оштетување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 26 May 2023 08:04:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png оштетување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Проектантот на мостот „Беласица”: Бев оптимист, но штетите се посериозни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proektantot-na-mostot-belasitsa-bev-optimist-no-shtetite-se-poseriozni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proektantot-na-mostot-belasitsa-bev-optimist-no-shtetite-se-poseriozni/#respond Fri, 26 May 2023 08:04:27 +0000 https://kurir.mk/?p=838937

Иако мојот увид беше визуелен, тој ми ги отвори очите дека обемот на оштетувања е многу поголем отколку што претпоставував врз основа на достапните фотографии. Трагите и оштетувањата од високата температура од пожарот не беа видливи на фотографиите онолку колку што навистина се, вели во ексклузивна изјава за МИА проектантот на мостот „Беласица” Вукан Њагуљ. Тој во организација на Институтот за земјотресно инженерство и климатски промени изминатите два дена престојуваше во Скопје со цел да изврши увид во состојбата на мостот. Во разговорот за МИА, инженерот Њагуљ порачува дека оштетувањата треба да се третираат многу сериозно и дека се потребни детални испитувања и пресметки. -Кога бев на мостот добив впечаток дека она што го видов бара многу посериозен пристап отколку што мислев. Тоа е мое мислење, мој впечаток. Мостот, според мене, не може да се третира како оштетувањето да е мало и безначајно, едноставно затоа што не се знае какво е. Мора да се направи многу детално испитување. Не само визуелно, туку да се отвори конструкцијата, да се испита, да се земат примероци и да се испитаат лабораториски. Го слушав интервјуто на професорот Марковски кој рече дека во Македонија не располагате со опрема за сето она што треба да се испита. Но како и да е, тоа мора да се направи и дури тогаш може да се даде проценка за моменталната состојба на мостот, истакнува Њагуљ. Нагласува дека не станува збор за обични оштетувања како што се корозија или пукнатини, туку за сосема друг тип на оштетување и затоа се потребни прецизни претпоставки за квалитетот на материјалите на мостот. -Секоја проценка сега, без тие податоци е просто невозможна. И не само тоа, туку мора да се направат и пресметки врз основа на кои ќе се види состојбата на конструкцијата. Секако, во тие пресметки треба да се влезе со што е можно попрецизни претпоставки за квалитетот на материјалите кои треба да произлезат од испитувањата што мора претходно да се направат. Дури потоа може да се каже – сега треба да се продолжи со ова или со она, вели инженерот. Оценува дека постои можност за оштетување на продолжените кабли во главните носачи. -Не оштетени како челик, туку оштетени во однос на нивната носивост. Ако челикот се прегрее, ги губи карактеристиките што ги има, вклучувајќи ја и силата во него, со што се намалува сигурноста на мостот до некоја мера и се менува напрегањето во конструкцијата, појаснува Њагуљ. Во однос на проблемот со сообраќајот кој настана по затворањето на мостот, тој посочува дека има решение, но додава дека е тешко изводливо. -Мое лично мислење е дека некој вид на контролиран пешачки сообраќај можеби може да се дозволи. Но, врз основа на моето искуство при вакви слични случаи, сметам дека дозволувањето на некаков редуциран патнички сообраќај со себе носи одреден ризик. На крај да заклучам. Според мене мора да се направат сите потребни истражувања и пресметки пред да се донесе било каква одлука. Мостот може да има и доволна сигурност според некои критериуми, но тоа може да биде тема за дискусија дури откако ќе се направат испитувањата, порачува инженерот Њагуљ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proektantot-na-mostot-belasitsa-bev-optimist-no-shtetite-se-poseriozni/feed/ 0
Како оревите можат да бидат лек за вашиот изгребан мебел? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-orevite-mozat-da-bidat-lek-za-vashiot-izgreban-mebel/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-orevite-mozat-da-bidat-lek-za-vashiot-izgreban-mebel/#respond Mon, 07 Mar 2022 21:50:51 +0000 https://kurir.mk/?p=642943

Доколку се појави гребнатинка на вашето омилено парче мебел или мебелот со текот на времето едноставно ја изгубил бојата и свежината, решението ви е при рака. Јадрата од орев може да поправат помали оштетувања на дрвото. Оштетеното место на дрвото тријте го со орев неколку минути, а потоа избришете го со мека крпа за да му помогнете на дрвото да го впие маслото од орев. Бидејќи дрвото многу брзо се храни со природно масло од орев, ќе забележите дека штетата е пополнета, мебелот е обновен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-orevite-mozat-da-bidat-lek-za-vashiot-izgreban-mebel/feed/ 0
Оштетен партиски штаб во Арачиново, одземени прехранбени производи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/oshteten-partiski-shtab-vo-arachinovo-odzemeni-prehranbeni-proizvodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/oshteten-partiski-shtab-vo-arachinovo-odzemeni-prehranbeni-proizvodi/#respond Sat, 02 Oct 2021 14:49:01 +0000 https://kurir.mk/?p=571878

На 01.10.2021 во 21.19 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Арачиново, скопско неколку лица со тврд предмет оштетиле врата на штаб на политичката партија при што влегле и одземале прехранбени производи, информира МВР. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/oshteten-partiski-shtab-vo-arachinovo-odzemeni-prehranbeni-proizvodi/feed/ 0
Овие 6 навики можат значително да ги оштетат вашите заби: Проверете дали и вие ги праивте https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-6-naviki-mozat-znachitelno-da-gi-oshtetat-vashite-zabi-proverete-dali-i-vie-gi-praivte/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-6-naviki-mozat-znachitelno-da-gi-oshtetat-vashite-zabi-proverete-dali-i-vie-gi-praivte/#respond Sun, 21 Mar 2021 08:19:35 +0000 https://kurir.mk/?p=485458

Стоматолозите предупредуваат дека постојат многу штетни навики со кои луѓето ризикуваат расипување на забите, па дури и загуба. Добра хигиена на устата не значи само превенција од кариес и миење на забите двапати на ден. За да ги зачуваат вашите заби што е можно подолго, стоматолозите предлагаат веднаш да престанете со овие штетни навики: Грицкање мраз од пијалоци Стискање на забите Топли пијалоци Миење со премногу тврда четка Користење на заби како алатки Конзумирање на некои течности без цефка]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovie-6-naviki-mozat-znachitelno-da-gi-oshtetat-vashite-zabi-proverete-dali-i-vie-gi-praivte/feed/ 0
Оштетени речиси 60 отсто од автоматските радари за мерење брзина во Франција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oshteteni-rechisi-60-otsto-od-avtomatskite-radari-za-merenje-brzina-vo-francija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oshteteni-rechisi-60-otsto-od-avtomatskite-radari-za-merenje-brzina-vo-francija/#respond Thu, 10 Jan 2019 17:15:05 +0000 https://kurir.mk/?p=150712

Речиси 60 отсто од автоматските радари, што се поставени на француските патишта за мерење на пребрзото возење, се оштетени од почетокот на протестите на движењето на „жолтите елеци“, соопшти денеска францускиот министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер. – Речиси 60 отсто од радарите се онеспособени, оштетени или уништени од оние кои тврдат дека се припадници на ова движење, изјави Кастанер, откако ги искажа своите новогодишни желби до жандармеријата во Париз. Како што јави дописникот на МИА, во Франција во рамките на политиката за зголемување на безбедноста на сообраќајот се поставени околу 3.200 камери кои автоматски ја мерат брзината на движење на возилата. – На социјални мрежи видов некои будали кои се сликаат покрај изгорени радари. Не сакам тие еден ден да бидат соочени со реалноста на смрт на патиштата, изјави министерот. – Нема политика на бројки, постои политика на живот, додаде тој, нарекувајќи ги оние кои ги уништуваат и оштетуваат радарите „будали, несвесни и неконзистентни“. Досега властите одбија да дадат прецизна бројка за оштетувањата на радарите и да го поврзат тоа со протестното движење на „жолтите елеци“, што започнаа на 17 ноември. Радарите уште од летните месеци беа изложени на зголемениот бес на возачите и мотоциклистите, кои се противат на мерката за намалување на дозволената брзина на возење од 90 до 80 километри на час на двонасочните патишта, што стапи во сила на 1 јули. Противниците на намалувањето на дозволената брзина на патиштата, која заедно со зголемувањето на даноците за горивото беа иницијална каписла за протестите на „жолтите елеци“, сметаат дека радарите го отелотворуваат „рекетот” на државата за возачите, термин што го носат некои „жолти елеци”, кои протестираат против зголемувањето на цените на горивото и даноците воопшто. За оштетување на радар, казните можат да достигнат и до 30.000 евра и две години затвор. Уништувањето се казнува со парична казна од 75.000 евра и пет години затвор. Во 2017 година, автоматските радари на француската држава и донесоа 1,01 милијарди евра приход. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oshteteni-rechisi-60-otsto-od-avtomatskite-radari-za-merenje-brzina-vo-francija/feed/ 0
МВР утврди: Битолчанец ги оштетил граничните камења, најавена е кривична пријава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-utvrdi-bitolchanec-gi-oshtetil-granichnite-kamenja-najavena-e-krivichna-prijava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-utvrdi-bitolchanec-gi-oshtetil-granichnite-kamenja-najavena-e-krivichna-prijava/#respond Thu, 29 Nov 2018 13:23:53 +0000 https://kurir.mk/?p=133695

Регионалниот ценатар за гранични работи Југ го расчисти настанот од 23-ти овој месец кога во периодот од 14,00 до 20,00 часот од страна на непознато лице беа оштетени и поместени граничните камења помеѓу Македонија и Грција, соопштуваат од МВР. -По преземени мерки констатирано е дека сторител на кривичното дело "оштетување туѓи предмети" е Б.М.(36) од с. Гермијан, Битола. Во полициска станица извршен е разговор со Б.М. и тој го признал кривичното дело. Во координација со Основното јавно обвинителство Битола и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава, се наведува во соопштението на МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mvr-utvrdi-bitolchanec-gi-oshtetil-granichnite-kamenja-najavena-e-krivichna-prijava/feed/ 0
Уништени и оштетени над 100 гранични камења на границата меѓу Грција и Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unishteni-i-oshteteni-nad-100-granichni-kamenja-na-granicata-megju-grcija-i-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unishteni-i-oshteteni-nad-100-granichni-kamenja-na-granicata-megju-grcija-i-makedonija/#respond Mon, 26 Nov 2018 07:15:00 +0000 https://kurir.mk/?p=131848

Непознати лица уништиле и оштетиле 105 гранични камења, што ја одредуваат границата меѓу Грција и Македонија, од грчка страна, во општина Лерин, соопшти грчката полиција. Инцидентот се случил во периодот од 23 до 24 ноември, покрената е истрага, а биле известени и надлежното грчко обвинителство и надлежните воени власти, јави дописничката на МИА од Атина. – Во периодот од 23 до 24 ноември 2018, непознати сторители уништија – оштетија 105 пирамиди – столбови кои ја означуваат граничната линија меѓу Грција и ПЈРМ, конкретно во делот што е северно од локалната заедница Месокамбос до источно од локалната заедница Ахлада во општина Лерин, соопштуваат од грчката полиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unishteni-i-oshteteni-nad-100-granichni-kamenja-na-granicata-megju-grcija-i-makedonija/feed/ 0
Надојдени води во Црна Река го оштетија бетонскиот мост на железничкиот коридор 10 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nadojdeni-vodi-vo-crna-reka-go-oshtetija-betonskiot-most-na-zeleznichkiot-koridor-10/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nadojdeni-vodi-vo-crna-reka-go-oshtetija-betonskiot-most-na-zeleznichkiot-koridor-10/#respond Tue, 02 Oct 2018 11:32:35 +0000 https://kurir.mk/?p=109579

Големо количество вода во Црна Река што наеднаш надошла го направила оштетувањето на бетонски мост на железничката пруга поради што од петокот вечерта во прекин е железничкиот сообраќај на коридорот 10. Мостот се наоѓа меѓу станицата Градско и крстосница Кукуричани, а сообраќајот се одвива само од Скопје до Велес и обратно. Нивото на реката одеднаш пораснало на пет метри од постоечките 1,7 метри и силината на надојдената вода ги поткопала столбовите на бетонскиот мост што се лоцирани во реката, појаснуваат од МЖ - инфраструктура. - Последните 30 години немало случај на толку големо количество вода одеднаш. Од МЖ инфраструктура немале информации, а настанатата деформација ја забележал машиновачот на последниот воз што поминал над мостот, соопшти директорот на МЖ - Инфраструктура Ирфан Асани. Асани вели дека проблемот е сериозен и дека големи се економските штети од прекинот на железничкиот сообраќај. Се надева дека за 15 до 20 дена со преодно решение ќе се воспостави сообраќајот. Тој истакнува дека се во постојан контакт со Градежниот институт, експерти и сите надлежни за да се најде решение за што побрзо да се воспостави овој важен коридор. - Од петокот веќе е стопиран сообраќајот. Направивме анализи и испитувања на оштетувањето од сите можни фактори и институции во Македонија и веќе имаме финална идеја што треба да направиме. Ќе одиме на брза санација и се надевам дека за 15 до 20 дена ќе биде ставен во употреба. Тоа значи брза санација за ограничена употреба, а во меѓувреме ќе гледаме која е опцијата или ќе се оди на нов бетонски или челичен мост, појаснува Асани. оштетен мост пруга Мостот е изграден во 1970 година и бил во добра кондиција, вели директорот. Последната проверка е направена во 2008 година, а како што истакнува, секоја година се дијагностицираат сите параметри на сите мостови и пругата. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nadojdeni-vodi-vo-crna-reka-go-oshtetija-betonskiot-most-na-zeleznichkiot-koridor-10/feed/ 0