осигурителна компанија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 24 Mar 2022 16:10:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png осигурителна компанија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Осигурителната компанија „Лојдс“ очекува големи барања за отштета поради војната во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osiguritelnata-kompanija-lojds-ochekuva-golemi-baranja-za-otshteta-poradi-vojnata-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osiguritelnata-kompanija-lojds-ochekuva-golemi-baranja-za-otshteta-poradi-vojnata-vo-ukraina/#respond Thu, 24 Mar 2022 16:10:37 +0000 https://kurir.mk/?p=652772

Лондонски „Лојдс“ во четвртокот објави дека годинава ќе се соочи со голем број барања за компензација на штета, поврзани со руската инвазија во Укрaина, истакнувајќи ја авијaцијата меѓу погодените сектори. Лондонскиот пазар на комерцијално осигурување бара од своите членови детали за изложеноста на конфликтот, изјави претседателот на „Лојдс“, Брус Карнеги-Браун, додавајќи дека е премногу рано да се даде проценка за висината на загубата. „Лојдс“ има околу 100 членки кои „покриваат“ сложени ризици, поврзани со, на пример, авиони, бродови и нафтени платформи. Руската инвазија на Украина и санкциите наметнати од Запад би можеле да предизвикаат особено големи загуби меѓу осигурителните компании во воздухопловството. Глобалните компании за лизинг наскоро им истекува рокот, според санкциите, мораат од руските авиопревозници да обезбедат поврат од над 400 авиони, вредни речиси десет милијарди долари. Аналитичарите оценуваат дека правните спорови меѓу авиопревозниците, компаниите за лизинг и осигурување би можеле да траат и десетина години. „Лојдс“ објави дека бизнисот осигуран во Украина, Русија и Белорусија претставува помалку од еден процент од нивното вкупно работење. „Што се однесува до нашата директна изложеност, таа е доста ниска. Секундарните последици се далеку поголем проблем, а меѓу нив сигурно ќе биде и авијација“, рече Карнеги-Браун и додаде дека во овој сегмент крајните последици ќе бидат значајни. Некои осигурителни полиси се активираат со војна, а некои не покриваат војна, па изложеноста е тешко да се пресмета, додава тој. Осигурениците ги информираа осигурителите за веројатните барања за плаќање, но сè уште не ги поднеле, истакна тој. Пандемијата на Ковид-19 силно го погоди „Лојдс“ во 2020 година, но пазарот закрепна минатата година откако ги зголеми премиите и го стави вирусот од полиците. Тие ја затворија минатата година со добивка пред оданочување од 2,3 милијарди фунти (3,04 милијарди долари), по загуба од 900 милиони фунти во 2020 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osiguritelnata-kompanija-lojds-ochekuva-golemi-baranja-za-otshteta-poradi-vojnata-vo-ukraina/feed/ 0
Преживеаните и семејствата на загинатите патници во автобусот на „Беса Транс“ ќе добијат обесштетување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/preziveanite-i-semejstvata-na-zaginatite-patnici-vo-avtobusot-na-besa-trans-kje-dobijat-obesshtetuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/preziveanite-i-semejstvata-na-zaginatite-patnici-vo-avtobusot-na-besa-trans-kje-dobijat-obesshtetuvanje/#respond Fri, 11 Feb 2022 21:05:51 +0000 https://kurir.mk/?p=630411

Штетата за сообраќајната несреќа со автобусот на „Беса Транс“ ја понесува осигурителната компанија, која ја има издадено полисата за осигурување, вели Трајче Латиновски, генерален директор на Бирото за национално осигурување. Според него, во полисата е вклучен и зелениот картон кој е продолжение на полисата за автомобилска одговорност. -Тука нема дилема дека жртвите ќе бидат обесштетени, односно роднините на загинатите. Се надевам дека нема да има проблеми со тоа, рече Латиновски, информирајќи дека станува збор за осигурителната компанија „Граве“. Латиновски додава дека обештетување ќе добијат и повредените патници. -Во моментов не можеме да кажеме колкава ќе биде сумата на обесштетување, зависи колку луѓе ќе се пријават за надомест на штета, рече директорот во гостувањето на емисијата „Трилинг“, објаснувајќи дека се додека не се добие финалниот извештај од истрагата, не може да започне процесот на обесштетување. На 23 ноември минатата година автобус полн со патници со регистарски таблички на Северна Македонија се запали на автопат во Бугарија. Загинаа 45 лица, а 7 патници успеаа да преживеат. Бугарските истражители ја завршија истрагата за несреќата и според бугарскиот заменик-главниот обвинител, Борислав Сарафов, возачот, кој е меѓу загинатите, е виновен за несреќата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/preziveanite-i-semejstvata-na-zaginatite-patnici-vo-avtobusot-na-besa-trans-kje-dobijat-obesshtetuvanje/feed/ 0
Шокантни обвинувања: „Шенон Доерти лажеше за ракот за да се извлече на суд“ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/shokantni-obvinuvanja-shenon-doerti-lazeshe-za-rakot-za-da-se-izvleche-na-sud/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/shokantni-obvinuvanja-shenon-doerti-lazeshe-za-rakot-za-da-se-izvleche-na-sud/#respond Tue, 11 Feb 2020 13:30:31 +0000 https://kurir.mk/?p=302426

Американската актерка Шенон Доерти (48) неодамна ја информираше јавноста дека ракот и се вратил, односно дека болеста е веќе во четврти стадиум. На таа изјава реагираше осигурителната компанија „Стејт фарма“, која заклучила дека актерката ја злоупотребува болеста за да предизвика сожалување. Од осигурителната компанија тврдат дека тоа би ѝ помогнало во судскиот спор. Во март лани Шенон ја тужеше компанијата, бидејќи не ѝ го исплатиле целиот износ за поправање на нејзината куќа, која е оштетена во текот на пожарот во Калифорнија во 2018 година. Нејзините адвокати тврдат дека морала од свој џеб да ги плати поправките кои инаку би требало да ги покрие осигурувањето и дека ова судење ѝ предизвикува дополнителен стрес за време на тешката болест. „Шенон Доерти умира од рак кој е во четвртата фаза. Наместо своите последни години да ги проживее во мир во својот дом, таа мора на суд да се бори со осигурителната компанија“, пишуваат странските медиуми. Компанијата досега ѝ исплатила 1,1 милион долари, а Шенон тврди дека трошоците на комплетната поправка изнесуваат речиси четири милиони долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/shokantni-obvinuvanja-shenon-doerti-lazeshe-za-rakot-za-da-se-izvleche-na-sud/feed/ 0