Осломеј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 02 Nov 2022 07:34:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Осломеј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: РЕК Битола и Осломеј работат со половичен капацитет, власта лаже кога вели дека не се увезува струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-rek-bitola-i-oslomej-rabotat-so-polovichen-kapacitet-vlasta-laze-koga-veli-deka-ne-se-uvezuva-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-rek-bitola-i-oslomej-rabotat-so-polovichen-kapacitet-vlasta-laze-koga-veli-deka-ne-se-uvezuva-struja/#respond Wed, 02 Nov 2022 07:34:25 +0000 https://kurir.mk/?p=754235

РЕК Битола и РЕК Осломеј заедно имаат инсталиран производствен капацитет од 810 мегавати. Тој капацитет не е искористен, ниту половично. Имено на 24 октомври според јавно достапни информации, а кои ги објавија и медиумите се гледа дека во функција биле 361 мегавати, односно 44,6% од инсталираниот капацитет. И во такви слаби услови, термоелектеаните произвеле над 70% од домашната струја, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата посочуваат дека на 24 октомври се произвеле вкупно 11.000 мегават часови струја, од сите енергетски капацитети, а потрошени се 13.000 мегавати. Што значи дека се увезени 2.000 мегавати. -Со целосно искористување на капацитетот на РЕК Битола и РЕК Осломеј, што ќе беше можно доколку навремено се копаше јаглен, и доколку беа целосно оперативни блоковите, само од термоелектраните ќе се произведеше близу 19.000 мегават часови струја. Но и под претпоставка истите да работеа со 70% од капацитетот, ќе се задоволеа потребите на државата, а останата струја од другите извори ќе можеше да се извезе и ЕЛЕМ ќе бележеше профит. Со 70% искористеност на РЕК Битола и Осломеј, се што би произвел ТЕЦ Неготино ќе се извезеше, а дополнителни количини ќе имаше и од хидроакумулациите и ветерниот парк Богданци, струја која е поефтина и би се искористила за домашна употреба, а таа од термоелектраните би можела да се продава, се наведува во партиското соопштение. Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека со правилно оптимизирање, ЕЛЕМ во изминатиов период ќе можеле да вршат извоз на струја од над милион евра дневно. А за увоз воопшто немаше да се зборува. СДС не знае да менаџира со енергетските капацитети, затоа и граѓаните и бизнисот плаќаат скапа струја, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-rek-bitola-i-oslomej-rabotat-so-polovichen-kapacitet-vlasta-laze-koga-veli-deka-ne-se-uvezuva-struja/feed/ 0
Николоски: Македонија не произведува доволно електрична енергија зошто СДС сакаше да ги затвори и уништи РЕК Битола и Осломеј https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-makedonija-ne-proizveduva-dovolno-elektrichna-energija-zoshto-sds-sakashe-da-gi-zatvori-i-unishti-rek-bitola-i-oslomej/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-makedonija-ne-proizveduva-dovolno-elektrichna-energija-zoshto-sds-sakashe-da-gi-zatvori-i-unishti-rek-bitola-i-oslomej/#respond Fri, 14 Oct 2022 20:17:43 +0000 https://kurir.mk/?p=745534

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето гостување во емисијата „Трилинг“ зборуваше за енергетската криза во државата и потенцираше дека доколку целосно се ангажираат домашните капацитети и доколку добро се организира Македонија може да ја произведе целокупната електрична енергија која што ја троши. -За оваа година мислам дека е касно, треба да се размислува за следната година затоа што кризата ќе потрае и никој не треба да е наивен дека кризата брзо ќе заврши. Mора да се направи еден сериозен план ние и за тоа зборувавме во јавноста во дел на целосно ангажирање на домашните капацитети и доколку добро се организира Македонија може да ја произведе целокупната електрична енергија која што ја троши. Во тој случај доколку се оди на производствена цена на електрична енергија, без дополнителни профити може и граѓаните и стопанството да добијат релативно евтина цена на електричната енергија што сега не е случај пред се со стопанството затоа што зависат од увоз и зависат од европските берзи на електрична енергија, рече Николоски. Потпретседателот Николоски во текот на своето гостување се осврна и енергетските капацитети кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт и укажа дека во тој мандат се произведувало некаде 6.5 илјади гигават на час електрична енергија, а се трошеле некаде околу 7 илјади. -Во Македонија во тој мандат произведуваше некаде 6.5 илјади гигават на час електрична енергија, а троши некаде околу 7 илјади. Во моментот Македонија произведува максимум 3.5 гигават часови електрична енергија, а троши 7, затоа има толку потреба од увоз. Зошто го кажувам ова, затоа што со добра организација во РЕК Битола, РЕК Осломеј, работа на терен, работа на една од централите во рамки на ЕЛЕМ, работа на ТЕЦ Неготино, работа на електраните кои што се од обновливи ресурси, тука мислам пред се на фотоволтациите, на хидроцентралите и на ветерниците, Македонија може скоро целосно да ја задоволи потребата од електрична енергија и не треба да увезува. По мене клучната грешка се направи кога Заев брзоплето пред некаде 3 години најави дека ќе ги затвара РЕК Битола и РЕК Осломеј и дека целосно ќе оди кон таканаречена зелена енергија. Затварањето, затоа што тогаш почнаа да се спремаа односно гаснењето на овие два комбинати донесе до ситуација да сега во рамки на сериозна енергетска криза тие не можат да се покренат на ниво да ја произведуваат електричната енергија која треба да ја произведуваат, тоа беше погрешна одлука во услови кога сериозни држави размислуваа за таа работа во услови кога сите кои малце разбираат енергетика знаат дека мора да се произведе основната енергија и на таа да се надоградуваат од обновливи избори, кажа Николоски. Потпретседателот додаде дека за оваа година треба да помогне и буџетот и дека ВМРО-ДПМНЕ излезе со мерки за надминување на ова криза. -За оваа година треба да помогне и буџетот и ние излеговме со мерки, наједноставно ќе ги објаснам сето она што е над цена која што може да ја платат компаниите односно сето она што е над производствена цена во Македонија до цена која што компаниите ја плаќаат на отворениот пазар треба да биде субвенционирана од страна на буџетот. И тоа е единствен начин да преживее стопанството оваа година. За следната година доколку навреме се отворат рудниците во РЕК Битола, доколку паметно се менаџира РЕК Осломеј, доколку се најдат енергенси а можат да се најдат зборувавме за тоа, за ТЕЦ Неготино и за ТЕ-ТО Скопје и паралелно паметно се работи со хидропотенцијалот во Македонија и обновливите извори може да има многу многу подобра ситуација од тоа што е сега, треба само работата да се фати на време, вели тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-makedonija-ne-proizveduva-dovolno-elektrichna-energija-zoshto-sds-sakashe-da-gi-zatvori-i-unishti-rek-bitola-i-oslomej/feed/ 0
Избувна пожар во трансформаторска станица во поранешниот рудник за јаглен „Осломеј“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izbuvna-pozar-vo-transformatorska-stanica-vo-poraneshniot-rudnik-za-jaglen-oslomej/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izbuvna-pozar-vo-transformatorska-stanica-vo-poraneshniot-rudnik-za-jaglen-oslomej/#respond Wed, 06 Apr 2022 09:01:40 +0000 https://kurir.mk/?p=659092

Претпладнево избувна пожар во трансформаторска станица што е дел од новоизградената соларна електрана на поранешниот рудник за јаглен „Осломеј“. Пожарот е изгаснат, а од компанијата истакнаа дека се работи за пробна работа и оти се можни вакви дефекти. Инаку, премиерот Димитар Ковачевски, министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЕСМ Васко Ковачевски денеска треба присуствуваат на настан за одбележување на завршувањето на градба на фотонапонската електрана „Осломеј 1-10MW“ со тест период на целосно монтирана опрема. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izbuvna-pozar-vo-transformatorska-stanica-vo-poraneshniot-rudnik-za-jaglen-oslomej/feed/ 0
Доставени девет понуди на тендерот за набавка на јаглен за РЕК „Битола“ и РЕК „Осломеј“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dostaveni-devet-ponudi-na-tenderot-za-nabavka-na-jaglen-za-rek-bitola-i-rek-oslomej/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dostaveni-devet-ponudi-na-tenderot-za-nabavka-na-jaglen-za-rek-bitola-i-rek-oslomej/#respond Thu, 21 Oct 2021 12:36:50 +0000 https://kurir.mk/?p=583176

Девет компании доставиле понуди на тендерот за набавка на јаглен за РЕК „Битола“ и за РЕК „Осломеј“. Понудите за РЕК „Осломеј“ ги исполнуваат барањата за потребните количини, додека за РЕК „Битола“ во најкус можен рок повторно ќе биде објавен тендер, бидејќи понудите не ги исполнуваат целосно количините што се бараа. Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски денеска изјави дека се доставени пет понуди за РЕК „Битола“ и осум понуди за РЕК „Осломеј“. Понуди се доставени од три македонски рудници, како и од рудници од Албанија, Косово, Русија, Турција и Босна и Херцеговина. – Во прва фаза утврдено е дека за „Осломеј“ понудите ги исполнуваат барањата за потребните количини, и понатаму во втора и трета фаза се продолжува со проценка на другите сегменти од тие понудите. За РЕК „Битола“, понудите не ги исполнуваат целосно количините кои се бараа, односно не се нудат доволни количини на јаглен. Од тие причини АД ЕСМ во најкус рок повторно ќе објави повик за РЕК „Битола“ и повторно ќе бара понуди за потребните количини за овој капацитет, изјави Ковачевски. Тој најави дека следува евалуација во втора фаза, односно ќе се направи техничка, комерцијална и економска анализа, проверка на пробните количини кои треба да се достават, а потоа ќе биде донесена одлуката за избор. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dostaveni-devet-ponudi-na-tenderot-za-nabavka-na-jaglen-za-rek-bitola-i-rek-oslomej/feed/ 0
Потпишување договор за заем за изградба на фотонапонската централа Осломеј https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpishuvanje-dogovor-za-zaem-za-izgradba-na-fotonaponskata-centrala-oslomej/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpishuvanje-dogovor-za-zaem-za-izgradba-na-fotonaponskata-centrala-oslomej/#respond Fri, 04 Jan 2019 07:11:50 +0000 https://kurir.mk/?p=148141

Потпишување на договор за заем помеѓу ЕБРД (Европска банка за обнова и развој) и ЕЛЕМ за фотонапонската централа Осломеј ќе се одржи денеска во Медиа центарот на Владата на Република Македонија. Како што соопшти владината прес-служба, договорот ќе го потпишат директорот за енергетика и енергетски капацитети на ЕБРД, Хари Бојд Карпентер и директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски. На свеченоста по повод потпишување на договорот ќе се обратат премиерот Зоран Заев, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpishuvanje-dogovor-za-zaem-za-izgradba-na-fotonaponskata-centrala-oslomej/feed/ 0