ослободителна пресуда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Jun 2022 17:02:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ослободителна пресуда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Охридскиот суд пресуди ослободителна: Нефи Усеини и брат му не се виновни за тепањето на Спиро Топалоски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ohridskiot-sud-presudi-osloboditelna-nefi-useini-i-brat-mu-ne-se-vinovni-za-tepanjeto-na-spiro-topaloski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ohridskiot-sud-presudi-osloboditelna-nefi-useini-i-brat-mu-ne-se-vinovni-za-tepanjeto-na-spiro-topaloski/#respond Mon, 27 Jun 2022 17:02:04 +0000 https://kurir.mk/?p=696490

Судијката од охридскиот суд, Билјана Белевска–Пројковска, денеска ги ослободи од обвинение советникот од ДУИ во Советот на Општина Охрид, Нефи Усеини и неговиот брат Ибро, кои беа обвинети за напад врз нивниот сограѓанин Спиро Топалоски пред две години, објави „А1он“. Топалоски прво ги обвини браќата дека го нападнале, а потоа се премисли и даде спротивен исказ. Иако постојат видеоснимки на кои јасно се гледа како и од кого е тепан Топалоски, тој останал на исказот дека повредите не му ги нанел Усеини, туку непознато лице кое го удрило од зад грб, спротивно на она што првично го кажа во Обвинителството. Нефи Усеини е контроверзен охридски бизнисмен и прв човек на локалниот огранок на ДУИ, чие име беше поврзано со низа скандали и инциденти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ohridskiot-sud-presudi-osloboditelna-nefi-useini-i-brat-mu-ne-se-vinovni-za-tepanjeto-na-spiro-topaloski/feed/ 0
Ослободителна пресуда за Пале Илоска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osloboditelna-presuda-za-pale-iloska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osloboditelna-presuda-za-pale-iloska/#respond Tue, 15 Feb 2022 12:38:52 +0000 https://kurir.mk/?p=631657

Велешкиот суд ја ослободи од обвинение Пале Илоска, девојката која минатата година во самоодбрана го уби невенчаниот сопруг, додека тој ја давел и удирал. Илоска одговараше за убиство во миг и по сведоштвата и изнесените докази, велешкиот суд донесе одлука таа да биде ослободена. Како што наведе судијката, трошоците за постапката паѓаат на товар на државата, а мерката куќен притвор се укинува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osloboditelna-presuda-za-pale-iloska/feed/ 0
Ослободителна пресуда за Љубе Бошкоски за случајот „Ровер“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osloboditelna-presuda-za-ljube-boshkoski-za-sluchajot-rover/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osloboditelna-presuda-za-ljube-boshkoski-za-sluchajot-rover/#respond Fri, 04 Oct 2019 11:43:04 +0000 https://kurir.mk/?p=247925

Основниот кривичен суд Скопје денеска донесе ослбодителна пресуда за поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски во случајот „Ровер“. Судот реши дека покрај Бошкоски и Зоран Трајковски, Сашко Јовановски, Ивица Ристиќ, Гоце Митревски и Никола Негриевски не се виновни за убиството на Маријан Тушевски и Киро Јанев во 2001 година. Тројца обвинети српски државјани, Предраг Чубрило, Милан Илиќ и Милорад Ковачевиќ, кои беа осудени на доживотен затвор, добија осудителна пресуда, а ослободителна пресуда доби четвртиот српски државјанин Вук Вукичевиќ.. Во врска со овој случај досега беа донесени две првостепени пресуди, но Апелацискиот суд ги укина и по трет пат судењето почна во октомври 2015 година. Бошкоски во претходното судење доби казна затвор во траење од 10 години и шест месеци, инспекторот Трајковски заработи осум години и шест месеци, а по седум години затвор добија Јовановски и Ристиќ. Митревски и Негриевски добија затворски казни од по пет години и шест месеци. Обвинетите Чубрило, Илиќ и Ковачевиќ како директни извршители на убиството на Тушевски и Јанев на второто судење добија казна доживотен затвор, а Вук Вукичевиќ беше осуден на 15 години затвор. Бошкоски во случајот „Ровер“ се товареше затоа што знаел дека Орце Коруновски, кој подоцна исто така е ликвидиран во криминална пресметка, нарачал убиство за Марјан Тушевски. Марјан Тушевски и Кире Јанев во 2001 година беа убиени на излегување од кафулето „ЗУ” во скопската населба Капиштец. Прво со 11 куршуми бил убиен Тушевски, а потоа напаѓачите пукале и кон Киро Јанев кој се обидувал да избега. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osloboditelna-presuda-za-ljube-boshkoski-za-sluchajot-rover/feed/ 0
Ослободени обвинетите за убиството на тројцата полицајци во Арачиново во 2000-та година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oslobodeni-obvinetite-za-ubistvoto-na-trojcata-policajci-vo-arachinovo-vo-2000-ta-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oslobodeni-obvinetite-za-ubistvoto-na-trojcata-policajci-vo-arachinovo-vo-2000-ta-godina/#respond Fri, 13 Apr 2018 09:07:34 +0000 https://kurir.mk/?p=40035

Кривичниот суд во Скопје денеска донесе втора ослободителна пресуда за Лирим Динарица, Емрула Емрулаи, Рамиз Асани, Муча Бајрами, обвинети во случајот на тројцата убиени полицајци Кирил Петрушевски, Ацо Ангеловски и Ерол Готак, на влезот во Арачиново во јануари 2000 година. Од натамошен прогон во меѓувреме беа  ослободени и обвинетите, сега веќе починати, Башким Асани и Агим Асани. Судскиот процес за убиството на тројцата полицајци трае 18 години. На овие жители на Арачиново им се судеше затоа што, според обвинението, ги застрелале полицајците Петрушевски, Ангеловски и Готак. По денешната ослободителна пресуда Лирим Динарица пред зградата на судот изјави дека во нивна одбрана имало 100-тина сведоци кои изјавиле дека тие немале ништо со случајот што им се ставал на товар. -Жално  е што во нашата Република Македонија, морам ова да го кажам,  во затворите лежат невини луѓе. И не само во овој случај. Минавме 18 години тортура и малтретирања низ овие судски лавиринти и само нашата кожа знае како ни било, изјави Динарица. Тројното убиство се случи на 11 јануари 2000 година,  на влезот во Арачиново. Шестмината обвиенти во досегашната судска постапка еднаш веќе добија ослободителни пресуди поради немање докази, но Апелациониот суд по жалба на Обвинителството ја укина првостепената пресуда и постапката ја врати од почеток. На повторената постапка, Скопското обвинителство поднесе обвинителен акт и за уште едно лице, Емрула Емрулај, а постапката беше запрена за Агим Асани кој беше убиен пред Стоковната куќа „Илинден" во февруари 2007. Според обвинението, шестемина во доцните часови од заседа ги застрелаа полицајците Петрушевски, Ангеловски и инспекторот Готак, кои на влезот од селото учествувале во акција за пронаоѓање украдени луксузни автомобили. Тројцата полицајци беа изрешетани од автоматско оружје. Првообвинетиот Динарица во истражна постапка го признал делото и во детали го опишал настанот, но на судењето го сменил исказот, велејќи дека признанието во истрагата го дал под присила. Судскиот процес на почетокот се одвиваше под силно полициско обезбедување. Сега обвинетите се бранат од слобода. Во текот на овие неколку години се променија неколкумина судии кои го работат предметот. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oslobodeni-obvinetite-za-ubistvoto-na-trojcata-policajci-vo-arachinovo-vo-2000-ta-godina/feed/ 0