оштетен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 26 Sep 2022 13:19:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png оштетен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Повторно оштетен виртуелниот споменик на Глигор Прличев во Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povtorno-oshteten-virtuelniot-spomenik-na-gligor-prlichev-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povtorno-oshteten-virtuelniot-spomenik-na-gligor-prlichev-vo-ohrid/#respond Mon, 26 Sep 2022 13:19:09 +0000 https://kurir.mk/?p=737551

За два месеци од поставувањето, виртуелниот паметник на Глигор Прличев по втор пат е вандализиран исто како кон почетокот на август кусо по поставувањето. Синоќа во 23.35 часот во СВР Охрид е пријавено оштетување на овој виртуелен споменик поставен на улицата „Коста Абраш” кај малиот плоштад во Охрид. -Од извршениот увид, констатирано е дека биле откорнати буквите од предниот дел на споменикот и било отстрането македонското знаме. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, наведуваат од охридската полиција. Минатиот месец само неколку часа по поставувањето на овој необичен споменик посветен на македонскиот преродбеник родум од Охрид беше вандализиран и онеспобен да функционира откако непознати сторители го пресекле доводот до електрична енергија, го отстраниле македонското знаме и ги искорнале написите. Насилно се отстранети и одземени 27 букви и македонското знаме како што се случи и вчера. Сторителите не беа откриени. Станува збор за дигитален паметен споменик посветен на Григор Прличев, кој ги вкрстува вештачката интелигенција и виртуелната реалност во уникатно футуристичко искуство за граѓаните и посетителите. Тој е дело на тимот од компанија „Сефиданис“ на чело со проф. д-р Анис Сефиданис.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povtorno-oshteten-virtuelniot-spomenik-na-gligor-prlichev-vo-ohrid/feed/ 0