осман шабани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Nov 2020 10:01:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png осман шабани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Судијата Осман Шабани “еким” за коронавирус https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudijata-osman-shabani-ekim-za-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudijata-osman-shabani-ekim-za-koronavirus/#respond Fri, 20 Nov 2020 10:01:57 +0000 https://kurir.mk/?p=432110

Кадија те суди, кадија те лечи- вака некако изгледа македонското судство среде корона-кризата. Денешното рочиште за "Талир" се одложи затоа што Кирил Божиновски, еден од обвинетите е заразен со ковид и со тешки симптоми. Судијата Осман Шабани при одложувањето на рочиштето, нагласи и инсистира, односно нареди од сега натаму, сите заразени и болни со ковид, без разлика на резултатот на тестовите, по 20 дена мора да биде присутен на судење. Така било согласно здравствените протоколи, дека за 20 дена короната се лечела. Така што, на закажаното рочиште на 9 декември, без разлика дали Божиновски ќе е се уште позитивен или со симптоми, тој ќе мора да биде присутен во судницата. По ова може да се заклучи дека притисокот од власта врз судот е огромен, бидејќи без таков притисок ниеден судија не би си презел таква улога да прогнозира колку ќе трае болеста. Се работи за предмет почнат од СЈО против ВМРО-ДПМНЕ и за кој што власта посакува пресуда против опозицијата. При таков притисок судиите можеби ќе наредат вклучените во процесот да бидат исклучени од кислородна поддршка, само и само да удоволат процесот да продолжи. Или пак можеби судијата Осман Шабани самоволно посакува да конкурира за член на Комисијата за заразни болести?]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudijata-osman-shabani-ekim-za-koronavirus/feed/ 0
Осман Шабани ќе го води случајот „Талир“ на СЈО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osman-shabani-kje-go-vodi-sluchajot-talir-na-sjo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osman-shabani-kje-go-vodi-sluchajot-talir-na-sjo/#respond Mon, 14 Jan 2019 08:28:03 +0000 https://kurir.mk/?p=151918

Педметотот со КОК бр. 3/19 од обвинителството означен како „Талир“ оформен по одобрен обвинителен акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите, согласно АКМИС системот е распределен на понатамошно постапување кај судија Осман Шабани, информира денеска Основниот суд Скопје 1 – Скопје. Судијата Осман Шабани ги води предметите „Титаник“, „Топлик“ и повторената постапка за „Монструм“. Советот за оценка на обвинителен акт при Одделението за гонење организиран криминал и корупција при скопскиот Кривичен суд го одобри обвинението за случајот „Талир“ минатата недела. Предметот „Талир“ се однесува за незаконското финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски,  Миле Јанакиевски, Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска. Специјалното јавно обвинителство на 22 ноември минатата година до скопскиот Кривичен суд поднесе два обвинителни акта како резултат на спроведената истражна постапка во предметот познат во јавноста како „Талир“. Вториот обвинителен акт за истиот предмет, што се однесува на незаконска изградба, се уште се наоѓа кај судија за оценка на обвинителен акт. Kривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 постапувајќи по предлог на СЈО за „Талир“ на 28 ноември 2018 година донесе решение со кое го уважи предлогот и на обвинетиот Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија му определи мерка притвор во траење од 30 дена, сметано од денот на неговото пронаоѓање, односно лишување од слобода, додека обвинетата Елизабета Чингаровска од ВМРО-ДПМНЕ ја призна вината во случајот и се спогоди со Специјалното јавно обвинителство. Судот ја осуди на двегодишна условна казна која нема да се изврши ако таа во наредните пет години не стори ново кривично дело.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osman-shabani-kje-go-vodi-sluchajot-talir-na-sjo/feed/ 0
Предизвиците на кадијата Осман https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predizvicite-na-kadijata-osman/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predizvicite-na-kadijata-osman/#respond Tue, 20 Feb 2018 13:46:54 +0000 http://kurir.mk/?p=23271

Осман Шабани е млад судија етнички Албанец, кој ќе ги суди вмровците на чело со Никола Груевски во предметот Титаник 1. Осман Шабани меѓу другото ќе се соочи со најмалку два сериозни предизвици. Тој ќе треба да суди на вмровците, за кои се тврди дека донеле да гласаат околу 650 граѓани од Мала Преспа Албанија, заради што и градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко беше неколку месеци во притвор. Парадоксот е во тоа, што токму на истите избори партијата која него го има предложено и наместено за судија, донесе од цела Европа над 6000 лица со автобуси и авиони да гласаат за ДУИ за Кичево и Струга да имаат градоначалник Aлбанец. Значи ВМРО-ДПМНЕ наводно донеле Македонци, ама 650, а ДУИ јавно се фалеше дека донеле над 6000 Албанци кои по 20-30 години не живеат во Македонија. Дополнително, јавна тајна е, а ако СЈО прочепка тоа брзо ќе го докаже, дека на секој Албанец од Македонија кој живее во Швајцарија, Германија, Белгија и други европски земји му било кажано дека или треба да дојде со фамилијата и да гласа, или да плати 2000 швајцарски франци (околу 1700 евра) за со тие пари да се купеле авионските и автобуските карти на тие кои ќе допатуваат во Македонија. Заканата според информациите кои кружат била доколку не дојде, и не плати, тогаш ќе му биде запалена куќата во Македонија. Операцијата, според тоа што можеше да се види успеа, сите дојдоа или платија. Тие што дојдоа, си плаќале дел од картата, а другиот дел го платил ДУИ, од парите собрани од оние кои не можеле да дојдат. Тие над 6000 луѓе беа одлучувачки за победите на ДУИ во Кичево и Струга. На пример, во Кичево ДУИ победи со само 1500 гласа разлика. Без тие гласови ДУИ ќе загубеше, а ќе победеше ВМРО-ДПМНЕ. Од законско-позаконско работење на ДУИ. Но за нив не се води никаква постапка, додека за Никола Груевски и 20тина други лица, за 10 пати помалку наводно донесени лица кои всушност ниту во Центар, ниту во Кичево, ниту во Ресен не беа одлучувачки, се води судска постапка, и токму за овој предмет им се одземени пасошите. Партијата ВМРО-ДПМНЕ долги години, како во времето на Љубчо Георгиевски, така и во времето на Никола Груевски им овозможуваше на Македонците во Мала Преспа-Албанија да се стекнат со двојно државјанство по основ на национална припадност, со цел ова сиромашно население кое живее во пограничниот појас на Албанија кон Македонија да има можност за здравствени и други услуги и права кои во Албанија ги немаат во нивното место ниту на приближно исто ниво како во Македонија. Оттука, таа грижа на ВМРО-ДПМНЕ кон овие Македонци, резултираше со нивна наклоност кон ВМРО што се ефектуирше и на изборите. Интересно е што, на последните избори, СДСМ испрати емисари во Пустец, кои ги предводеше генералниот секретар на СДСМ, со намера да се заплашат сите дека ако не гласаат на локалните избори во 2017та за СДСМ во Ресен, сите ќе ги снајде истата судбина како Едмонд Темелко, еден од најпознатите борци за човекови права за македонците. Исто така им беше кажано дека ако гласаат за кандидатот на СДСМ, Едмонд Темелко ќе биде ослободен. Како резултата на уцените, заплашувањата и заканите, македонците од мала преспа во Ресен масовно гласа за кандидатот на СДСМ. Секако за ова никој од СДСМ нема да сноси одговорност, се разбира додека СДСМ е на власт. Втор предизвик со кој Османи ќе се соочи во предметот Титаник, е во делот на финансирањето на партиите. Неговите пријатели од ДУИ сигурно го имаат информирано, дека и ДУИ, како и СДСМ, како и сите партии во Македонија и на балканот се финансираат на ист начин. Ако било кој ги погледне донаторите на ДУИ и СДСМ, речиси и да нема фирма која донирала, туку само физички лица, главно нивни членови и активисти, исто како и кај ВМРО. Голем дел од донаторите на ДУИ и СДСМ се со ист или полош социјален статус од оние на ВМРО-ДПМНЕ, и во приватните разговори, ниту ДУИ, ниту СДСМ не кријат дека апсолутно сите партии во Македонија се финансираат на ист начин, бидејќи друг начин и не постои, ниту законски е можен. Стравот на фирмите да се декларираат за донатори и префрлањето на товарот на физичките лица кои се членови на партијата е присутен во цела Македонија, на целиот Балкан, и во дел од земјите во јужна Европа. Сепак Османи на вмровците ќе им игра улога на нервозен и строг судија, ќе ги суди и осудува, а со ДУИ и СДСМ ќе пие кафе и ќе ужива разговарајќи што им прави на луѓето спротивната политичка опција за истиот начин на финансирање на кој сите партии се финансираат. Згора на се, судејќи по неговата видлива омраза кон луѓето од ВМРО, може и да ги осуди. Тоа е правдата во Македонија денес. Писмо од читател (објавено на порталот Денешен.мк)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predizvicite-na-kadijata-osman/feed/ 0
Судот го крши законот со недавање на записникот и снимката од судењето во рок од 24 часа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-go-krshi-zakonot-so-nedavanje-na-zapisnikot-i-snimkata-od-sudenjeto-vo-rok-od-24-chasa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-go-krshi-zakonot-so-nedavanje-na-zapisnikot-i-snimkata-od-sudenjeto-vo-rok-od-24-chasa/#respond Wed, 14 Feb 2018 20:17:40 +0000 http://kurir.mk/?p=21612

Судиите редовно, речиси на секое рочиште против поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, го кршат законот кој налага копија од ЦД-то од снименото судење да го дадат на одбраната во рок од 24 часа, а записниците во рок од три дена. Записниците и снимките наместо во со закон предвидениот рок, се даваат по неколку недели подоцна, некогаш и на самото наредно рочиште кога одбранаат нема време и можност да ги проучи. Со ова се крши принципот на правично судење и еднаквост на оружјата, со што една од странките, во овој случај одбраната, нема можност навремено и под еднакви услови да се подготви. Такво нешто се случи и на последното судење во предметот ТНТ против Никола Груевски, Миле Јанакиески и други, кога записникот и снимките од судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани го добија во моментот кога започна судењето. Попусти беа барањата на адвокатите, цитирањата и читањата на членови во законот каде јасно и недвосмилено стои кога треба да се дадат записниците, за одбраната да ги анализира и да се подготви за следното рочиште. Ова е суштинско кршење на прават на обвинетите, но судиите се под притисок така да се однесуваат. Претседателот на судот го толерира ова, а нема реакција ни на Судскиот совет. Обвинетите се жалат на тортура, намерно понижување и нефер и незаконско судење. Сите жалби и законски основани барања на одбранат се одбиваат без размислување. Судот работи по политичка агенда и тоа во време кога СДСМ го менува името на државата и идентитетот на Македонците. Судиите во недостаток на правни аргументи, а политички притиснати брзо да ги завршат судењата и да ги судат обвинетите, јавно се обидуваат да се пазарат со адвокатите, од типот „јас ќе ви попуштам за ова, ама вие не се буните за тоа“. Судењата наликуваат на пазар на отворено со непринципиелни и незаконски одлуки и пазарења. Ако не се испазарат, како во случајот со судијата Огнен Ставрев, тогаш следува закана од судијата од типот: „Што и да направите, за се имам лек“. Одговорот на Груевски беше: „Тогаш соопштете ја пресудата веднаш, не не малтретирајте да доаѓаме на рочишта кога веќе имате одлука во Вашата глава“. Огнен Ставрев е син на поранешниот премиер и претседател на Македонија во време на комунизмот, Драгољуб Ставрев. Осман Шабани е судија близок на структурите во ДУИ кои се залагаа за коалиција со СДСМ, наместо со ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudot-go-krshi-zakonot-so-nedavanje-na-zapisnikot-i-snimkata-od-sudenjeto-vo-rok-od-24-chasa/feed/ 0