основен суд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 05 Jul 2021 15:04:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png основен суд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Избрани четири нови претседатели на основни судови, разрешен еден судија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/izbrani-chetiri-novi-pretsedateli-na-osnovni-sudovi-razreshen-eden-sudija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/izbrani-chetiri-novi-pretsedateli-na-osnovni-sudovi-razreshen-eden-sudija/#respond Mon, 05 Jul 2021 15:00:38 +0000 https://kurir.mk/?p=532331

Судскиот совет на денешната 377-та седница разреши еден судија и избра претседатели на основните судови во Гостивар, Дебар, Гевгелија и Свети Николе. – Елјеса Алији судија од Основен суд Гостивар е избран за претседател на Основен суд Гостивар, Мерсим Марку судија од Основен суд Дебар е избран за претседател на Основен суд Дебар, Марица Аврамчева Зафирова судија од Основен суд Гевгелија е избрана за претседател на Основен суд Гевгелија и Лилјана Додевска судија од Основен суд Свети Николе е избрана за претседател на Основен суд Свети Николе, соопшти Републичкиот судски совет. Кандидатот за претседател на Основниот суд Виница не го доби потребното мнозинство согласно законот и Советот донесе Одлука за објавување нов оглас за избор на претседател на овој Суд. Воедно, денеска Судскиот совет разреши и еден судија поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и времено е оддалечен од вршење на судиската функција. Како што објавија некои медиуми, станува збор за судијата Горан Бошевски од Кривичниот суд – Скопје. Од Судскиот совет за МИА не можеа да ја потврдат оваа информација, посочувајќи дека името на судијата ќе биде објавено кога одлуката ќе биде потврдена од Врховниот суд.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/izbrani-chetiri-novi-pretsedateli-na-osnovni-sudovi-razreshen-eden-sudija/feed/ 0
Носењето маска на јавно место е неуставно, пресуди Основниот суд во Брисел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nosenjeto-maska-na-javno-mesto-e-neustavno-presudi-osnovniot-sud-vo-brisel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nosenjeto-maska-na-javno-mesto-e-neustavno-presudi-osnovniot-sud-vo-brisel/#respond Fri, 22 Jan 2021 10:01:44 +0000 https://kurir.mk/?p=458449

Основниот суд во Брисел пресуди дека обврската да се носи маска на јавно место како противепидемиска мерка е неуставна. Ова го објавија белгиските медиуми со образложение дека Обвинителството се жали на одлуката. Се наведува дека судот донел пресуда за случајот на маж за кого полицијата констатирала дека не носи маска додека бил во кланица во една од населбите во главниот град. Според судот, барањето да се носи маска на јавни места произлегува од владината резолуција, несоодветна со основниот закон. Како што пренесуваат медиумите, судијата истакна дека условот да се носи маска не ги зема предвид околностите – дали нарушувањето е направено на отворено или во затворено. Судот утврди дека е соодветно да се воведат ограничувања на личните слободи во обидите да се стави крај на пандемијата, но инсистираше да се направи разлика помеѓу условите во кои е констатирано нарушувањето. Се очекува белгиската Влада денеска да донесе одлука со која до март се забрануваат несуштински патувања надвор од земјата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nosenjeto-maska-na-javno-mesto-e-neustavno-presudi-osnovniot-sud-vo-brisel/feed/ 0
Основен суд Скопје 1: Знаеме дека имало физички напад во затвор, на терен судија ќе излезе утре https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osnoven-sud-skopje-1-znaeme-deka-imalo-fizichki-napad-vo-zatvor-na-teren-sudija-kje-izleze-utre/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osnoven-sud-skopje-1-znaeme-deka-imalo-fizichki-napad-vo-zatvor-na-teren-sudija-kje-izleze-utre/#respond Thu, 21 Feb 2019 15:08:19 +0000 https://kurir.mk/?p=166544

По информациите кои излегоа во јавноста дека Миле Јанакиески и Спиро Ристовски се претепани во затвор, КУРИР побара одговори од сите надлежни. Од Основниот суд Скопје 1 за КУРИР потврдуваат дека се случил настанот, но детали не соопштуваат. -До судот е пристигнато известие за физички напад. Судија утре ќе оствари посета на судот и ќе констатира за што станува збор, ни одговорија од Судот. На нашето прашање зошто не се постапи веднаш, туку ќе чекаат до утре, од Судот ни одговорија дека посетите се редовни и се случуваат во петок. Министерството за правда молчи за овој случај. Редакцијата на КУРИР и покрај многубројните повици, не доби ниту еден од вработените за изјава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osnoven-sud-skopje-1-znaeme-deka-imalo-fizichki-napad-vo-zatvor-na-teren-sudija-kje-izleze-utre/feed/ 0
ФОТО: Вработените од ОХИС на протест пред судот- си ги бараат заостанатите 24 плати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-vrabotenite-od-ohis-na-protest-pred-sudot-si-gi-baraat-zaostanatite-24-plati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-vrabotenite-od-ohis-na-protest-pred-sudot-si-gi-baraat-zaostanatite-24-plati/#respond Fri, 23 Nov 2018 16:38:40 +0000 https://kurir.mk/?p=131293

Поранешните вработени во ОХИС денеска протестираа пред Основниот суд 1 во Скопје откако судот донел правосилна одлука да им се исплатат заостанатите 24 плати. ОХИС владата го продала во тајност за 7 милиони и 150 илјади евра подвижен и неподвижен имот, а вработените се уште немаат земено ниту денар. На протестите во средата пред владата вработените изјавија дека Анѓушев на средбата со нив им изјавил дека не е тој султан да им дели пари. Тие изјавија дека во понеделник ќе одат кај премиерот Заев да си ги бараат своите заостанати плати.  

ОХИС повторно на протест- Кочо Анѓушев со порака до вработените: „Не сум јас султан да делам пари, пари нема“!

Вработените од Охис повторно излегоа на протест. Како што велат, го бараат тоа што го изработиле, односно за дел од нив и до 24 плати. Имале средба со министерите Анѓушев и Тевдовски, но си заминале со порака дека пари нема. -Конкретно нашето барање е да се исплатат 24-те плати кои државата им ги должи на вработените и да им се платат придонесите. Ќе го цитирам Кочо Анѓушев ни рече: Не сум јас султан, па да делам пари… Ние бараме нешто што сме обработиле, некој треба да земе 8, 16 или 24 плати и морам да потенцирам дека сите имаме извршни решенија. Од 2013 година имаме 16 плати за кои не е платен придонес и осум плати од 2008, значи фактички платите ние ги чекаме 10 години, сите беа кај извршител и сите ни рекоа дека не може да извршат наплата поради тоа што владата нема жиро сметка, вели вработен во Охис. Вработените велат дека не се задоволни од соработката со владата и дека тие ќе продолжат со протестот додека владата не ги исполни нивните барања. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-vrabotenite-od-ohis-na-protest-pred-sudot-si-gi-baraat-zaostanatite-24-plati/feed/ 0
Тотален хаос на рочиштето за предметот „Космос“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/totalen-haos-na-rochishteto-za-predmetot-kosmos/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/totalen-haos-na-rochishteto-za-predmetot-kosmos/#respond Fri, 09 Feb 2018 11:08:55 +0000 http://kurir.mk/?p=19910

Тотален хаос во водењето на рочиштето за предметот „Космос“, каде обвинети се Никола Груевски, Миле Јанакиески, Тони Трајковски и 4 други лица. Судијата Огнен Ставрев го менува ставот од рочиште во рочиште, а вториот судија Осман Шабани со нескриена видлива наклоност и пристрасност кон СЈО и недозволиво и нескриено нетрпение кон обвинетите, континуитано нервозно влегува во кавга со адвокатите. На одбраната не и се дозволуваат ниту основните права. На адвокатите не им се дава можност да го прочитаат записникот, да го прегледаат ЦД-то од снимката од претходната расправа, која траеше 4-5 часа. Иако обврската на судот е да го достави записникот за 24 часа, тој го доставува две недели подоцна и тоа на самиот почеток на рочиштето кога одбраната нема физички можност и време да ги прегледа. Уште поголем проблем е што судијата Ставрев минатото рочиште го одложи со цел пред да се даде воведен збор обвинетите да ги добијат доказите, дури неколку пати јавно кажа дека ако не ги даде СЈО, тогаш судот ќе му наложи. Денеска судијата се однесува така како да ништо од ова не го кажал и направил пред 2 недели, на 24 ти јануари. На обвинетите, нарушени им се основните права, а тоа е да ги имаат добиено доказите на време пред да започне расправата и да се даде воведен збор, а прекршен е и законот со кој не им се дозволува да добијат навремено записник со цел да можат да го споредат со снимката од рочиштето. Невидена конфузија и незаконско постапување на судот, кој очигледно се чувствува прилично комотен да прави што сака и да постапува како сака, а не согласно закон. Без никакви аргументи за одбивањето на предлозите, судијата ги одби барањата на одбраната за добивање на доказите, и закажа ново рочиште за 15 ти февруари. Никола Груевски следната недела во три различни предмети е секој ден во судот на рочиште. Истовремно тој треба да ги слуша и снимките и судијата нема идеја како да го направи тоа истовремено. За разлика од Груевски, рочиштата на Заев постојано се одложуваат. Одбраната жестоко реагираше на хаосот и одлуките на судот. Груевски лично побара објаснување од судијата зошто на претходното рочиште го задолжи СЈО да ги врачи доказите на обвинетите, а сега постапува обратно. Судиите без аргументи ја напуштија салата, без одговор на многу прашања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/totalen-haos-na-rochishteto-za-predmetot-kosmos/feed/ 0