Очекуваме од турската страна, рече Дендиас. Последен пат прелиминарни разговори меѓу Анкара и Атина беа одржани во 2016 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turskiot-brod-oruch-rejs-se-vrakja-vo-istochen-mediteran/feed/ 0
Турција до четврток ги продолжи сеизмичките истражувања на „Оруч Рејс“ во Источен Медитеран https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-do-chetvrtok-gi-prodolzi-seizmichkite-istrazuvanja-na-oruch-rejs-vo-istochen-mediteran/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-do-chetvrtok-gi-prodolzi-seizmichkite-istrazuvanja-na-oruch-rejs-vo-istochen-mediteran/#respond Mon, 24 Aug 2020 05:58:44 +0000 https://kurir.mk/?p=394379

Турција, за уште четири дена ја продолжи навигациската информација (Navtex) за сеизмички истражувања на бродот „Оруч Рејс“ во Источен Медитеран, а грчки владини извори коментираат дека со ова однесување Анкара единственото што ќе постигне се негативни последици за неа, јави дописничката на МИА од Атина. Претходно издадената Navtex на 10 август беше со важност до вчера, а синоќа, од станицата во Анталија, Турција издаде продолжување на истата навигациската информација до 27 август 2020 година. Ставот на официјална Атина е дека конкретната Navtex е нелегална и опфаќа дел од грчкиот континентален гребен. Грчки владини извори, коментираат дека Турција, „продолжувајќи со нејзиното провокативно однесување, единственото што прави е да му покаже на целиот свет дека споменувањата на меѓународното право и дијалогот се изговор“ и додаваат дека „ваквото однесување, единствено што постигнува се негативни последици за неа“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-do-chetvrtok-gi-prodolzi-seizmichkite-istrazuvanja-na-oruch-rejs-vo-istochen-mediteran/feed/ 0