оси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 Jul 2023 07:48:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png оси – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нов инцидент во Грција: 4-годишно дете проголтало две оси https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nov-intsident-vo-grtsija-4-godishno-dete-progoltalo-dve-osi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nov-intsident-vo-grtsija-4-godishno-dete-progoltalo-dve-osi/#respond Tue, 18 Jul 2023 07:48:10 +0000 https://kurir.mk/?p=857572

Четиригодишно дете случајно голтнало две оси кои му паднале во сокот од портокал, а кои потоа го искасале по вратот. Инцидентот се случил викендов на плажата Микрос Галос на Лефкада, јавува грчкиот портал „Пелоп“. На момчето брзо му била укажана помош во локалната болница. Лекарите предупредуваат дека каснувањето од стршлен, кој се смета за еден од најчестите видови оси, има многу висок импулс на реакција, поради што е неопходна итна и брза интервенција. Луѓето кои имаат утврден ризик да добијат алергиски реакции од секаков вид на оси мора секогаш да имаат препишан лек со себе, а најчесто тоа е еден од антихистаминиците, велат лекарите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nov-intsident-vo-grtsija-4-godishno-dete-progoltalo-dve-osi/feed/ 0
Лаказет и Дембеле нападнати од рој оси https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/lakazet-i-dembele-napadnati-od-roj-osi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/lakazet-i-dembele-napadnati-od-roj-osi/#respond Fri, 22 Jul 2022 13:34:45 +0000 https://kurir.mk/?p=708992

Фудбалерите на францускиот прволигаш Лион, Александар Лаказет и Муса Дембеле, биле нападнати од рој оси во клупскиот камп на подготовките во Холандија, објавија денеска повеќе француски и англиски медиуми. Париски „Л’Екип“ објави дека Лаказет претрпел бројни убоди и неговиот настап на пријателскиот натпревар против Феенорд в недела е неизвесен. Лаказет ова лето се врати од Арсенал во Лион, од каде прејде во лондонскиот премиерлигаш во 2017 година за сума од 53 милиони евра. Од друга страна, Дембеле заздравил од убодите и вчера тренирал со соиграчите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/lakazet-i-dembele-napadnati-od-roj-osi/feed/ 0
Во велешката болница спасен маж донесен во кома откако бил искасан од оси https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-veleshkata-bolnica-spasen-maz-donesen-vo-koma-otkako-bil-iskasan-od-osi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-veleshkata-bolnica-spasen-maz-donesen-vo-koma-otkako-bil-iskasan-od-osi/#respond Tue, 12 Jul 2022 13:59:28 +0000 https://kurir.mk/?p=703957

Маж на околу 60 години од велешката населба Речани, целиот искасан од оси и во состојба на кома, денеска  со Брза помош  бил однесен итно во велешката болница. Д-р Милка Панова од Брза помош во Велес, за МИА изјави дека повикот го добиле во  11.05 часот и кога стигнале, лицето било во кома и без знаци на живот,  со повеќе убоди од оси на рацете, лицето и по целото тело. -Веднаш го реанимиравме и му дадовме соодветна терапија, бидејќи беше очигледно дека лицето е алергично  на оси и во состојба на кома, итно со нашето возило на Брза помош го однесовме во велешката болница, информира д-р Панова. Д-р Eлена Левкова-Ќулумова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес, за МИА изјави дека мажот  бил донесен во тешка состојба, но по укажаната медицинска помош и по неколкучасовно посматрање се освестил и во добра здравствена состојба од велешката болница бил пуштен на домашно лекување. Д-р Панова од Брзата помош вели дека каснувањата од оси, пчели, стршлени и други инсекти е често во летните месеци. Дел од каснатите сами се јавуваат во Брза помош, а има и во тешка состојба за кои случајот го пријавуваат нивни роднини и пријатели и случајни минувачи. -Препорачливо е граѓаните да внимаваат каде и како се движат, а посебно оние кои се алергични на оси, пчели и други инсекти,   да ја носат со себе  потребната терапија за да го заштитат својот живот. Некои од алергичните кои не се заштитени,  за жал, завршуваат и фатално, предупредува д-р Панова. Таа информира дека годинава немало пријави за каснување од змија како во изминатите лета кога најчесто биле каснати луѓе кои работат во полињата и на отворено. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-veleshkata-bolnica-spasen-maz-donesen-vo-koma-otkako-bil-iskasan-od-osi/feed/ 0
Осите се омразени, но сепак, прилично корисни за човекот и планетата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/osite-se-omrazeni-no-sepak-prilichno-korisni-za-chovekot-i-planetata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/osite-se-omrazeni-no-sepak-prilichno-korisni-za-chovekot-i-planetata/#respond Tue, 11 May 2021 07:42:49 +0000 https://kurir.mk/?p=508794

На многумина пчелите им се драги, а чувствуваат одбивност кон оси, како кон штетници и ништо друго… Едно релативно ново истражување посочува дека осите се способни за расудување и логика, и оти тие се, всушност, и корисни за човештвото. -Кога им кажувам на луѓето за оса, тие се незаинтересирани и сметаат дека овие инсекти немаат никаква смисла на постоењето. Сепак, истражувањата покажуваат дека тие се многу корисни. Јасно е дека имаме различни емотивни врски со осите и со пчелите – живееме во хармонија со пчелите, па веќе подолго време и имаме припитомено некои видови… Но, врската меѓу луѓето и осите е често непријатна оти тие ни ги расипуваат излетите и си прават гнезда во нашите домови. Сепак, треба да го надминеме лошиот поглед кон осата и да ја заштитиме како вид, бидејќи таа обезбедува заштита на животната средина на нашата планета. Нивниот број се намалува, а како и во случајот со пчелите, човекот не може да си го дозволи тоа!, истакна Сејријан Самнер, професор на Универзитетскиот колеџ во Лондон, за „Гардијан“. Осите се разновидни и, како што вели професорот, може да се користат за контрола на штетниците без потреба од инсектициди. Тие се корисни и за опрашувањето, а нивниот отров може да се користи во медицински истражувања, за лекување болести, како на пр., ракот. Покрај тоа, тие можат да бидат соодветна замена за месо. Исклучително е важно да ја разбереме важноста на осите во нашиот екосистем, така што нивната популација да не продолжи да опаѓа. Самнер тврди дека, кога станува збор за опрашувањето, осите доаѓаат во контакт со најмалку 960 растителни видови. А, 164 од нив, вклучувајќи ги и орхидеите, се целосно зависни од оси. Според стручњакот, повеќето оси не боцкаат.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/osite-se-omrazeni-no-sepak-prilichno-korisni-za-chovekot-i-planetata/feed/ 0
Роеви оси нападнале неготинци, поради убодите побарале лекарска помош https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/roevi-osi-napadnale-negotinci-poradi-ubodite-pobarale-lekarska-pomosh/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/roevi-osi-napadnale-negotinci-poradi-ubodite-pobarale-lekarska-pomosh/#respond Wed, 05 Sep 2018 12:39:04 +0000 https://kurir.mk/?p=96652

Роеви оси нападнале неготинци, поради убодите во глава побарале лекарска помош, потврди за МИА доктор Ратко Грков, специјалист по семејна медицина. Тој појасни дека станува збор за седум посебни случаи. -Заедничко за сите нив е што убодите се од оси кои прават гнезда во земјата. Се работи за инсекти кои не напаѓаат сами од себе, туку само во одбрана, ако се почувствуваат загрозени и испровоцирани, ако некој се обиде да им го затрупа живеалиштето. Нападнатите се земјоделци кои береле грозје или корнеле трева пред гроздобер, извршувале одредени земјоделски работи. Кај сите нив убодите се во глава, ретко убод во тело. Според кажувањата на пациентите, осите откако почувствувале дека се загрозени, станале агресивни и ги нападнале, им се заплеткале во косите и тешко можеле да се одбранат од нив. Имале и до петнаесет убоди во главата, со изразени отоци, појаснува докторот. После убодите, сите кои настрадале биле со покачен крвен притисок. Останатите витални параметри им биле уредни. Само кај  еден пациент имало посилна реакција, со огромен оток на главата и отежнато дишење, неможност да земе воздух. Сите примиле антиалергена и антихистаминска терапија за да нема дополнителни компликации. -Апелираме до сите, особено до земјоделците, да внимаваат и да не ги чепкаат осилата во нивите и околината и да не ги затрупуваат со земја, да ги остават осите на мира и да не ги провоцираат, за да не бидат нападнат како во овие случаи кои ги имавме досега за краток период, нешто што не се случило досега, категоричен е Грков. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/roevi-osi-napadnale-negotinci-poradi-ubodite-pobarale-lekarska-pomosh/feed/ 0