основни прехранбени продукти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 31 Oct 2022 06:26:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png основни прехранбени продукти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Цените на прехранбените производи треба да се намалат најмалку за десет проценти, ако мерките не дадат резултати Владата ќе ги замрзне https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/cenite-na-prehranbenite-proizvodi-treba-da-se-namalat-najmalku-za-deset-procenti-ako-merkite-ne-dadat-rezultati-vladata-kje-gi-zamrzne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/cenite-na-prehranbenite-proizvodi-treba-da-se-namalat-najmalku-za-deset-procenti-ako-merkite-ne-dadat-rezultati-vladata-kje-gi-zamrzne/#respond Mon, 31 Oct 2022 06:38:03 +0000 https://kurir.mk/?p=752899

Поевтина струја за компаниите од прехранбената индустрија, училиштата и јавните претпријатија од областа на водоснабдувањето со цел да се намали цената на основните прехранбени производи и непречено да се одвива образовниот процес во претстојниот зимски период, се дел од последните мерки за справување со кризата, што Владата ги донесе на вчерашната седница и со кои ќе бидат опфатени околу 200 компании. Доколку со новите мерки не се намали цената на основните прехранбени производи, Владата ќе спроведе други механизми, односно замрзнување на цените. Премиерот Димитар Ковачевски вчера на прес-конференција, информираше дека за компаниите ќе биде обезбедена струја од 80 евра по мегават час и со ваквата одлука, Владата очекува дека ќе се влијае врз стабилизирањето на крајната цена на основните прехранбени производи. – Владината одлука се однесува на компаниите кои што произведуваат основни прехранбени производи во кои спаѓаат производителите на масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месната и живинарската индустрија. Со оваа мерка, производителите на основните прехранбени производи ќе имаат предвидливост, стабилна и поевтина струја што крајно ќе влијае и на стабилизирањето на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат од овие компании, нагласи Ковачевски. Од Владата потсетуваат дека веќе било јавно соопштено од производителите на основните производи дека со ваквата одлука би требало цените да се намалат најмалку за 10 проценти. Основните и средните училишта, пак, ќе имаат можност до 1 декември да склучат договор со ЕСМ продажба за набавка на електрична енергија по цена од 95 евра за мегават час, а по истата цена со електрична енергија ќе може да се снабдуваат и јавните комунални претпријатија. – Можност за снабдување со електрична енергија обезбедувме и за јавните претпријатија од областа на водоснабдувањето и од одведување на отпадни води кои работат со пуктни и прочистителни станици со што ќе обезбедиме непречено стабилно снабдување со вода на граѓаните како и одведувањето на отпадните води. Цената за оваа намена ќе биде 95 евра по мегават час електрична енергија, нагласи Ковачевски. Министерот за економија Крешник Бектеши појасни дека се работи за околу 200 компании и посочи дека ќе се помогнат овие компании со цел да се намали цената на основните прехранбени производи и да не се зголеми цената на водата. – Ако во случај инпутот на електрична енергија што е во формирање на финалната цена не се рефлектира и во намалување на цена на производите, тогаш има и други механизми, односоно замрзнување на цените онаму каде што ќе се утврди дека инпутот со електричната енергија не се калкулира во финалната цена на производите, истакна Бектеши на вчерашната прес-конференција. Бектеши, исто така, очекува денеска или утре на седница на Собранието да биде усвоен и Законот за потрошувачи, преку кој ќе се контролира цената на производите. – Во Законот има одредени мерки со кои Државниот пазарен инспекторат може да постапи и ние кажавме дека нема да дозволиме никој да прави профитерство во време на криза, додаде министерот. Владата, исто така, донесе одлука со која на општините и на Град Скопје им се забранува основање јавно претпријатие, друштво со ограничена одговорност или акционерско друштво за вршење дејност од јавен интерес, јавно осветлување со цел да се спречи злоупотребата и манипулациите при обезбедување на универзална услуга на пазарот на електрична енергија. МИА
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/cenite-na-prehranbenite-proizvodi-treba-da-se-namalat-najmalku-za-deset-procenti-ako-merkite-ne-dadat-rezultati-vladata-kje-gi-zamrzne/feed/ 0
Aнтикризните мерки за основните прехранбени продукти нема да се применуваат од денеска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/antikriznite-merki-za-osnovnite-prehranbeni-produkti-nema-da-se-primenuvaat-od-deneska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/antikriznite-merki-za-osnovnite-prehranbeni-produkti-nema-da-se-primenuvaat-od-deneska/#respond Sat, 12 Mar 2022 13:27:13 +0000 https://kurir.mk/?p=645997

Антикризните мерки почнуваат да се применуваат од вечерва од 24 часот за нафтата и нафтените деривати, додека во делот на основните прехранбени производи откако фискалните апарати се усогласат со новото ДДВ, истакна при денешната посета на фабриката за производство на масло за јадење Министерот за економија, Крешник Бектеши. Посочи дека ова ќе значи дека антикризните мерки за основните прехранбени продукти ќе се применуваат од понеделник или вторник, бидејќи на овластените сервисери на фискални апарати ќе им треба време и тоа да го направат во соработка со УЈП и другите надлежни институции имајќи во предвид дека тој Закон се носи од страна на Министерството за финансии. Прашан дали има селекција на производите Бектеши со одговор. -Листата на производи каде што ќе има намалување на ДДВ, а секако дека има замрзнување на профитните маржи од страна на трговците на мало се наведени во одлуката, и сите тие прозводи ќе се наведени во одлуката ќе бидат намалени и не можат да имаат поголем профитни маржи од тоа што е утврдено во одлуката, значи за трговците на мало три посто, за тие на големо четири посто, а за лебот, маслото и за брашното нула посто до 31 мај, вели Бектеши. На новинарско прашање како очекува трговците на нафтени деривати да бидат солидарни кога всушност дражвата не се откажува од заработката од продажбата на горивата, Бектеши со одговор дека денеска Регулаторна комисија ќе направи ревидирање на цените, и какошто рече иако е викенд и од полноќ ќе има значително помали цени во малопродажбата на нафта и бензин согласно методологијата која се применува во држава, а каде што се зема во предвид просечната берзанска цена на последните пет дена. -Речиси од понеделник и вторник и среда дополнително ќе има намалување, и веќе мерките кои беа предложени од Владата, значи утврдени од страна на Собранието, изгласани до пратенциите ги даваат своите резулати, како што ќе ги даваат и во делот на прехранбените производи со намалување на ДДВ од 5 на 0 посто. Важно е да се наведе фактот дека во делот на ранливите категории во нашата држава, на нашите граѓани дополнително преку труд и социјална политика ќе обезбедиме и ваучер систем, се со цел значи да го ублажиме ударот токму за тие семејства што во вакви времиња имаат повеќе потреба. Прашан дека ова е со корист на граѓаните, но како ќе се заштитат трговците на нафтени деривати, Бектеши истакна дека тие се заштитени заради тоа што по нивно барање веќе не се утврдува цена на неделно ниво, се утврдува цена на дневно ниво иако има поголеми пореметувања на светските берзи. – Веднаш се реагира, значи на дневна база е изменета методологијата на РКЕ, а тоа беше и нивно барање кое беше прифатливо за РКЕ и за Владата. Јас сум наведел и претходно дека како што повеќето од прозиводителите на прехранбени прозиводи вклучувајќи го и брилијант се солидизираат во вакви економски кризи. Целото стопанство треба да се солидизира, а секако крајна цел е да ги заштитиме потрошувачите, во овој случај граѓаните по што и трговците, и приходите во Буџетот и работата на производителите се зависи од стандардот на нашите граѓаните, вели Бектеши при денешната посета на фабриката за производство на масло за јадење „Брилијант“-Штип.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/antikriznite-merki-za-osnovnite-prehranbeni-produkti-nema-da-se-primenuvaat-od-deneska/feed/ 0