основци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 01 Sep 2023 05:52:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png основци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 За над 200.000 основци и средношколци почна учебната година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-nad-200-000-osnovtsi-i-srednoshkoltsi-pochna-uchebnata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-nad-200-000-osnovtsi-i-srednoshkoltsi-pochna-uchebnata-godina/#respond Fri, 01 Sep 2023 05:52:25 +0000 https://kurir.mk/?p=873227

За над 200.000 основци и средношколци денеска почнува учебната 2023/2024 година која, со одлука на Владата, првпат ќе заврши на 17 јуни. Покрај зимскиот, учениците ќе имаат и пролетен распуст, од 29 април до 5 мај 2024, практика која, како што кажа Шаќири, се применува во повеќе европски земји и која според наставниците и стручните служби ќе донесе подобри резултати во учењето. - Најголем дел од учебниците за основното образование кои се одборени во изминатиот период како и дел од новите учебници од трето одделение се веќе испорачани до училиштата. Останатиот помал дел тоа се претежно учебници за шесто одделение ќе бидат доставени веднаш по одобрување од страна на националната комисија за учебници, кажа вчера Шаќири.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-nad-200-000-osnovtsi-i-srednoshkoltsi-pochna-uchebnata-godina/feed/ 0
Една петтина од основците живеат во сиромаштија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edna-pettina-od-osnovtsite-zhiveat-vo-siromashtija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edna-pettina-od-osnovtsite-zhiveat-vo-siromashtija/#respond Mon, 26 Jun 2023 14:54:13 +0000 https://kurir.mk/?p=849785

Една петтина од децата во основните училишта живеат во сиромаштија. Во некои од училиштата тоа се 50% од децата, некаде се 10%, но и да е едно, тоа заслужува внимание какво што му е потребно, вели Елена Мишиќ, раководителката на проекот чија цел е подобрување на состојбите во образованието, а кој денеска беше презентиран на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. Таа додава дека училишните практики во однос на децата кои покажуваат послаби резултати се развиваат. - Она што загрижува е што децата од тие најсиромашни групации, од оној најдолен квинтил покажуваат многу послаби резултати на меѓународните тестирања. Ова е состојба којашто се менува, не е на ниво на цела држава, бидејќи сиромаштијата е од различен вид, може да биде финансиска, отсуство на услуги и можности, може да биде во руралните средини, во помалите градови. Секое училиште се справува со своите предизвици, вели Мишиќ. Посочи дека целта на проектот е поголема вклученост на ранливите групи, но и подобрување на наставниот процес за да може овие деца да ги постигнат истите успеси како оние кои имаат повеќе можности за учење и развивање. -Зборуваме за улогата на дополнителната настава, за индивидуализацијата на наставата да одговори на потребите и стиловите на учење на секое дете. Зборуваме за можности за бесплатен превоз, како тој се реализира, за бесплатни ужинки и други секакви воннаставни мерки и активности на ниво на училиште од типот на хуманитарни акции, од типот на поддршка, врсничка поддршка, наставничка поддршка, подобрување на улогата на родителите, рече Мишиќ. Во Факултетот за образовни науки во Штип денеска се одржа петтиот состанок на Националното тело за развивање политики, на кој присуствуваа претставници од училишта, невладини организации и државни институции. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/edna-pettina-od-osnovtsite-zhiveat-vo-siromashtija/feed/ 0
Основците во Германија се послабо сметаат, читаат, пишуваат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osnovcite-vo-germanija-se-poslabo-smetaat-chitaat-pishuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osnovcite-vo-germanija-se-poslabo-smetaat-chitaat-pishuvaat/#respond Tue, 18 Oct 2022 13:06:03 +0000 https://kurir.mk/?p=747063

Учениците во четврто одделение од основните училишта во Германија се почесто имаат проблеми со читањето, математиката, пишувањето. Тоа е заклучокот од истражувањето што го спроведе националниот Институт за развој на квалитет во образованието во 1.400 училишта. Алармантен податок е дека 18 до 30 отсто од учениците од четврто одделение не ги исполниле основните стандарди за познавање на германскиот јазик. Знаењето на учениците било подобро пред пет, па и десет години, покажуваат податоците од истражувањето.
Како причина за влошувањето на знаењето на учениците од четврто одделение, авторите на студијата го наведоа предолгото затворање на училиштата за време на пандемијата со коронавирусот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osnovcite-vo-germanija-se-poslabo-smetaat-chitaat-pishuvaat/feed/ 0
Зголемен бројот на основци и средношколци во 2020/2021 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-brojot-na-osnovci-i-srednoshkolci-vo-2020-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-brojot-na-osnovci-i-srednoshkolci-vo-2020-2021-godina/#respond Wed, 18 May 2022 12:35:44 +0000 https://kurir.mk/?p=678428

На крајот на учебната 2020/2021 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесувал 185 925, што е зголемување за 0,1 процент во однос на претходната учебна година. Според податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика, во редовните средни училишта, на крајот на учебната 2020/2021 година имало 71 176 ученици, што е зголемување за 4,2 отсто во однос на учебната 2019/2020 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-brojot-na-osnovci-i-srednoshkolci-vo-2020-2021-godina/feed/ 0
Оваа школска година помалку запишани основци и средношколци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovaa-shkolska-godina-pomalku-zapishani-osnovci-i-srednoshkolci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovaa-shkolska-godina-pomalku-zapishani-osnovci-i-srednoshkolci/#respond Thu, 31 Mar 2022 09:26:05 +0000 https://kurir.mk/?p=656161

На почетокот на учебната 2021/2022 година во редовните основни училишта имало 186 649 ученици,  што е 0.5  отсто помалку во однос на претходната учебна година, објави Државниот завод за статистика. Во редовните средни училишта, пак, на почетокот на учебната 2021/2022 година бројот на учениците е 71 018 или помалку за 1.1 отсто во споредба со претходната учебна 2020/2021 година. Во објавата на ДЗС се објавени основни податоци за основното и средното образование на почетокот на оваа учебна година, податоци за бројот на основци односно средношколци според возраста полот и одделението/годината на учење и според изучувањето странски јазик. Содржани се податоци за редовни основни училишта, специјални основни и основни училишта за возрасни и за редовни средни, специјални средни училишта и за средни верски училишта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovaa-shkolska-godina-pomalku-zapishani-osnovci-i-srednoshkolci/feed/ 0
Од понеделник во Србија основците и средношколците ќе продолжат со комбинирана настава https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-ponedelnik-vo-srbija-osnovcite-i-srednoshkolcite-kje-prodolzat-so-kombinirana-nastava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-ponedelnik-vo-srbija-osnovcite-i-srednoshkolcite-kje-prodolzat-so-kombinirana-nastava/#respond Sun, 30 Jan 2022 21:50:59 +0000 https://kurir.mk/?p=624814

Тимот за училишта одлучи од понеделник, 31 јануари, учениците од прво до четврто одделение во основните училишта директно да следат настава. Повозрасните основци наставата ќе ја следат по комбиниран модел поделени во две групи. И наставата за средношколците ќе се одвива по комбиниран модел, соопшти Министерството за образование, наука и технолошки развој. Од почетокот на второто полугодие, истиот модел на настава се одвива во централна Србија, додека во Војводина сите основци посетуваат настава во живо, пишува Б92.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-ponedelnik-vo-srbija-osnovcite-i-srednoshkolcite-kje-prodolzat-so-kombinirana-nastava/feed/ 0
Бојкот на наставата на дел од струшките средношколци и основци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bojkot-na-nastavata-na-del-od-strushkite-srednoshkolci-i-osnovci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bojkot-na-nastavata-na-del-od-strushkite-srednoshkolci-i-osnovci/#respond Wed, 07 Oct 2020 10:55:38 +0000 https://kurir.mk/?p=413409

Дел од струшките средношколци и основци од неколку села ја бојкотираат онлајн наставата со барање за физичко присуство. Се додека не бидат исполнети нивните барања за физичко присуство на часовите, најавуваат дека нема да следат настава. Од почетокот на учебната година, настава не следат учениците од албанските паралелки во средното училиште „Нико Нестор“ и гимназијата „Ибрахим Темо“. Со барање за физичко присуство во училишните клупи на нивните деца се и родителите од неколку струшки села. Според, родителите од селото Корошишта, во основното училиште „Екрем Јакупи“ има услови за следење на наставата. Претседателот на Советот на родители, Фитни Беќири вели дека немаат услови за настава од далечина, бидејќи многу семејства немаат интернет, ниту технички средства. – Бојкотираме бидејќи во нашето училиште има услови за настава со физичко присуство. Немаме услови за настава преку интернет, бидејќи многу родители не работат и немаат услови да купат технички средства за следење на онлајн настава. Немаме ни добар интернет, изјави Беќири. Апелира до Министерството за образование и наука да дојдат во училиштето и да видат дека има услови за настава со физичко присуство. Во основното училиште „Екрем Јакупи“ во селото Корошишта, од четврто до деветто одделение учат стотина ученици, а наставата се одвива во две смени. Според раководството на училиштето, ги исполнуваат условите на Министерството за образование и наука за физичко присуство на настава до 50 ученици. Оттаму посочуваат дека електричната енергија во училиштето е монофазна и неможе да се постави побрз интернет, што не дозволува изведување на онлајн настава. Во училиштата во руралните средини, каде се одвива онлајн настава, поради немање соодветен интернет наставниците ги одржуваат часовите од дома. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bojkot-na-nastavata-na-del-od-strushkite-srednoshkolci-i-osnovci/feed/ 0
Основците во Грција се вратија во училишните клупи https://arhiva.kurir.mk/svet/region/osnovcite-vo-grcija-se-vratija-vo-uchilishnite-klupi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/osnovcite-vo-grcija-se-vratija-vo-uchilishnite-klupi/#respond Mon, 01 Jun 2020 14:36:53 +0000 https://kurir.mk/?p=352453

По пауза од над два и пол месеци, под нови правила и прописи, утрово одново заѕвони првото ѕвонче и за учениците од основните училишта во Грција. По средношколците минатата седмица, денеска и основците се вратија во училишните клупи, а се отворија и градинките. Антисептикот и правилното информирање за новиот коронавирус стануваат секојдневие за учениците, како и посебните правила. Во едно атинско основно училиште, учениците, во зависност од тоа кое одделение се, беа поделени во три групи и влегуваа од три различни влезови, за да се избегнат гужви, додека пак на влезот, задолжително на сите им се мереше температурата, јави дописничката на МИА од Атина. Учениците, со оглед на тоа дека во изминатиот период имаа онлајн настава, веќе беа информирани од нивните наставници за новиот коронавирус, додека пак утрово, им се обрати и директорот за да им порача да бидат внимателни. Мајка на девојче, кое што е второ одделение, во разговор за МИА објаснува дека наставниците и учениците нема да имаат близок контакт и нема да разменуваат книги, листови, тестови и сл. Тестовите и домашните задачи, родителите ќе ги добиваат по електронска пошта, ќе треба да ги отпечатат дома, децата да го напишат домашното и потоа да го достават до наставниците. Одделението од 25 деца, сега е поделено во две групи по 12 и 13 ученици кои наизменично ќе се менуваат. Едната група ќе следи настава понеделник, среда и петок, другата вторник и четврток, а ќе се менуваат на една седмица. Промени и нови правила има и во однос на големиот одмор. Секое одделение има посебен простор и во различно време од другите одделенија. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис рано утрово посети основно училиште во Атина и поразговара со учениците и наставниците. -Мене ми е драго што, со децата со кои имав можност да поразговарам, не само денеска, туку и во изминатите денови, мислам дека имаат сфатено што треба да прават. Сите, на свој начин повторно станавме првачиња и од почеток, научивме работи, за кои што секако, вие во секој случај ги учите. Бидејќи не е само коронавирусот, постоеше и грипот, а основните правила на лична хигиена ќе нè придружуваат засекогаш. А мислам дека на дечињата некако им недостигаа нивните пријатели. Наместо да играат на игралишта или на улица без да постои некаков ред или надзор, сигурно за нив, ќе биде побезбедно на училиште, рече Мицотакис во разговор со наставниците во училиштето. Антисептици во училниците, чистење два пати дневно, природно проветрување, по еден ученик во клупа на растојание од еден и пол метар, најмногу 15 ученици во секое одделени, наизменични одмори за да се избегнат гужви, се дел од правилата под кои ќе работат основните училишта во Грција. Носењето маска за учениците и професорите не е задолжително, туку е изборно. Истите правила за основните училишта ќе важат и за градинките. Учебната година наместо на 15, ќе заврши на 26 јуни 2020 година, а градинките ќе работат до 31 јули 2020 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/osnovcite-vo-grcija-se-vratija-vo-uchilishnite-klupi/feed/ 0
Дваесет основци од Кавадарци на бесплатен летен камп во Михајлово https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dvaeset-osnovci-od-kavadarci-na-besplaten-leten-kamp-vo-mihajlovo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dvaeset-osnovci-od-kavadarci-na-besplaten-leten-kamp-vo-mihajlovo/#respond Thu, 26 Jul 2018 13:33:23 +0000 https://kurir.mk/?p=81410

Дваесет основци од Кавадарци утре заминуваат на бесплатен летен камп во одморалиштето Михајлово. Шеста година по ред општинскиот Совет за превенција од малолетничко престапништво на град Кавадарци организира ваква награда за ученици  со понизок економски статус на нивните семејства. Претседателот на Советот Димитар Каракулев, денеска информираше дека се работи за деца кои покажуваат одличен или многу добар успех во учењето. Секретарот на Советот, Костадинка Лалкова нагласи дека целта е да се стимулираат останатите ученици да продолжат со одличниот успех и да останат настрана од лошите пороци. На овој летен камп децата ќе бидат под менторство на стручни лица и секојдневно ќе имаат  програма за работа и планирани забавни активности. - Оваа година одржувањето на летниот камп Михајлово 2018 година го помогнаа општина Кавадарци, Метал Апостолов, Слога, Кожувчанка, нотарска канцеларија на Нотар Пане Нацев и АС Машини, до кои што изразуваме благодарност, а на сите учесници на кампот им посакуваме убаво да си поминат и на есен да продолжат со одличниот успех во учењето, додаде Лалкова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dvaeset-osnovci-od-kavadarci-na-besplaten-leten-kamp-vo-mihajlovo/feed/ 0