оштета – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Apr 2023 13:57:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png оштета – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поранешен командант на ОВК треба да плати и отштета на жртвите од над 200 илјади евра https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraneshen-komandant-na-ovk-treba-da-plati-i-otshteta-na-zhrtvite-od-nad-200-iljadi-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraneshen-komandant-na-ovk-treba-da-plati-i-otshteta-na-zhrtvite-od-nad-200-iljadi-evra/#respond Thu, 06 Apr 2023 13:57:45 +0000 https://kurir.mk/?p=821081

Еден од командантите на ОВК, Салих Мустафа, кој беше осуден од Специјалниот суд на Косово на 26 години затвор за воени злосторства, киднапирање, тортура и убиства на албански цивили во април 1999 година во селото Злаш, мора да плати вкупно 207.000 евра отштета на настраданите. Советот на Специјалниот суд го прифати предлогот на адвокатите на жртвите и денеска нареди Мустафа да плати 170.000 евра за трите директни жртви, по 80.000, 60.000 и по 30.000 евра, додека петте индиректни жртви, против чии блиски членови на семејството е извршено делото, ќе добијат вкупно 37.000 евра, три семејства по 10.000 евра, едно 5.000, и уште едно - 2.000 евра. Судијката Мапи Фелт Фоља рече дека Мустафа е прогласен за виновен и должен да ја надомести оваа штета. Судијката Фоља изјави дека осудителната пресуда на Мустафа е правда за жртвите по повеќе од две децении и дека иако парите не можат да ги вратат убиените или да ги надоместат деновите на тортура и болката што настанала и траела долго потоа, материјалната отштета ќе значи нешто за нив. По ваквата одлука на судскиот совет, претседателот на Специјалниот суд на Косово во Хаг треба да назначи судски орган, кој ќе го следи спроведувањето и извршувањето на оваа наредба за репарација и ќе го определи рокот до кој треба да се исплатат сите жртви.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraneshen-komandant-na-ovk-treba-da-plati-i-otshteta-na-zhrtvite-od-nad-200-iljadi-evra/feed/ 0
Ја тужел компанијата зошто му организирала роденденска забава, добил отштета од 450.000 долари https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ja-tuzel-kompanijata-zoshto-mu-organizirala-rodendenska-zabava-dobil-otshteta-od-450-000-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ja-tuzel-kompanijata-zoshto-mu-organizirala-rodendenska-zabava-dobil-otshteta-od-450-000-dolari/#respond Wed, 20 Apr 2022 10:33:31 +0000 https://kurir.mk/?p=665852

Маж од Кентаки ја тужел компанијата во која е вработен откако била игнорирано неговото барање, роденденот да не му се прославува во компанијата. Причината била оправдана бидејќи Кевин Берлинг страда од анксиозно пореметување. Од компанијата добил отштета од 450.000 долари поради занемарување на поднесената молба и одржување на прослава. Медицинската лабораторија „Gravity Diagnostics“, го игнорирала барањето на вработениот, неговиот роденден да не се слави. Според зборовите на адвокатот Тони Бучер, вработениот разговарал со организаторот на роденденски прослави, но лицето кое било одговорно за тоа заборавило на неговото барање. Во компанијата била приредена прослава за Кевин на која тој доживеал анксиозен напад на паника. Морал да замине до својот автомобил, да вежба техники на дишење, да јаде, по што му сипратил на својот менаџер порака со известување дека неговото барање е игнорирано. Следниот дел, Кевин од колегите бил критикуван поради реакцијата која ја има, па тој одлучил да поднесе тужба против компанијата. На работа соработниците барале од него да престане да користи механизми за соочување и да се „гушне самиот себе“. Според тужбата оваа расправија предизвикала нов паничен напад кај Кевин и тој бил избркан од работа. Судот му одредил отштета од вкупно 450.000 долари. 120.000 долари поради изгубени палти и бенефиции, 30 долари за идни изгубени плати и бенефиции, 300.000 за мината, сегашна и идна ментална болка, страдање, срамота, понижување, но и губење на самодовербата. Од компанијата истакнале дека одлуката на судот е сериозен преседан за работодавачите и вработени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ja-tuzel-kompanijata-zoshto-mu-organizirala-rodendenska-zabava-dobil-otshteta-od-450-000-dolari/feed/ 0
Шефот му организирал роденденска забава, а тој го тужел: Доби огромна отштета, а ова е причината https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shefot-mu-organiziral-rodendenska-zabava-a-toj-go-tuzel-dobi-ogromna-otshteta-a-ova-e-prichinata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shefot-mu-organiziral-rodendenska-zabava-a-toj-go-tuzel-dobi-ogromna-otshteta-a-ova-e-prichinata/#respond Tue, 19 Apr 2022 19:03:51 +0000 https://kurir.mk/?p=665599

Жител на Кентаки добил отштета од 450.000 долари откако неговата компанија му организирала роденденска забава и покрај неговите предупредувања дека тоа би му создало стрес и анксиозност. Кевин Берлинг тврди дека непосакуваната роденденска забава во 2019 година во „Гревити дајагностикс“ му предизвикала повеќе панични напади. Во тужбата тој ја обвинил компанијата за дискриминација врз основа на попречување. Според тужбата, Берлинг, кој страда од анксиозност, побарал од неговиот менаџер да не се слави неговиот роденден како што вообичаено се прави за другите вработени бидејќи може да му предизвика паничен напад и да му врати непријатни спомени од детството. Но и покрај неговото барање, компанијата му организирала забава во август 2019, а тоа довело до паничен напад кај него. Тој брзо ја напуштил забавата, а следниот ден бил критикуван и обвинет дека им ја скратил радоста на колегите и се однесувал како „мало девојче“. Овој состанок му предизвикал втор паничен напад, а по неколку дена компанијата го отпуштила поради грижи за безбедноста на работното место. По тужбата од страна на Берлинг, судот пресудил дека компанијата треба да му плати отштета од 450.000 долари, од кои 300.000 долари за емоционално вознемирување, а 150.000 долари за загубени дневници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shefot-mu-organiziral-rodendenska-zabava-a-toj-go-tuzel-dobi-ogromna-otshteta-a-ova-e-prichinata/feed/ 0
Словенија бара отштета од Русија за уништениот конзулат https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-bara-otshteta-od-rusija-za-unishteniot-konzulat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-bara-otshteta-od-rusija-za-unishteniot-konzulat/#respond Wed, 02 Mar 2022 17:51:00 +0000 https://kurir.mk/?p=639676

Министерството за надворешни работи на Словенија денеска повторно го повика на разговор рускиот амбасадор Тимур Ејвазов, на кого државниот секретар Гаспер Довзан му врачи протестна нота со барање за извинување и оштета, соопшти словенечкото МНР. Во напад извршен вчера е уништена административната зграда на централниот плоштад каде што се наоѓаше словенечкиот конзулат. Почесниот конзул Анатолиј Бондаренко не е повреден во нападот. Словенија најостро го осудува недозволивиот чин и воената агресија на Руската Федерација врз суверена држава, соопшти Министерството, по повод рускиот напад врз Украина и продолжувањето на нападите врз украинските градови. Според соопштението, ова е грубо кршење на меѓународното право и човековите права, а уништувањето на цивилни цели е воено злосторство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-bara-otshteta-od-rusija-za-unishteniot-konzulat/feed/ 0
Поради досада на работа ја тужел фирмата, добил оштета од 40.000 евра https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/poradi-dosada-na-rabota-ja-tuzel-firmata-dobil-oshteta-od-40-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/poradi-dosada-na-rabota-ja-tuzel-firmata-dobil-oshteta-od-40-000-evra/#respond Fri, 14 Jan 2022 14:33:37 +0000 https://kurir.mk/?p=619382

Додека феноменот на согорување го зафати светот, во Франција се забележани премногу случаи на деловен ангажман. Имено, Фредерик Деснар се чувствувал недоволно вработен на своето работно место, па решил да ја тужи компанијата во која бил вработен. За целиот случај да биде уште поневообичаен, тој спорот го доби на суд. Во 2014 година, Фредерик Деснар се врати на работа во производителот на парфеми Интерпарфумс по седуммесечно боледување. Според зборовите на неговиот адвокат, тој бил на боледување поради епилептичен напад што го доживеал додека возел, што резултирало со несреќа која го оставила во кома неколку дена. Иако бил вреден, по враќањето од боледување, компанијата, според него, целосно го запоставила, тој работел во просек по половина час дневно, без притисок кога ќе дојде и колку ќе остане. Сè траело четири години. - Се чувствував лошо, без енергија и волја и ми беше срам што не ја заработував платата што ја земав секој месец. Имав впечаток дека сум невидлив во друштвото, изјави Фредерик Деснар пред судот. Виктор Билбо, адвокатот на Деснар, изјави дека постои поврзаност помеѓу работата и влошувањето на неговото здравје. Адвокатите на компанијата во своја одбрана бранеа дека Деснар никогаш не кажал ништо за тоа дека му е досадно. Во 2020 година Деснар поднесе тужба до судот за работни односи и бара отштета од 360.000 евра. Иако компанијата тврдеше дека Деснар никогаш не се пожалил, судот се согласи дека „занемарувањето е форма на вознемирување“, а пресудата беше потврдена од Апелациониот суд во Париз на крајот на 2020 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/poradi-dosada-na-rabota-ja-tuzel-firmata-dobil-oshteta-od-40-000-evra/feed/ 0
Владетелот на Дубаи на својата поранешна сопруга треба да и плати оштета за развод од над половина милијарда фунти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vladetelot-na-dubai-na-svojata-poraneshna-sopruga-treba-da-i-plati-oshteta-za-razvod-od-nad-polovina-milijarda-funti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vladetelot-na-dubai-na-svojata-poraneshna-sopruga-treba-da-i-plati-oshteta-za-razvod-od-nad-polovina-milijarda-funti/#respond Tue, 21 Dec 2021 14:46:48 +0000 https://kurir.mk/?p=611266

Владетелот на Дубаи, шеикот Мохамед бин Рашид ал-Мактoум е осуден да и плати на својата поранешна сопруга принцезата Хаја и нивните две деца отштета за развод од над половина милијарда фунти, што е највисоката сума која некогаш ја доделил британскиот суд, пишува „Гардијан“. Во писмената одлука, судот наведе дека „главната закана“ за Хаја и нејзините деца доаѓа од шеикот Мохамед, кој е и премиер на Обединетите Арапски Емирати. Хаја побегна во Велика Британија во април 2019 година заедно со нејзините две деца. Оттогаш, во серија сослушувања, кои чинат повеќе од 70 милиони фунти судски такси, судиите на Врховниот суд утврдија дека „шеикот Мохамед го организирал киднапирањето на две негови други деца, принцезата Латифа и принцезата Шамса, и ја подложил Хаја на заплашување“. – Користејќи го шпионскиот софтвер Пегасус на израелската НСО Груп, тој ги хакирал телефоните на Хаја и петмина нејзини соработници, меѓу кои и двајца нејзини адвокати. Неговите агенти се обиделе да купат замок во вредност од 30 милиони фунти веднаш до домот на Хаја во Беркшир, што претставувало „многу сериозна закана за нејзината безбедност“, наведува судот. Судот наредил егзистенцијата на Хаја да се плаќа однапред, а не годишно, бидејќи во спротивно би настанала ситуација во која поранешниот сопруг би имал инѕерес да ги намали плаќањата и да ја ослаби нејзината заштита од него. Договорот вклучува 210 милиони фунти, кои мора да се платат во рок од три месеци, за покривање на безбедносните трошоци на Хаја до крајот на нејзиниот живот и нејзините деца додека не го завршат високото образование. Шеикот, исто така, мора да плати 41,5 милиони фунти однапред на поранешната сопруга за образование и заостанати плати и 5,6 милиони фунти годишно за секое дете за да ги издржува додека не дипломираат. Вклучувајќи ги и другите трошоци, договорот може да достигне 554 милиони фунти, иако износот може да варира во зависност од тоа колку долго траат годишните исплати. Портпарол на шеикот Мохамед изјави дека „тој секогаш се грижил неговите деца да бидат обезбедени. Судот веќе донесе одлука за финансиското прашање и тој нема намера дополнително да коментира. Шеикот само бара од медиумите да ја почитуваат приватноста на неговите деца“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vladetelot-na-dubai-na-svojata-poraneshna-sopruga-treba-da-i-plati-oshteta-za-razvod-od-nad-polovina-milijarda-funti/feed/ 0
Официјално: 2.500.000 долари оштета за споделување фотографии од несреќата на Коби Брајант https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/oficijalno-2-500-000-dolari-oshteta-za-spodeluvanje-fotografii-od-nesrekjata-na-kobi-brajant/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/oficijalno-2-500-000-dolari-oshteta-za-spodeluvanje-fotografii-od-nesrekjata-na-kobi-brajant/#respond Wed, 03 Nov 2021 13:39:14 +0000 https://kurir.mk/?p=590299

Двете семејства, чии членови загинаа во хеликоптерска несреќа во која животот го загуби и познатиот американски кошаркар Коби Брајант, ќе добијат отштета од 2,5 милиони за незаконско споделување фотографии од местото на несреќата, пишува АП. Договорот за обештетување, објавен во вторник, на 2 ноември, не важи за вдовицата на кошаркарската ѕвезда, која поднесе тужба поради неовластено споделување фотографии. Коби, неговата ќерка Џана (13) и уште 7 лица загинаа во хеликоптерска несреќа на 26 јануари 2020 година, западно од Лос Анџелес. Единствените луѓе кои имаа право да го фотографираат местото на несреќата беа истражителите од Агенцијата за безбедност на транспортот (НТСБ) и форензичарите. Меѓутоа, полицијата и пожарникарите од округот Лос Анџелес ги снимиле сцените од несреќата, како и жртвите со своите мобилни телефони, а потоа ги споделиле со други луѓе. Поради тоа изби скандал, а семејствата на жртвите поднесоа тужба против локалните власти за незаконско споделување фотографии. Адвокатите кои го застапуваат округот Лос Анџелес во извештајот препорачале да се постигне договор со семејствата, за да се избегне продолжување на тужбата која и онака била „тешка“ со 1,3 милиони долари. Метју Маузер, која е сопруга на една од жртвите во страшната несреќа, треба да добие отштета од 1,25 милиони долари, како и Џеј Џеј и Алексис Алтобели кои во несреќата ги загубија родителите и сестрата. Судското рочиште иницирано од вдовицата на Коби, Ванеса Брајант, е закажано за февруари 2022 година. Градските адвокати решија да „возвратат“, па побараа психијатриско испитување на Ванеса Брајант. Тие сакаат да докажат дека Ванеса страдала од депресија и емоционален стрес поради загубата на сопругот и ќерката, а не поради протечените фотографии. Округот Лос Анџелес бара судски налог да ги објави медицинските досиеја како дел од својата одбрана. Тие наведуваат и дека Ванеса Брајант не може да настрада поради фотографиите од местото на несреќата кои никогаш не ги виделе, ниту пак некаде се објавени во јавноста. Адвокатите на Ванеса Брајант се разочарани од ова барање и наведуваат дека тоа ќе ја принуди вдовицата на Коби да се сеќава на се што се случило и дека дополнително ќе ја повреди. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/oficijalno-2-500-000-dolari-oshteta-za-spodeluvanje-fotografii-od-nesrekjata-na-kobi-brajant/feed/ 0
Тинејџер од Гостивар заработи две пријави, откако со четирицикл оштети сообраќаен знак https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tinejdzer-od-gostivar-zaraboti-dve-prijavi-otkako-so-chetiricikl-oshteti-soobrakjaen-znak/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tinejdzer-od-gostivar-zaraboti-dve-prijavi-otkako-so-chetiricikl-oshteti-soobrakjaen-znak/#respond Sat, 17 Apr 2021 17:59:34 +0000 https://kurir.mk/?p=498626

Седумнаесетгодишникот, кој пред некој ден во обид да сними видео за социјалните мрежи, оштети сообраќаен знак доби две пријави од полицијата. Тој, попладнево е повикан во полиција и со него е извршен службен разговор во Одделението за безбедност на патниот сообраќај во Гостивар. За сторените прекршоци, подготвени се две пријави согласно Законот за возила. Од СВР Тетово информираат дека го идентификувала и санкционира лицето, кој управувајќи четирицикл на 4 април во близина на крстосницата на улиците „Живко Брајковски” и „101″ во Гостивар, преминува преку тротоарот и со четирициклот оштетува сообраќаен знак. Видеото што беше објавено на социјалните мрежи наиде на реакции во јавноста. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tinejdzer-od-gostivar-zaraboti-dve-prijavi-otkako-so-chetiricikl-oshteti-soobrakjaen-znak/feed/ 0
Уште еден авиопревозник бара отштета од „Боинг“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-eden-avioprevoznik-bara-otshteta-od-boing/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-eden-avioprevoznik-bara-otshteta-od-boing/#respond Thu, 11 Apr 2019 13:17:00 +0000 https://kurir.mk/?p=185160

Кинеската авиокомпанија „Чајна истерн ерлајнс“ побара од „Боинг“ отштета откако претходно ги суспендира сите летови со авионите „737 Макс“. Со тоа, „Чајна истерн ерлајнс“, која е една од трите водечки кинески државни авиопревозници, им се придружи на уште неколку авиокомпании кои побараа компензација од „Боинг“ по две фатални несреќи со тие авиони. Американскиот производител на авиони Боинг забележа голем пад на нарачките и испораките во првиот квартал, а тие за 737 МАКС се сведени на нула по двете катастрофални авионски несреќи и повлекувањето на тој тип авиони од сообраќај во целиот свет. Боинг во првите три месеци годинава забележал вкупно 95 нарачки на авиони, што е за половина помалку од истиот период минатата година. Вкупно се испорачани 149 авиони, 19 отсто помалку отколку во првите три месеци во 2018 година. Бројот на испорачани авиони од типот 737 МАКС паднал за околу 33 отсто, со испорачани само 11 летала. Тој тип на авион водеше по број на нарачки се до урнувањето на „Етиопијан ерлајнс“ на 10 март, кога загинаа 157 лица. Четири месеци претходно Боинг 737 МАКС се урна и во Индонезија, при што загинаа 189 луѓе. Анализите покажа сличности помеѓу овие две несреќи и 737 МАКС беше повлечен од сообраќај ширум светот. Боинг беше принуден да ги замрзне испораките на авионот, кој дотогаш водеше по бројот на нарачки меѓу неговите модели. Се уште не се знае кога 737 МАКС повторно ќе лета. Глобални регулатори, вклучувајќи ги и кинеските, соопштија во меѓувреме дека ќе се вклучат во работата на американската Федерална управа за авијација, која ќе се обиде да утврди дали авионот е безбеден за употреба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ushte-eden-avioprevoznik-bara-otshteta-od-boing/feed/ 0
Автобусот на смртта бил осигуран: Оштета од 9.000 евра за семејствата на загинатите, по 4.500 евра за повредените https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avtobusot-na-smrtta-bil-osiguran-oshteta-od-9-000-evra-za-semejstvata-na-zaginatite-po-4-500-evra-za-povredenite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avtobusot-na-smrtta-bil-osiguran-oshteta-od-9-000-evra-za-semejstvata-na-zaginatite-po-4-500-evra-za-povredenite/#respond Mon, 18 Feb 2019 20:03:41 +0000 https://kurir.mk/?p=165447

Повредените и семејствата на жртвите во несреќата од 13 февруари кај село Ласкарци треба да ги обезбедат потребните документи и да ги достават во осигурителната компанија Еуросиг за да добијат оштета. Овој повик го упати директорот на компанијата Еуросиг. Тој изрази сочувство до семејствата на настраданите, објави телевизија 21. „Упатив апел до семејствата да достават документација што поскоро. По три дена компанијата ќе изврши исплата. Им посакувам што поскоро закрепнување“, изјави Кадри Моринај. За повредените ќе се исплатат од 4.500 евра, а за семејствата на настраданите до 9.000 евра. „Оштетата ќе се врши според возраста и случаите, така како што предвидува законот. Вкупната сума изнесува 675 милиони евра“, додава Моринај. Автобусот на компанијата Дурмо Турс имал осигурување и според законот, во случај на несреќа, на патниците им следува оштета.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avtobusot-na-smrtta-bil-osiguran-oshteta-od-9-000-evra-za-semejstvata-na-zaginatite-po-4-500-evra-za-povredenite/feed/ 0