осама бин ладен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 03 Aug 2021 18:04:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png осама бин ладен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Куќата на Осама бин Ладен на продажба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kukjata-na-osama-bin-laden-na-prodazba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kukjata-na-osama-bin-laden-na-prodazba/#respond Tue, 03 Aug 2021 18:14:43 +0000 https://kurir.mk/?p=545812

Ибрахим бин Ладен, полубрат на некогашниот лидер на терористичката мрежа Ал Каеда, Осама бин Ладен, ја стави на продажба својата луксузна куќа во Лос Анџелес. Како што се наведува, објектот се продава по цена од 28 милиони долари, откако била празна 20 години, уште од терористичките напади во САД на 11 септември 2001 година. Изградена во 1931 година, куќата се наоѓа на земјиште со големина од околу еден хектар, а има 660 квадратни метри со седум соби и пет купатила. Ибрахим бин Ладен ја купил вилата изградена во медитерански стил во 1983 година за 1.653.000 долари, а денес истата би ја платил 5,5 милиони долари, поради инфлацијата од 38 отсто. Изградена е од бетонски ѕидови и обоена во розе. Куќата и целиот имот се наоѓаат на неколку блокови од познатиот хотел „Бел ер“. Во непосредна близина се наоѓаат двете најголеми вили, едната на израелскиот претприемач Бени Алагем, а другата на тајкунот Џефри Каплан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kukjata-na-osama-bin-laden-na-prodazba/feed/ 0
Саиф ал-Адел нов лидер на Ал Каеда, бил поопасен и од Бин Ладен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saif-al-adel-nov-lider-na-al-kaeda-bil-poopasen-i-od-bin-laden/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saif-al-adel-nov-lider-na-al-kaeda-bil-poopasen-i-od-bin-laden/#respond Thu, 25 Feb 2021 07:06:00 +0000 https://kurir.mk/?p=473528

Терористичката организација Ал Каеда се подготвува повторно да стане најголемата закана за светот, како што беше за време на нападите врз Њујорк од 11 септември 2001 година, бидејќи на челното место во организацијата дојде немилосрдниот лидер Саиф ал-Адел, наречен „мач на одмаздата“, за кого разузнавачките агенции тврдат дека е полош дури и од Осама бин Ладен, поранешниот лидер на Ал Каеда. „За крволочниот Саиф ал-Адел се верува дека е новиот лидер на Ал Каеда и дека регрутира борци на Исламска држава, како и дека предизвикува страв од ѕверства низ целиот Запад. Ал-Адел (60) е поранешен египетски генерал за кого се верува дека е генијален и немилосрден стратег и дека го презема раководството на организацијата од Ајман Завахири“, пишува британскиот весник „Мирор“. Висок британски експерт за антитероризам за весникот изјави дека, во споредба со Завахири, „Ал-Адел е многу поефикасен лидер, барем е еднаков со Осама бин Ладен, ако не и поопасен од него“. Гласините дека Завахири најверојатно е мртов значат дека западните разузнавачи ќе мора да внимаваат на реорганизација на Ал Каеда, со оглед на тоа што Саиф, кој има база во Иран, е новиот шеф, наведува Мирор. „Британските и американските шпиони со години ги следат потезите на Саиф, бидејќи тој беше вмешан во секој напад на Ал Каеда во последните три децении“, се додава во текстот. Египетскиот џихадистички ветеран Ајман Завахири го презеде лидерството врз Ал Каеда по убиството на Бин Ладен во 2011 година, но од него ништо не се слушна со години. Поранешниот експерт за борба против тероризмот на ФБИ, Али Суфан, напиша дека Саиф може да биде „третиот емир на Ал Каеда“ со тридецениски пат во оваа терористичка организација. САД веќе нудат награда од 10,5 милиони долари за информации за Саиф, кој се бара за бомбардирањата на американските амбасади во Најроби и во Дар ес Салам, во кои загинаа 224 лица. Саиф ја предводеше личната „Црна гарда“ на Бин Ладен, единица за заштита во Авганистан, именувана по црните шамии. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/saif-al-adel-nov-lider-na-al-kaeda-bil-poopasen-i-od-bin-laden/feed/ 0
Човекот кој го уби Бин Ладен, доби забрана за летање https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chovekot-koj-go-ubi-bin-laden-dobi-zabrana-za-letanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chovekot-koj-go-ubi-bin-laden-dobi-zabrana-za-letanje/#respond Fri, 21 Aug 2020 08:28:26 +0000 https://kurir.mk/?p=393348

Поранешен припадник на американските морнарички „фоки“, поточно човекот кој го уби Осама бин Ладен, доби забрана за летање со комерцијалната авионска компанија „Делта ерлајнс“, поради неносење заштитна маска. Уште повеќе, Роберт О’Нил (44) се сликал и се пофали со тоа на Твитер. „Не сум п**ка“, напиша О’Нил кусо до фотографијата. По извесно време, тој во нова објава ги извести своите следачи и за забраната за летови. Подоцна, ветеранот се шегуваше и дека тој „не е лошото момче“, туку дека го убил лошото момче.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chovekot-koj-go-ubi-bin-laden-dobi-zabrana-za-letanje/feed/ 0
Штрајк со глад почна лекарот кој и помогна на ЦИА за убиството на Осама бин Ладен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtrajk-so-glad-pochna-lekarot-koj-i-pomogna-na-cia-za-ubistvoto-na-osama-bin-laden/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtrajk-so-glad-pochna-lekarot-koj-i-pomogna-na-cia-za-ubistvoto-na-osama-bin-laden/#respond Mon, 02 Mar 2020 07:40:13 +0000 https://kurir.mk/?p=310859

Пакистанскиот лекар кој им помогна на ЦИА да го пронајде и убие Осама бин Ладен, почна штрајк со глад од неговата затворска ќелија, соопштија денеска неговиот адвокат и семејството. Шакел Африди со години лежи зад решетките откако неговата програма за лажна вакцинација им помогна на американските агенти да го пронајдат и убијат лидерот на Ал Каеда во 2011 година. „Се протестира против неправдите и нехуманите ставови што се прават против него и неговото семејство“, рече неговиот брат Jамил Африди по средбата со Африди во затворот во централната провинција Пенџаб. Неговиот адвокат Камар Надем исто така го потврди штрајкот со глад. Африди доби затворска казна на 33 години во мај 2012 година, откако беше осуден за врски со милитантите, обвинение кое тој секогаш го негираше. Неговата казна подоцна беше намалена за 10 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shtrajk-so-glad-pochna-lekarot-koj-i-pomogna-na-cia-za-ubistvoto-na-osama-bin-laden/feed/ 0
Ал Багдади погребан во море, исто како Бин Ладен https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/al-bagdadi-pogreban-vo-more-isto-kako-bin-laden/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/al-bagdadi-pogreban-vo-more-isto-kako-bin-laden/#respond Tue, 29 Oct 2019 09:04:59 +0000 https://kurir.mk/?p=257226

Посмртните останки на лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал-Багдади се погребани во море, откако загина за време на воената операција на САД во неговиот камп во северозападна Сирија минатиот викенд, потврди денеска неименуван американски официјален претставник. Властите не објавија детали за тоа кој американски воен брод бил користен за погребот, ниту во кое море е спуштено телото, но официјални лица за Еј-Би-Си Њуз изјавиле дека постапката била слична на онаа што се користела при положување на телото на основачот на Ал Каида Осама бин Ладен. Во исламот, луѓето обично се погребуваат во земја, без ковчег, пред петдневниот период на молитви, но САД очигледно не сакаа гробот на ал-Багдади да стане светилиште за терористите, коментираат светските агенции. Во 2011 година, телото на Бин Ладен беше спуштено во Северното Арапско Море од американскиот носач на авиони Карл Винсон. Началникот на здружениот Штаб на американската армија Марк Мли денеска одби да каже дали телото на ал Багдади е погребано во море. Тој рече дека положувањето  на неговите посмртни останки и оти е извршено на соодветен начин, по дополнителни ДНК анализи на безбедна локација. Во исто време, неименуван функционер на Стејт департментот рече дека по убиството на ал Багдади, бил ликвидиран и друг припадник на Исламска држава, Абу ел Хасан ел Мухајир. Тоа се случило во заедничка акција на курдските и американските трупи, исто така во северна Сирија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/al-bagdadi-pogreban-vo-more-isto-kako-bin-laden/feed/ 0
„Индепендент“: Синот на Осама бин Ладен веројатно е мртов https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/independent-sinot-na-osama-bin-laden-verojatno-e-mrtov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/independent-sinot-na-osama-bin-laden-verojatno-e-mrtov/#respond Wed, 31 Jul 2019 19:53:52 +0000 https://kurir.mk/?p=225269

Синот на лидерот на Ал Каида Осама бин Ладен и негов наследник во терористичката организација, Хамза бин Ладен е мртов, покажуваат разузнавачки информации на САД, пишува британскиот весник „Индепендент“. Официјални претставници на американската администрација сѐ уште ја немаат потврдено оваа информација, ниту е познато дали службите на САД имаат нешто со неговата смрт. Хамза бин Ладен последен пат се појави во јавност минатата година во видео во кое ги повика луѓето на Арапскиот полуостров на востание, и во исто време ѝ се закани на Саудиска Арабија. Земјата му го одзеде државјанството во март, кога американскиот Стејт департмент објави награда од еден милион долари за информација која би можела да доведе до откривање на локацијата каде се наоѓа. Хамза, за кој се претпоставува дека има околу 30 години, блиску соработуваше со татко му во Авганистан пред терористичките напади на 11 септември, по што извесно време беше во Пакистан откако интервенцијата на САД во Авганистан го примора да ја напушти земјата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/independent-sinot-na-osama-bin-laden-verojatno-e-mrtov/feed/ 0
Опасен пар: Се ожени синот на Бин Ладен, невестата е добро позната на јавноста https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/opasen-par-se-ozeni-sinot-na-bin-laden-nevestata-e-dobro-poznata-na-javnosta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/opasen-par-se-ozeni-sinot-na-bin-laden-nevestata-e-dobro-poznata-na-javnosta/#respond Mon, 06 Aug 2018 06:37:44 +0000 https://kurir.mk/?p=84881

Синот на поранешниот лидер на Ал каеда Осама бин Ладен, Хамза бин Ладен, се оженил со ќерката на Мохамед Ата, главниот киднапер на авионите за време на терористичкиот напад во САД на 11 септември 2001 година, потврдија од семејството. Хамза бин Ладен е син на една од трите преживеани сопруги на Осама бин Ладен, Харија Сабаре. Неговите полубраќа не се сигурни каде се наоѓа тој. Семејството тврди дека немало контакти со Осама бин Ладен од 1999 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/opasen-par-se-ozeni-sinot-na-bin-laden-nevestata-e-dobro-poznata-na-javnosta/feed/ 0