основни прехранбени производи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 06 Oct 2023 13:14:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png основни прехранбени производи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бектеши: Граѓаните да бидат спокојни, цените на основните прехранбени производи нема да се зголемат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-graganite-da-bidat-spokojni-tsenite-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi-nema-da-se-zgolemat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-graganite-da-bidat-spokojni-tsenite-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi-nema-da-se-zgolemat/#respond Fri, 06 Oct 2023 13:14:40 +0000 https://kurir.mk/?p=886123

Министерството за економија целосно стои зад Одлуката за намалување на цените на основните прехранбени производи која ја донесовме пред две недели. Најмалку до 30 ноември, до кога е на важност оваа одлука, отстапување од нејзе нема да има. Сите производи кои се опфатени во Одлуката за намалување на цените на Министерството за економија ќе останат со даночна стапка од 5 проценти, напиша на својот фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши. Во врска со Одлуката на Министерството за финансии за повластена даночна стапка на одредени прехранбени производи, министерот Бектеши објави дека доколку има грешка во листата таа ќе се корегира. - Доколку во има техничка грешка во листата на производи опфатени со Одлуката на Министерството за финансии за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на ДДВ, тоа ќе биде корегирано на следната седница на Владата, напиша министерот Бектеши и ги повика граѓаните да бидат спокојни. Бектеши потенцира граѓаните да бидат спокојни. -Мерките кои ги носиме за заштита на стандардот на граѓаните даваат резултати. Цените на основните прехранбени производи можат само дополнително да се намалат, но не и да се зголемат, пишува тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-graganite-da-bidat-spokojni-tsenite-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi-nema-da-se-zgolemat/feed/ 0
ОПМ бара замрзнување на цените на основните прехранбени производи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/opm-bara-zamrznuvane-na-tsenite-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/opm-bara-zamrznuvane-na-tsenite-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi/#respond Wed, 30 Aug 2023 10:24:50 +0000 https://kurir.mk/?p=872455

Да се замрзнат цените на основните прехранбени производи, бара Организацијата на потрошувачи (ОПМ). Како што изјави денеска претседателката на ОПМ, Маријана Лончар Велкова, храната одзема голем дел од буџетот на секое семејство, а нејзиното поскапување оди исклучиво на товар на граѓаните (потрошувачите). Според Лончар Велкова, Комисијата за заштита на конкуренција би требало да реагира за да види дали има некакво здружување на трговците по толкавото, како што истакна, „плафонирање“ на цените од нивна страна. -Знаеме дека замрзнувањето на цените е популистичка мерка и дека имаме пазарна економија, но во вакви ситуации не треба да се чека, треба да се излезе со точна проценка и да се преземат мерки зашто се оди на товар и на штета на потрошувачот. За основните намирници мислам дека не треба ни да се зборува. Поради високите цени, многу граѓани купуваат производи со помал квалитет или со помала нутритивна вредност, а пристапот до основните прехранбени производи е елементарно човеково право. Потрошувачот мора да има пристап до основните потрошувачки добра, особено храната - млеко, сирење, путер,..., нагласи Лончар Велкова, одговорајќи на новинарски прашања пред презентацијата на Прирачникот за енергетска сиромаштија во земјава. Бизнисот е против замрзнување на цените. Смета дека има други мерки со кои државата би можела да интервенира за да го ублажи ценовниот шок и во овој контекст предлага намалување на даноците или активирање на стоковните резерви. И министерот за економија Крешник Бектеши смета дека има други механизми, како што е, посочи вчера, утврдувањето маржи за одредени производи. Според него, во услови на неосновано неконтролирани зголемувања на цените, можеби е најдобро да се оди и поригорозно, дури и со забрана за вршење дејност на некои трговци. Но, сепак, какви мерки ќе се преземат, ќе зависи од анализите на надлежните институции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/opm-bara-zamrznuvane-na-tsenite-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi/feed/ 0
Ограничувањето на маржите на основните прехранбени производи продолжено до 30 јуни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ogranichuvaneto-na-marzhite-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi-prodolzheno-do-30-juni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ogranichuvaneto-na-marzhite-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi-prodolzheno-do-30-juni/#respond Tue, 25 Apr 2023 16:23:18 +0000 https://kurir.mk/?p=827498

Владата на денешната седница, на предлог на Министерството за економија, донесе одлука за продолжување на рокот на траење на мерката за ограничување на маржата на основните прехранбени производи до 30 јуни 2023 година. Со оваа Одлука, највисоката трговска маржа за белиот леб - сечен на парчиња или цел, белиот шеќер и сончогледово масло за јадење, со исклучок на ладно цедено, се утврдува во висина до 5 отсто во трговијата на големо и на мало. Највисоката трговска маржа за брашно од пченица тип 400 и тип 500, макароните и шпагетите од тврда пченица, македонскиот ориз бел, трајното кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто, јајцата од кокошка, урдата, кравјото и мешаното бело сирење, кашкавал, кисело млеко, павлака и јогурт се утврдува во висина до 10 проценти во трговијата на големо и на мало. - Имајќи предвид дека со оваа Одлука се ограничува растот на цените преку утврдување на висината на трговската маржа, која треба да влијае на растот на цените на мало на основните прехранбени производи, а состојбата на пазарот укажува дека цените се уште не се стабилизирани, се наметна потребата да се предложи измена на Одлуката, со која рокот на примената се продолжува за следните два месеци од оваа година, односно од 30 април до 30 јуни 2023 година, се наведува во соопштението Министерството за економија. Од Министерството посочуваат дека за времетраење на оваа Одлука, Владата дополнително има донесено и одлуки за определување највисоки цени во трговијата на мало на свежи јајца од кокошка и ориз, која ќе се применува до 30 април 2023 година, на трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, урда, кравјо бело сирење и мешано бело сирење, кравји кашкавал, кисело млеко и павлака и јогурт, која ќе се применува до 31 мај 2023 година, на тестенини (макарони и шпагети), која ќе се применува до 31 мај 2023 година, како и на леб бел и полубел (сечен на парчиња или цел) која ќе се применува до 31 мај 2023 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ogranichuvaneto-na-marzhite-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi-prodolzheno-do-30-juni/feed/ 0
Бектеши вели прво да се потрошат претходните залихи, па ќе има поосетно намалување на цените https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-veli-prvo-da-se-potroshat-prethodnite-zalihi-pa-kje-ima-poosetno-namaluvanje-na-cenite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-veli-prvo-da-se-potroshat-prethodnite-zalihi-pa-kje-ima-poosetno-namaluvanje-na-cenite/#respond Wed, 14 Dec 2022 13:17:53 +0000 https://kurir.mk/?p=775495

Веќе е почнат трендот на намалување на цените на основните прехранбени производи наведени во одлуката на Владата, а ќе се случи и кај другите производители откако ќе ги потрошат залихите на претходно набавените производи по повисоки цени, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Кажавме дека очекуваме да има намалување на цените од 7 до 12 отсто, но тоа не е возможно да се случи моментално. Субвенцијата што ја даваме во делот на електрична енергија почна да се реализира од 1 декември во делот на компаниите, вклучувајќи ги основните, средните училишта, јавните комунални претпријатија и сл. и веќе компаниите започнаа да формираат нови цени кои ќе ги нудат на пазарот, рече Бектеши во одговор на прашање пред почетокот на Словенечко – македонскиот форум за економска соработка. Посочи дека и до 1 декември супермаркетите не биле празни и имале производи кои биле набавени по повисоки цени. -Во нивните магазини имаа залихи на производи, и домашни производи кои користат дистрибутер и производи кои се увезуваат во нашата држава. Тие залихи се набавени со различни цени. Новите залихи се набавуваат со други цени кои се пониски од претходните, што значи дека претходните залихи треба да се потрошат. Најверојатно ќе се потрошат оваа недела или на почеток на наредната недела, по што ќе се забележи дека ќе има намалување на цените на тие производи во синџирите на супермаркетите, појасни Бектеши. Истакна дека кон крајот на ноември беше усвоен Законот за потрошувачи и веќе е во сила. -Како и секој закон кој се усвојува и овој има рокови за да почне да се имплементира, а Државниот пазарен инспекторат е надлежна институција која го имплементира тоа законско решение, рече Бектеши.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-veli-prvo-da-se-potroshat-prethodnite-zalihi-pa-kje-ima-poosetno-namaluvanje-na-cenite/feed/ 0
ВИДЕО: „Цените не се намалени“ – новинар му даде леб и фискална сметка на Ковачевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-cenite-ne-se-namaleni-novinar-mu-dade-leb-i-fiskalna-smetka-na-kovachevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-cenite-ne-se-namaleni-novinar-mu-dade-leb-i-fiskalna-smetka-na-kovachevski/#respond Tue, 13 Dec 2022 12:10:55 +0000 https://kurir.mk/?p=774959

Новинар на денешната прес-конференција во Владата му даде леб и фискална сметка на премиерот Димитар Ковачевски. Новинарот кажа дека лебот го купил 10 минути пред да почне прес-конференцијата и му посочи на премиерот дека и покрај владините најави за намалување за цените на основните прехранбени производи, тоа не е сликата на терен. Ковачевски го зема лебот од новинарот, како и фискалната сметка за да се увери во цената, и му одговори дека и тој истото прашање го поставувал.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-cenite-ne-se-namaleni-novinar-mu-dade-leb-i-fiskalna-smetka-na-kovachevski/feed/ 0
Субвенционирана струја и за месната индустрија, се очекува поевтинување на основните прехранбени производи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/subvencionirana-struja-i-za-mesnata-industrija-se-ochekuva-poevtinuvanje-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/subvencionirana-struja-i-za-mesnata-industrija-se-ochekuva-poevtinuvanje-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi/#respond Fri, 11 Nov 2022 06:35:45 +0000 https://kurir.mk/?p=758865

Владата денеска треба да донесе дополнителна одлука со која и компаниите од месната индустрија ќе бидат ставени на списокот за добивање субвенционирана електрична енергија од 80 евра за мегават час. Ова го соопшти министерот за економија Крешник Бектеши, а согласно одлуката, покрај „одгледувањето живина“, додадени ќе бидат и шифрите на дејности за одгледување свињи, молзни крави, овци и кози, со што целиот ланец на месната индустрија ќе биде покриен со субвенционирана струја. Стопанската комора на Северна Македонија го поздрави ваквиот чекор и јавно и заблагодари на Владата што му излегува во пресрет на бизнисот во вакви услови на криза. Според Комората, податоците од терен велат дека компаниите одгледувачи на животни работат во отежнати услови зашто сточната храна веќе е поскапена за 70 отсто. Тие бележат екстремен раст на транспортните трошоци, но и на сметките за струја, а сето тоа го доведува во прашање нивниот опстанок. -Утре ќе се донесе дополнителна одлука со која ќе се прошири списокот на дејностите кои ќе бидат поддржани од Владата согласно барањата на Стопанската комора и целиот ланец на месната индустрија ќе биде покриен со субвенционирана електрична енергија, рече вчера министерот Бектеши откако одржа брифинг со новинарите. Поради воведувањето на оваа мерка, тој очекува, како што нагласи, до крајот на наредната недела да се намалат цените на месните производи. -Владата ќе излезе во пресрет на барањето на Стопанската комора за проширување на списокот со дејности кои ќе бидат поддршани со мерката субвенционирана електрична енергија од 80 евра за мегават час. Со новата Одлука за преземање мерка во услови на кризна состојба со електрична енергија, што според најавите на министерот за економија Крешник Бектеши ќе биде усвоена утре, покрај „одгледувањето живина“, ќе бидат додадени и шифрите на дејности за одгледување свињи, молзни крави, овци и кози, со што целиот ланец на месната индустрија ќе биде покриен со субвенционирана електрична енергија. Оваа нова Одлука ќе овозможи сите што имаат фарми за одгледување животни и се наоѓаат на слободниот пазар на електрична енергија, да бидат подеднакво третирани со мерките. Воедно, тоа ќе придонесе и за зачувување на сточниот фонд во земјата, наведе Комората. Наредните денови намалување на цените и на лебот и млекото Според министерот Бектеши кој порача дека сите треба да придонесат во справувањето со кризата и да бидат општествено одговорни, во наредните десет дена се очекува намалување и на цените на лебот и млекото. -Во наредните десет дена очекуваме намалување на цените на основните прехранбени производи, посебно на тие наведени во Одлуката за утврдување на маржите од 5 до 12 отсто. И во делот на лебот веќе почна поевтинувањето. Очекуваме во наредните 3-4 дена намалување на цените на млекото и млечните производи, рече Бектеши. Од 1 декември се очекуваат и поголеми поевтинувања, дополни министерот, ако суровините останат со истите увозни цени, а тогаш стапува во сила и мерката за субвенционирано снабдување со струја. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/subvencionirana-struja-i-za-mesnata-industrija-se-ochekuva-poevtinuvanje-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi/feed/ 0
Во рамките на Отворен Балкан нема да има забрана за промет на брашно, шеќер, масло и основни прехранбени производи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ramkite-na-otvoren-balkan-nema-da-ima-zabrana-za-promet-na-brashno-shekjer-maslo-i-osnovni-prehranbeni-proizvodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ramkite-na-otvoren-balkan-nema-da-ima-zabrana-za-promet-na-brashno-shekjer-maslo-i-osnovni-prehranbeni-proizvodi/#respond Wed, 27 Jul 2022 13:13:19 +0000 https://kurir.mk/?p=710867

Претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС) Марко Чадеж денеска изјави дека членовите на иницијативата „Отворен Балкан“ во Тирана се согласиле дека нема да има забрана за промет на основните прехранбени производи меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија, јави допсиникот на МИА од Белград. -Склучивме договор, кој сега се подготвува и ќе биде потпишан во Белград на следниот самит, веќе во септември, дека во рамките на Отворен Балкан нема да има забрани за трговија со брашно, шеќер и основни прехранбени производи, дека ќе таргетираме капацитетите за складирање и производство во сите три земји, за да можеме да ја дефинираме подготвеноста да има слободен проток на стоки, рече Чадеж на РТС. Тој додаде дека ваквиот договор ќе ги поттикне и стопанствениците да склучуваат долгорочни договори бидејќи го имаат зборот на државата дека нема да има прекини, а ја содржи и одредбата дека е забранет реекспорт, за да се спречат манипулации. Чадеж додаде дека се укинуваат даноците и таксите за увоз и извоз со Албанија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-ramkite-na-otvoren-balkan-nema-da-ima-zabrana-za-promet-na-brashno-shekjer-maslo-i-osnovni-prehranbeni-proizvodi/feed/ 0
Ограничени маржите за основните производи, нови антикризни мерки по ребалансот на Буџетот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ogranicheni-marzite-za-osnovnite-proizvodi-novi-antikrizni-merki-po-rebalansot-na-budzetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ogranicheni-marzite-za-osnovnite-proizvodi-novi-antikrizni-merki-po-rebalansot-na-budzetot/#respond Wed, 15 Jun 2022 05:52:04 +0000 https://kurir.mk/?p=691016

Владата со ограничување на трговските маржи на основните прехранбени производи на 5 до 10 отсто повторно ќе се обиде да го спречи растот на цените на производите. На предлог на Министерството за економија вчера донесе одлука за ограничени маржи што ќе важат заклучно со 30 септември годинава. – Во консултација со бизнис заедницата и по координација со надлежните институции донесовме Одлука според која заклучно со 30 септември 2022 година за леб бел – сечен на парчиња или цел, шеќер бел како и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло се утврдува трговска маржа во висина до 5 отсто во трговијата на големо и на мало. За брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто и јајца од кокошка за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот синџир, се утврдува трговска маржа во висина до 10 проценти во трговијата на големо и на мало, информира вчера министерот за економија Крешник Бектеши. Нагласи дека за овие производи нема да се пресметуваат оперативни трошоци и не се одобрува рабат и надоместоци кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо и тоа за рекламирање и за изложување на стоките на рафтови односно полици. – Со оваа одлука се ограничува растот на цените во наредниот период преку утврдување на висината на трговската маржа која треба да влијание на растот на цените на мало на основните прехранбени производи. На овој начин, евентуалниот раст на цените во трговијата на големо и трговијата мало ќе биде предизвикан од растот на увозните и берзанските цени, како и растот на производствените трошоци, додаде Бектеши. Според одлуката, како што нагласи министерот, се предлага рабатот и надоместоците да не се одобруваат до 31 декември 2022 година. Порача дека мерките секогаш се носaт во консултација со стопанските комори. -Не е фер кон потрошувачите во текот на 24 часа да има зголемување на цените од 80 проценти кога нема зголемување на оперативните трошоци, ниту пак на суровините. Цените на суровините државата ги следи при влезни фактури од страна на Царинската управа. Ние не сме забележале дека од 31 мај до 1 јуни толку се зголемени влезните фактури. Мислам дека доволно или повеќе од доволно е пет отсто да се има маржа за основни прехранбени производи во време на криза, посочи Бектеши. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера повторно потврди дека новите мерки за справување со кризата ќе почнат веднаш штом ќе биде изгласан ребалансот на Буџетот во Собранието. Тие ќе бидат насочени за најкритичните граѓани и компании. -Мерките се насочени кон најранливите категории, притисокот е голем, преземаме мерки исто како во пандемијата, првите беа за сите, а потоа за најкритичните граѓани и компании, рече Битиќи. Во врска со брзото зголемување на цените по завршувањето на мерките за основните прехранбени производи, Битиќи напомена дека тоа се должело на зголемување на маржите и било неоправдано, вештачко зголемување на цените, но по неговото укажување, цените се вратиле или стагнираат. -Во време на криза не можеш да се однесуваш како воен профитер. Апелирам на моралните вредности на стопанствениците кои треба да ја имаат предвид општата ситуација, и во пазарна економија мора да има морални и етички норми, истакна Битиќи. Групацијата на месопреработувачи и месни индустрии, пак, преку Стопанската комора побара продолжување на мерката за ослободување од царина за замрзнато свинско месо наменето за преработка. Претставници на Групацијата вчера јавно побараа средба со вицепремиерот за економски прашања Битиќи, за да ги образложат барања за продолжување на оваа мерка. – Во спротивно на краток рок за две до три недели во зависност од тековните залихи прво ќе следи нов ценовен шок од 20 до 30 отсто зголемувања на цените на месните преработки од свинско месо, второ намалување на бројот на вработени за исто така 20 до 30 отсто, а на подолг рок, зголемување на увозот и престанок со работа на некои од месопреработувачките капацитети, изјавија од Стопанската комора. Оттаму истакнаа дека тие не бараат помош, ниту субвенции, туку само изедначување на условите за стопанисување. – Оваа Индустрија со важечките царински давачки е ставена во нерамноправна положба со странските производители, пред се оние од соседството, но и од ЕУ. Готовите производи од надвор влегуваат во земјата со 0 отсто царина, а ние, домашните преработувачи, при увоз на суровина плаќаме царина во висина од 20 до 35 отсто. Ова уште повеќе ќе биде нагласено со функционирањето на Отворен Балкан, посочија од Стопанската комора. На 1 јуни годинава престанаа да важат анти кризните мерки со кои исто така беа замрзнати на маржите на основните прехранбени производи. Покрај тоа, беше намалена ставката на ДДВ за основните производи за исхрана од 5 на 0 проценти. Намалени беа и акцизите и ДДВ-то за горивата, но по завршувањето на мерката значително се зголемија цените особено на дизелот, како и на дел од основните прехранбени производи. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ogranicheni-marzite-za-osnovnite-proizvodi-novi-antikrizni-merki-po-rebalansot-na-budzetot/feed/ 0
ГРАЃАНИТЕ ДА ПОБАРААТ ФИСКАЛНА: Од денеска 0% ДДВ во маркетите за основните прехранбени производи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/gragjanite-da-pobaraat-fiskalna-od-deneska-0-ddv-vo-marketite-za-osnovnite-prehranbeni-proizvodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/gragjanite-da-pobaraat-fiskalna-od-deneska-0-ddv-vo-marketite-za-osnovnite-prehranbeni-proizvodi/#respond Thu, 17 Mar 2022 11:51:36 +0000 https://kurir.mk/?p=648817

Министерот за економија, Крешник Бектеши истакна дека од денеска ќе има 0% ДДВ во сите маркети за следните прехранбени производи: -леб, брашно тип -400, млеко со масленост од 2%, 3,2% и 3,5 %, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз, јајца. Апелираме до граѓаните да си ја побараат својата фискална сметка во маркетите, вели Бектеши. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/gragjanite-da-pobaraat-fiskalna-od-deneska-0-ddv-vo-marketite-za-osnovnite-prehranbeni-proizvodi/feed/ 0
Од денеска се очекува корекции на цените на основните прехранбени производи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-deneska-se-ochekuva-korekcii-na-cenite-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-deneska-se-ochekuva-korekcii-na-cenite-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi/#respond Mon, 14 Mar 2022 06:43:58 +0000 https://kurir.mk/?p=646606

По поевтинувањето на горивата, се очекува од денеска да има корекции и на цените на основните прехранбени производи согласно владините антикризни мерки и законските измени за висината на акцизите и стапката на ДДВ што во петокот добија зелено светло во Собранието. Треба да се усогласат цените на лебот, брашното, шеќерот, сончогледовото масло, кравјото млеко, месото, оризот, јајцата. За нив стапката на ДДВ е намалена од 5 на 0 проценти и оваа мерка ќе трае до крајот на мај. Паралелно со ова, замрзнати се маржите за некои производи, и укинати царинските давачки за увозот на основните прехранбени продукти. Антикризниот пакет мерки за справување со ценовниот шок поради војната во Украина, покрај намалениот ДДВ на горивата од 18 на 10 проценти, како и акцизата за 1, 2 или 4 денари, што веќе доведе до поевтинување на бензините и дизелот, предвидува и продолжување на повластената стапка од 5 проценти ДДВ за електрична енергија за домаќинствата до крајот на годинава. Се намалува и стапката на ДДВ при промет на енергенси од 18 на 10 проценти, а се укинува данокот при увоз на гас, електрична и топлинска енергија. Со намалувањето на даноците директно се влијае врз крајната цена што граѓаните ја плаќаат за основните производи за исхрана, со пониското ДДВ за нафтените деривати се амортизира крајната цена на дериватите, додека со продолжување на повластената стапка на ДДВ за електрична енергија се редуцираат трошоците за енергија. Од Владата и надлежните институции задолжени за спроведување на мерките апелираат трговците соодветно да ги применат решенијата од законот, односно да направат подесување на своите фискални апарати. Велат дека донесените законските измени, предвидуваат механизми кои Владата ќе може да ги користи и во иднина доколку има потреба да се избегнат какви било шпекулации и ценовни шокови на граѓаните и стопанството. Со сетот од 26 антикризни мерки, е предвидено и субвенционирање на граѓаните за електрична енергија. Најранливите категории во периодот од април до јуни ќе добијат ваучери во вредност од по 1.000 денари секој месец, кои би се користеле за купување на основни производи. За сите пензионери започнувајќи од мартовската, а завршувајќи со мајската пензија, превидени се дополнителни субвенции од по 1.000 денари како дополнување на пензијата. Министерот за финансии Фатмир Бесим тврди дека донесените мерки вредни 400 милиони евра нема да влијаат на ликвидноста на државната каса. Буџетот е ликвиден, девизните резерви се зголемени, денарот е стабилен, вели Бесими. Тој ги повика институциите, општините, стопанствениците и граѓаните да бидат рационални во трошењето на енергенсите и да не подлегнуваат на шпекулации кои се на штета на личниот буџет, нагласувајќи дека сите мерки се преземаат навремено и дека нема простор за паника. И од Народната банка порачуваат денарот е стабилен и ќе остане стабилен. Нема причина за промена на курсот, тоа никому нема да му користи, рече во интервју за МИА гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Таа посочува дека Народната банка има капацитет и инструментариум да го одбрани курсот на денарот, доколку се јави потреба за тоа, за што говорат и изминатите речиси три децении, кога низ многу кризи успешно е одржана стабилноста на домашната валута. Девизните резерви се високи и изнесуваат 3,4 милијарди евра или се на двојно повисоко ниво во однос на 2008 година, која беше година на глобална финансиска криза, а стабилноста на денарот беше успешно задржана. Во однос на информациите дека на пазарот нема девизи, гувернерката вели дека тоа не е точно и апелира до граѓаните да не подлегнуваат на ваквите шпекулации. – Морам да го адресирам ова прашање, бидејќи реално овие шпекулации на граѓаните им создаваат материјална штета. Сведоци сме дека, во време кога се зборува за криза, сè уште дел граѓани прибегнуваат кон претворање на заштедите во девизни или да купуваат девизна готовина. Покрај тоа, се јавуваат и шпекулации дека на пазарот нема девизи, што апсолутно не е точно. На овој начин се прави неоснована паника и граѓаните, врз основа на шпекулации, плаќаат и повисока цена за промена на валутите и губат средства, нагласува гувернерката. Банкарскиот сектор, истакнува Ангеловска-Бежоска, е стабилен и отпорен на шокови, и успева да обезбеди солидна кредитна поддршка на реалниот сектор, што е значаен импулс за економското закрепнување. Не се очекува случувањата во Украина да имаат позначително директно влијание врз домашниот банкарски сектор, што се должи на многу слабите финансиски врски што тој ги има со Русија и Украина. Дополнителен фактор е отсуството на капитал од овие две земји во домашниот банкарски сектор. Народната банка ќе продолжи да ги следи случувања и соодветно ќе реагира доколку се оцени потреба, со мерки за одржувањето на макроекономската и финансиската стабилност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-deneska-se-ochekuva-korekcii-na-cenite-na-osnovnite-prehranbeni-proizvodi/feed/ 0