ослободување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 18 Jul 2022 19:41:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ослободување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Проруските сепаратисти најавуваат голема офанзива за ослободување на ДНР https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proruskite-separatisti-najavuvaat-golema-ofanziva-za-osloboduvanje-na-dnr/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proruskite-separatisti-najavuvaat-golema-ofanziva-za-osloboduvanje-na-dnr/#respond Mon, 18 Jul 2022 19:41:22 +0000 https://kurir.mk/?p=707151

Украинските сили и понатаму ги бранат градовите Бакмут и Сиверск, соопшти украинската армија известувајќи за големата руска офанзива во Доњецк. – Непријателот продолжува со обидите за напад во правец на градовите Бакмут и Сиверск, но наидува на силен отпор од украинските сили. Во исто време Русите ги интензивираа нападите во правец на градот Авдијевка и се обидуваат да ги подобрат своите тактички позиции. Но, тие не успеаја и се повлекоа, се наведува во соопштението на украинската армија. Авдијивка се наоѓа во непосредна близина на градот Доњецк, кој и покрај повеќемесечните бомбардирања сè уште е под контрола на Украинците. Додека портпаролот на силите на самопрогласената Доњецка народна република, Едуард Басурин, тврди дека во тек се подготовки за „извршување на планираните задачи за ослободување на територијата на републиката. Тоа се случува на подрачјата на Авдијвка и Хорливка“. – Целта на силите на ДНР е да се опколат украинските борци во Бакмут и да обезбедат територијата контролирана од ДНР да биде надвор од дострелот на украинската артилерија, истакна Басурин, додавајќи дека напредувањето на силите на ДНР и руската армија ќе ги „присили“ украинските сили да се повлечат длабоко на територијата на Украина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/proruskite-separatisti-najavuvaat-golema-ofanziva-za-osloboduvanje-na-dnr/feed/ 0
САД ослободија затвореник од Гвантанамо по преговори со талибанците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-oslobodija-zatvorenik-od-gvantanamo-po-pregovori-so-talibancite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-oslobodija-zatvorenik-od-gvantanamo-po-pregovori-so-talibancite/#respond Fri, 24 Jun 2022 20:43:55 +0000 https://kurir.mk/?p=695453

Талибанските власти во Авганистан денеска објавија дека САД ослободиле затвореник од затворот Гвантанамо и го предале на талибанците по „директни и позитивни разговори“. -Како резултат на напорите на Исламскиот емират Авганистан (ИЕА) и неговите директни и позитивни разговори со САД, еден од двајцата преостанати затвореници, Асадулах Харун, е ослободен од Гвантанамо, изјави портпаролот на талибанците Забихула Муџахид. Тој му се заблагодари на Катар за помошта во ослободувањето на Арон, кој помина 15 години во Гвантанамо. Муџахедините изјавија дека некои Авганистанци се во затвор и во други земји, а талибанските власти се во контакт со тие земји за ослободување на затворениците. Тој не наведе колку ги има и во кои земји се наоѓаат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-oslobodija-zatvorenik-od-gvantanamo-po-pregovori-so-talibancite/feed/ 0
ПО СКОРО ТРИ ГОДИНИ: Ослободена саудиската принцеза и нејзина ќерка кои беа затворени без обвинение https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-skoro-tri-godini-oslobodena-saudiskata-princeza-i-nejzina-kjerka-koi-bea-zatvoreni-bez-obvinenie/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-skoro-tri-godini-oslobodena-saudiskata-princeza-i-nejzina-kjerka-koi-bea-zatvoreni-bez-obvinenie/#respond Sun, 09 Jan 2022 10:26:58 +0000 https://kurir.mk/?p=617149

Саудиските власти ги ослободија принцезата и нејзината ќерка, кои беа затворени без обвинение речиси три години, соопшти Организацијата за заштита на човековите права во Саудиска Арабија. Басма бинт Сауд (57), членка на кралското семејство која долго време се сметаше за застапник за правата на жените и уставната монархија, беше во притвор од март 2019 година, а во април 2020 година бараше од кралот Салман и престолонаследникот Мухамед бин Салман да ја ослободат од здравствени причини. - Принцезата и нејзината ќерка Сухуд … се ослободени, објави Организацијата на Твитер. Во објавата се наведува дека „нејзе ѝ е одбиена медицинската нега што ѝ е неопходно потребна" и „дека во ниту еден момент од нејзиниот притвор не беше покренато обвинение против неа". Принцезата Басма е уапсена непосредно пред планираното патување во Швајцарија на лекување, според извор близок до семејството. Природата на нејзината болест не е откриена. Принцот Мухамед ги надгледува реформите откако неговиот татко Салман го назначи на функцијата во јуни 2017 година на местото на соборениот Мухамед бин Наџеф. Реформите вклучуваат укинување на повеќедецениската забрана за возење на жените и олеснување на таканаречените правила за „старателство" кои на мажите им даваат произволни овластувања над женските членови на семејството. Но, саудиските власти се справија и со дисиденти, па дури и со потенцијални противници, од проповедници до активисти за правата на жените, дури и со членови на кралското семејство. Принцезата Басма беше во затворот Ал-Хаир, каде што се наоѓаат и многу други политички затвореници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-skoro-tri-godini-oslobodena-saudiskata-princeza-i-nejzina-kjerka-koi-bea-zatvoreni-bez-obvinenie/feed/ 0
ФОТО: Бил Козби пуштен на слобода https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-bil-kozbi-pushten-na-sloboda/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-bil-kozbi-pushten-na-sloboda/#respond Thu, 01 Jul 2021 06:03:47 +0000 https://kurir.mk/?p=530229

Највисокиот суд во Пенсилванија во средата на укина осидутелната пресуда за Бил Козби (83), откако Врховниот суд ја поништи пресудата со која актерот беше осуден за сексуално злоставување. Козби беше прогласен за виновен во 2018 година за сексуален напад на Андреа Констенд во 2004 година, која како што стои во пресудата, тој ја дрогирал и нападнал на својот имот. Козби одлежа нешто повеќе од две години од казната. Актерот и комичар е најпознат по улогата на сопруг и татко во хумористичната серија „The Cosby Show“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-bil-kozbi-pushten-na-sloboda/feed/ 0
Чуиченко: Не постои правен основ за ослободување на Навални https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chuichenko-ne-postoi-praven-osnov-za-osloboduvanje-na-navalni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chuichenko-ne-postoi-praven-osnov-za-osloboduvanje-na-navalni/#respond Thu, 18 Feb 2021 06:32:21 +0000 https://kurir.mk/?p=470328

Одлуката на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) за ослободување на опозицискиот лидер Алексеј Навални нема „правен основ“, оценија денеска руските власти. -Барањето на судот е неприменливо, бидејќи во рускиот закон нема правен основ што дозволува ослободување на вакво лице, изјави рускиот министер за правда, Константин Чуиченко, додавајќи дека станува збор за „грубо мешање во внатрешните работи на Русија“. ЕСЧП претходно денеска побара од Русија веднаш да го ослободи Навални, наведувајќи дека неговиот живот е во опасност. „Судот при одлучувањето ја зеде предвид природата и степенот на ризик по животот на апликантот, што се разгледуваше во светло на општите околности на неговиот сегашен притвор“, соопшти судот, додавајќи дека Русија, како потписник на европската Конвенција за човекови права, имаа „обврска да се придржува“ до неа. Оваа „привремена мерка“ е донесена врз основа на барање, што Навални го поднел на 20 јануари, а во кое бара негово ослободување. Во моментов најпознатиот противник и критичар на официјален Кремљ изјави дека мерките на руските власти „не можат да обезбедат доволни гаранции за неговиот живот и здравје“. Навални беше уапсен на 17 јануари откако се врати во Русија од Германија, каде со месеци заздравуваше од труењето со нервниот агенс „Новичок“. Неговото апсење предизвика протести низ цела Русија, кои завршија со апсење на околу 11.000 лица. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chuichenko-ne-postoi-praven-osnov-za-osloboduvanje-na-navalni/feed/ 0
По Велика Британија, и Германија бара ослободување на Алексеј Навални https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-velika-britanija-i-germanija-bara-osloboduvanje-na-aleksej-navalni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-velika-britanija-i-germanija-bara-osloboduvanje-na-aleksej-navalni/#respond Tue, 02 Feb 2021 19:42:57 +0000 https://kurir.mk/?p=463354

Германскиот министер за наддворешни работи Хајко Мас изјави дека денешната казна за рускиот опозиционер Алексеј Навални е „горчлив удар“ за владеењето на законите во Русија и побара негово итно ослободување. Денешната пресуда за Алексеј Навални претставува горчлив удар против основните слободи и владеењето на законите во Русија, напиша Мас на Твитер. Тој истакна дека гонењето на Навални е произволно. Навални беше уапсен на 17 јануари откако се врати од Германија, каде се лекуваше по наводното труење со нервниот гас Новичок. Според руските власти Навални и неговиот брат финансиски ја оштетиле компанијата Ив Роше, поради што беа осудени на 3,5-годишни условни казни, а руската Федерална казнено-поправна служба побара казните да се преиначат во казна затвор по враќањето на Навални во Русија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-velika-britanija-i-germanija-bara-osloboduvanje-na-aleksej-navalni/feed/ 0
Велика Британија бара од Русија ослободување на Алексеј Навални https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-bara-od-rusija-osloboduvanje-na-aleksej-navalni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-bara-od-rusija-osloboduvanje-na-aleksej-navalni/#respond Tue, 02 Feb 2021 19:08:26 +0000 https://kurir.mk/?p=463340

Велика Британија побара од Русија да го ослободи опозиционерот Алексеј Навалани, кој денеска беше осуден на 3,5 години затвор, откако судот пресуди дека ја прекршил условната казна. – Велика Британија повикува на итно и безусловно ослободување на Алексај Навални и сите мирни демонстранти и новинари уапсени во текот на изминатите две недели. Денешната перверзна пресуда е насочена кон жртвата на труење, а не кон одговорните, што покажува дека Русија не ги исполнува најосновните обврски што се очекуваат од кој било одговорен член на меѓународната заедница, изјави британскиот министер за надворешни работи Доминик Раб. Навални беше уапсен на 17 јануари откако се врати од Германија, каде се лекуваше по наводното труење со нервниот гас Новичок. Според руските власти Навални и неговиот брат финансиски ја оштетиле компанијата Ив Роше, поради што беа осудени на 3,5-годишни условни казни, а руската Федерална казнено-поправна служба побара казните да се преиначат во казна затвор по враќањето на Навални во Русија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-bara-od-rusija-osloboduvanje-na-aleksej-navalni/feed/ 0
Г-7: Сиромашните земји да се ослободат од отплата на долгот и во 2021 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g-7-siromashnite-zemji-da-se-oslobodat-od-otplata-na-dolgot-i-vo-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g-7-siromashnite-zemji-da-se-oslobodat-od-otplata-na-dolgot-i-vo-2021-godina/#respond Mon, 17 Aug 2020 18:14:26 +0000 https://kurir.mk/?p=391791

Министрите за финансии на Г-7 денеска оценија дека е подобрена економската состојба во нивните земји и се договорија да продолжат да ги координаираат своите одговори на пандемијата со Ковид-19, изјави портпаролот на американското Министерство за финансии. На телеконференцијата, министрите ги повикаа сите официјални билатерални кредитори во целост да го спроведат замрзнувањето на долгот на најсиромашните земји во светот, откако тоа беше договорено на ниво на Групата 20 најразвиени светски економии. Министрите на земјите-членки на Г-7 се согласија и да ги разгледаат дополнителните опции за земјите со ниски приходи, вклучително и ослободување од отплатата на долгот да продолжи и во 2021 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/g-7-siromashnite-zemji-da-se-oslobodat-od-otplata-na-dolgot-i-vo-2021-godina/feed/ 0
Германија бара ослободување на уапсените демонстранти во Белорусија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-bara-osloboduvanje-na-uapsenite-demonstranti-vo-belorusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-bara-osloboduvanje-na-uapsenite-demonstranti-vo-belorusija/#respond Tue, 11 Aug 2020 13:45:54 +0000 https://kurir.mk/?p=389325

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас побара од белоруските власти под итно да ги ослободат уапсените демонстранти и новинари, кои според него „мирно протестираа користејќи ги своите демократски права“. – Ќе Ве потсетам дека Европска Унија ги укина санкциите кон Белорусија бидејќи се обврза дека ќе ги ослободи политичките затвореници. Сепак, ќе продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата, посочи Мас. Тој додаде дека ЕУ повторно ќе ја разгледа одлуката за укинување на санкциите. Според неименуван дипломатски извор на 27 и 28 август во Брисел ќе се одржи неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, на кој тема ќе биде одговорот на ЕУ на случувањата во Белорусија по претседателските избори. Претходно, белоруското Министерство за внатрешни работи соопшти дека се приведени околу 2.000 незадоволни граѓани, а за време на протестите повредени се 21 полицаец, од кои петмина се хоспитализирани. Опозициската кандидатка на претседателските избори во Белорусија, Светлана Тихановскаја, која замина во Литванија, денеска апелираше до своите сограѓани да не и се спротиставуваат на полицијата и да избегнуваат ситуации опасни по живот. Во Белорусија синоќа, втора вечер по ред, полицијата ги растера демонстрантите кои протестираа против изборната победа на Лукашенко, кој е на власт од 1994 година. Протестите и судирите со полицијата почнаа во неделата вечерта, по објавувањето на првичните резултати од претседателските избори, на кои Лукашенко доби над 80 отсто од гласовите и го освои шестиот мандат. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-bara-osloboduvanje-na-uapsenite-demonstranti-vo-belorusija/feed/ 0
Словенија нема да брза со олабавување на ограничувањата за граѓаните https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-nema-da-brza-so-olabavuvanje-na-ogranichuvanjata-za-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-nema-da-brza-so-olabavuvanje-na-ogranichuvanjata-za-gragjanite/#respond Mon, 27 Apr 2020 08:59:10 +0000 https://kurir.mk/?p=337898

И покрај тоа што беше најавено дека веќе на 4 мај ќе биде донесена одлука за повторно отворање на повеќе помали бизниси и ќе се укинат некои ограничувања за движењето на граѓаните, словенечката Влада реши уште малку да се почека со олабавувањето на мерките. Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, ова значи дека на почетокот на следниот месец, сепак нема да бидат отворени толку очекуваните фризерски и козметичарски салони, а останува и забраната за граѓаните да ја напуштат општината каде што живеат. Една од причините за ваквата одлука, според Владата, е тоа што е потребно прво да се добијат и анализираат резултатите од големото испитувања за вистинската раширеност на коронавирусот во Словенија, кое предвидува „слепо” тестирање на 3.000 граѓани од сите општини низ земјата. Според владиниот портпарол Јелко Кацин, во овој период се врши тестирањето кај најмладите, а тоа треба да даде реална слика за раширеноста на вирусот и кај оваа категорија граѓани. – Некои држави на големо најавуваа дека ќе ги олабавуваат ограничувањата за граѓаните, но сега гледаме дека тој оптимизам некако се стишува. Ние ќе го почитуваме и нивното мислење и ќе го земеме предвид кога ќе се носи одлука кои ограничувања ќе ги олабавиме, изјави Кацин. Инаку, изминатата недела во Словенија повторно се отворија некои спортски објекти, сервиси за велосипеди и автомобили, автоперални, станици за технички преглед и разни сервиси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-nema-da-brza-so-olabavuvanje-na-ogranichuvanjata-za-gragjanite/feed/ 0