оштетени штедачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 11 May 2021 11:06:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png оштетени штедачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Оштетените штедачи од Заев побарале разрешување на министерот за финансии Фатмир Бесими https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshtetenite-shtedachi-od-zaev-pobarale-razreshuvanje-na-ministerot-za-finansii-fatmir-besimi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshtetenite-shtedachi-od-zaev-pobarale-razreshuvanje-na-ministerot-za-finansii-fatmir-besimi/#respond Tue, 11 May 2021 07:59:12 +0000 https://kurir.mk/?p=508810

Здружението на оштетени физички и правни лица на Еуростандард банка „Правда за штедачи” ја информира јавноста дека на 7 мај до Премиерот поднесе барање за разрешување на Министерот за финансии Фатмир Бесими. Барањето за разрешување на Министерот е поднесено по повод постапката пред Уставен суд за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки, конкретно поради: -Пречекорување на надлежностите и овластувањата на министерот Бесими и Министерството за финансии, -Загрозување на темелните вредности на уставниот поредок преку непочитување на владеењето на правото и поделбата на власта на извршна, законодавна и судска, -Неовластено и недозволено мешање во работата на судската власт и загрозување на нејзината самостојност и независност, -Манифестација на очигледна непослушност кон премиерот, што се граничи со несериозност и неодговорност во вршењето на функцијата, но и со загрозување на работата на Владата како колективно тело, со своја хиерархиска поставеност. Имено, во текот на постапката пред Уставниот суд, Министерството за финансии и Министерот Бесими лично, извршија отворен притисок врз Уставниот суд и мешање во неговите надлежности. Тоа се случи во доцните вечерни часови на 20 април кога на порталот 360stepeni.mk беше лиферувана порака до Уставниот суд лично од Министерот, во која им порача на уставните судии дека „утре решавате за стабилноста на целиот финансиски систем”. По кратко време, некој од министерството веројатно увидел дека бил направен опасен преседан на притисок врз уставните судии, па беше направена корекција, дека, всушност, „Финансии го бранат статусот на фондот за осигурување на депозити”, што во суштина не го менува фактот дека Министерството за финансии, на јавна сцена, отворено и без скрупули, изврши притисок врз Уставниот суд да одлучи негативно по поднесената иницијатива за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки. Со ваквиот потег, очигледно е дека Министерот Бесими направил недозволено мешање во работата на уставните судии и дека, всушност, место да го брани статусот на Фондот за осигурување на депозити, тој го загрози статусот на Уставниот Суд како орган на Републиката што ја штити уставноста и законитоста. Тоа е доволна причина Министерот Бесими да поднесе НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА од функцијата што ја извршува. Здружението „Правда за штедачи“ очекуваше дека министерот Бесими ќе има доблест сам да поднесе оставка, но кога ниту после една седмица тоа не го стори, на 26 април Здружението до поднесе барање за оставка на Министерот Бесими до Министертвото за финансии. Сепак, оставките во нашата држава изгледа дека се „мисловна именка”, додека чувството за самоодговорност e „успешно оперирано”. Затоа, веќе дваесетина дена Министерот за финансии Бесими, не само што нема доблест да поднесе оставка, туку напротив, неговото влијание преку Претседателот на Уставниот суд, за процедурално одолговлекување на постапката, е уште поочигледно. Но, Министерот Бесими не само што не одговара на барањето на Здружението на оштетени штедачи, туку тој не одговори ниту на, до него, проследено барање од Премиерот, во кое Премиерот го замолува да одржи состанок со претставниците на Здружението „Правда за штедачи“ во термин кој ќе биде прифатлив за двете страни. Со тоа, Министерот за финансии Бесими покажува крајна некооперативност и неподготвеност за дијалог и соработка, но и непослушност кон Премиерот. Прашуваме, како Министерот за финансии Бесими мисли да ги решава проблемите, ако не со дијалог? Дали смета дека е недопирлив, па може да врши притисоци, недозволени влијанија и да манифестира непослушност кон Премиерот без последици? Зарем тоа е евроскиот пат? Затоа, токму поради европската иднина на граѓаните и државата, очекуваме Министерот за финансии Фатмир Бесими да биде разрешен од функцијата, кога веќе нема доблест сам да си поднесе оставка, велат оштетените штедачи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshtetenite-shtedachi-od-zaev-pobarale-razreshuvanje-na-ministerot-za-finansii-fatmir-besimi/feed/ 0
Обвинуваат за опструкции: Оштетените штедачи утре на протест пред Суд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinuvaat-za-opstrukcii-oshtetenite-shtedachi-utre-na-protest-pred-sud/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinuvaat-za-opstrukcii-oshtetenite-shtedachi-utre-na-protest-pred-sud/#respond Tue, 04 May 2021 17:25:51 +0000 https://kurir.mk/?p=505526

Здружението "Правда на штедачи" утре 05.05.2021 со почеток во 08 часот повторно ќе  одржи собир/протест пред Уставниот Суд. -Протестот е мотивиран од сериозните опструкции што претседателот на Уставниот суд ги прави во врска со иницијативата за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки, информираат штедачите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/obvinuvaat-za-opstrukcii-oshtetenite-shtedachi-utre-na-protest-pred-sud/feed/ 0
Како деловно неактивна фирма добила кредит од 380 илјади евра од Еуростандард банка? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-delovno-neaktivna-firma-dobila-kredit-od-380-iljadi-evra-od-eurostandard-banka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-delovno-neaktivna-firma-dobila-kredit-od-380-iljadi-evra-od-eurostandard-banka/#respond Wed, 10 Feb 2021 07:41:16 +0000 https://kurir.mk/?p=466607

Оштетените штедачи на Еуростандар банката преку соопштение до јавноста прашуваат како деловно неактивна фирма добила кредит од 380 илјади евра до банката? „Фирма со еден сопственик основана во 2013 година со непаричен влог од 5 илјади евра немала поднесено годишна сметка од 2017 година на наваму и не била деловно активна. Меѓутоа, тоа не пречело да се задолжи во Еуростандард банка во 2018 година, во време кога фирмата немала никаква активност. Според извештајот за банката на стечајниот управник Душко Тодевски, оваа фирма има добиено кредит, сега во редот на сомнителни и спорни побарувања, во вредност од околу 380 илјади евра, со обезбедена хипотека од земјоделско земјиште во село Врапчиште, Гостиварско. Направената процена на земјоделското земјиште изнесувала околу 240 илјади евра. Од кога е даден кредитот, фирмата не исплатила ниту една рата. За да конечно, фирмата се затвори односно се избрише од регистарот на фирми на 27 февруари 2020 година. Основата за бришење на фирмата е повеќегодишна неактивност и неподнесување на годишни завршни сметки, а во согласност со законските одредби од Законот за трговски друштва. Овој случај е уште еден чист криминал во редот на 149 фирми приматели на ненаплатливи или тешко наплатливи кредити преку кои се украдени околу 55 милиони евра од депозитите во Еуростандард банка. Кражбата е евидентна. Само врз основа на фактичката состојба за криминалниот случај опишан погоре, се поставуваат многу прашања. Како е можно да раководството на Еуростандард банка одобри кредит на фирма која е деловно неактивна? Врз основа на кои и какви документи е направена кредитната анализа на фирмата? Врз основа на кои интерни политики и процедури за кредитен ризик како и критериуми за одобрување на кредити, раководството на банката одобрило да биде даден кредит на оваа фирма? Како тоа раководството на банката одобрило значително поголем износ на кредитот во однос на проценетата вредност на земјоделското земјиште? Зошто не е отворен стечај за оваа фирма на основа на долгот кон Еуростандард банка туку истата директно се затворила, а со тоа пропаднало и целото побарување, сега кон нас оштетените доверители? За да јавноста биде запозната, на дебатната емисија на ТВ24 во ноември минатата година, Трифун Костовски јавно обзнани дека кредити се давале со нереално зголемени проценети цени на хипотеки, конкретно наведувајќи токму пример за даден голем кредит врз основа нереално проценето обезбедување со земјоделско земјиште во село Врапчиште, Гостиварско. Оттука, се поставува и прашањето, дали и колку се реално проценети и хипотетките кои се дадени за делените кредити во Еуростандард банка. Вакви и слични случаи во банката има многу. Секој случај на неповратен кредит е посебна криминална сторија. Кражба на депозити со умисла и план. Како е можно да е правен криминал од вакви огромни размери со години, а да гувернерката Анита Ангеловска Бежоска не го видела тоа!? Очигледно, ниту се проверувал кредитниот ризик на изложеностите во банката, ниту се почитувале одредбите на одлуката за управување со кредитен ризик, ниту пак се применувале критериумите за одобрување на кредити. Едноставно, се крадело свесно и масовно. Сепак, добро знаејќи го сето ова, зошто гувернерката Бежоска не вовела санкции кон банката и не ги одземала лиценците за работа на тројцата првотимци од банката? Зошто не вовела административна управа во банката? Едноставно, зошто не направила нешто за да го спречи криминалот пред неколку години, уште кога можело нешто да се спречи и санира? Дали гувернерката Бежоска чувствува задоволство што ние и нашите семејства сега страдаме и сме во агонија? Тројцата првотомци, добро познатите раководни лица во Еуростандард банка, масовно и свесно потпишувале и одобрувале ненаплатливи кредити додека гувернерката Бежоска тоа го одобрувала и им дозволила да продолжат да крадат. Каде се законските механизми за да се спречи ваков масовен грабеж на нашите депозити? Ова ли е начинот на кој функционира гувернерката Бежоска како соучесник во овој организиран криминал? Тешко на граѓаните и фирмите кои имаат депозити и работат со банки со ваква личност како главен диригент на Народна банка, која како високо поставена државна институција гарантира за сигурноста и безбедноста на депозитите во домашните банки. Овој масовен, добро организиран криминал, мора да има свој крај. Знаеме и цврсто веруваме дека на крајот овие криминалци, манипулатори и измамници ќе се соочат со лицето на правдата и ќе одговараат за своите криминални постапки, а на нас, граѓаните и фирми депоненти, ќе ни се вратат нашите лични покрадени пари. Сепак, крајот го краси делот. Продолжуваме понатаму!“, стои во нивното соопштение до јавноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kako-delovno-neaktivna-firma-dobila-kredit-od-380-iljadi-evra-od-eurostandard-banka/feed/ 0
„Ако украдете ќебапи од кафеана ќе добиете 3 години затвор, а доколку украдете 60 милиони евра станувате жртва и продолжувате да живеете слободно“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ako-ukradete-kjebapi-od-kafeana-kje-dobiete-3-godini-zatvor-a-dokolku-ukradete-60-milioni-evra-stanuvate-zrtva-i-prodolzuvate-da-ziveete-slobodno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ako-ukradete-kjebapi-od-kafeana-kje-dobiete-3-godini-zatvor-a-dokolku-ukradete-60-milioni-evra-stanuvate-zrtva-i-prodolzuvate-da-ziveete-slobodno/#respond Mon, 21 Dec 2020 08:57:27 +0000 https://kurir.mk/?p=446093

Ако украдете ќебапи од кафеана и ако го признаете делото, ќе бидете осудени на три години затвор. Ако украдете 60 милиони евра, пари на ваши сограѓани и фирми кои ги довериле во вашата банка, тогаш вие станувате жртва и продолжувате да живеете слободно и да уживате со нивните пари, се вели во соопштението на оштетените штедачи на Еуростандард банка. За жал, вака од прилика се случувањата во нашиот правен систем. И после четири месеци од затворањето на Еуростандард банка, на толку видливи, достапни и лесно проверливи докази, никој сеуште не знае што се случило или каде завршиле парите, кој ги украл ниту пак дали некој ќе одговара за криминалот. Очигледно, системот функционира и ве казнува ако направите ситен криминал, а ве ослободува и ви простува ако украдете десетици милиони евра. Неказнивоста за тешки кривични дела и масовен криминал стана главна одлика на нашиот правен систем во државава. По затворањето на Еуростандард банка во август оваа година, судот го одреди стечајниот управник Душко Тодевски, кој на основа на фактичката состојба и документите во банката, подготви извештај за економско-финансиската состојба на банката на денот на затворање. Еве што е констатирано во неговиот извештај којшто недвосмислено и јасно ги лоцира и објаснува главните основи на криминалот што се случувал во банката со години сумирано во три точки: 1) Банката преземала голем кредитен ризик кај клиентите кај кои одобрила изложеност покриена единствено со меница или пак вредноста на обезбедувањето била пониска од изложеноста на клиентот. Воедно, банката одобрувала изложености иако истите не ги исполнувале критериумите за одобрување дефинирани во Кредитната политика. 2) Се делеле многу ненаплатливи и тешко наплатливи кредити, а пред се поради лошо управување со кредитното портфолио поради непостоење или целосно занемарување на системите за управување со кредитниот ризик, некомпетентност на одговорните лица односно извлекување на пари од банката преку доделување и одобрување на кредити без соодветни гаранции. 3) Констатирана е пракса на масовно одобрување на кредити за измирување на достасани обврски во банката и непрепознавање на ризикот кај поврзани лица. Заклучокот во извештајот е дека банката станала несолвентна од причини што речиси 60% од вкупното кредитно портфолио кај правните и физички лица или неполни 60 милиони евра биле целосно или делумно ненаплатливи. Главниот сопственик Трифун Костовски не е толку наивен како што често се претставува, да незнае како го организирале и спровеле грабежот во банката со години како и да не знае каде се завршиле парите. При кражба на толку многу пари не е можно да првиот човек на надзорниот одбор на банката не знаел ниту видел а да одобрувал ненаплатливи кредити. Се разбира, дообјаснување може да побара од тимот кој учествувал во криминалот заедно со него односно неговиот син и раководител на кредитниот одбор Коста Костовски и директорот на банката Николче Петкоски. И тие можат да му раскажат за масовниот и свесно направен криминал, грабежот на нашите доверени лични пари во банката. Трифун Костовски не е жртва на криминалот, тој е неговиот главен носител. Тоа и впрочем самостојно и јавно го потврди во повеќе наврати, дека е виновен и одговорен за сторениот криминал и притоа посочувајќи повеќе примери како го правеле криминалот во банката. Дали надлежните институции во државава ќе се одважат веднаш да делуваат и да преземат сериозни чекори за санкционирање на овој масовен криминал, почнувајќи од главните организатори односно раководните луѓе во банката? Доказите за криминалот се веќе одамна во нивни раце. Тие се јасни и недвосмислени. Во тие документи се гледа кој се одобрувал ненаплатливи кредити, кој ги делел истите, со кого се ги делел, кој го дозволил криминалот, кој перел пари, фалсификувал документи или вршел разни други видови на измами, злоупотреби и проневери. Вистината мора да се дознае и правдата да се задоволи. Дали Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, финансиската полиција и нашиот судски систем ќе дозволат да овој масовен грабеж на обичните граѓани и фирми помине неказниво и остане во заборав на времето додека криминалците продолжат да уживаат со нашите покрадени пари!? Ќе покажете ли дека има правда во државава или ќе оставите да делата застарат, криминалците да бидат на слобода а сите ние 3.000 семејства останеме покрадени, измамени и оштетени од системот којшто не само што не не заштитил на време туку и дозволил криминалците да не уништат во сред пандемија!? Време е веќе да делувате веднаш!, велат во соопштението од иницјативниот одбор на оштетените штедачи на Еуростандард банка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ako-ukradete-kjebapi-od-kafeana-kje-dobiete-3-godini-zatvor-a-dokolku-ukradete-60-milioni-evra-stanuvate-zrtva-i-prodolzuvate-da-ziveete-slobodno/feed/ 0
Андоновски: Фирмите на Вице и нему блиски профитирале со 13 милиони евра од Еуростандард, додека заштедите на народот пропаднаа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonovski-firmite-na-vice-i-nemu-bliski-profitirale-so-13-milioni-evra-od-eurostandard-dodeka-zashtedite-na-narodot-propadnaa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonovski-firmite-na-vice-i-nemu-bliski-profitirale-so-13-milioni-evra-od-eurostandard-dodeka-zashtedite-na-narodot-propadnaa/#respond Sun, 15 Nov 2020 11:45:22 +0000 https://kurir.mk/?p=429770

Во време во кое вие, чесните граѓани на Република Македонија, својата тешко заработена заштеда сте сметале дека ви е на безбедно, 29 струмички фирми се богателе на Ваш грб. Овие фирми, кои се директно поврзани со фамилијата Заеви оствариле профит од 13 милиони евра од невраќање на кредити кои ги земале без покритие од Еуростандард банка, изјави на денешната прес конференција, Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. - Во време во кое вие не можете да врзете крај со крај, фирмата Сара Инжинеринг на Вице Заев, како и Глобал Медиа груп и Тритерол, кои се фирми на бизнис партнерите на Заеви, земале кредити без покритие и од невраќање се стекнале со богатство од 13 милиони евра. Имате 13 милиони причини за револт, за протест и за барање правда. Во време во кое 40.000 граѓани се без работа, поврзани фирми земале фиктивни кредити без никаква одговорност да ги вратат парите. Овие фирми со месеци наназад не ги плаќале кредитите во Еуростандард банка, вели тој. - Во време во кое власта предводена од Заев има катастрофално ниска реализација на капитални инвестиции и не може да обезбеди одржливост на економијата, пајажината од Еуростандард се протега низ цел струмички регион. Ова е ТАТ на 21виот век. ЕвроТАТ. И на сето ова ЈО се прави глуво. Глуви се прават и НБРМ, УФР, Управата за Финансиска полиција и УЈП. Не е возможно фирми да земаат кредити, во време кога банката е под надзор од НБРМ без никаква контрола. Тие фирми потоа кредитите не ги враќаат и никој не забележува, никој не реагира. Овде се работи за организиран криминал, каде директно оштетени се клиентите на банката, бидејќи се работи со измама на нивните пари. Зошто се уште се молчи од институциите? Дали молкот е за да се дозволи фирми блиски до фамилијата на власт да прават милионски профити користејќи туѓи пари?, прашува Андоновски. - Пари на граѓаните кои мислеле дека заштедите им се на безбедно. Замислете, граѓаните организирано да не ги плаќаат своите обврски. Дали тогаш ќе молчеа обвинителите и извршителите. Еуростандард банка е оштетена. Банкарскиот сектор е оштетен. Сигурноста во него е под знак прашалник. Но, најболно е што најоштетени се десетина илјади пензионери кои не можат да земат пензија. Оштетени се штедачи во банката за нивните влогови. За овој ЕВРОТАТ има виновник. Името му е Зоран Заев, посочи тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonovski-firmite-na-vice-i-nemu-bliski-profitirale-so-13-milioni-evra-od-eurostandard-dodeka-zashtedite-na-narodot-propadnaa/feed/ 0
Оштетените штедачи на Еуростандард: Пропаста на банката се одвивала со „правен” грабеж во тек на повеќе години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/oshtetenite-shtedachi-na-eurostandard-propasta-na-bankata-se-odvivala-so-praven-grabez-vo-tek-na-povekje-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/oshtetenite-shtedachi-na-eurostandard-propasta-na-bankata-se-odvivala-so-praven-grabez-vo-tek-na-povekje-godini/#respond Thu, 05 Nov 2020 09:17:44 +0000 https://kurir.mk/?p=425265

Оштетените штедачи на Еуростандард банка соопштија дека пропаста на Еуростандард банка се одвивала со „правен” грабеж на сопственоста во депозити на граѓаните и фирмите и тоа во тек на повеќе години континуирано, почнувајќи од 2013 година па наваму. Покрај надлежностите, Народна банка има и неограничени права и овластувања од издавање на дозвола за работа на банка, контроли на сите нивоа со ревизии и супервизии до одземање на дозвола за работа на банка. Меѓутоа, ваквите неограничени овластувања носат со себе и обврски и одговорности. Во врска со пропаѓањето на Еуростандард банка, Народна банка изјавува дека за сите констатирани индиции за неправилности во работењето на банката, навремено има доставено соодветни известувања во надлежност на други институции. Без да наведе кои. И тука завршува одговорноста на Народна банка за пропаста на Еуростандард банка. Но, тоа кажува дека одговорноста за ненавременото реагирање и спречување за сторениот криминал во Еуростандард банка не може да биде лоцирана само во Народна банка туку и во други надлежни државни институции кои согласно нивните законски надлежности не реагирале на известувањата од Народна банка за да го спречат криминалот и да ги казнат сторителите на криминалните шеми со издавање на непокриени кредити во банката. Еуростандард банка не пропадна од физичка катастрофа или физички грабеж. Пропаста на Еуростандард банка се одвивала со „правен” грабеж на сопственоста во депозити на граѓаните и фирмите и тоа во тек на повеќе години континуирано, почнувајќи од 2013 година па наваму. Оштетените депоненти посочија доделен кредит на приватна фирма од Струмица во висина од околу 600 илјади евра со гаранција од само 5 отсто од вредноста на кредитот даденa во недвижен имот пред повеќе од 2 години, а истиот не е вратен воопшто. Тоа е само еден од многу таквите случаи на одобрувани кредити со ултра висок кредитен ризик во кредитното портфолио на банката. Според извештајот за стечајот на банката подготвен од стечајниот управник, се делеле многу ненаплатливи и тешко наплатливи кредити или кредити покриени единствено со меници, а пред се поради лошо управување со кредитното портфолио поради непостоење или целосно занемарување на системите за управување со кредитниот ризик. Воедно, се констатира и некомпетентност на одговорните лица односно извлекување на пари од банката преку доделување и одобрување на кредити без соодветни гаранции. Фактите од извештајот говорат дека вкупните средства на банката биле прилично под границите на несолвентност. Депонентите се прашуваат како е можно да Народна банка не го утврдила тоа масовно и свесно доделување на ненаплатливи и тешко наплатливи кредити со целосно занемарување на системите за управување со кредитниот ризик, кредити кои воопшто не се враќани со години и кои очигледно биле давани за да не се вратат воопшто. Зошто кога констатирала злоупотреби кои почнале да се случуваат во банката пред неколку години, Народна банка не поднела кривични пријави за злоупотреба на службена должност и овластување на раководните луѓе од банката кои го креирале и спроведувале овoj организиран грабеж на парите од депонентите, физички и правни лица, повеќе години наназад? Народна банка морала да знае за овие криминални шеми кои се случувале во банката со години. Што превземала Народна банка да не заштити преку контролните и супервизорски мерки и издадени решенија? Зошто не било реагирано на време да се отстранат ваквите криминални активности свесно правени од страна на раководните луѓе во банката во содејство со избраните фирми на коишто им се делеле ултра ризични и ненаплатливи кредити? Доколку било потребно, зошто Народна банка не ја затворила Еуростандард банка уште пред неколку години за да штетата по депозитите во банката би била далеку помала отколку сега кога недостасуваат речиси 60 милиони евра проневерени и украдени пари распределени во нечии џебови. Одговорноста за овој организиран криминал освен кај раководните луѓе од банката кои го направиле истиот е и кај раководни луѓе од Народна банка кои дозволиле тој грабеж да се случи и метастазира до граници коишто се тешко замисливи и непоправливи. Народна банката се фали дека со сите налози и 11 решенија од контроли бил детално запознаен Управниот и Надзорен одбор на Еуростандард банка, со цел да се заштити нејзиниот биланс, а со тоа и депонентите. При таков напор од Народна банка и таков стабилен банкарски систем, после неколку дена, се случува стечај на Еуростандард банка и пропаст на дел од или целата сопственост – депозитите на депонентите, без грижа и гаранција за „правна” заштита на депозитите како сопственост на граѓаните и фирмите согласно Законот за сопственост и други стварни права. Ова случување како терк може да се повторува од сега и во иднина и да се ограбуваат депоненти од следна банка и воедно да се повторуваат оправдувањата на Народна банка, а криминалците да си тријат раце. Народната банка и останати релеванти државни институции се одговорни најмалку поради фактот што не реагирале со време да го заштитат нашиот личен имот – парите на физичките лица и фирми депоненти на банката и дозволиле да бидеме ограбени во целост. Извештајот од стечајниот управник покажува дека во време на пандемија сме оставени на немилост на државата, лоповите од банката и фирмите преку кои се делеле нашите пари. Фактите од извештајот покажуваат и дека оваа стечајна постапка нема да биде ниту брза ниту лесна токму поради огромниот криминал којшто е направен. Поради сето тоа, државата мора да најде начин да не обештети нас депонентите, а потоа да влезе во стечајната маса и да расчисти со криминалот и да ја впаричи стечајната маса и преку наплата на личниот имот и имотот на семејствата на лоповите од банката а и сите останати кои биле вклучени во криминалот. Такви и слични примери има многу во европските земји кои во целост ги обештетиле граѓаните и фирмите депоненти на пропаднати банки. Нашата држава треба да покаже дека заслужува да биде дел од тоа европско семејство со справување на криминалот и корупцијата од овој голем скандал како прва лекција од претпристапните преговори. Борбата продолжува за вистината и правдата до нашата конечна цел!, соопштија оштетените штедачи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/oshtetenite-shtedachi-na-eurostandard-propasta-na-bankata-se-odvivala-so-praven-grabez-vo-tek-na-povekje-godini/feed/ 0
Оштетените штедачи го потврдија Трифун Костовски: Трагата на парите води кон Струмица и СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/oshtetenite-shtedachi-go-potvrdija-trifun-kostovsk-tragata-na-parite-vodi-kon-strumica-i-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/oshtetenite-shtedachi-go-potvrdija-trifun-kostovsk-tragata-na-parite-vodi-kon-strumica-i-sdsm/#respond Mon, 02 Nov 2020 19:24:37 +0000 https://kurir.mk/?p=423947

Оштетените штедачи ја потврдија изјавата на Трифун Костовски кој минатиот месец кажа дека трагата на парите треба да се бара кај еден функционер на СДСМ. Имено, прва на листата на должници во стечајната маса на Еуростандард банка е групација од поврзани фирми од Струмица, тврдат од Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка повикувајќи се на извештајот за стечајот на банката подготвен од стечајниот управник. Од Здружението велат дека во портфолиото на поврзани друштва оваа групација има 9 фирми од кои банката има сомнителни и спорни побарувања, кредити кои воопшто не се исплаќани повеќе минати години. – Оваа групација должи фантастични 8,25 милиони евра на банката во кредити кои се ултра ризични и во најголем дел ненаплатливи. Ова е само водечкиот пример, а вакви групации од поврзани фирми има повеќе. Организиран криминал од невидени размери – велат од Здружението. Оттаму додаваат дека се во потрага по вистината и правдата и прашуваат кој се стои зад овие фирми и во кои џебови завршиле нивните пари од депозитите? – Вистината мора да се открие, правдата мора да се задоволи. Ние не сме лопови, ние сме лојални граѓани на оваа земја, плаќаме даноци и придонесуваме за развој на економијата. Нашите пари се украдени на безкрупулозен начин, организирано и свесно. Државата не не заштитила и бараме државата да не обештети, а криминалците веднаш да ги смести таму каде им е местото и да им го заплени имотот – велат од Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/oshtetenite-shtedachi-go-potvrdija-trifun-kostovsk-tragata-na-parite-vodi-kon-strumica-i-sdsm/feed/ 0