Основен кривичен суд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 21 Nov 2022 10:07:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Основен кривичен суд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Судењето за убиството на хрватскиот ракометар Тот продолжува со завршни зборови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-ubistvoto-na-hrvatskiot-rakometar-tot-prodolzuva-so-zavrshni-zborovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-ubistvoto-na-hrvatskiot-rakometar-tot-prodolzuva-so-zavrshni-zborovi/#respond Mon, 21 Nov 2022 10:07:38 +0000 https://kurir.mk/?p=764075

Во Основниот кривичен суд – Скопје со завршни зборови денеска продолжува судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во скопскиот Градски парк. На минатото рочиште сведочеа обвинетите, кои што на почетокот на процесот изјавија дека не се чувствуваат виновни за делото кое што им се става на товар. Обвинителството ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот. Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sudenjeto-za-ubistvoto-na-hrvatskiot-rakometar-tot-prodolzuva-so-zavrshni-zborovi/feed/ 0
На останатите две лица опфатени во истрагата за набавка на софтвер судот им опрели мерки на претпазливост https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-ostanatite-dve-lica-opfateni-vo-istragata-za-nabavka-na-softver-sudot-im-opreli-merki-na-pretpazlivost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-ostanatite-dve-lica-opfateni-vo-istragata-za-nabavka-na-softver-sudot-im-opreli-merki-na-pretpazlivost/#respond Mon, 19 Apr 2021 14:05:50 +0000 https://kurir.mk/?p=499328

Основниот кривичен суд во Скопје го прифати предлогот на Јавното обвинителство и на останатите две лица опфатени со истрагата за набавка на софтвер, им определи мерки на претпазливост. Од судот информираат дека денеска двете лица биле повикани пред судија на претходна постапка при Кривичниот суд, да се прoизнесат во однос на предлогот. – По нивно сослушување како и ценење на предлогот, судијата на претходна постапка донесе решенија со кои го прифати предлогот и на осомничените им определи мерки на претпазливост согласно член 146 ст.1 т. 1, 2, 3 и 7 односно, Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Обврска за јавување пред службено лице во судот или друг надлежен орган, Повремено одземање на патната исправа и забрана за издавање на нова патна исправа или друг документ за преминување на државната граница и Забрана за преземање работни активности поврзани со кривичното дело, се вели во соопштението до Основниот кривичен суд Скопје. Против овие решенија, од Основниот кривчен суд укажуваат, дека странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет. Минатата недела судија на претходна постапа во Основниот кривичен суд -Скопје по четиричасовниот распит му одреди куќен притвор на поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски, додека на Даниел Станчевски од Друштвото за инженеринг, информатика и дигитален дизајн „Инвока груп“ од кое Генералниот секретаријат на Владата го купил софтверот за определување на брзина на возила во сообраќај и изрекување казни, судот му определи мерка куќен притвор. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, минатата недела за случајот донесе наредба за спроведува истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик. Според Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во временскиот период од месец јануари 2019 година до месец јули 2020 година, првоосомничениот со неизвршување на своите службени должности при спроведување постапка за јавна набавка спровел јавни набавки спротивно на начелото за економичност, ефикасност и ефективно користење на јавните средства, утврдени согласно прописите што го уредуваат користењето на буџетските средства и за три економски оператори прибавил корист – право да учествуваат во постапките за јавни набавки и да склучат договори за истите и притоа да се стекнат со противправна имотна корист на штета на Буџетот на Р.Македонија во вкупен износ од 11.018.321,00 денари (179 159 евра). Пред спроведување на постапката за јавна набавка на софтвер, според Обвинителството, првоосомничениот ја договорил набавката на софтверот со третоосомничениот доставувајќи сопствен патент за кој дал насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка. Во текот на постапката за јавната набавка наместо преку Електронскиот систем за јавни набавки, Првоосомничениот лично ги дефинирал техничките спецификации што упатуваат на патентот, донел одлука за избор и склучување на договор и исплата на фактурите, иако софтверот не бил имплементиран.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-ostanatite-dve-lica-opfateni-vo-istragata-za-nabavka-na-softver-sudot-im-opreli-merki-na-pretpazlivost/feed/ 0
Кривичниот суд преку интерна проверка тврди: Кртот кој му дојавил на Мијалков не е од судот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krivichniot-sud-preku-interna-proverka-tvrdi-krtot-koj-mu-dojavil-na-mijalkov-ne-e-od-sudot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krivichniot-sud-preku-interna-proverka-tvrdi-krtot-koj-mu-dojavil-na-mijalkov-ne-e-od-sudot/#respond Thu, 25 Feb 2021 15:14:38 +0000 https://kurir.mk/?p=473867

Од Кривичниот суд преку соопштение потенцираат дека судот експресно одлучил по барањето за притворот на обвинетиот Сашо Мијалков, појаснувајќи и дека кртот кој му дојавил на Мијалков не е од судот. „Во врска прашањата кои се наметнаа како дилема во јавноста, но и со намера Кривичниот суд Скопје да даде свој придонес во однос на евентуални пропусти на институциите, со цел утврдување на причината за краткотрајната недостапност на органите на прогонот на обвинетиот С.М, ја информираме јавноста дека Кривичниот суд изврши интерни проверки по што е донесен следниот заклучок: Основниот Кривичен суд по однос поднесениот предлог за притвор постапувал итно, крајно професионално и стручно, донесувајки одлука во најкус можен временски период, со примена на мерки за обезбедување на целосна тајност во постапувањето. Колку за потсетување од поднесување на предлогот до изготвување на решението поминале севкупно три и половина часа, од 15 до 18:30 часот. Одлуката е донесена во недела(неработен ден) иако советот можел да одлучува и во понеделник до 15 часот, имајќи во предвид да рокот за одлучување е 24 часа. Судот тврди дека е невозможно од судот да протекла информација дека е поднесен предлог за притвор против обвинетиот С.М. бидејки во критичниот период од 15 до 18:30 часот, сите што имале увид во предлогот имале взаемна визуелна контрола едни на други, со телефоните оставени на видливо место. Кривичниот суд останува посветен и отворен за соработка, се вели во соопштението на судот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krivichniot-sud-preku-interna-proverka-tvrdi-krtot-koj-mu-dojavil-na-mijalkov-ne-e-od-sudot/feed/ 0
Скопјанец нападнат во Кривичен суд https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanec-napadnat-vo-krivichen-sud/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanec-napadnat-vo-krivichen-sud/#respond Tue, 28 Jan 2020 19:35:24 +0000 https://kurir.mk/?p=296020

Во СВР Скопје, вчера во 13.25 часот Д.С.(61) од Скопје пријавил дека во 12.40 часот во Основен кривичен суд на булевар „Гоце Делчев“ бил физички нападнат од В.Г.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/skopjanec-napadnat-vo-krivichen-sud/feed/ 0