ослободени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Jan 2022 10:22:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ослободени – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ослободени 36 паркинг места кои биле резервирани за привилегирани корисници во катна гаража „Беко“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/oslobodeni-36-parking-mesta-koi-bile-rezervirani-za-privilegirani-korisnici-vo-katna-garaza-beko/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/oslobodeni-36-parking-mesta-koi-bile-rezervirani-za-privilegirani-korisnici-vo-katna-garaza-beko/#respond Wed, 26 Jan 2022 10:22:21 +0000 https://kurir.mk/?p=623108

Екипи на ЈП „Градски паркинг“ спроведоа надзор и ослободија 36 паркинг места кои биле резервирани за непознати привилегирани корисници во катната гаража „Беко". Спроведена по насока на в.д директорот на ЈП „Градски паркинг“, Бојан Христовски, надзорот има за цел да се ослободат повеќе паркинг места што ќе може да ги користат граѓаните. Од јавното претпријатие информираат дека во катната гаража „Беко“, на катот -1, подолг временски период биле паркирани службени возила кои не се користеле и непотребно зафаќале 12 означени паркинг места. Имало и 24 паркинг места кои до сега од непознати причини биле резервирани за непознати привилегирани корисници, а паркирање на тие места за граѓаните не било дозволено. Со акцијата се ослободени вкупно 36 паркинг места и се ставени во функција на корисниците. Воедно, екипите на претпријатието спроведоа акција на чистење на катот -1 со што целосно е отстранет насобраниот смет. Катната гаража „Беко“ која е лоцирана на улицата Даме Груев во строгиот центар на градот располага со вкупно 605 паркинг маста, организирани на 2 ката под земја и шест ката над земја. Од вкупниот број паркинг места, 16 се резервирани за лицата со попреченост, а три за родители со мали деца, сите соодветно обележани со хоризонтална сигнализација. Паркинг местата за родители со мали деца се наоѓаат на катот -1, а паркинг местата за лицата со попреченост се соодветно распределени по катови. На катот -1 е поставен електричен полнач за автомобили. Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да внимаваат со своите возила да не ги узурпираат обележаните паркинг места кои се исклучиво наменети за лицата со попреченост и за родителите со мали деца, за да им се овозможи соодветна пристапност на овие лица, информираат од Град Скопје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/oslobodeni-36-parking-mesta-koi-bile-rezervirani-za-privilegirani-korisnici-vo-katna-garaza-beko/feed/ 0
Катар ги ослободи притворените норвешки новинари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/katar-gi-oslobodi-pritvorenite-norveshki-novinari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/katar-gi-oslobodi-pritvorenite-norveshki-novinari/#respond Wed, 24 Nov 2021 21:49:44 +0000 https://kurir.mk/?p=599571

Двајцата новинари на норвешката државна телевизија НРК се вратија денеска во своите домови, откако минаа 30 часови во притвор во Катар, бидејќи известуваа за проблемите на работниците мигранти во земјата, која идната година од 21 ноември до 18 декември ќе биде домаќин на Светското првенство во фудбал. Катар е под засилен притисок од меѓународната јавност поради нехуман третман на странските работници ангажирани во земјата на изградба на фудбалските стадиони за потребните на Мундијалот, а организациите за заштита на човековите права посочуваат дека и покрај реформите властите во Доха треба да сторат многу повеќе на тој план. Новинарите Халвор Екеланд и Локман Горбани беа притворени во понеделникот наутро додека известуваа во живо од мигрантски камп, а полицијата ги избриша снимките од нивните камери. Катарските власти ги лишија новинарите од слобода под обвинение дека „упаднале на приватен имот и снимале без дозвола“, наведувајќи дека полицијата ја известил сопственикот на имотот, чиј идентитет не е објавен. Норвешкиот премиер Јонас Стоере реагираше на веста за притворањето на новинарите, оценувајќи го тоа како „неприфатливо‘. – Слободата на печатот е клучно во една функционална демократија. Тоа, исто така, ја покажува важноста на овогодишното доделување на Нобеловата награда за мир (на новинари), напиша норвешкиот премиер на својот Твитер профил. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/katar-gi-oslobodi-pritvorenite-norveshki-novinari/feed/ 0
Мицкоски апелира: Хронично болните да се ослободат од работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-apelira-hronichno-bolnite-da-se-oslobodat-od-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-apelira-hronichno-bolnite-da-se-oslobodat-od-rabota/#respond Tue, 27 Oct 2020 08:47:00 +0000 https://kurir.mk/?p=421068

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата од #COVID апелирам до Владата, министерот за здравство Филипче и до политичката комисија за заразни болести, хронично болните да се ослободат од работа. Посебно тие со белодробни заболувања, реагира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Бројот на починати на дневна основа кажува колку е алармантна состојбата, а околу 80% по тврдењата на самите институции од починатите имале хронична болест. Починатите не се само бројка, тоа се луѓе, судбини, семејства завиени во црно. Да спасиме живот, ја имаме таа можност!, вели Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-apelira-hronichno-bolnite-da-se-oslobodat-od-rabota/feed/ 0
Епископот Јоаникие и осум свештеници на СПЦ ослободени од притворот во Никшиќ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/episkopot-joanikie-i-osum-sveshtenici-na-spc-oslobodeni-od-pritvorot-vo-nikshikj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/episkopot-joanikie-i-osum-sveshtenici-na-spc-oslobodeni-od-pritvorot-vo-nikshikj/#respond Sat, 16 May 2020 06:34:57 +0000 https://kurir.mk/?p=346493

Епископот Будимско-никшиќки Јоаникие и осум свештеници на Митрополијата Црногорско-приморска (МЦП) ноќеска, по полноќ, се ослободени од притвор, соопшти Митрополијата на својата интернет страница . По неговото ослободување, владиката Јоаникие дојде пред насобраните граѓани пред зградата на обвинителството, кои го поздравија со паролите „да живее епископот“, „не ги даваме светилиштата“. Епископот пред насобраните кажа дека нивната поддршка е израз на љубовта кон црквата, а МЦП целиот настан од Никшиќ го пренесуваше во живо на својата веб страница. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/episkopot-joanikie-i-osum-sveshtenici-na-spc-oslobodeni-od-pritvorot-vo-nikshikj/feed/ 0
Ослободени сите заложници во Тулуз https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oslobodeni-site-zaloznici-vo-tuluz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oslobodeni-site-zaloznici-vo-tuluz/#respond Tue, 07 May 2019 19:36:43 +0000 https://kurir.mk/?p=195307

Сите заложници кои беа во барот-продавницата за тутун и цигари во Блањак во близината на Тулуз се ослободени, јавува дописникот на МИА. Напаѓачот кој и е познат на полицијата за кривични дела, бил уапсен на 15 февруари во рамките на движењето на „жолтите елеци“. Тој според француските медиуми истакнал дека бил „вооружена рака на жолтите елеци“. Во Тулуз se специјалните сили на полицијата од Париз. Засега според француските медиуми не се знае дали напаѓачот беше неутрализиран од страна на безбедносните сили. Во меѓувреме во неговиот дом е пронајден тестамент, во кој, како што изјавил полициски извор за „Фигаро“, тој вели дека „жали што го сторил тоа”. Тој напишал дека „ако не го сторел тоа, никој нема да мрдне, и дека ќе направи се за жолтите елеци да ја добијат битката“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oslobodeni-site-zaloznici-vo-tuluz/feed/ 0
Тинејџерите ослободени од сомнежите за убиството на новинарката во Северна Ирска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tinejdzerite-oslobodeni-od-somnezite-za-ubistvoto-na-novinarkata-vo-severna-irska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tinejdzerite-oslobodeni-od-somnezite-za-ubistvoto-na-novinarkata-vo-severna-irska/#respond Mon, 22 Apr 2019 06:09:09 +0000 https://kurir.mk/?p=189680

Двајцата тинејџери, кои беа уапсени во врска со убиството на новинарката Лајра Меки за време на немирите во Лондондери, синоќа се пуштени од притвор и против нив не е поднесено обвинение. Ослободените тинејџери се на возраст од 18 и 19 години. Меки (29) беше наградувана новинарка, која пишувала за исчезнувањето на млади луѓе за време на повеќедецениското насилство во Северна Ирска. Таа беше убиена за време на немирите во четвртокот, откако млади северноирски националисти се судрија со полицијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tinejdzerite-oslobodeni-od-somnezite-za-ubistvoto-na-novinarkata-vo-severna-irska/feed/ 0
Во Белорусија ослободени уапсените новинари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-belorusija-oslobodeni-uapsenite-novinari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-belorusija-oslobodeni-uapsenite-novinari/#respond Fri, 10 Aug 2018 18:00:29 +0000 https://kurir.mk/?p=86689

Сите новинари, уапсени во текот на неделата во големата акција на полицијата против независните медиуми во Белорусија, денеска се ослободени. Белоруските власти покренаа истрага против одредени медиуми под обвинение дека користеле содржини од државната новинска агенција БЕЛТА без да бидат претплатници, при што беше извршен претрес во неколку редакции и беа уапсени вкупно 13 новинари. - Главна цел на шефовите на службите за безбедност е да ги заплашат луѓето и да ја засилат автоцензурата, за целосно да ги контролираат медиумите, изјави политичкиот аналитичар на порталот „БелаПан“, Александар Касковски. Во согласност со белоруските закони, ако новинарите бидат прогласени за виновни би можеле да бидат осудени до две години затвор и на привремена забрана за занимавање со новинарство. Претходно, Советот на Европа апелираше за брза и транспарентна истрага и за ослободување на притворените новинари. Портпаролот на белоруското Министерство за надворешни работи Анатолиј Глаз во средата изјави дека приведувањето на новинарите не е поврзано со политика или со слобода на медиумите. Медиумите во Белорусија се под постојана контрола на власта, посебно по демонстрациите во март 2017 година, кога стотици луѓе беа уапсени. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-belorusija-oslobodeni-uapsenite-novinari/feed/ 0
Киднаперот во Париз е уапсен, заложниците се ослободени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kidnaperot-vo-pariz-e-uapsen-zaloznicite-se-oslobodeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kidnaperot-vo-pariz-e-uapsen-zaloznicite-se-oslobodeni/#respond Tue, 12 Jun 2018 19:08:35 +0000 https://kurir.mk/?p=65160

Францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Колон на Твитер објави дека киднаперот во Париз е уапсен, а заложниците се ослободени. Колон ова го објави околу четири часа откако заложниците беа блокирани во една зграда во центарот на Париз. Нема информация кои биле мотивите на киднаперот, ниту пак има податоци дека се работи за тероризам. Зградата на улицата „Птит Екјори“ била опколена од тешко вооружени полициски командоси, пожарникари и спасувачи. Реонот бил евакуиран а улицата блокирана, по што почнале преговори. Киднаперот побарал да зборува со амбасадорот на Иран. Според првичните неофицијални информации, околу 16 часот по локално време, маж зел како заложници три лица во канцеларија на приземје, и по кусо време еден од заложниците бил ослободен, но бил полеан со бензин и удрен во лицето.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kidnaperot-vo-pariz-e-uapsen-zaloznicite-se-oslobodeni/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Неправедно притворените мора да бидат ослободени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-nepravedno-pritvorenite-mora-da-bidat-oslobodeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-nepravedno-pritvorenite-mora-da-bidat-oslobodeni/#respond Fri, 12 Jan 2018 08:37:51 +0000 http://kurir.mk/?p=9724

Граѓаните на Република Македонија вчера ја видоа сета деструкција на власта и анти-државните политики кои ги спроведуваат. Собранието без опозиција донесе неуставен закон за двојазичност со кој што се редефинира државата, реагираат во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. -Истовремено власта ја задолжува Македонија за половина милијарда евра, пари кои ќе ги трошат за задоволување на мегаломанските потреби. Вицепремиерот Кочо Анѓушев ја продава сопствената компанија на грчка фирма, додека Никола Димитров е на тајни преговори во Солун за промена на името. Паралелно владата одлучува ТАВ да не гради карго аеродром во Штип со кој што економски ќе заживееше цела источна Македонија и ќе се обезбедеше економски просперитет на подолг рок, се наведува во соопштението. Како што истакнуваат од партијата, во вакви услови невини луѓе патриоти се носат со лисици пред суд, а потоа пред камери ги враќаат во притвор иако за тоа нема никаква основа. -Македонската јавност ги слушна аргументите изложени од нивната одбрана и се увери дека овие луѓе не се терористи туку жртви на политички прогон. Апелациониот суд може да го запре процесот на агонија во кој запаѓа општеството и да го врати принципот на владеење на правото како императив во својата работа. Судот ја има шансата како контролор на законитоста да го издржи притисокот и во интерес на демократијата и иднината на земјата да одлучува единствено врз база на закон. Судството мора да биде институцијата која во овие тешки времиња за македонската демократија ќе биде стожерот на државата. Судот ги има на увид сите докази и аргументи кои јасно и недвосмислено упатуваат на фактот дека делото тероризам за кое се товарат десетици македонски патриоти е чиста конструкција, која нема врска со правото. Судот ја има на увид и оценката на Народниот правобранител, кој јасно кажа дека се прекршени законите при приведување. Судот ги има на увид и фактите кои говорат дека правата на осомничените се ускратени и во истражниот затвор. Токму затоа треба да биде воден од совеста, да одлучува единствено врз база на закон, стои во партиското соопштение. Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека правосудството мора да биде стожерот на државата, бидејќи институциите се целосно разнишани, а, како што велат, пракса стана законите да се кршат за потребите на власта. -Демократијата е уништена. Со секој поминат ден Република Македонија е се подалеку од своите стратешки определби за членство во ЕУ и НАТО. Судот има шанса да застане во одбрана на правдата. Судот има обврска да застане во одбрана на аргументите. Само цврсто правосудство ќе создаде цврста држава. Неправедно притворените мора да бидат ослободени, велат од партијата во своето соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-nepravedno-pritvorenite-mora-da-bidat-oslobodeni/feed/ 0