осигуреници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 17 Aug 2022 08:59:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png осигуреници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 АСО: Решени 31 процент повеќе претставки во корист на осигуреници, парични казни за две осигурителни компании https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/aso-resheni-31-procent-povekje-pretstavki-vo-korist-na-osigurenici-parichni-kazni-za-dve-osiguritelni-kompanii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/aso-resheni-31-procent-povekje-pretstavki-vo-korist-na-osigurenici-parichni-kazni-za-dve-osiguritelni-kompanii/#respond Wed, 17 Aug 2022 08:59:18 +0000 https://kurir.mk/?p=719724

Во првото полугодие годинава најбројни се претставките исплата на штети од автомобилска одговорност и за осигуран имот. Најголем раст има кај бројот на претставки со кои осигурениците се жалат на рокот во кој компаниите ги решаваат штетите, покажуваат анализите на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО). Оттаму денеска информираа дека добиле 135 претставки од осигуреници кои се жалат на услугите на осигурителните компании и брокерските друштва во првите шест месеци од годинава, а бројот на претставки по кои постапувале се зголемил за 65 проценти во споредба со истиот период лани. Врз основа на обработените претставки, утврдиле пропусти во постапувањето кај две осигурителни компании за што им изрекле и парични казни. Осигурениците во овој период најчесто се жалеле на остварување на правата за обештетување по полиси од автомобилската одговорност и од осигурување имот. -Во корист на осигурениците АСО реши 21 претставка и тоа е за 31 отсто повеќе од истиот период минатата година. Очекувано, најголем број, односно 12 од позитивно решените претставки се кај осигурувањето од автомобилска одговорност, најмасовната класа осигурување. Во корист на осигуреници се решени четири претставки за осигуран имот, две претставки за осигурување од незгода и по една поплака за приватно здравствено осигурување, за осигурување живот и за каско осигурување, стои во соопштението. Во процес на решавање се 23 претставки, а 16 се повлечени од подносителите. Во 16 случаи, АСО утврдил дека поднесоците се без основа, а негативно се решени 59 од обработените претставки. Според АСО, што се однесува до видот на осигурување, очекувано, осигурениците најчесто се жалеле на услуги во најмасовната класа – автомобилско осигурување. Од оваа класа осигурување, АСО обработил 47 претставки меѓу кои најбројни односно 26 поплаки се за постапки за обештетување преку пополнување Европски извештај. Во првото полугодие поднесени се 26 претставки за осигуран имот. Кај оваа класа има најголем раст на поднесени претставки во однос на истиот период лани и тој изнесува 160 отсто. Најчеста причина за поднесена претставка во овој период е основата по која компаниите исплаќаат штети. За првите шест месеци се примени 50 такви претставки. Најголем раст на поплаките се заради рокот во кој компаниите ги обработуваат пријавените штети од осигуреници. За овие шест месеци има 23, а за истиот период лани имало само четири такви претставки. Бројот на осигуреници- физички лица кои поднеле претставки е зголемен за 58 отсто и изнесува 106. Во овој период, 22 правни лица поднеле претставки за услугите од нивните осигурители. Бројот на претставки поднесени од осигуреници – правни лица, годинава во однос на лани, е поголем за 47 отсто. Претставка до АСО се поднесува ако осигуреникот не е задоволен од одговорот на осигурителната компанија за оштетното побарување или не добил одговор во рок од 30 дена. Од Агенцијата потсетуваат дека не разледуваат анонимни претставки или случаи за кои се води судска или друга постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/aso-resheni-31-procent-povekje-pretstavki-vo-korist-na-osigurenici-parichni-kazni-za-dve-osiguritelni-kompanii/feed/ 0
АСО: Осигуреници наплатија 16 милиони евра, бројот на исплатени штети порасна за 30 отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aso-osigurenici-naplatija-16-milioni-evra-brojot-na-isplateni-shteti-porasna-za-30-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aso-osigurenici-naplatija-16-milioni-evra-brojot-na-isplateni-shteti-porasna-za-30-otsto/#respond Thu, 09 Jun 2022 08:20:23 +0000 https://kurir.mk/?p=688705

Единаесет осигурителни компании за неживотно осигурување исплатија 978 милиони денари или 15,9 милиони евра за настанати штети на свои осигуреници во првите три месеци годинава. Во првите 90 дена од годинава осигурителните компании исплатиле речиси 23.000 штети на осигуреници и тоа е 30 отсто повеќе од истиот период лани, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Според податоците, вредноста на сите исплатените штети за неживотно осигурување во периодот јануари – март годинава е за 6 отсто повисока во однос на истиот период лани. -Најголемо учество во структурата на исплатените штети има најголемата осигурителна класа – задолжителната автомобилска одговорност (ЗАО) која е обрврзувачка со закон. Вредноста на исплатените штети за ЗАО изнесува 473 милиони денари, односно 7,7 милиони евра и тоа е 48 отсто од вредноста на сите штети платени во овој период. Во споредба со истиот период лани вредноста на исплатените штети е зголемена за 4 отсто, соопшти АСО. Најголем раст на вредноста на исплатените штети, се вели во соопштението, има кај приватното здравствено осигурување. -Осигурениците наплатија 84,5 милиони денари или 1,4 милиони евра трошоци за медицински прегледи и лекување за период од три месеци. Тоа е за 94 отсто (690.000 евра) повеќе од истиот квартал минатата година, велат од АСО и додаваат дека од почетокот на корона кризата пред две години ова е најбрзорастечки осигурителен производ. Значаен за истакнување, посочуваат, е растот и на исплатените штети кај најголемата доброволна осигурителна класа – осигурувањето имот. -До крај на март годинава се исплатени речиси 1.800 отштетни побарувања за осигуран имот во вредност од 116 милиони денари (1,9 милиони евра). Тоа се 17 отсто повеќе исплатени средства во однос на истиот период 2021 година, прецизираат од АСО. Нагласуваат дека патничкото осигурување има најголем релативен раст на вредноста на исплатени штети. -Очигледно дека укинувањето на ограничувањата предизвикани од здравствената пандемија охрабри повеќе осигуреници да патуваат надвор од земјава. Во првите три месеци друштвата за осигурување исплатија речиси 2,5 пати повеќе пари за штети покриени со патничко осигурување. Нивната вредност достигна 13,7 милиони денари или 223.000 евра, потенцираат од АСО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aso-osigurenici-naplatija-16-milioni-evra-brojot-na-isplateni-shteti-porasna-za-30-otsto/feed/ 0
АСО: Решивме четири пати повеќе претставки во корист на осигуреници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aso-reshivme-chetiri-pati-povekje-pretstavki-vo-korist-na-osigurenici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aso-reshivme-chetiri-pati-povekje-pretstavki-vo-korist-na-osigurenici/#respond Tue, 17 May 2022 08:09:23 +0000 https://kurir.mk/?p=677681

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) во првите три месеци од годинава разгледа 52 претставки од осигуреници кои се пожалиле на услугите од осигурителни компании. Бројот на претставки по кои АСО постапува во првиот квартал годинава е зголемен тројно во споредба со истиот период лани кога стручните лица на АСО постапувале по 17 претставки, информираат од Агенцијата. Од поднесените претставки 47 се поднесени од граѓани, а 15 од правни лица. Од граѓаните кои поднеле претставки 13 користеле услуги на адвокат – застапник. -Во периодот јануари – март до АСО стигнале вкупно 62 претставки од осигуреници. Од нив шест биле без основ за разгледување, а подносителите во четири случаи ги повлекле своите претставки. Од вкупно 52 случаи по кои постапувал АСО во корист на осигуреници се решени осум претставки и тоа е за четири пати повеќе од истиот период лани. Во процес на постапување се 18 претставки, а негативно се решени 26 поплаки на осигуреници, соопшти Агенцијата за супервизија на осигурување. Како што посочуваат, најчесто осигурениците се жалеле на услугата европски извештај при решавање на штети во сообраќајот. Од вкупно 27 поплаки за решавање штети од автомобилска одговорност (најголемата и задолжителна осигурителна класа) дури 19 претставки се заради постапување на осигурителните компании по европскиот извештај за штети. Во споредба со истиот период лани, оваа година на таа услуга се пожалиле четири пати повеќе осигуреници. Значаен раст на поплаки, додаваат, има и кај осигурувањето имот – најголемата доброволна осигурителна класа. Стручните лица на АСО примиле 13 претставки од осигуреници и тоа е двојно повеќе од истиот период во 2021 година. -Во однос на причината поради која се жалат осигуреници најбројни во овој период се претставките кои се однесуваат на основот по која компаниите исплаќаат штети. За првите три месеци се примени 20 такви претставки и тоа е за 53 отсто повеќе од истиот квартал во 2021 година. Најзначајно зголемување на бројот на претставки има за процесот во кој компаниите ги обработуваат штетите на осигурениците. Од почеток на јануари до крај на март се поднесени 16 претставки за обработка на штета, а лани истиот период биле поднесени четири пати помалку поплаки по оваа основа, прецизираат од АСО. За висината на надоместот на штета што го нудат осигурителните компании во првите три месеци годинава се пожалиле 15 осигуреници. -Во овие случаи АСО нема надлежност да одлучува за висината на надоместокот, но ги утврдува условите и околностите во кои е донесена одлуката за износот на понудена оштета, потенцираат од Агенцијата за супервизија на осигурување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aso-reshivme-chetiri-pati-povekje-pretstavki-vo-korist-na-osigurenici/feed/ 0